ПОСЕТА НА БИГОРСКИТЕ МОНАСИ НА МУЗЕЈОТ МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ
Пред доаѓање Бог љубовта кон земјата ја дарува како топлина од раката на мајка ... секој човек така се поврзува со својот корен, откинати од утробата од првиот плач, до последниот здив остануваме нејзините чеда... стануваме еден род. Благословена е таа врска со земјата, човек од дете сочувствува со секоја болка.... Сме слушнале од мали, дека земјата може и да крвари, но не сме знаеле како... Македонија е света, натопена со многу крв... „пискотници од Галичник до река....тешкото...роди се човек роб биди... овде зората греит душата...“ не се само песни.
ПосетатаДеновиве заедно со братството од Бигорскиот манастир и сестрите од метохот на Св. Георгиј во Рајчица го посетивме Музејот на македонската борба за државност и самостојност . Музеите треба да се неми сведоци на минатото, но ние го слушнавме плачот на тишината, во приказната на кустосот,низ грчот на лицата на обоените платна, писанијата и печатите, го препознавме помирувањето со предците.Толку многу јунаци, мајки и херои родила оваа Македонија. Велат, само кон чедото и кон земјата човек може да ја почувствува таа гордост и тој бол. Посакавме секој наш верник да се допре и да ги сподели со нас овие свети чувства, затоа ги пишувам овие зборови. За некои од вас нека бидат барем поука, сепак, јас би сакал да ве допрат како молитва.
Музејот
Длабоко сум трогнат и тешко ми е и да згазнам на подот, кој е мрачен и симболично, се уште е мокар, измешани солзи и крвави рани...студентите, борците, јунаците, учените, писателите, преродбениците, но и платната со оние незнајните, мајките, сестрите, селата во пламен, раните кои крварат во снегот, гонетите,убиените,...тие што копаат камен...борбата е иста, го препознаваме истиот товар. Секогаш – за Македонија.Низ восочните фигури, црно белите фотографии и измешаните гласови на војниците, се вративме во времето тогаш, и одеднаш како Бог да ги воскреснуваше зборовите на Делчев, Груев, Гули,Узунов, Сандански, Кузман,Карпош, но и писмата на Рацин, Мисирков,Миладинов....Карев, Ченто...безброј непознати, како во колона по затворски број...ако треба да е како молитва, мојов збор нека им даде мир. Ако секој од нас има долг за дарот, тогаш вредноста ќе ја препознаете таму.
омирување со предците
Музејот сведочи. Исплакана е оваа земја, ама подот подоцна станува сув и никнува зелена трева. Се помируваме со предците. Сега историјата има свој дом. Музејот не е само уметност и мермер, ниту приказна за спомен...ќе го наречам праг од вратата на мојот дом. Тоа се татковците на нашите татковци, тоа е нашето минато, напишано во каменот кој денес зборува, во занданите кои денес се слобода, во селата со чад, кои денес мирисаат на цвеќе,во црквите - каде денес молитвено се пее. Нашата историја е гордост и го заслужува овој дом. Во молитвата тивко и се плаче и се слави.Сите биле млади,една болка што создава грч и само во молитвата можеш да ја стопиш...сега секој може да ги сретне и да ги слави...да се помоли тивко и да раскажува гласно. Чиниш, уште еднаш ги запознавме во редот и како тоа „и јас...со животот....за Македонија„ да, го слушнавме од нивните усти безброј пати, како секој од почеток да се борел во низот, како сите повторно да се колнат на Евангелието и мечот. Помирување.Тие ни ја донесоа слободата, ние ја исчувавме земјата и им подаривме спомен.Секој тукашен и странец еден ден ќе посака да ги сретне и ќе раскаже за тој спомен, за нашите херои и за нашата Македонија.Земјата се чува, како лебот... Молитвено, со измешани чувства,во Музејот ги гледавме уметноста,историјата, идеалите и сонот. Тоа се нашите корени, нурнати длабоко под каменот, набраздени стебла, густата гора, направени верно на оригиналот што се преведува како „борба...слобода...завет„. Полека слегуваме и повторно сме на влезот. Радоста може да е и со солза, документот за независна Македонија, на почетокот и на крајот, за неа се боревме и се молевме сите.
Сега тишината е кротка, небаре се помиривме со претците...секој остана во својот дом, ...тие со својата историска непокорност, јас со мојата молитва. МИР ВАМ, вели благиот Христос.Немирни беа водите на Вардар тој ден, иако времето беше тивко и топло. Знам како жубори Радика, но ова беше еден друг глас...како збогум на испраќање, или довидување до следната средба. Наеднаш и водата се смири, ...сака човек на заминување да се сврти, уште еден поглед...на мостот...фотографии за спомен, деца, старци, развиорено знаме... да, тука се помиривме со нив. Заминуваме, јас му се враќам на манастирот, на Св. Јован и на светиите, тие остануваат и продолжуваат да сведочат, .........Бог нè гледа и ни ја благословува земјата.
Отец Партениј Игумен на Бигорскиот Манастир