логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



   
Сега кога текстот од Каменот од Розета е целосно дешифриран и прочитан, велат неговите толкувачи Тентов и Бошевски, треба да подлежи на комплетна лингвистичка анализа. Лингвистите го поздравија нивниот труд, но имаа и забелешки и укажувања   
   
  
Лингвистите и историчарите присутни на вчерашната работилница за резултатите од дешифрирањето на средниот текст на Каменот од Розета, главно, ја поздравија работата на професорите Томе Бошевски и Аристотел Тентов, кои се зафатија со овој потфат, но неизбежни беа и мали укажувања. Меѓу присутните беа проф. Коста Пеев, проф. Маргарита Ивановска-Китин, проф. Драгица Божинова и други филолози. Дискусијата ја водеше проф. д-р Димитар Пандев.

- Ова е многу значаен момент бидејќи се работи за прв дијалог со лингвистите. Многу е значајно да се разговара, а добро е и да има забелешки и укажувања. Задоволен сум од текот на работилницата и мислам дека беше конструктивна. Оние што се потсмеваа и нé критикуваа сега ги нема. Ова е јавен научен труд и отворен е за критики, се разбира – вели проф. Тентов по завршувањето на работилницата.

Каменот од Розета е пронајден во 1799 година во Египет. Изработен е од гранит висок 1,44 метри, широк 0,72 метри, дебел 0,28 метри и тежок 762 килограми. Содржината на текстот го опфаќа Декретот на Птоломеј 5 Епифан, напишан со три писма: хиероглифи, „демотско“, за кое Тентов и Бошевски тврдат дека е древномакедонско, и старогрчко писмо од 196 година пред Христа. Денеска овој камен се наоѓа во Британскиот музеј во Лондон.

Според Тентов, сега кога текстот е целосно дешифриран и прочитан треба да подлежи на комплетна лингвистичка анализа.

Проф. Коста Пеев даде потврда за работата на Тентов и Бошевски и укажа дека е неопходно сега да се бараат врските на тој јазик не само со денешниот литературен јазик, туку и со дијалектниот.

- Сега треба да се оди во таа насока. Наш долг и обврска е да се бараат врските со дијалектологијата – вели Пеев.

Лингвистите укажаа на неусогласеноста на Тентов и на Бошевски за дефинирањето на писмото како слоговно или како азбучно писмо. Ова го демантираше проф. Бошевски тврдејќи дека таква неусогласеност на ставовите не постои.

- Писмото од средниот текст на Каменот од Розета е усовршена верзија на слоговно писмо, доближено до буквеното. Древните Македонци многу поефективно зборувале, имале многу едносложни зборови – вели Бошевски.

На почетокот од своето излагање Бошевски го нагласи својот став дека овој масивен гранитен споменик е клуч за решавање на многу историски и лингвистички проблеми и дека од неговото толкување треба сé да почне.

- Каменот од Розета не треба да биде исклучив и да биде репер. Има уште постари докази од пред 50 илјади години пред нашата ера. Треба да се оди уште многу поназад во историјата - се спротивставува проф. Маргарита Ивановска-Китин, укажувајќи на постоењето постари докази за писменоста на древните Македонци.

- Од некаде мора да се почне за да се оди уште поназад - вели Тентов.

- Времето на докажување не е завршено. Правевме обиди да се дешифрираат написи од Говрлево од 6 илјади години пред нашата ера и видовме дека овој начин на дешифрирање дава резултати. Но, за да биде тоа јавно обзнането, треба уште да се работи – вели Тентов.

Бошевски и Тентов ги презентираа и реакциите во светот на нивната работа.

- Успеавме да добиеме меѓународна верификација на нашите резултати, кои беа презентирани на првиот и на вториот Конгрес за славјанска писменост во Русија, организирани од руската Академија на науките и најпрестижните универзитети. Рефератот носеше наслов „Македонско-славјански карактеристики на Каменот од Розета“. Во најславјанската земја наидовме на заинтересираност и на одобрување. Во пребарувањата на „Гугл“ на Интернет, пак, за Каменот од Розета сега може да се најдат околу 5 милиони референци, додека во 2007 година имаше само милион. Нашиот веб-сајт е на 17 место по бројот на посети – вели Бошевски.

- Истражувањето сега не се базира на претпоставки - оценува Бошевски.

- Нé обвинуваат и ни забележуваат за многу нешта, но ние не го базираме нашето истражување на претпоставки, туку на дешифрирање и на читање на текстот знак по знак. Тој јазик има сличности и со денешниот македонски јазик, што не ни паѓаше на ум ни на сон кога го почнавме истражувањето.

- Сакавме само да потврдиме дека е невозможно Античките Македонци, кои имале своја империја 300 години, да биле неписмени и да не се служеле со свој јазик, туку со туѓ. Заклучокот е дека Древните Македонци имале свој јазик, кој наликува на денешниот македонски јазик и кој има карактеристики на другите словенски јазици - вели Тентов, кој заедно со Бошевски веќе работи на нов текст напишан на т.н. Камен од Робус.

Досега, како што велат двајцата професори, материјалите од нивната работа ги побарале универзитети од Грција и од Велика Британија, а Британскиот музеј цели два дена бил посетител на нивниот сајт. Тие велат дека работат и на тоа да издејствуваат да се направи копија на Каменот од Розета и таа да се донесе во Македонија, но тоа, како што рекоа, е сложена процедура, а и времето за докажување сé уште не е поминато.

Предмет на истражувањето на Тентов и Бошевски беше еден од најпознатите текстуални артефакти од стариот Египет, предмет на многубројни проучувања и истражувања во научниот свет од областа на античката историја и лингвистиката - Каменот од Розета. Констатирано е дека за средниот текст на Каменот од Розета е користено слогово писмо од типот согласка-самогласка. Идентификувани се симболи за 25 согласки. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација, во рамнината на пишување определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или 8 самогласки.   
   
Автор: Весна Дамчевска  - Нова Македонија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1059
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2631
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

03/06/2025 - вторник


+Св.рамноапостолни цар Константин и царица Елена

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная