На 19. јануари 2016 година, во денот кога Црквата го прославува великиот празник Богојавление, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноналствуваше на Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, во Скопје. По Литургијата многубројниот верен народ, предводен од Архиепископот и останатиот клир во литија се упати кон мостот „Слобода“ каде нашиот Првојереј ги освети водите на реката Вардар.
Извор: Скопска епархија