Поука на денот (24.01.2016)

"Со години доаѓаат таму во ќелија и ме прашуваат: ,,Оче, што Бог сака од мене?" Како тие на Бог да Му требаат за нешто особено важно, како да се создадени од скапоцени камења, па се плашат случајно да не ги искористат како арматура за бетон!













Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.



























