Скопје- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
Старец Паисиј Светогорец
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови.
На 20 -ти јануари 2016 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Собор на свети Јован Претеча и Крстител, во храмот посветен на св. Јован Крстител, во Скопје, деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, протопрезвитер, проф. д-р Ацо Гиревски во сослужение на свештеникот Славчо Костадиновски и на ѓаконотСлободан Сарделиќ , отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, протопрезвитер, проф. д-р Ацо Гиревски се обрати кон верниците со празнична беседа.
Преминпортал (к.т.)