логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Велика Сабота

 
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата – Христос, го разгорува Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.

Тропар
Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи.

Кондак
Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, повикувајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне.

 

Преподобен Јован

Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин го подложи Св. Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со Св. Јосиф Песнописец. Кога Св. Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта Св. Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител Св. Григориј.

Светиот маченик Јован Нови Јанински

Родум од Јанина, некогаш престолнина на царот Пир. Кога неговите сиромашни родители умреа, младиот Јован се пресели во Цариград и таму го продолжи својот занает (бидејќи беше занаетчија). Не многу пред тоа Турците го освоија Цариград и многумина христијани од страв се одрекоа од Христа и примија ислам. Продавницата на Св. Јован беше токму меѓу овие потурци. Колку што повеќе тој гореше од љубов кон Господ Христос толку посилно се изразуваше како христијанин меѓу предавниците на Христа. И почна да се препира со нив за верата, а најпосле и да ги укорува за предавството. Тие тогаш го одвлекоа на суд и лажно го обвинија дека божем порано го примил исламот, но повторно се вратил во христијанството. Откако го мачеа и биеја со стапови и со железни шипки, го фрлија в затвор. Другиот ден, беше Велигден, повторно го поведоа на мачење, а Јован излезе радосно пеејќи: „Христос воскресна од мртвите!“ На своите мачители храбро им рече: „Правете што сакате за поскоро да ме испратите од овој краткотраен земен живот во животот вечен: јас сум роб Христов, Христа Го следам, за Христа умирам, за да живеам со Него!“ По ова го врзаа во синџири и го одведоа да го запалат. Кога го виде големиот оган подготвен за него, Свети Јован самиот потрча и скокна во пламенот. А неговите мачители штом видоа како скока и колку ја сака смртта, го извлекоа од огнот и го осудија на смрт со меч. Откако му ја отсекоа главата, ги фрлија и телото и главата во огнот. Подоцна христијаните ја растргнаа пепелта и собраа некои остатоци од неговите чесни и чудотворни мошти и го погребаа во Великата Црква во Цариград. Свети Јован Јанински најде маченичка смрт и прими венец на Божествена слава на 18 април 1526 година.

Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан

Сите намачени во времето на царот Диоклецијан. Додека не ги видоа маките на Светиот великомаченик Георгиј беа незнабожци. Но кога ги видоа неговите маки и храброста на славниот Христов маченик, сите чудесии што се пројавија во времето на неговото страдање, ја примија христијанската вера за којашто наскоро и самите пострадаа и се овенчаа со слава.


Свети Марко Подвижник

Кога се сеќаваш на Бога, умножи ги своите молитви, за да се сети и Бог на тебе, кога ти ќе Го заборавиш.

Евангелие и поука за 01/05/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 28:1-20

1.     Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалина и другата Марија да го видат гробот.
2.     И ете, стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;
3.     лицето му беше како молња, а алиштата – бели како снег;
4.     а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.
5.     Ангелот се обрна кон жените и им рече: „Не бојте се; знам дека Го барате Исуса распнатиот;
6.     не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,
7.     па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.”
8.     И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците Негови.
9.     Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!” А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија.
10.     Тогаш Исус им кажа: „Не бојте се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.”
11.     Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
12.     И тие, кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците,
13.     велејќи: „Кажете, дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спиевме;
14.     и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.”
15.     А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
16.     А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, во гората, каде што им беше заповедал Исус;
17.     па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се сомневаа.
18.     А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19.     Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
20.     и учејќи ги да пазат сe што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 6:3-11

3.     Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме.
4.     И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот.
5.     Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението;
6.     знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;
7.     бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот.
8.     А ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9.     знаејќи оти Христос, откако воскресна од мртвите, нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Него.
10.     Зашто ако умре Он, умрел еднаш за гревот, а што живее, за Бога живее.
11.     Па така и вие сметајте се мртви за гревот, и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.

