Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан успева за првпат да се вивне во воздухот. Неговиот лет привлекува илјадници галеби кои љубопитно стојат во круг околу учениците на Џонатан. Веќе не се грижат дали некој ќе ги види или не, туку внимателно го слушаат секој збор на учителот кој им кажува дека не постојат ограничување и закони, и дека единствениот вистински закон е оној кој води кон слободата.