![]()
Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот






Болеста на Црквата е во сите нас. Кога искрено ќе се спознаеш самиот себе во тој болен дел од црковното општество, тогаш нема да се плашиш, следејќи ги Големите Отци на Црквата, да го признаеш самиот факт на болеста, и во исто време, од одредени причини во радоста на срецето почнуваш да ја чувствуваш непобедливата Светиња на Црквата.
Во постојаната молитва се содржи духовната логика на молитвата којашто, пред се, е поврзана со вкоренување на совршената искреност на нејзиното смирение, т.е., се содржи самата суштина на молитвата. Јас не можам а да не се молам постојано, зашто мене, имено, и ми е потребна постојана Божја помош.
Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја
Носејќи ја длабоко во себе радоста од првата благодатна Акатистна средба со Мајката на Животот, повторно ги издигнавме кон неа своите топли молитви и со прекрасните стихови на Акатистот исплетовме уште еден венец на пофалби кон оваа наша моќна закрилничка, под чиј што омофор сите се засолнуваме сега. А таа, Божјата и наша Мајка, како свои возљубени чеда, никого не лишува од својата нежна мајчинска прегратка, особено во овие мигови кога солзите и радоста се преплетуваат, и кога ѝ го принесуваме најдоброто нешто од нашите души.
И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митинцата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и миогу митници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „3ошто со митници и грешници јаде и пие?“
1. Секогаш бидете со Христа.
Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј Љупче Миланов.
Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме Каков што Е (1 Јов. 3, 2).
Така се случува и со царството на нашето срце. Тоа внатре во себе има непријатели, има востаници; тоа има помисли, има страсти и слабости, бури и немири - и сето тоа се наоѓа во човечкото срце. За да може царството на човековото срце да се смири и потчини, Христос, Царот, мора да влезе со Своите војски и да го освои и да го протера непријателот, т. е. ѓаволот. Тој мора да го потчини секој немир што потекнува од страстите и слабостите и да завладее како семоќен цар.
Во сабота, 23 март 2019 година, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ ќе биде отслужена воскресна Вечерна богослужба, со почеток во 15 часот. Потоа, со свечена литија иконата на Мајката Божја „Брзопослушничка“ ќе биде однесена во црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј“, каде ќе се отслужи Молебен канон, а иконата ќе биде оставена за поклонение на верниот народ.
Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста.
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Во соопштението, соборот категорично го разобличува новиот закон, кој дозволува абортус и во третото тромесечје, „потсетувајќи ги верните дека Црквата е светилник на надеж во овој свет. Имено, Црквата секогаш е подготвена и сака да ги поддржи жените да најдат други алтернативни начини за да се справат со својата мака, и физичка и духовна.
Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата туку страв за тeлoтo и за сè oна штo e тeлeснo. Eвe кај Пилат eдeн јасeн и жалoсeн примeр: какви луѓe вoспитува свeтската мудрoст пoкрај Бoга и наспрoти Христа. Нo Пилатoвата слабoкарактeрна и кoлeблива душа нe e слика самo на нeзнабoжцитe туку и на нeутврдeнитe христијани.
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нè сопнува, зашто сака да нè изненади во миг на слабост и да нè одвлечка на својот пат,
