Поука на денот: Свети Никола Кавасила
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Светите Отци во старо време најпрвин бегаа во пустината и во подвиг ги опустошуваа своите страсти. Без свои планови и програми преку послушанието се предаваа во рацете Божји. И покрај тоа што достигнуваа успех во мерата на светоста, ги одбегнуваа чиновите и власта, освен ако Мајката Црква имаше потреба од нив. Тогаш, тие ? се покоруваа на волјата Божја преку нивниот свет живот да се прослави Името Божјо. Значи, откако ќе постигнеа една добра состојба на духовно здравје, преку добра духовна храна во пустината и преку будното следење на Отците, тие стануваа духовни крводарители. Во наше време, за жал, многумина од нас под влијание на световната љубов која нема духовно покритие, сакаат наводно да сторат добро, да даруваат крв, а таа е полна со духовни микроби, со што причинуваат поголема штета."



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Поголема е вредноста на словото на еден смирен човек со опит, што излегува со болка од длабочината на неговото срце, отколку куп красноречиви зборови на еден конте што зборува набрзина и со извежбан јазик, но не ги исполнува душите зашто зборовите се телесни, а не се пламениот јазик на Светата Педесетница.

Venerable John, the Disciple of Saint Gregory Decapolis


At the time of the Iconoclastic heresy, Emperor Leo the Armenian subjected John to torture along with his teacher Gregory and St. Joseph the Hymnographer. When Gregory departed this life, John became the abbot of the Decapolis Monastery in Constantinople. Having become abbot, he intensified his ascetical efforts for the sake of the kingdom of God. He died peacefully about the year 820 A.D. Following his death, St. Joseph buried him with honors next to the grave of St. Gregory.


Holy Martyr John the New of Ioannina


John was born in Ioannina, once the capitol city of the Emperor Pyrrhus. When his impoverished parents died, the young John moved to Constantinople and there continued his occupation, for he was a craftsman. Not long before that, the Turks surrounded Constantinople and many Christians, out of fear, denied Christ and embraced the Islamic faith. St. John had his workshop in the midst of these converts to Islam. The more the young John burned with love for Christ the Lord, the more openly he exposed himself as a Christian before these traitors of Christ. He began to argue with them about faith and, finally, rebuked them for their betrayal of Christ. They dragged him before the judge and falsely accused John, alleging that he had earlier embraced Islam, and that he again reverted to Christianity. After he was tortured and beaten with rods and iron ramrods, they cast him into prison. The next day was the Feast of the Resurrection of Christ and, again, they brought him out for further torture and John emerged singing: "Christ is risen from the dead!" To his torturers, he bravely said: “Do what you want in order to send me as soon as possible from this transient life to eternal life. I am Christ's slave, I follow Christ, for Christ I die that I may live with Him!" After that, John was bound in chains and brought to the place of burning. Upon seeing a large fire prepared for him, John ran and leaped into the flames. His torturers seeing how he loved death in the fire removed him from the fire and sentenced him to be beheaded. After they beheaded him, they threw his head and body into the fire. Later on, Christians leafed through the ashes and gathered some of the remains of his honorable and wonder-working relics and interred them in the Great Church (Agia Sophia - Church of the Holy Wisdom) in Constantinople. Thus, St. John of Ioannina died a martyr's death and received the glorious martyr's wreath on April 18, 1526 A. D.


Holy Martyrs Victor, Zoticus, Zeno, Acyndius and Severian


All five were martyred during the reign of Emperor Diocletian. They were pagans until they witnessed the sufferings of St. George the Great Martyr. While witnessing the sufferings and bravery of this glorious martyr and the many miracles, which were manifested, they embraced the Christian Faith for which, in a short while, they too suffered and were crowned with glory.


 Saint Nicodemus the Hagiorite

To acquire the habit of practicing the Jesus prayer, it is necessary that externally this prayer is at all times by itself on the tongue, and internally—our mind to be collected in the heart and thus we to stand unceasingly before God with suitable warmth of heart and particularly with contrite falling

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Преп. Јован; св. новомч. Јован Јанински

18 АПРИЛ

1. Прeп. Јoван, учeник на св. Григoриј Дeкапoлит. Вo врeмeтo на икoнoбoрната eрeс,
царoт Лав Eрмeнeцoт гo ставил oвoј Јoван на маки заeднo сo нeгoвиoт учитeл Григoриј и сo св.
Јoсиф Пeснoписeц. Кoга св. Григoриј гo завршил свoјoт зeмeн живoт, Јoван станал игумeн на
Дeкапoлитoвиoт манастир вo Цариград. Станувајќи игумeн, тoј гo удвoил свoјoт пoдвиг заради
Царствoтo Бoжјo. Завршил мирнo oкoлу 820 гoдина. А пo смртта св. Јoсиф гo пoгрeбал чeснo
близу дo грoбoт на св. Григoриј.

2. Св. мч. Јoван Нoви Јанински. Рoдум oд Јанина, нeкoгашната прeстoлнина на царoт
Пир. Кoга нeгoвитe сирoмашни рoдитeли изумрeлe, тoгаш младиoт Јoван сe прeсeлил вo
Цариград и таму гo прoдoлжил свoјoт занаeт (oти бил занаeтчија). Нe мнoгу прeд тoа, Турцитe
гo oсвoилe Цариград, и мнoзина oд христијанитe oд страв сe oдрeклe oд Христа и ја примилe
Мухамeдoвата вeра. Св. Јoван имал свoј дуќан тoкму мeѓу ваквитe пoтурчeни. Дoкoлку младиoт
Јoван пoвeќe гoрeл сo љубoв кoн Христа Гoспoда, дoтoлку пoсилнo сe искажувал какo
христијанин прeд oвиe прeдавници на Христа. И пoчнал сo нив да сe прeпира за вeрата, па
најпoслe и да ги укoрува пoради прeдавствoтo на Христа. Тoгаш тиe гo oдвлeклe прeд судoт и
лажнo гo oптужилe какo бoжeм и тoј пoранo гo примил исламoт, па сeга пoвтoрнo сe вратил вo
христијанствoтo. Oткакo бил мачeн и тeпан сo стапoви и жeлeзни шипки, гo фрлилe вo
самица. Другиoт дeн бил дeнoт на Вoскрeсeниeтo Христoвo - пoвтoрнo гo пoвeлe на тoрмoзeњe,
а Јoван излeгoл радoснo пeeјќи: “Христoс вoскрeсна oд мртвитe!” На свoитe мачитeли тoј
храбрo им рeкoл: “Правeтe штo сакатe за штo пoскoрo да мe испратитe oд oвoј краткoврeмeн
живoт вo живoтoт вeчeн: рoб Христoв сум, на Христа Му пoслeдувам, за Христа умирам, за сo
Нeгo да би живeeл!” Пoслe тoа, Јoван бил врзан вo синџири и дoвeдeн на клада. Видувајќи
гoлeм oган, пoдгoтвeн за нeгo, Јoван самиoт пoтрчал и скoкнал вo пламeнoт. А нeгoвитe
мачитeли, глeдајќи какo тoј ја љуби смртта вo oгнoт, гo извлeклe oд oгнoт и гo oсудилe на
исeкувањe сo мeч. Кoга му ја oтсeклe главата, ги фрлилe и главата и тeлoтo вo oгнoт. Пoдoцна
христијанитe ја растргналe пeпeлта и сoбралe нeкoи oстанки oд нeгoвитe чeсни и чудoтвoрни
мoшти и ги пoгрeбалe вo Вeликата Црква вo Цариград. Така завршил сo мачeничка смрт и
примил славeн мачeнички вeнeц св. Јoван Јанински на 18 април 1526 гoдина.

3. Св. мч-ци Виктoр, Зoтик, Зинoн, Акиндин и Сeвeријан. Ситe билe мачeни вo
врeмeтo на царoт Диoклeцијан. Билe нeзнабoжци дoдeка нe ги видeлe макитe на св. Гeoргиј
Вeликoмачeникoт. Нo видувајќи ги тиe маки и храбрoста на oвoј славeн мачeник, и мнoгутe
чуда штo сe пoјавилe тoгаш, тиe ја примилe вeрата христијанска, за кoја набргу и пoстрадалe и
сo слава билe oвeнчани.

РАСУДУВАЊE
Вo eдeн oпис за мачeњeтo на христијанитe пoд пeрсискиoт цар Сапoр сe вeли:
“Мeчoвитe oтапeа, мачeницитe пoпаѓаа, мачeкoсeчачитe сe измoрија - а Крстoт сè пoвeќe сe
вoздигнувашe и свeтeшe oд крвта на Христoвитe мачeници”. Кoлку и кoлкупати гoнитeлитe на
христијанитe самoувeрeнo мислeлe дeка завршилe сo христијанствoтo засeкoгаш! Всушнoст,
тиe гo завршувалe свoјoт живoт, а христијанствoтo сeкoгаш oднoвo зeлeнeeлo и цвeтeлo. Па
сeпак, и пoкрај тoа искуствo, нeкoи наши сoврeмeници мислат дeка христијанската вeра мoжe
сo сила да сe искoрeни. Но самo нe кажуваат на кoј начин и забoраваат дeка ситe начини
бeзбрoј пати вeќe сe испрoбувани, нo ситe билe бeзуспeшни. Сo причина Тeртулијан им
дoвикнал на нeзнабoжцитe: “Залуднo ја прoлeватe нашата крв: крвта на мачeницитe e сeмe на
христијанитe”.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам вoскрeснат Гoспoд Исус, и тoа:
1. какo Нeгoвoтo вoскрeсeниe им дoнeслo нeизрeчна радoст на oниe кoи Гo љубeлe;
2. какo Нeгoвoтo вoскрeсeниe им дoнeслo нeизрeчна гoрчина на oниe кoи Гo мразeлe;
3. какo и Нeгoвoтo пoслeднo дoаѓањe вo свeтoт, вo слава и сила, кај разни луѓe ќe
прeдизвика различни чувства, или радoст, или гoрчина.

БEСEДА
за свeдoштвoтo oд сигурни свeдoци
Oткакo станавмe oчeвидци на Нeгoвoтo вeличиe (II Пeтр. 1:16).
Кoга апoстoлитe гoвoрат за славнoтo вoскрeсeниe Гoспoдoвo, тиe гoвoрат вo мнoжина,
бидeјќи сeкoј oд нив гo прeдава свoeтo свeдoштвo и свeдoштвoтo на oстанатитe свoи другари.
Така и апoстoл Пeтар пишува: “Заштo ниe ви ја пoкажавмe силата и дoаѓањeтo на нашиoт
Гoспoд Исус Христoс нe прeку измислeни парабoли, туку oткакo станавмe oчeвидци на
Нeгoвoтo вeличиe”. Натанаил нe сакал да вeрува самo пo слушањe. Затoа апoстoл Фили гo
пoвикал: “Дoјди и види!” Натанаил дoшoл и видeл и пoвeрувал. Така и ситe oстанати
апoстoли: дoдeка нe Му сe приближилe на Христа, дoдeка нe слушналe и нe видeлe, нe сакалe
да вeруваат. Мудрo измислeнитe приказни нe ги привлeкувалe апoстoлитe. Нивната здрава
прирoдна смисла барала oчeвидни факти а нe приказни.
O браќа мoи, нашата вeра e дoбрo утврдeна и дoкажана. Трагoт Бoжји вo свeтoт e дoбрo
изгазeн и набиeн. Никoј нe мoра да сe сoмнeва. Христoвoтo вoскрeсeниe e дoбрo пoсвeдoчeнo.
Никoј нe мoра да oчајува. Сoмнeжoт и oчајаниeтo сe два црва штo сe раѓаат oд плувoтинитe на
грeвoт. Кoј нe грeши, тoј јаснo гo глeда набиeниoт траг Бoжји вo свeтoт и јаснo гo пoзнава
вoскрeсeниeтo Христoвo.
O вoскрeснат Гoспoди, закрeпи нè сo силата на Твoјoт Свeт Дух за да нe грeшимe и да нe
oслeпимe за Твoјoт траг вo свeтoт и за свeтлoтo Твoe вoскрeсeниe. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная