Седмицата на Светото Писмо 2015 - Понеделник (22.06.2015)
Денес, 22 јуни 2015, во рамките на Седмицата на Светото Писмо 2015 ќе се одржи предавањето:
„ИСУС ХРИСТОС - НАШАТА ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ“
Денес, 22 јуни 2015, во рамките на Седмицата на Светото Писмо 2015 ќе се одржи предавањето:
„ИСУС ХРИСТОС - НАШАТА ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ“
Затоа во денешното прочитано Евангелие ни препорачува и ни вели: "Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќс биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? (Матеј 6,22-23)
Ако родителите не одат по патот на светоста и не се подвизуваат, тогаш прават големи грешки и го пренесуваат на децата злото кои самите го имаат во себе.
Ако не живеат со свет живот и не говорат со љубов, тогаш ѓаволот ги измачува преку реакцијата на нивните деца.
Љубовта, еднодушноста и слогата меѓу родителите е всушност она што на децата им е потребно.
Кога Господ ќе ја допре душата, таа сета се обновува, но тоа можат да го разберат само тие што Го познаа Господ преку опит, бидејќи без Светиот Дух не може да се познае небесното. А истиот Дух, Господ Го даде и на земјата. Кој ќе ја опише радоста на познанието на Господ, и радоста на ненаситниот стремеж кон Него дење и ноќе?
Преку ситната рипка сфаќаше колку сме сите ние ситни риби во животното море. Сфаќаше дека суштината на животот и промените се состојат во сопственото наоѓање на мирот. Размислуваше за оние племиња до кои не допрела цивилизацијата. Се восхитуваше на нивната среќа и спокој и покрај тоа што имаат толку малку а имаат сè. Завидуваше на нивната скромност.
ЗАТОА, СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ КОНКРЕТНО ДА ПОМОГНАТ, СО НЕКОИ ПРОДУКТИ: КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА, ВИТАМИНИ, ЛЕБ И ПЕЦИВА, РАЗНИ ПАКУВАНИ ПРОИЗВОДИ...ДА ГИ ОСТАВАТ ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ВО ХРАМОТ "СВЕТИ НИКОЛАЈ" ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ.
Денеска, на 18.06.2015 година, неговата екселенција, Рускиот Амбасадор во Македонија, Олег Николаевич Шчербак беше во посета на Преспанско-Пелагониската Митропиолија каде што оствари средба со надлежниот Митрополит г. Петар.
„Свештеномаченику Еразмо, ти си слава и пофалба на архиереите, и пример на сите отечки учења, кој ја прими благодатта на чудеса, и со своите учења ја изобличи прелеста идолска. Затоа, имајќи смелост пред Бога, моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Слава... на господи повикав... на Вечерна на свети Еразмо Охридски).
Ете гледате, душата нема манифест. Манифестот е самиот наш дух чија храна е гнев, а ние сме го продале срцето. Нè обзел гнев, пореметил сè однатре и сега управува со нас. Затоа секогаш треба да бидеме внимателни, да го чуваме својот внатрешен мир, да не го фрламе толку лесно, залудно. За секоја ситница се нервираме. Па и ако се случи нешто, некој поголем проблем, не мора да се нервираме. Да чекаме, да видиме како Господ тоа ќе го среди.
Ја осознал својата грешка, дека не требва да го носи дома својот гнев од на работа и постојано да ја обвинува својата жена, по што ја наведнал својата глава. Во тој миг се потсетил на сите тие неприлики.
Старецот откако ја видел промената и дека човекот ја осознал својата вина, потполно го сменил својот однос кон него, ја пуштил раката и го погалил по главата.
Човек во тешкотиите полага испити. Вистинската љубов и пожртвуваност се пројавуваат во тие моменти. И кога велиме дека некој има дух на самопожртвуваност, мислиме на тоа дека тој за време на опасности не мисли на себе, туку на другите. Дури и поговорката гласи: пријателот во неволја се познава. Ако сега, не дај Боже, паднат бомби, ќе стане јасно кој мисли за другите, а кој само за себе.
Станува збор за плотоугодувањето во разни видови – сластољубие, наклонетост кон раскош, страст, мрзливост,
страст кон забави, грижа за световниот живот,
желба за чест, власт, успешност во работата, имот,
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува ...
На 14.06.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ – Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот ден Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, освети вода и го благослови кумскиот колач во с. Палчиште – Тетовско.
Какoв e тoј блажeн дeн? Тoа e дeнoт на самooсуда. Кoга тoј дeн ќe oсамнe, чoвeкoт кoј дoтoгаш гo oсудувал цeлиoт свeт, пoглeднува и oдeднаш сe глeда сeбe си какo најгoлeма дамка на oвoј Бoжји свeт. И ќe сe засрами oд Бoга, и ќe сe засрами oд сeкoј чoвeк, и ќe сe засрами oд сeкoја твар вo oвoј Бoжји свeт. И срамoт пoчнува да гo пeчe какo oган...
Моќта на љубовта е во надежта. Со надеж ја очекуваме наградата за љубов. Надежта е збогатување со невидливо богатство; надежта е сигурна ризница пред ризницата. Таа е одмор од маките, таа – капија на љубовта, таа го убива очајанието, таа е слика на идните добра.
Оној што има љубов тој заедно со Бога стои повисоко од сè. Оној што има љубов не се плаши; зашто совршената љубов го изгонува стравот (Јован 4, 18). Оној што има љубов никогаш и од никого не се гнаси – од мали и големи, од славни и неславни, сиромашни и богати; напротив, самиот се поставува подолу од сите; на сè се извинува, сè претрпува (1. Кор. 13, 7).
Пoчeтoк на мудрoста e стравoт Гoспoдoв ( Изрeки, 1:7).
Акo нeкoј би гo знаeл брoјoт на ѕвeздитe на нeбoтo, и имињата на рибитe вo мoрeтo, и збирoт на трeвкитe вo пoлeтo, и навикитe на ѕвeрoвитe вo гoрата, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo вoда вo рeшeтo.
Лeкoмислeнo си играат сo врeмeтo штo ни e дадeнo за пoдгoтвувањe на вeчнoста, си играат сo празни збoрoви. Сe сoбираат нагoсти, сeдат и празнoслoват, а пoтoа сeдат и играат вака или oнака; сe сoбираат вo глeдалишта и таму самo сe забавуваат... Цeлиoт живoт за нив e забава. Нo тeшкo на oниe кoи самo сe забавуваат!”
Не бидете премногу строги. Прекумерната строгост е опасна. Таа ја запира душата само на надворешниот подвиг, не давајќи длабочина. Бидете помеки, не трчајте по надворешните правила. Мислено разговарајте со Господ и со светиите. Трудете се да не бидете учители, туку меко да си поткажувате еден со друг, да се исправате.