„Зашто, ако вистинскиот живот на душата е светлината, која доаѓа од плачот по Бога, тогаш, смртта на душата ќе биде во страшна темнина која ја исполнува душата од жалоста на овој свет, таа светлина за која Свети Василиј говори:
„Гревот, кој го има своето постоење во оскудноста на доброто, со своите неправди го образува духовниот мрак.“
А Божествениот Марко Подвижник пишува:
„Како може оној што е опфатен од лоши помисли да го види гревот кој се наоѓа во нив, зашто е темнина и магла за душата,
а тие доаѓаат од лошите помисли, зборови и дела?
А, оној што не го гледа овој општ грев, кога ли ќе почне да се моли за неговото простување и очистувањето од него?
И оној што не се очистил , како ќе го најде местото на чистата природа?
А, ако не го нашол, како ќе може да го види
највнатрешното Христово живеалиште. “
По избор на Мина Даниловска