логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 


Во овој прекрасен Богородичен Храм, Вечерната Богослужба која се отслужи веднаш после Литургијата во Неделата на Прочка, го означи почетокот на низата прекрасни Великопосни Богослужби кои следуваа секојдневно до крајот на седмицата. Токму на таа Вечерна Богослужба, веднаш после Великиот Прокимен „Не одвраќај го лицето Свое...“, белите прекривки на аналоите и светлите одежди на Црковниот клир се заменија со црните бои на Великопосниот период. Веднаш по Вечерната, пак, настапи чинот на проштевање, кога сите присутни во Храмот (ги имаше над стотина!) почнувајќи од Архиереите, паѓајки на колена, бараа прошка еден од друг и си проштеваа еден на друг. Не може да се опише колку беше величествен и потресен овој чин! Многумина не можеа да ги задржат солзите гледајќи како припадници на Црковниот клир паѓаат пред нозете и на најмладите верници барајќи прошка доколку нешто погрешиле. Каква прекрасна атмосфера на братска љубов го исполнуваше Храмот во тие мигови – тоа е нешто неописливо!

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg
 

Во понеделникот утрото, а и во наредните денови (освен среда и петок) се служеше Утрена Богослужба, Часови (први, трети, шести и деветти) и Вечерна. Во средата и петокот се служеше Утрена Богослужба, Часови, Изобразителна и Вечерна со Литургија на Претходноосветени Дарови. На сите овие Богослужби во голема мера беше застапено читањето на Пслатирот, посебно преку Катизмите и Библиските песни чии стихови се пееа на Канонот на Утрените Богослужби. Многубројни беа и земните поклони кои ги пратеа честоизречените душеполезни зборови на Св.Ефремовата молитва „Господи и Владико на мојот живот“.

Во склоп на овие Богослужби, секојдневно беше служен и мал помен за сите упокоени во Христа браќа и сестри, при што се читаа сите имиња запишани во Помениците оставани од страна на верниците, како и имињата на сите оние кои Руската Црква ги помни како нејзини значајни Архиереи и помагатели.

„Вечнаја ваша памјат, достоблажении оци и братије наши, приснопоминајемии!“

markov.sv.Zlata1.jpg


Секоја вечер, од понеделникот до четвртокот беше служено Големо Повечерие со Великиот Канон на Св.Андреј Критски, кого, пратен од Архиерејскиот Хор, го читаше владиката Кливландски Петар, стоејќи на средината на молитвено-темниот Храм, осветлуван само од пламенот на свеќите.

{mp3}VelikiKanon1{/mp3}

{mp3}VelikiKanon9pesna{/mp3}

Во петокот, пак, се отслужи Големо Повечерие со читање на правилото за Света Причест (Каноните кон Преслаткиот Исус, Светиот Ангел чувар и Молебниот Канон на Богородица) а се  пееше и Акатистот на Пресвета Богородица.

{mp3}Akatist1{/mp3}

{mp3}GospodiSil{/mp3}

Во саботата (Тодорова Сабота) се отслужи Утрена Богослужба и Часови, се читаше Канонот и молитвите пред Причест, а веднаш потоа се отслужи Света Архиерејска Литургија. По Светата Причест, владиката Петар, како и секогаш, и овој пат ги потсети верниците за неопходноста и должноста да Му се изрази благодарност на Бога за Наговото жртвопринесување за нас, грешните, па застанувајќи пред Светиот Олтар го назначи читањето на Благодарствените молитви по Светата Причест, со зборовите: Слава Тебје Боже, Слава Тебје Боже, Слава Тебје Боже! И целата Црква заеднички Му благодареше на Бога за  Неговите Пресвети Дарови.

Имајќи прилика да ги посетувам сите овие Богослужби, Му благодарев на Бога што ни ја дал Својата Света Црква, навистина како еден спасоносен Кораб кој, управуван од Добриот Кормилар, мирно плови по разбрануваните води на овој живот и сите свои патници безбедно ги води кон тивкото пристаниште на нашето спасение – кон преслаткиот Исус Христос, нашиот Бог.

 

Подготви С.Л


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

« »

Најнови вести

Православен календар

02/09/2026 - среда

Св.Самуил;св.вмч.Севир, Мемнон и др.

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная