Можеби ќе се откажам од суетата
да го видам своето име печатено на своето дело,
но не и од себе, ниту од тоа што сум.
Ново време
Не знам дали по овие исти песочишта некогаш
повторно ќе поминеме во сон на една ноќ
или
сè се губи до далечината на треперењето,
а се создава ново време.
Сè е сегашност!
Да не се знае е да се живее. Да се знае,
да се умира...
за утре можеби пак
телото на земјата ќе се разбуди.
Ох, сè е сегашност!
И сега запрен за миг, се чини дека пак се
сеќаваш,
но, продолжи...
можеби утре пак ќе се разбудиш,
а тогаш,
ЗАБЛАГОДАРИ!