Покајание
Како е Господ милосрден и полн со љубов.Он е подготвен да на сите нас ни прости,и стрпливо го чека нашето обраќање, нашето искрено покајание. Не гледа Тој на многуте подвизи, туку на искреното покајание.Не не убиват нас многуте гревови и нивната тежина, туку недостатокот на покајание.Не убива нас тоа што го одложуваме покајанието.Ете поради тоа се срди Господ.
Господ сака сите да се спасат, и да добијат вечно блаженство, а ние сме упорни во своите гревови, и во поглед на покајанието гледаме преку прсти. 3 л а силата на разни начини не одвлекува од покајанието, но најчесто покајанието се запоставува поради немарност и лажен срам.
Отворѕно кажано, срамот и стравот треба да ги чувствуваме додека грешиме,а гревот кога е веќе направен, треба да го откриеме и исповедаме,бидејќи тој порано или подоцна ќе се открие, ако не во овој тогаш во идниот живот. а тоа ќе биде страшно и срамно,не поради самиот грев колку поради неговото криење.
Да се биде грешник е оудбина на сите.Нема човек без грев, само Бог е безгрешен.Дури и кога не греши со дела, човекот греши со зборови, а ако не со зборови тогаш со мислите. Зачнуваме во безаконие и се раѓаме во грев, затоа по својата природа сме растргнувани, затоа сме слаби, немоќни, подложни сме на секакво зло, на секаков грев затоа не треба да се срамиме туку да се покаеме.
Најстрашно е кога човекот не чувствува потреба за покајание, мислејќи за себеси дека е праведен и дека ќе се спаси без покајание. Колку праведно и свето да сме живееле , не може воопшто да не грешиме додека живееме во тело и затоа треба секогаш да го чуваме чувството на покајание. Господ не влегува во срцето на човекот, се додека не се очисти со покајание.
Обично човек се обидува да го намали својот грев, и го представи помажу достоен за осуда, отколку што тој вистински е, со тоа ја уништува својата душа.Гревот е единствено нешто што не одалечува од Бога, и не оградува нас од Неговата љубов. Господ го мрази гревот и го отргнува своето лице од секој оној кој го прави.Он бара и од нас христијаните, да живееме свет живот и да Го почитуваме во се.Ппокајанието е темел на нашето спасение., затоа не треба да го запоставиме. Светата тајна покајание е бања во која грешникот се измива за небо.При крштевање ние се раѓаме со вода и светиот д у х, а при покајанието повторно се раѓаме со солзи и светиот дух.Покајанието е свртување кон доброто, тоа е почеток кон свет и непорочен живот.Кој има вера и вистинско,искрено п0кајание, значи дека има решителност да го напушти гревот,и во него обитава благодатта на Господ наш Исус Христос, кој ги очистува гревовите, преку духовниот пастир.
Преподобен Ефрем Сирин вели: покајанието е огин, кој прима во себе бакар и го претвора во злато, зима олово и го претвара во сребро.Оваа света тајна го одсекува од човекот грешниот дел од неговата душа. Со тоА се брише минатото, и она што е за човекот полошо и од самиот грев-тоа е очајанието.
И така милостивиот Господ го простува гревот доколку се покаеме.Затоа не треба да очај уваме, не треба да се срамиме од исповедување на своите гревови ниту пак да ги омаловажуваме, туку треба со солзи, искрено да ги исповедаме и Господ ќе прости.
Оној кој сака да пристапи кон светата тајна покајание и исповест и светата тајна п р и ч е с т,с е припрема со пост и молитва.Покајанието за своите гревово го принесуваме пред својот свештеник, усмено или на лист хартија ако покајникот е глувонем или од некои други причши.Преку свештеникот покајникот добива опростување на гревовите.Понекогаш свештеникот наложува епитимија, всушност казна(л е к ) за големите гревови.Најважен дел од светата тајна е кога свештеникот ја чита разрешителната молитва, кога крајот од епитрахилот го положува на главата на покајнжот. Сите ние би сакале да се спасиме, но малку кој се грижи за своето спасение.Сите сакаат во рај, но на мнозина им е тешко да се потрудат да донесат добри плодови за своето спасение.
Поради тоа п не се движиме напред.Малку кој брзо израснува духовно, желбата за спасение кај мнозие на останува само желба, останува само на зборови. Секој знае да патот кој води до спасение е тесен, трновит и тежок, а да широкиот пат на угодување на своите грешни желби води во пропаст.Но луѓето тоа лесно го заборааваат.Гревот е сладок и привлечен, и сите му се предаваат без многу размислување,не мислејќи на последици.А секој од нас знае какви се последиците од гревот во овој живот: грижи , болести, и разни невољи.Во идниот живот, душата поради непокајанието на гревовите ќе се најде во пекол. Амин.
Лето Господово 19-11-2003.
протојереј Зоран Стаменковиќ