логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


     

Reynoldsburg (Columbus, Ohio), USA- Минатиот понеделник, 7 март, на првиот ден од Великиот пост, на гости ги имавме професорите и студентите од Славјанскиот Оддел 367 на Одделот за Славјански и источно-европски јазици и книжевност (Department of Slavic and East European Languages and Literature) на Ohio State University (OSU). Славјанскиот Оддел 367 како посебен курс на OSU ја има следната тематика „Искуството на источно-европскиот имигрант во Америка“ и се одржува трипати годишно.
Одделот за Славјански и источно-европски јазици и книжевност на OSU е основан во 1962 година и е посветен на изучување на јазиците, книжевноста и културата на различните источно-европски нации и народи. Досега ги имаат востановено студиите за изучување на: руски, чешки, унгарски, полски, романски, српско-хрватски, узбечки, црковно-славјански, бугарски и украински јазик.
Посетата на Македонската православна катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ им беше прва средба со Македонскиот јазик, култура, уметност, дух. Многумина од студентите предводени од д-р Андреа Симс, асс. професор по славјанска лингвистика и инструкторот г-дин Дениел Дејвидсон за прв пат видоа како изгледа еден Православен Храм. Првпат се сретнаа со кој и да е и што и да македонско.
Во организација на претседателот на нашата Црковна заедница, г-дин Јосиф Христовски, нивни домаќини на оваа прва средба беа отец Душко Ѓорѓиевски, г-дин Лазар Пурдев и ипоѓаконот Ѓорѓи Ѓурчиновски. Нашиот парохиски свештеник им посака добредојде, а потоа г-дин Лазар Пурдев и ипоѓаконот Ѓорѓи им ја изложија историјата на Македонската Заедница во Охајо и ги објаснуваа сопствените имигрантски искуства на студентите од гледна точка на дојденци во Америка од средината на 20-тиот и почетокот на 21-от век соодветно. Средбата траеше околу еден час, со одговарање на поставените прашања од љубопитните студенти и професори. Забележителен беше восхитот од убавината, божествената убавина на Православниот Храм-во случајов, новонасликаните фрески.
Ова беше само првата заемна средба.
Не постои човек кој што останал рамнодушен на првата средба со Православната Црква. Слава на Бога што во овој случај тоа беше нашата Црква! Милостивиот Бог ги донесе нашите нови пријатели на нивната прва средба со Православието токму на првиот ден од Великиот пост. Исто така, не постои човек кој што не останал љубопитен да дознае повеќе по првата средба со македонската култура, уметност, музика.
Во повратната комуникација со професорите, тие искажаа желба овие нивни посети да станат редовен дел од нивниот курс. Веќе најавија нова посета за претстојнава пролет. Уште отсега се радуваме на следната средба и понатамошната соработка со нашите нови пријатели!

  

--------------------------------------------------------------------------------

   

 

Last Friday, March 7th, on the first day of the Great Resurrection Lent, our guests were the students and professors of the Slavic Department 367, subdivision of the Department of Slavic and East European Languages and Literature at Ohio State University (OSU). Slavic Department #367 as a separate course has the title "The East European Immigrant Experience in America", and is taught three times per year at OSU.
Established in 1962, the Slavic Department is dedicated to the teaching of the languages, literatures and cultures of the various East European nations and peoples. So far studies on Russian, Czech, Hungarian, Polish, Romanian, Serbo-Croatian, Uzbek, Old Church Slavonic, Bulgarian and Ukrainian were established.
Visiting the Macedonian Orthodox Cathedral “Dormition of the Most Holy Birth-giver of God”, for the most of them was their first contact with Macedonian language, culture, art, spirit. Many of the students, leaded by Ms. Andrea Sims PhD, Assistant Professor of Slavic Linguistics and the Class Instructor Mr. Daniel Davidson, for the first time saw the interior of an Orthodox Church, for the first time met with someone or something Macedonian.
President of our Church Committee, Mr. Josif Hristovski has organized the meeting, and the hosts were: very reverend Archpriest Fr. Duško Ġorģievski, Mr. Lazar Purdef and hypo deacon Ġorģi Ġurčinovski. Our Priest wished them welcome, and Mr. Purdef and hypo deacon Ġorģi were explaining the students our Community’s brief history and both of their immigrant experiences from a perspective of an immigrant in the middle of the 20th and beginning of the 21st centuries respectfully. The whole meeting lasted for about an hour, while answering multiple questions by the curious guests. And everybody was simply amazed by the beauty, divine beauty of the Orthodox Church-the recently finished new section of the fresco painting project.
This was just our first mutual meeting.
In the return communication with the professors, they expressed their wish that such meetings could become integral part of the course. They are coming up again this spring. And we all looking forward to meet and greet our new friends!

  

 Преземено од:

 http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=1104&Itemid=2

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

16/01/2025 - четврток

Светиот пророк Малахија; Светиот маченик Гордиј; Света Геновева; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная