Александра Бубевска Коментари (7)
17.12.2008 17:58
Аристотел Тентов
Средниот текст на каменот од Розета е напишан на јазикот и писмото на древните Македонци. Академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов пред 10 години почнале да го проучуваат мистериозното писмо на каменот, пронајден во Египет, пред 2200 години.
Каменот од Розета е споменик на древниот Македонски писмен јазик, соопштија денеска овие македонски научници на презентацијата на Електро-факултетот во Скопје.
„Она што беше наша основна претпоставка, дека средниот текст е напишан и на писмото и на јазикот на древните Македонци, со комплетирањето на комплетниот текст веќе добиваме значаен доказ дека сме на прав пат, а јазикот е некој пра јазик, којшто ние со некој мал напор можеме и ден денес да го подразбереме“, изјави академик Томе Бошевски.
„Азбуката ја дефиниравме, и она што не изненадува и не воодушевува е дека азбуката во потполност се погоди со гласовите на Македонскиот јазик. И сега во јавноста за прв пат ќе излезе кириличното пишување на средниот текст на каменот од Розета, и со тоа покажавме дека е текст на античките Македонци“, вели професор Аристотел Тентов.
Во првата фаза од истражувањето Бошевски и Тентов го идентификувале писмото составено од 13 асиметрични знаци, а потоа и азбуката. Денеска тие најавија објавување на кириличен препис на средниот текст на каменот на Розета.