Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)
Адам и Ева живееја во рајот во близината на Бога. Тие ја исполнуваа улогата што од Бога им беше одредена како господари на созданието: Адам, всушност, им беше дал имиња на сите животни, На тој начин тој се потврдуваше како посебно создание, способно да раководи, но способно и да сака, да оживува и да Му го нуди на Бога целото создание, бидејќи тој е цар и свештеник.А во средината на рајот се наоѓаа дрвото на животот и дрвото за познавање на доброто и на злото.