логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ИКОНАТА НА СВЕТА ТРОИЦА

Андреј Рубљов, иконограф (сликар на икони), руски монах од XV век, ја насликал Света Троица. Тој не ја измислил сликата на Св. Троица, туку го илустрирал расказот од книгата Битие каде таинствените три ангела го посетуваат Авраама. Ова јавување кај Мамврискиот даб, за кое веќе зборувавме во првата глава, е слика на Св. Троица, праслика на едниот Бог во три лица, Кој ќе дозволи да биде отворено познаен дури на реката Јордан, за време крштевањето на Исуса. Спомнете си за разговорот со Авраама: патријархот им се обрнува на ангелите де со Ти, де со Вие. Тоа не е она Вие што го велиме од учтивост, кое тогаш не постоеше, туку е множина. Оваа наизменичност во говорот веќе ни помага да го погодиме ЕДНИОТ од Тројцата, зашто се чини дека Авраам еднаш Му се обрнува на едниот Бог, еднаш на трите божествени лица.
Илустрирајќи еден библиски текст, Рубљов не ризикува да ја деформира божествената тајна со својата лична имагинација, бидејќи иконографите не ги измислуваат по волја на својата фантазија презентациите на Бога, а секогаш се мошне верни на Светото писмо.
Всушност, кога секој човек би измислил некоја претстава за Бога со помош на својата имагинација, колку и да е творечка, ние би имале мошне човечки претстави за Бога, подложни на промените на вкусот од секоја епоха; „боговите-Отец", старци со брада, кои излегуваат од облак зар не се стара и демодирана игра? Опасноста е голема повторно да се вратат идолите од старо време, кои се проекција на човекот за Бога: Бог според образот на човекот, а повеќе не големата тајна на човекот создаден по образ Божји. Затоа верноста на нашите сликари-иконографи на Преда-нието, нивната потчинетост на претставувањето на Бога дозволено од Црквата, ги спасува од заблудата и им овозможува да не ја предадат втората заповед: „Не прави идоли".
Од една класична икона, од една често повторувана тема во Црквата, Андреј Рубљов направил мошне големо дело, истовремено бисер-дело на уметнички план и сведоштво на молитва. Насекаде наоѓаме репродукции на иконата на Света Троица. Се чини дека христијаните од сите конфесии ја познаваат и ја сакаат. Дури и атеистите (оние што не веруваат во Бога) ја признаваатубавината и силата што произлегува од неа. Оваа икона е навистина чудотворна, зашто таа им наложува молчење со почит и на оние што се најнепријателски расположени спрема религијата и ги тера да ја почитуваат.
 sv.Andrej.Rubljov1.jpg

СИМВОЛОТ НА ВЕРАТА

Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител,
Творец на небото и земјата,
на се видливо и невидливо.

Ивоедниот Господ Исус Христос,
Син Божји, Еднороден.
Кој е роден од Оца пред сите векови:
Светлина од Светлина,
вистински Бог од Бога вистински,
роден, нестворен, едносуштен на Оца,
преку Кого се станало.
Кој, заради нас луѓето
и заради нашето спасение,
слезе од небото и се овоплоти
од Светиот Дух
и од Марија Дева
и стана Човек.
Кој беше распнат заради нас
во времето на Понтиј Пилат,
страдаше и беше погребен.
Којвоскресна во третиотден, според Писмото,
и се вознесе на небо,
и седи оддесно на Оца.
И пак ќедојде со слава
да им суди на живите и на мртвите
и Неговото царство не ќе има крај.

Иво Светиот Дух
Господ што дава живот, Кој излегува од Оца,
на Кого се поклонуваме и го славиме
заедно со Оца и Сина
и Кој говорел преку пророците.
Во едната, света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштение
за опростување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите
и животот на идниотвек.
Амин.

