
„Сиромавиот Го прашал Бога:
– Зошто сум јас толку сиромашен?
Бог одговорил:
– Не си научил да даваш.
– А ако немам ништо? – повторно прашал сиромавиот.
Бог му одговорил:
– Имаш неколку нешта: лице што знае да се насмевне; уста што можат да пофалат или утешат; срце што може да се отвори за ближните; очи што можат да зрачат со добрина; тело што може да им помага на другите. Затоа, всушност, ние воопшто не сме сиромашни.
Сиромаштијата на духот – тоа е вистинската сиромаштија.“


























