Избор
Избрани дела на Јован Павловски
Деновиве книгоиздателството МИ-АН од Скопје ги издаде првите четири книги од "Избраните дела на Јован Павловски". Се работи за Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко", (роман) Семејни иверки" (раскази), Значкаа (современа бајка) и Град, години, луѓе" (роман).
"Овие први четири тома практично се репрезентативен пресек на прозното творештво на Павловски. Во рамките на осумтомното издание на "Избраните дела на Јован Павловски" планирано е да се издадат и Ние на Татковината и должиме се, таа нам ништоо, Огнено семејство", Гемиџиите" и Ѕвездена прашина", односно избор од документарната проза на авторот.
Книга прилози за новинарот Јован Поповски
Поповски има 72 објавени книги, а известувал за светски весници како "Лондон тајмс", "Ле монд", "Вашингтон пост"
Денес новинарот, писател, публицист и сценарист Јован Поповски го слави неговиот 95 -ти роденден. Во пресрет на неговата, како што самиот вели, длабока старост "гробу на врата", тој ни ја раскажа приказната за своите записи од младоста, која ја чувал 70 години. За записите "Измеќари" и "Зајдено сонце".
А во пресрет на роденденот, ја објави книгата "Прилози за моето творештво". Тој во неговото родно Вевчани ги бележел кажувањата на, како што ги нарекува, "печалбарските олупини", а пишувал и за нивните жени. За овие записи тој бил суден во Тирана.
Во книгата "Прилози за моето творештво", на 170 страници има прилози од академиците Димитар Митрев, Анте Поповски, Цветан Грозданов, Блаже Ристовски и Александар Христовски. Потоа свои прилози имаат писателите Владо Малевски, Јован Павловски, белградскиот критичар Протиќ, хрватскиот писател Сушиќ, Тодор Чаловски, Анастас Ќушковски, Тошо Ширилов, Слободан Мицковиќ, како и историчарите Владо Ивановски, Тодор Чепреганов, Ордан Ивановски. За Поповски пишувале и колегите Томо Чаловски, Стојан Тренчевски, Паскал Гилевски, а свој прилог има и Благој Дрнков.