Всушност, Светата Троица од Рубљов се наоѓа во еден Државен музеј, а не во една Црква. Може да се види во галеријата Третјаков, во Москва, во СССР. Секој ден пред нашата икона минуваат илјадници туристи кои ништо не знаат за Бога или, пак, само Го мразат, се подбиваат, или се индиферентни спрема Него. Сепак, никој не минува без да се запре пред оваа икона на Света Троица. Секому од нив таа му пренесува едно делче од визијата за Бога. Како што сонцето ги осветлува добрите и лошите, Бог осветлува секој човек со Својата љубов, дури и ако овој ја одбива.
Молчење се наложува пред оваа икона, како пред тајната на Света Троица. Сепак, ќе се обидеме да и се доближиме со помош на молитвата, бидејќи за Андреј Рубљов, оваа икона е молитва, исповедување на верата и оддавање почитна Бога.
Да го земеме текстот од Символот на верата и да го ставиме крај една репродукција на Св. Троица. Во очи паѓа тоа дека сликата е компонирана по истиот план како и исповедувањетона верата: „Верувам во едниот Бог’'.
Рубљов го изразува единството истовремено со сличноста на трите ангела и со единствениот круг во кој се впишуваат трите личности. Се она што се однесува на Отецот е мошне кратко во Символот, зашто Он е несознателниот, Оној за кого не знаеме речиси ништо. На иконата, првиот ангел, оној од левата страна, е од три четвртини, бојата на неговата облека е мошне бледа, необјаснива, речиси проѕирна.
Текстот се одвива како на иконата, задржувајќи се на Синот најмногу време. Вториот ангел ни е свртен со лицето, ни се покажува поцелосно. Ние знаеме многу работи за Синот, зашто Он се овоплотил, дозволил да биде запознаен и да биде виден. Неговата облека има чиста и јасно одделена боја, сина и кафеава. Тоа ги изразува двете природи на Христа. Сината го симболизира небото, божеството. Кафеавата, тоа е земјата, човештвото. Исус е истовремено и Бог и човек. Зад централниот ангел се издига едно дрво, неговите корени се насадени во земјата, а гранките се стремат кон небото. Тоа е крсното дрво кое, преку Христа, станува дрво на живот во Рајот.

Адам умре затоа што јадеше од плодот на дрвото.
Но во Крсното дрво повторно го најде животот,
со чија помош. о Милостиве, тој повторно ужива
во рајските наслади.
Поема од Теодор. Триод
(петок од петтата недела на постот.)

Кога зборува за Светиот Дух, Символот повторно станува краток и збиен, бидејќи за третото божествено Лице, кое ни дава живот, конкретно и историски, малку работи можат да бидат кажани. Неговото дејство е секогаш скриено и таинствено. Третиот ангел, како и првиот е од три четвртини. Бојата на неговата облека ја симболизира силата на животот. Зелената, која доминира, ја изразува младоста, животната сила која дава да расте и да постои секое нешто.
Кругот од трите ангела завршува и повторно не се затвора. Се чини дека овој круг се отвора спрема чашата (путирот) што е поставена на масата. Последниот дел од Символот е посветен на Црквата: тоа е местото каде што се наоѓа путирот за Евхаристијата и сите луѓе, преку Крштението, се повикани на гозбата од Вечниот живот, а Животот вечен е да се влезе и да се живее во прегратките на самата Св. Троица.
Со ова претставување на Светата Троица, ние сме далеку од првата икона, онаа што ја викаме „гостопримство Авраамово".
Свети Андреј доброволно ги отстранил Авраама и Сара, зашто веројатно се сетил на зборовите Христови: „Јас постојам уште пред да се роди Авраам" (Јован 8, 58). Овие зборови ја изразуваат вечноста на Бога, вечност што ја делат трите лица од Св. Троица...
Нашата студија за оваа прекрасна икона ќе ја завршиме, како што веројатно тоа го направил и Рубљов откако ја насликал, со најчистата молитва, молитвата на обожување, онаа на ангелите, серафимите и херувимите, пеејќи ја трисветата песна на животворната Троица:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!"

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная