ПСАЛМ 37
Животот на праведникот и на безбожникот
1 Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме,
2 зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене,
3 Нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој;
4 зашто беззаконијата мои ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.
5 Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое.
6 Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам;
7 слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое.
8 Исцрпен сум и дотолчен; рикав поради воздишките на срцето мое.
9 Господи, пред Тебе се сите мои копнеж и, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
10 Срцето засилено ми бие, ме напушти силата моја, и светлината на очите мои, - и неа ја нема во мене.
11 Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене,
12 а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за пропаст и секој ден кројат сплетки;
13 а јас, пак, како глув не слушам и како нем сум, кој не ја отвора устата своја;
14 станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор,
15 зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој.
16 Зашто се молам само да не се погордеат над мене моите непријатели; и кога ќе ми се поколебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене.
17 Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене.
18 Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој.
19 А оние што ми се непријатели без причина, се силни и се намножија оние што неправедно ме мразат,
20 ми враќаат зло за добро, ми станаа противници, зашто јас сум за добро.
„Ќе му пеам на Господа се додека постојам. “
Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.
Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила Божја.
Господ наш Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!
о. Горан Тасески
ПСАЛМИ
Вовед
Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.
Извор: БИБЛИЈА
Издавач: Библиско здружение на Р.Македонија
21 Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене;
22 побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!