логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Се разбира, тоа гледање на лицето Христово, искуството од Бога, взаемното искуство, минува преку врската со нашите браќа, односно, не можеме да го одминеме нашиот брат и да појдеме директно кај Христа. Зависи како се разбираш со другите – ако се разбираш добро со нив и си љубезен, пријателски, смирен, снисходлив, без да се гневиш, без да се јадосуваш, без да зборуваш остро, тогаш навистина го отвораш патот за Христос да се јави во твојот живот. Затоа во своите соборни посланија Свети Јован Богослов вели дека не може да Го сакаш Бога, а да не го сакаш својот брат, кого го гледаш до себеси и да не го чувствуваш како близок човек. Бог е нешто подалечно, не Го гледаш и како тогаш велиш дека имаш жива вера и Го сакаш Бога, Кого не си Го видел, а го огорчуваш својот брат кого го гледаш? Господ ни вели дека не ја сака дури ни нашата молитва, ако меѓу нас нема мир. Ќе појдеш да се смириш, не можеш да ми носиш дарови во Црквата, не можеш да носиш петолебија, свеќи, масло, а да не си спријателен со другиот и да сакаш да Го почувствуваш Христос. Ништо нема да почувствуваш. Ништо! Бог не се откупува, искуството со Христос не се откупува, Господ претпочита да се сакаме прво ние, луѓето, а потоа ја прифаќа нашата служба и се јавува во нашата душа. Затоа многупати Господ се открива во лица на обични луѓе. Односно неколку пати луѓето го гледале својот ближен и во него Го почувствувале Христос, преку својот ближен го гледале одговорот, кој Христос го дава, каде што се крие самото присуство на Христос. Се сеќавате на примерот, кога една жена рекла: „Господе, ела да ме најдеш!“ Отишле тројца гости – сиромаси и таа им ја затворила вратата. И Господ вели: „Таму бев Јас. Во тој сиромав човек се криев Јас. И ти ја затвори вратата“. Вечерта таа жена рекла: „Христос не дојде, а ми вети дека ќе дојде да ме најде!“

Господ влегува во лицата кои се до тебе. Не можеш да го засакаш твојот човек, а сакаш да Го почувствуваш Христос? Многу е тешко. Затоа Свети Силуан, врвен светец, омилен на многу Христијани, вели дека најголемиот критериум за да Го почувствуваш Христос е љубовта кон непријателите. Ако го сакаш својот непријател, крај! Ако го сакаш својот непријател, со сигурност ќе Го видиш Христос! Најсовршено е да немаш непријатели. Ние реално немаме непријатели – ако размислиме добро што значи непријател, ќе видиме дека не постои непријател – единствениот непријател е ѓаволот и нашето лошо јас. Никој не ни е непријател. Бог дозволува сите луѓе да влезат во нашиот живот, да нѐ загрижат, за да ни помогнат, тие не се виновни, ние сме виновни што сме зли и влегуваме во тој процес на злоба, одмазда, омраза, завист. Никој не е лош. И така, кога ќе се научиш да го сакаш брата си, полесно ќе Го почувствуваш Христос.

Многу луѓе ќе Го почувствуваат Христос, но најмногу оние кои се соочуваат со болка. Силата и обемот на болката е многу голема. Болка е да те боли заб, да те боли главата, да имаш вртоглавица, да страдаш од несоница, да не можеш да спиеш, да имаш некаква болест, да страдаш од бубрези, да ти ставаат редовно инјекции, да одиш често во болница, болка се хемотерапијата, зрачењето, тешката бременост, кога жената треба да остане прикована во кревет неколку месеци и воопшто да не се движи. Болка е парализата, секое нешто што предизвикува надворешна болка, нѐ уништува и нѐ загрижува – ако тоа го примиме на смирен начин, сите се соочуваат со болка, не постои човек, кој не се соочил со болка, но не сите Го гледаат Христос, затоа што болката не дава плод, ако не го примиш овој Божји дар со смирение. Ако чувствуваш болка, но ропташ, хулиш, велиш: „Зошто да го трпам ова?“ и се нервираш, невозможно е, исклучено е да Го видиш Христос меѓу болката. Не е речено дека сите кои чувствуваат болка ќе се спасат, туку оние кои трпат болка смирено, побожно, како што е соодветно да одговориш на Бога. Овие луѓе преку болката ќе Го видат Бога. Болката дава знаење, божествено просветление и божествено искуство. Многу пати Сам Господ, Пресвета Богородица и Ангели им се јавувале на луѓе кои трпеле болка, затоа што биле наклеветени, на луѓе во болници, во интензивно одделение, на такви луѓе им се јавиле светци и Самиот Господ во болката. Затоа што Он те гледа дека си беспомошен, безутешен, односно неутешен и доаѓа да те утеши Оној, Кој е Утешител. Утешител не е само Светиот Дух, Утешител е и Господ, и Бог Отецот, целата Света Троица е Утешител и нѐ утешува.

Некој во својата голема агонија и болка го видел својот духовник како се преобразува и станува како Христос, пишува Свети Силуан, ова се случило на Света Гора – тој го видел својот духовник како станува Христос. Друг видел свештеник на Светата Литургија веќе да не изгледа како отец, туку станува Христос.

Сепак ова што сега го кажав – овие два примери се малку природни, т.е. меѓу тајната да го гледаш чудото, но да Го гледаш Христос во својата лична болка, тоа е впечатливо чудо, тоа е парадоксот што не го очекуваш. Да Го видиш Христос во Светата Литургија е поразбирливо. Но да Го видиш Христос во интензивното одделение, во болницата, каде сите те оставиле и си сам, во болничката соба, оваа глетка на Христос таму е неверојатна и многу утешителна. Една монахиња Го гледала Христос во живо во Светата Причест, односно Го чувствувала Христос и Старец Пајсиј рекол за неа: „Таа со сигурност крие некаква болка“. Тој ја викнал и ја прашал директно: „Кажи ми за себе!“ Таа кажала некои свои проблеми кои ги имала дома, со своите родители, кои ја повредиле, но не им се спротивставувала, не обвинувала никого, покажала огромно трпение, ден и ноќ додека минат годините и тие починале. Старец Пајсиј рекол дека сега сѐ си има објаснување. Затоа таа Го чувствува Христос, затоа оваа монахиња Го чувствува Господа, затоа што прифатила да трпи болка. Таа чувствувала болка без да протестира. Болката дава божествено знаење, дава Божјо знаење. Ние сега сме по теоријата – од ова што слушаш едно предавање, не си Го познал Христос. Да, може да се случи некаков невидлив премин, Господ и од зборовите на луѓето, или на некое предавање може да направи непречен премин кај нас, но тоа само те тера да се посомневаш дека се случува нешто, постои нешто и да побараш да го најдеш „големото“. Јас ти го давам „малото“, лек потсетник за чудата и присуството на Христос, но ти барај да видиш, да земеш, да се наситиш, да го јадеш не тоа малку што го дава едно предавање, што го даваат зборовите, туку изобилното, бескрајното, што Христос го дава. Сето ова, сите овие дарови на Христос, доближувањето до Христос се случува одеднаш, таму каде не го очекуваш, не можеш да поставиш некаква граница и ограничување на Бога и да кажеш: „Сега сакам да го правам тоа и ќе Те почувствувам, сега сакам да дојдеш, сега сакам да ми се јавиш!“ Не. Господ се јавува неочекувано, не постои метод, тактика, техника, со која ќе направиш пет движења, како што кажуваат филозофските и парарелигиозните движења – јога, будизам, каде што има разни нивоа – прво, второ, на петтото се просветлуваш, си стигнал до просветление. Во Црквата не постои нешто слично, Божјата благодат не влегува во шеми, не влегува во границите коишто ти сакаш да ги поставиш, туку доаѓа одеднаш, како што вели Свети Исаак Сирин. Одеднаш, таму каде што не Го очекуваш, не е плод на техника, туку зависи од твојата борба. Ништо не е апсолутно, предодредено, предвидливо, туку Бог е непредвидлив. Таму каде што не си очекувал, доаѓа Христос, таму каде што тргнуваш да очајуваш, Господ се појавува неочекувано и те восхитува.

Се сеќавам, на Света Гора еден подвижник ми рече: „Особено во последните три години го загубив чувството за Бога, не Го чувствувам Христос. Претходно Го чувствував. Одеднаш дојде и така одеднаш Господ посака да ме остави. Зошто? За да се научам да Го сакам без да ми дава чувство за Своето присуство, да Го сакам со вера, едноставно да верувам, макар и да се подвизувам, без да чувствувам многу нешта – со исушена душа, која наликува на пустина, на Сахара, како пустината тука, каде што живеам, на Света Гора, јас се подвизувам, немам ниту една солза, се молам и чувствувам дека Господ не ми го дава тоа што ми го даваше, но Он е Бог, не можам да Го ставам Бога во мојата шема. Ако сака, ќе дојде, кога сака Он тогаш ќе дојде. После некое време одново дојде овој Божји дар и јас ја водев истата борба – Господ го знае тоа, како и зошто во секој човек“. Некој пости строго и не чувствува ништо, друг може да јаде и да Го слави Бога, да пие и да спие и Бог да му дава искрена љубов. Духот дува каде што сака, Светиот Дух, Христовата благодат и присуство оди таму каде што Он Самиот ќе посака.

Кога ќе Го почувствуваме Господа, ќе Го разбереме, ќе престанеме да прашуваме дали Христос постои, затоа што лично ќе го чувствуваме и за нешто кое што постои не прашуваш дали постои. Никој не прашува за мајка си – постои ли мајка ми, таа ли е мајка ми? Тој го чувствува, има внатрешно известување и убеденост во себе си, го чувствува во своите клетки, во своето дишење дека мајка му го допрела, дека таа е негова мајка. Тоа е татко му, тоа се неговите браќа, тоа му е домот… Кога Христос ќе стане наш дом, кога ќе стане нашето пространство, нашиот Човек, нашиот Пријател, Господ и Бог наш, тогаш недоразбирањата ќе исчезнат и на нивно место ќе дојде огромно изненадување. Ќе дојде бескрајно славословие, ќе Го чувствуваме Господа и ќе се радуваме дека во Атина, меѓу раздвиженоста, автомобилите, работите, во нашето секојдневие го живееме вечното, апсолутното, совршеното, велелепното. И тогаш ќе разбереме зошто Бог нѐ довел во светот – имено за да Го познаеме и засакаме. Не постои друга причина да живееме 90 – 100 години на овој свет, сите други причини се помошни скали, помошни начини, за да нѐ доведат до таа крајна цел. Ако сакате да ве убедам во тоа што го кажувам, видете колку трае сето она, коешто ние го сметаме за цел. Во даден момент тоа завршува и нѐ остава. Христос и Неговата љубов, пак, никогаш не запираат, затоа што Он е целта, апсолутното Добро, совршениот Дар.

Се надевам Господ ни го направи овој дар, се надевам дека ќе простираме раце, за да го бараме овој дар, се надевам рацете ни се толку чисти и толку празни за да можат да се преисполнат со овој дар и да го задржат правилно, да го почитуваме и да го дадеме на светот со љубов кон сите. Пресвета Богородица му рекла на Старец Партениј во видение, дека да станеш монах значи да се осветиш себеси заради целиот свет, да станеш свет. Што значи свет? Посветен на Христос, што и да правиш, да Го чувствуваш Христос заради твојата бескрајна среќа и благослов на целиот свет. Кога си свет, кога си човек којшто Го чувствува Христос, помагаш на себе си, но исто така си голем благослов за светот, голем дар на земјата, помагаш на сите на невидлив и видлив начин, преку тоа што Бог те повикува да го правиш во животот.


Христос во нашето секојдневие (прв дел)

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная