логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Гане Тодоровски, Скопје
За и против "Веда Словена"
Годишен зборник на Универзитетот во Скопје, 19, 1967, стр. 393-444.
 

За да се изнајде потребниот збор при определбата на поимот што се крие зад краткиот наслов на една позната книга, на една претолкувана содржина, на еден пренагласен настан, - можеби најдобро е ако се систематизира, раздвои и внимателно постапно подвлекува се она што како импозантна сума од факти се насобра по сензациооналниот обид да му се импутира на словенството, кој знае по кој пат, ненужна тежина од лажна слава!

Дистанцата од скоро еден век е предоволна за да ни овозможи поспокојни заклучоци. Сепак, предметот на разгледувањето си остануваа комплексен и компликуван, не заради нерешените загатки што ги претпоставува, туку пред се заради тешкотијата: на некаква конкретна анализа да се подвргне карактеристична апстракција, предмет што главно спаѓа во категоријата на фикциите, измислиците, нереалните причини за реални и прецизни ангажираности! "Веда Словена", тој многуилјаден корпус од невешти стихови, сочинет во еден рекорден во својата мала временска рамка период, сочинет под хипнотичката сугестија и високиот материјален стимуланс на еден ултра-романтичарски занес, таквата "Веда Словена" мерлива ли е според општоусвоените норми на конкретниот и позитивниот принос во фондот на трајните наследства на еден народ, на една национална култура? Треба литературната историја да се занимава сериозно со некакви си несериозности, недостојности, измами?

Помногубројни се овие прашања: си имаат своја оправданост, свое место, свој raison d’etre. Меѓутоа, нема ли да сме мaлку неправедни кон себеси, ако преку еден, дури и оправдан, гест на разумно повлекување пред недостојното, го избегнуваме она што сакале-нејќеле си останува само наше, па макар и како заблуда, како некритичност, како неславен дел од нашето течење низ времето. Нели нема смисла, ние од посреќните поколенија да ги обвинуваме своите неуки, невешти, несреќни претходници за непростиви гревови. Тие, најверојатно, го чинеле она што времето им го наложувало и допуштало, го чинеле во името на подостојните идни дни.

Имаме ли право во оваа насока да го трасираме нашиот одговор? Нема ли таквата галантна попустливост кон апсурдите на своето минато да ги подрие строго-егзактните позиции на нашиот сопствен реалистички став? Не ли се крие тука мала доза на сентиментално оценување на дел од изврвениот низ историјата пат?

"Веда Словена" - дело на Верковиќ-Гологанововата колаборација - за секога ќе значи само едно: најизвишен паметник на екстремнниот национален занес, најкусовечната рожба на колективната национална утопија. Тоа дело говори за една неминовна фаза низ која скоро секој народ во својот развиток треба да мине: фазата на романтичарската самодопадливост, фазата кога во огледалото на националната суета секој гест и потег, секое движење и присеќавање, секоја недоустена реч добиваат грандиозно значење, херојска поза, историски чин. Таа црта, всушност, втакена е и во традицијата на народниот епос: народот си ги вложил сите копнежи во исковувањето фантастични ликови на херои, бидејќи во животот немало такви, бидејќи стварноста осетила потреба од нив[1]. Тоа е периодот на нужниот премин од создавање и остварување на животните мечти во својот внатрешен свет до појасното определување на идеалот во конкретната стварност. На ајдучката песна претходи историската, на историската - митолошката. Во случајов, "Веда Словена", како мистификација со воврела некаде меѓу историската и ајдучката песна, се вовлекла во малата пукнатина на дезориентацијата, како мигновен предив, како добивање на време, како пожелна починка пред тешкиот двобој со посилниот и повеќеименен непријател.

Скоро по правило, сите мистификации во литературата настануваат таму и тогаш, кајшто и когашто највеќе се чувствува нивниот недостиг. Секако, исклучоци има - главно кај релативно послободните народи во Еврoпа. Но, на терените на огромните феудални империи, во чии неоткриени пространства тонеа во повеќевековна потиснатост и мрак помали народи, мистификациите значат речиси закон на националната преродба. Јавувајќи се најчесто во судирот помеѓу посилна, посупериорна и поекспанзивна нација, од една страна, и послаба, поинфериорна и позатворена во себе нација, од друга страна, мистификациите како да станаа некаква неминовност во процесот на културно-политичката еманципација. "Нема ни еден културен народ кој немал свои Верковиќи и Милоевиќи" - има речено со многу оправданост Шишманов[2].

Веда Словена, како литературна мистификација, пред сe означува една митолошка реминисценција. Времето, во кое се роди таа, премногу ги претпочита ваквите методи: во секоја народна песна или приказна да се бара историска или митолошка реминисценција. Мода на векот беше митолошката теорија на браќата Грим а таа претпоставаше големо единство и сличност на мотивите во умотворбите на сите индоевропски народи. Во народните умотворби се бараа траги од првобитните времиња, од митолошката епоха на Аријците[3]. Нo, тоа истовремено како метод на водеше кон целосната вистина. Уште повеќе што во рацете на дилетанти беше злоупотребен. Се дојде до апсурдни заклучоци, до дискредитирање на оваа митолошка школа, која не без резон ја основаа Јаков и Вилхелм Грим. На јужнословенски терен Гримови ученици имаше повеќе. Мегу најзабележаните се секако Раковски, Верковиќ и Милојевиќ[4].

За времето со кое дејствуваа овие луѓе, многушто може да биде оправдано. Сите тие патат од некаква нестрпливост, па оттука поврвност, недостиг на специјалистичка подготовка, непроширување научниот делокруг. Како поинаку би ги објасниле сите нивни неодрживи, наивни до необмисленост претпоставки? Лековерни се воопшто Словените, подвлече Французинот Луј Леже, кога говореше за "Веда Словена". Преку оваа карактерна црта тој го објаснуваше феноменот на масовната подршка на литературните мистификации, конкретно и на мистификацијата на "Веда Словена" меѓу словенските народи. Нека да е така, меѓутоа, мистификацијата не е словенска измислица, иако во фрапантните примери на Вацлав Ханка и Верковиќ - Гологанов среќаваме кулминантна илустрација. Кон литературна мистификација прибегнуваа повеќе европски народи. Во петнаесеттиот век Холанѓаните познаваат сфаќања според кои Адам и Ева во рајот говореле холандски а не еврејски, како до тогаш се мислело. Некој скандинавски "учен", доврзувајќи се на холандските хипотези, тврдел дека Адам со бога говорел на норвешки! Мицкевиќ од катедрата на парискиот Колеж д Франс во 1844 проповеда како Словените се најстари живеачи на Европа, дека Римјаните, Фригијците и Асирците биле Словени. Хрватските преродбеници сметаа дека Илирите се Словени. Верковиќ исто така задоен во духот на илиризмот претпостави и повте да докаже дека старите Траки и Македонци се Словени. Времето кое е скудно со факти, посега кон фантазиите. "Веда Словена" е рожба на такво едно време, иако со релативно задоцнување.

Луѓето што се раководеле од вакви идеи (подобро: фиксидеи) не смеат да бидат осудени или отфрлени. Во свое време тие допринеле со некаква полза: му го обрнале вниманието на светот врз постоењето на мали народи, за кои одвај и да се знаело! Ги заинтригувале љубопитствата на другите народи со некаква лажно конструирана слава, оригинална култура, историско величие. Па, ако Индијците ги имаат своите епопеи Рамајана и Махабхарата, Персијците: Зендавеста, Евреите: Библијата, Грците: Илијадата и Одисејата, Германците: Нибелунгите, Французите: Бесниот Роланд, еве и ние Словените, што веќе ги имаме: Словото за походот на Игора и Кралевдворскиот ракопис, можеме сега да се гордееме со уште еден, најсвештен паладиум: "Веда Словена", песни од предхристијанско и предисториско време, бесцени траги на една првобитна култура, постара од сите други во Европа. Така се изгради илузијата за сопствен, словенски пантеон, полн со раскошна колекција од секакви богатства. Веда Словена на Верковиќ и Гологанов беше таков имагинарен пантеон. Скап колку една шумна провокација - јавноста на покултурна Европа да го сврти погледот малку кон заборавената шир на најјужниот дел од огромниот словенски океан.

* * *
Втората половина на XIX век се карактеризира, барем во македонскиот случај со засилени акции на собирање народни умотворби. Откако Вук Караџиќ, Виктор Григоровиќ и Станко Враз отпочнаа со објавување на македонски народни песни, некаде кон шестата деценија на минатиот век стапува на сцена нова, поагилна плејада собирачи и објавувачи на македонски умотворби: Стефан Верковиќ, Димитар и Константин Миладиновци и Кузман Шапкарев се најистакнатите меѓу нив.

Бранот на собирање особено се интензивира кон 70-те години, кога нашироко низ бугарскиот печат во Турција и Романија се зборува за собирање на народни умотворби. Токму тогаш, во тој виорен полет на трескаво присобирање на народното благо, кога сите периодични публикации на бугарски или српски јазик, подржани од или наменети на Македонците, донесуваа на своите страници полни грски од македонскиот фолклор, Стефан Верковиќ, кој зад себе го имаше зборникот "Народне песме македонски Бугара", издаден во Белград 1860 - го остави тој толку благороден позив на стрплив и упорит собирач на делото на народниот гениј. Го остави, повлечен од една фикс-идеја, од една невозможност, од една луда авантура на сопствената суета. Гледајќи на себеси како на одбраник на божјата воља, токму тој да биде големиот и генијален откривач на древната епопеја за Орфеј - современата Риг-Веда, за која самиот во писмото до Нил Попов егзалтирано пишуваше[5], тој се втурна во потрага по тие свои бладежни измислици.

Некаде кон 1850, откако веќе еднаш беше доаѓал во Македонија, Стефан Верковиќ се настани за постојано во Сер, главен град во Југоисточна Македонија, како собирач на старини, како археолог. Всушност, зад тој параван на професија што тоа време беше во мода, се криеше специјален агент на српската влада, со посебна мисија меѓу Македонците од овој крај[6].

Доаѓајќи во Македонија и останувајќи во неа во текот на третиот квартал на минатиот век, нагрбен со специјална политичка задача а камуфлирајќи се под плаштот на собирач на нумизматички и археолошки наоди, народни умотворби и обичаи, географски и етнографски податоци, тој, колку прекопнат за подвиг, толку неподготвен за него, доаѓа до претпоставката дека токму на овој терен, тука во Македонија треба да ги открие бесцените блага што ќе го усреќат Словенството.

"Чини ми се као да ми нешто непрестано шапуће: У Елбасану ћеш наћи нешто чему ће се све славенство радовати?" - му пишува во едно писмо на својот пријател Алекса Вукоманович[7]. Му пишува од Сер цела деценија пред да го сретне македонскиот учител Јован Гологанов, кој ќе му ги фабрикува со зачудувачка брзина стиховите на идната "Веда Словена".

"...седећи на дућану у Филиби (Пловдив - Г. Т.) код једнога мојега знанца, дође тамо један бугарин из Неврокопа и запита за мене од куда сам и с чиме се заимам: ја му одговорим да сам археолог, који сваког рода древности истражујем као: новце, рукописе и надписе. Нато речениј Неврокоплија примети да у његовом селу има на једном камену један велики надпис који није ни грчки, ни римски, ни славенски. Ја му приметим: да неће бити Турски или Ерменски, он одговори да није: и тако се разиђемо. После тоа одем ондашнему једном знатном бугарину да се с њим упознам; разговарајући се с њиме о старинама, изнесе ми једно старо евангелие факсимилирано, од једне стране славенски а од друге глаголитички. Док, сам речено Евенгелие прегледавао, дође тамо и онај Бугарин из Неврокопа; и одма, седаваши до мене, надвири се да види што прегледавам. Тек што погледа у Евангелие, одма упре прстом у слова Глаголитичка и рекне: "тако е они надпис за ког сам ти мало пре казивао да се код Неврокопа у мојему селу налази." Ја му на то не одговорим ништа, него се пренем као да је искра електричка кроз мене прошла, и помислим: Боже милостиви, на свему ти фала Дакле свако мое предчувствовање оће да се обистини. (Подвлекол - Г. Т.)

После тога упознам се још боле с реченим бугарином и упитам га када би могао у његово село доћи да они надпис видим; он ми каже да његово село лежи у најдивљем кланцу планине Родопске, кроз који није могуће лети, од ајдука проћи; него само зими је можно до онога места, гди надпис стои, доћи; и тако закључимо: да он за кереван серезки дође у Серез, па по керевану да пођемо заедно до онога надписа.

Ја мислим да ће они надпис, ако е збиља Глаголитички бити из језическе добе? Неће ли којом срећом бити Томби Орфеја или Лина?... ако не баш њихова а оно барем не далеко од њиове добе? - Већ та околност се налази у најдивљем пределу даје ми повода мислити да мора врло важан бити; и то такови из кога ће се моћи дознати каког су порекла најстарији трачки житељи били? И јесу ли како образованост и књижевност имали?

...ја сам телом у Серезу а дух ми је непрестано на планини родопској у Ел-басану, и желио би, када би само било можно, да на ова места у магновенију ока будем!

Колика би то чест и слава нашему ученому друштву била када се у његову органу саобшто један Славенскиј Документ из јазическе добе! Та таког до сада нигди печатаног нема!!![8].

Се ова е напишано 1855 година, во почеткокот на Верковиќевиот престој во Македонија, десет години пред да отпочне големата игра околу фалсификувањето на Веда "Словена", на грамадниот куп од 300.000 стиха "народни" песни, сочувани божем во устно предание од предисторично и предхристијанско доба, и дваесетгодини пред да се појави првиот том на "епохалното" родопско откритие, она што тој сам го квалификува како паметник "од недогледне важности и вредности по историју не само Славена, него и свега човечанства, сачувавши се не на камену, металу или пергаменту, већ устним предањем код Македонских Марвака и Фракијских Родопских Помака"[9].

Во својата "втора татковина", како сам ќе ја нарече Македонија, Стефан Верковиќ доаѓа со цел да врши важна политичка мисија: "да Славени македонски при решавању источног питања признају себе Славенима а не Герцима"[10]. Фактички тој таа своја мисија ја обави директно и индиректно. Директно, преку многубројните свои контакти со речиси сите попросветени македонски луѓе од она време и индиректно со идејата за изнаоѓање паметник од далечното минато, со што ги возбуди не само учените од Европа, туку и луѓето од серскиот крај, денес етнички скоро заличен. Јован Гологанов во едно свое писмо до Шишманов[11] мошне убаво ја подвлекува таа негова заслуга: "...не само нас, туку и целото население го подбуди кон сознание за народноста". За ова пишуваат и Арсени Костанцев[12], Јона Маџаров[13], А. П. Стоилов[14] и други. Од обемната преписка на Верковиќ, која е сочувана[15], може да се види најилустративно колку многузначајни се неговите врски со македонските културни работници од средината на минатиот век. Меѓутоа маѓепсан од фантастичната идеја за индиското потекло на Словените, која впрочем на времето завлекува и други, тој исцело се впушта во упорито и фанатички слепо и тврдоглаво докажување на својата хипотеза дека прататковци на Словените на Балканот се Траките, Илирите, Македонците, Пеонците, дека Словените на Балканот го сочувале најдобро првобитниот аријски тип, таков, каков што постоел тој уште во епохата на Риг-Ведата. Затоа и смета дека токму во Македонија, таму, во клисурите помеѓу Пирин (Перуновата планина!) и Родопите ќе наиде на аргументи што ќе ја потврдат неговата претпоставка. Па им се обрнува на сите свои познаници од ред, со молба да истражуваат низ народот песни "...карактера стародревним тракијским знаменитостима, на пример о тракијском певцу Орфеју и другим личностима из старие ових предела, па ако на сличнога шта наиђу, да не пропуште за мене то прибавити"[16]. Од многуте пријатеи познати, до кои Верковиќ се обрати "да истражују по народу песме о царевима мацедонским", ниеден не се одзва. Не е на одмет да спомнеме кои беа тие личности, кои како вели самиот Верковиќ, не само што оваа порака негова ги изненади, туку и смев им предизвика[17]. Тоа се имиња, помалу или повеќе добро познати на нашата културна историја: Павел Божигробски, Димитар В. Македонски, Венимијан Мачуковски, Константин Динков, Поповиќ Томе, Ковачевски Никола, Божиков Христодул, Браќа Косетнцеви, Дичо Зограф, Михаил Николов, Димитар поп Георгиев, Георги Динков и други. Од сета ова плејада имиња ниеден не можеше да му ја исполни желбата поради простата вистина што такви песни меѓу народот не постоеја. Требаше да се чека до 1865 година, кога на сцената ќе се појави инвентивниот измамник Јован Гологанов.

Потребно е да се задржиме на прашањето по чии узори се загнезди кај Верковиќ ова хипотетична идеја?

Повекемина автори, кои директно или индиректно се задржувале на ова прашање, најчесто го споменуваат името на бугарскиот преродбеник и револуционер Георги С. Раковски. Тука во прв ред спаѓаат најсестраниот проучувач на проблемот на "Веда Словена" - Иван Д. Шишманов, потоа рускиот славист Петар Лавров, браќата Антон и Христо П. Стоилови, и други. Тука треба да го споменеме и прилогот на македонскиот славист Цвета Органџиева, која е склона да мисли дека Верковиќ, пред се се повел по примерот на македонскиот преродбеник Јордан хаџи Константинов Џинот[18].

Ив. Д. Шишманов, во двете свои поопсежни приоѓања кон овој проблем[19] недвосмислено укажува на Раковски:

"Er (Verkovik - G. T.) hatte nach seiner Art theoretische Studien getrieben, wie man aus seiner hinterlassenen Bibliothek sehen kann, die uebrigens nichts von einer directen Einwirkung unseres Rakovski auf ihn verraeth. Verkovic war eine congeniale Natur und connte deshalb ganz wohl - selbsaendig die verschrobenen Ideen verfallen, die man sonst dem Rakovski zuschreibt, dass naemlich die Alten Thrako-Illyrer Sloven waren und fueglich auch Orpheus und Alexander der Grosse Slaven gevesen sein muessen und dgl. mehr." ) (Подвлеченето мое - Г. T.) и ова:

"Dies schliesst jedoch nicht die Moeglichtkeit aus, dass Verkovic mit Rakovski's Fantasien gut bekannt war. Er muss jedenfall dies oder jenes seiner Werke besessen haben, wie aus gewissen Briefen Gologanov's erhellte. So bittet dieser im Maerz 1871: "Schickeln Sie mir wieder eine Zeitung und jenes Buch von Rakovski". Er wiederholt vergeblich die Bitte noch den 10. Mai, 18. u. 27. Oktomber desselben Jahres und den 30. Januar 1872. Den 28. Febr. d. j. berishtet er endlich, das gewuenschte Buch erhalten zu haben"[21]. и пак за ова:

"Връщтайки се отново върху въпроса за автентичноста на песните, Леже продължава: "Ние казахме по-горе, че г. Веркович върти трговия с "антики", а в тая трговия хората обичат да подстаряват стоката си; от друга страна г. Веркович е абсолготно невежествен. Много е възможно за това да е едновремено лъжец и сам излъган (tout ensemble trompeur et trompe). Когато човек е тъй лесно "dupe" на своето въображение, може да бъде излъган и от други, "quitte a tacher de les engeigner a son tour", както казваха нашите прадеди, "Nous faisons donc toutes nos reserves sur l'authenticite et l'integralite des poemes qu'on nous presente" (подвлеченото е од Луј Леже - Г. Т.), толкова повече, че подобни мистификации не са новост у южните славяни. Леже привежда Показалеца на Раковски, в които се доказва а priori че българите били дошли направо от Индия, че техният език бил дал на древна Грция всички географически названия и други предположения, които не е възможно да се докажат. По-нататък Леже цитува и фалшифицираните три песни в дисертацията на Раковски за Цар Асен I и II и митоложките измислици на Милоевича[22].

Овдека треба да подвлечеме пак дека најкомпетентниот собеседник на темата "Веда Словена" ќе си остане токму Иван Д. Шишманов. Неговите иследувања до сега претставуваат најстудиозен прилог кон ова занимливо поглавје на бугарското и македонското културно минато. Неговата сестрана подготвеност и импозантната научна акрибија со која располагаше му овозможија да даде најисцрпни заклучоци по прашањето на прочуената мистификација. Меѓутоа, ни се чини дека по прашањето на која лектира директно и подлегнува Верковиќ во своите псевдотеории за тракоилирското потекло на Словените и дали тоа конкретно и директно е Раковски, би требало малку повнимателно да му се пријде. Секако, не од желба да се ревидира мислењето на Шишманов, кое впрочем не е погрешно, туку од потребата да се укаже и на неколку други извори.

Познато ни е дека "Показалецот на Раковски е објавен во 1859 година. Таму за првпат понашироко се изнесува индиската теорија на Раковски. Меѓутоа, во трудот на Цвета Органџиева[23] се запознавме со едно важно писмо на Верковиќ, од кое дознавме дека уште во 1855 година Верковиќ е трескаво обземен од такви мисли. Органџиева се повикува на М. Арнаудов[24] и на Ив. Шишманов (в. СбНУ, XVI-XVII. стр. 614, 630) говорејќи за тоа кому му припаѓа приматот на спомнатава псевдотеорија. Се спомнува дека во лицето на Џинот треба да се препознае родоначалникот на идејата за трако-илирското, т. е. индиското потекло на Јужните Словени. Ќе го приведеме тој дел од прилогот на Органџиева:

"...ова писмо, досега необјавено (се мисли на писмото од Стефан Верковиќ до Алекса Вукомановиќ, датирано од 9/13 октомври 1855 година, Сер, - Г. Т.) и непознато е најстаро писмо од Верковиќ. Тоа основно го менува тврдењето дека родоначалникот на идејата на трако-илирското, т. е. индиското потекло на Јужните Словени е Раковски (види: Арнаудов, Очерки по българския фолклор, стр. 130). Индиската теорија на Раковски е во полна сила дури во "Показалец" (1859) и "Българска старина" (1865). Поверојатно е мислењето на Шишманов дека е Џинот родоначалник на ова идеја: (Види: СбНУ, XVI-XVII. с. 614, 630). Ние ќе обратиме внимавние на тоа дека Џинот уште 1853 година нафрлувал такви мисли. На пример во статијата "Обичаи славјански", Цариградски весник, 101, од 20 XI. 1853 г. тој пишува меѓу другото: "И не е за чудо ради верховного стихотворца Омира којто во Илирик сос голема жеља слушал стихотворно поене Славјанско, от где са научил и степено удиране Епическо". Со други зборови, Словените, т. е. Траките имале поезија порано од Грците затоа што во тоа време не е познат називот "Словен". И Омир се учел од Словените"[25].

Ми се чини дека треба на ова прашање да погледнеме низ еден поинаков ред на нештата. Патриотско-романтичарските теории на Раковски, Џинот и Верковиќ исклучиво произлегуваат од митолошката школа на браќата Вилхелм и Јакоб Грим, која школа во првата половина на минатиот век доминира во младата славистичка наука. Раковски во текот на својот престој во Нови Сад и во Одеса (мегу 1850-1860), Џинот преку своите врски со Белград, Верковиќ по време на своето школување во Загреб (1837-1843) имаат повеќе можности секој по сопствен пат да се запознаат со основните концепции на доминантната тогаш митолошка школа, чии најистакнати претставници се Г. Грим, М. Милер, Де Губернатис, Хан, Кун и Шварц[26]. Сите тројца се речиси врсници (Џинот е роден 1818, Раковски и Верковиќ 1821), сите тројца скоро едновремено стартуваат во областа на литературната, фолклорната и историската проблематика. Очигледно, дека е доста тешко да се тврди кој од кого се влијаел, иако може слободно да се каже дека сите тројца знаат за меѓусебни угледувања. Сепак, ми се чини, ако веќе треба некому да му го дадеме приматот, тоа треба да биде Верковиќ, Еве зошто:

Познато ни е дека книжовното наследство на Раковски кое се огледа во неколку печатени трудови е објавено некаде помеѓу 1857-1867 година. Стартот на Џинот паѓа некаде кон 1850 г. Меѓутоа, активноста Верковиќ ни е позната уште од 1843 г. Тогаш тој како агент на Илија Гарашанин патува по Далмација, Црна Гора и Албанија а следната 1844 година го гледаме и во Македонија. Неговиот политичко-идеолошки профил веќе по 1843 е изјаснет: тој е горешт приврзеник на илиризмот, уште како дете егзалтиран од лектирата на Андрија Качиќ-Миошиќ, кого го наречуваа "Илирски Омир" и прифаќајќи го позивот да дојде во Македонија, тој всушност манифестира став на својата чврста решеност да и служи на идејата за единство на Јужните Славјани[27]. Верковиќ се запознава со Џинот во 1853 година[28]. Џинот до тогаш има забележана книжовна дејност, особено врз страниците на бугарскиот "Цариградски вестник", но како мистификатор се јавува дури кон 1859 година, со песната "Женидба Ива од Маглена, българска войвода в царствуванието Цара Шишмана" (в. Цариградски вестник. бр. 439 од 11. VII. 1859 година). Уште повеќе, оформувајќи се под директното влијание на Људевит Гај, идеологот на илиризмот, Верковиќ е подиректно запознат со илириските утописки концепции во врска со етногенезата на Јужните Словени а кои кај Хрватите директно доаѓаат од Чешка, Словачка и Германија. Самиот Шишманов во статијата "Значението и задачата на нашата етнография" (СбНУ, кн. I, Софија 1889) на стр. 38 го приведува податокот дека во Гундулиќевиот "Осман", дел III, се спомиња дека Орфеј бил Бугарин, заклучувајќи врз основа на тоа дека идејата не е оригинална, т. е. на Верковиќ. Секако, идејата не е оригинална, но тоа говори дека Верковиќ ја донесува од Хрватска а не ја презема од Раковски! И ми се чини, дека исто така не може да биде сеедно дали идеите на Грим, Хердер и Павле Шафарик доаѓаат кај Верковиќ, односно Раковски преку директен или индиректен пат. Раковски ги презема преку Русија, во текот на својот престој во Одеса, додека Верковиќ кој во Загреб се школува токму во годините на супрематијата на илирските идеи во Хрватска, може директно да се запознае со основните концепции на Хердеровите односно Шафариковите погледи.

Какви се тие нивни погледи?

Уште во 1792 година, кога Хердер ја објавува последната (IV) книга на своето дело "Ideen zur Philosophie der Geschichte der Menschenheit", во кое посебно се занимава со Словените, истакнува дека они го населуваат најубавото и најраспространетото земјиште во Европа, па како се особено прилежни и работливи им предвиде блескава иднина: "кога еднаш од сон ќе се разбудат" и "се ослободат од ропските вериги" на целата територија "од Јадранското море до Карпатските гори, од Дон до Мулда"[29]. Јохан Готфрид Хердер (1744-1803) како поет и историчар на културата застапува теорија во која како основна поставка се подвлекува мислата дека секој народ треба да има сопствена, самобитна култура и литература. Тој меѓу првите ја поздравува и прочуената мистификација на Макферсон "Осијан", која во почетокот на минатиот век ги воодушеви романтичарите низ цела Европа.

Бездруго, идеите на Хердера им импонираа на словенските, народи, особено многу на оние што се наоѓаа во рамките на Австриската империја. Меѓу другите, најсилно го обземаат Павле Ј. Шафарик (1795-1861) кој меѓу првите словенски учени тврдат дека Словените во стариот Илирик и Мезија се староседелци на трачко-илирскиот полуостров, т. е. на Балканот. Шафарик беше тој, којшто во 1828 година, непосредно пред разговорот на илирското движење кај Хрватите, го издаде делото "Ueber die Abkunft der Slaven" во кое проговори за старината на словенскиот род. Според него, Словените, како и Германите, Грците и Латините се праживеачи на Европа а седиштето нивно е помеѓу Јадранското, Балтијското и Црното море. И со другото свое дело, Starozitnosti slovanske (1837) подвлече дека сака на Словените да им ги отвории очите.

Ете ги корените на Верковиќевите сфаќања за трако-илирското потекло на Јужните Словени.

Кај Хрватите, во периодот на илиризмот, особено силна импресија остава делото на Шафарик " Ueber die Abkunft der Slaven ". Говорејќи за потеклото на Словените негова основна теза е дека Словените се староседелци во Европа или поблиску до нашата тема: дека Илирите и Траките се исто така Словени. Градени врз принципот на етимологизирањето, ова дело остава силен впечаток во сите словенски и несловенски кругови во она време. Кај Словените, кои се наоѓаат во фазата на своето национално будење, овие погледи на Шафарик имаат маѓосна привлечност "Шафарик је први панславенски научњак, у кога су сви упирали очи као у најмјеродавнијег учитеља, што више дјела су његова стекла и глас апологије Славенства пред западним народима, који нијесу за њих ништа знали, што више презирали их", подвлекува Д. Богдановиќ во својот познат Преглед хрватске и српске књижевности!![30].

Во склопот на овие податоци, за нас е најважно да го подвлечеме уште следново: Верковиќ директно по клучот на Павле Шафарик го открива Балканот, односно неговиот најнепознат дел Македонија. Колку многу се поклопува маршутата на Верковиќевото запознавање на Македонија со Шафариковите белешки просто е фрапантно. Најнапред на Шафарик Македонија му е најпримамна зашто мисли дека таму ќе најде најархаичен јазик. Во едно писмо до Јан Колар, најистакнатиот поет на панславизмот, тој го подвлекува специјално својот интерес за Македонија и Родопите. Потоа, по друг повод, директно го подвлекува следното: "...дај Боже, да би можел да ја посетам "Перуновата планина" во Македонотракија, меѓу Струма и Места! Се надевам дека таму ќе најдеме, ако не ништо постаро, тоа барем оригинален текст од Кирил и Методија..." И уште еднаш, во писмо до Палацки пишува: "од патувањето по светите места нема да излезе ништо" Македонија му останува, само мечта[31].

Ете го учителот на Верковиќ - Павле Ј. Шафарик. Не: Раковски, не: Џинот! Верковиќ како по азимут ја следи мечтаната турнеја на апологетот на панславизмот. Не случајно е одбран Сер, кој се наоѓа во подгорјата на Пирин (за Шафарика "Перуновата планина) и загадочните, таинствени Родопи, Сер во непосредна близина на Солун, градот на Кирил и Методија. Верковиќ очигледно сака да го оствари она за кое стариот Шафарик копнее низ своите написи.

Времето во кое се јавува Верковиќ со своите идеи е пренагласено во својата романтичарска интонација. Се идеализира минатото, високо се цени народното творештво како битен белег на националната самобитност, се испраќаат постојано горешти призиви за патриотизам. За Бугарите и за Македонците, кои кон средината на минатиот век се ориентирани речиси исклучиво кон бугарскиот печат во Цариград, во Русија и Романија, не е без одглас ни примерот и внушенијата на Русинот Јуриј Венелин (1802-1839), како и примерот и делото на Вук Караџиќ (1787-1864). Големиот подвиг на Вук Караџиќ, којшто со својата собирачка дејност ја импресионира Европа со убавината на српските народни умотворби, значи поттик за слична активност и кај Македонците. Во заостанатата и потоната во непросветеност Македонија, над која тежи феудалниот отомански мрак, едвај заискруваат стремежите кон напредок, кон национално освестување, кон системна и организирана дејност на народното издигање. "Малопросветено мое отечество се радуе за напредието на книжевности всеславенској", се огласува Џинот, гледајќи ја таа наша "девет педи слепота в Македонија", за која му стенка и жали срцето, му жали затоа што над Македонија тежи двојниот гнет на турското и грчкото ропство. Особено тој ќе ја подвлекува опасноста од елинизацијата на Македонија, која застрашуваше да ги одроди македонските Словени, да ги асимилира. "Жалостно е како безчинујат (Грците-Г. Т.) и како в тридевет лакти в земли нашето славенство упропастујат", вели Џинот во едно свое писмо од 1856 година[32]. "Гледајќи срдце ќе ми препуче, на всјак ден умирам. Тужни наши Славјани; кои се намирате под гречески епископи, докога Сизифови муки и Танталово мучење ќе трпите? Господа Јисусе Христе, сине Божиј! Избави нашите Славјани не от Турци, но от Гречешки луди и безумки владици[33].

Во склопот на овој акцентиран словенско-грчки ривалитет, во склопот на сета анти-елинска и анти-фанариотска акција која на културен план исцело ја проникнува бугарската и македонската преродба, се вклучува и појавата на "Веда Словена". Антагонизмот којшто се разгорува кон средината на минатиот век помеѓу Грците, од една страна, и бугарските и македонските Словени од друга страна, како да го објаснува и појавувањето на бесмислица каква што беше мистификацијата, "Веда Словена" на Верковиќ и Гологанов! До каде се стигна во меѓусебната нетрпеливост, најубаво можеби сведочи предговорот кон првиот том на "Веда Словена", каде од перото на фанатичниот словенофил и уште пофанатичен елинофоб, Стефан Верковиќ, потекоа и овие реченици:

"...настанивши се у класичној и пуној милих успомена Македонии, због истраживања и спасавања споменика прошлости, и на мојима честима путовањима, предузиманима у свима правцима балканског полуострова, покрај собирања стари предмета, испитујући и сравњивајући са особитим внимањем и љубопитством такођер и тип, склоности, својства и обичаје разних племена боравећих сада на поменутој чувеној древној страни, отажбини класичне образованости, на мое велико удивљење и забуну, приметим велику разлику из међу онога што сам у школи чуо о елинском племену и онога што сам на лицу места средством опита, собственим очима гледао и сазнао, т. е. увидим да му више којешта недостаје у погледу цивилизаторског дара, кое не би смело бити ако е истина оно што се о њему прича односно светске цивилизације. Мимолазећи све ино само чу главно својство поменути, које се обште сматра као крајуголни камен првобитне светске образованости, то ест сверку и песништво за кое код садашњим Грка ни мало склоности неприметим, дочим напротив од словенских Бугара ове стране- и едно и друго са таквом необичном заузетошћу и љубављу негује се, да ће их у овоме мучно моћи надмашити ма кое друго славјанско племе.

Више пута случило ми се лети проћи кроз елинска поља и ливаде бивше препуне раденика на све стране, но никада ми се ние догодило да ми ушима допре и најмањи звучић какве песме или веселог жамора, већ би сваки на обе стране пута таква тишина владала, да ми се чинило да то нису жива створења која тамо раде него да су аутомати. Напротив, кад би ми се случило минути по краевима принадлежећима Словенима, јошт из далека познавао сам да су њихова, и то не по другом чему, већ едино по звучном на далеко низ брда и долине разлежућем се одјеку њихова певања!

Не знајући како да себи разрешим ову противсловећу мојим доондашњим назорима загонетку, најпосле дођем до те предпоставке: да је све то неосновано што год се до сада предпостављало и веровало о искључим цивилизаторском дару Елина, па не само да нису они били едини просветитељи и учители света а нарочито ових народа на југу Европе, него напротив, да су Словени имали од вајкада своју собствену стародревну образованост[34]").

Ете го новиот мит, кој се кова врз отпорот на Словените против асимилаторските тежненија на туѓинците. Во случајот на австриските Словени - пангерманизмот, во случајот на отоманските Словени - панелинизмот, Отпорот роди нов мит за супрематија на Словените, мит којшто навистина се засниваше врз претпоставки, врз лаички хипотези, врз наивни заклучоци, егзалтирани изјави и произволни етимологии. Меѓутоа, тој мит (а за митот е речено дека претставува психолошка потреба на поробените - Добрица Ќосиќ, Делби) требаше да биде неодбраното средство за заштита од странската доминација, покрај сите апсурди што ги носеше со себе. Тој мит, роден во отпорот против безобзирната и надмена аспиративна атака на посупериорниот противник, логички мораше да инсистира на исто така недозволени средства на одбрана и напад, на таканаречената национална стратегија и тактика во процесот на колективното осознавање.

Во таа смисла мистификацијата Веда Словена не е никако индивидуален или индивидуалистички излет во сферите на тоталниот апсурд, туку е пред се последица на еден поширок процес кој на поблаг или поостер начин ги вознемири духовите на скоро сите оние наши луѓе што ги вбројуваме во категоријата на таканаречените преродбеници. Да се поткрепиме со неколку примери:

Рајко Жинзифов во својата статија за браќата Миладиновци укажува мошне илустративно на еден таков случај имено во некаква расправија на Димитрија Миладинов со некој си Грк, воспитаник на Атинскиот Универзитет. Нашиов истакнат преродбеник ги пославјанил, на еден ултранационалистички начин највидните имиња на грчката историја. Го сторил ли тоа од пркос или од убедување, не е најважно! Поважното е дека тој прибегнувал до такви недозволени средства. Жинзифов пишува:

"Перед доказательствами Миладинова грек безмолствовал; он потребовал от грека не только нынешних македонцев, но и древних, с Филиппом и с Александром; он перевернул греку и Гомера и Демосфена, и Страбона; он чуть ли не ославянил в глазах грека и нынешних елинов…"[35].

А пак во едно свое писмо од 24 октомври 1857, кое Жинзифов исто така го приведува во својата статија за Миладиновци самиот Димитрија Миладинов пишува меѓу другото:

"О, како ми е срам дека на грчки јазик ги изложувам своите словенски чувства и дека само од неодамна се зафанав да читам и пишам и да разбирам словенски! Но, кој е причината за тоа? Грчките архиереи, кои насекаде ги изгореле пергаментските словенски книги! На таков начин грчките архиереи, осакатувајќи го словенското духовенство, го грабеле драгоценото богатство на нашата народност..."[36].

Кој е виновникот за ваквите екстремни и ексклузивни ставови кај Миладинов! Бездруго грчките жестокости, кои спроведувани од нивното свештенство, послушното орудие на силната феудална институција - Цариградската грчка патријаршија или како пократко се наречува - институцијата на Фанариотите, се зафатија со безочно уништување на сите траги од доста помладата писмена традиција на Јужните Словени. За ова сведочи и рускиот учен, Виктор Григорович, во своето дело "Очерк путешествия по Европейской Турции". Говорејќи за својата посета на Сер, тој на страна 144 пишува:

"В монастыр св. Иоана Предтечи приглашен я был дикеем его, Феодосием. Етот манастыр лежит на северозапад Серреса, в лощине, на которым возвишается гора Миникион. Приняты благосклонно иноками, прикрывающими греческим языком свое болгарское происхождение, без затруднения проник я в библиотеку, хранимую в чистом подвале и снабженную каталогом. Жаль только, что славянския книги ея сожжены!"[37].

Слични ставови на Димитар Миладинов во однос на пословенувањето на личности од грчката односно старо-македонската историја, заземаат и Џинот, Пулевски, Мажовски, па дури таму некаде кон крајот на минатиот век Шахов и други. Ѓорги Пулевски, во песната "Македонска самовила и еја посестрима", печатена во неговата книга "Македонска песнарка", Софија 1879, кн. I. стр. 17, пише:

 "Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат
Од Македонци по јунаци над них не било.
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
Со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е
Наши баби славјански ги родиле.
Македонци! Сетите се за јунакство македонско,
Та спроти старих вие сега да следувате!"

Занимлива е забелешката што ни ја дава П. Драганов во својот "Македонско-славјанскиј сборник", од 1894, каде во Фуснота кон истава песна, читаме:

"Как ни странно, но те Македонские Славяне, которых оплакивает в своей политической елегии почтеннейший г. Пулевский, если разматривает их в целости, отнюд не единаково смотрят на свою родословию. Одни считают себя потомством Темистокла и Демостена (славяногласние елины, грекомань). Другие, напр. воденские Пуливаки, ведут свое происхождение од класических Македонях именно од врагов Демостена, Филипа и Александра македонских, котрых родили-де наши, славянския баби, по выражению Пулевскаго. Прилепские и Велеские же Брзаки, если верит Ст. И. Верковичу, происходят од короля Марка, которы, как известно, был Серб. Пеянци, если верит болгарину Г. Динкову, произошли од Југовичей, которы како известно тоже были Серби. Мыяки же все ведут свое происхождение од своего "славного паше Скендер-бега бана" и назмвают-то себя албанцами, хотя они по язикы не албанци а Славяне, шкьяи.[38].

Исаија Мажовски во своите "Възпоминания"[39], во делот што носи наслов "Юношеството ми", раскажува како на ден 23. II. 1867 година, дошол во селото Сосалија, Ениџе-Вардарско при вујковци му - браќата Хаџи Секови, од Лазарополе. Тие таму имале 2.000 овци и ергеле со 40 коњи. Тогаш, кај нив дошол некој евреин од Солун да купува волна. Вечерта седеле дома и се пееле некои старовремски песни за царот Каран и Солуна - девојка. Мажовски во врска со ова бележи:

".. .слушајќи песните, евреина с очудване запита как са се запезили тија песни од толкава старо време. Старците хаџи-Секови му одговорија че тија песни са останали от старо време и са се предавали от башта на син. Те са се пели од баштите и од дедите ни, та и ние сме ги научили от тех и ги пееме. Тија старински царски песни са ни останали од старо време, та сега и ние ги пеем".

Тогаш Евреинот им раскажал за Солун се што пишувало во, нивните еврејски книги. Според него, тие, Евреите дошле во Солун некаде пред 2.600 години -

"... от думите на евреина, па и от старите преданија става очевидно, че града Солун и целите брегове на Бело море се населјават од славјанскиј народ оште преди нашествието на Грците и установјаването на грчко царство"[40].

Јордан Хаџи Константинов - Џинот, исто така е приврзаник на слични сфаќања. Тој во статијата под наслов "Ответ Е. С. Радулову, објавена во "Цариградски вестник" бр. 113, од 14.III 1853 година, раскажува дека овчари Бугари се заселиле во Македонија и Тракија 40 години по Христа и тоа по градовите. Тие почнале да се бават со наука и политика. Од нив се родил Константинов Велики(?). Нивни потомци биле и словенските просветители Кирил и Методи и од нив "произошло Књажество Болгарско". Кога Турците ги покориле Македонија и Бугарија, староседелците овчари ги нарекле помаци, преку грчкиот збор пимки - овчар, во помак. Бидејќи во турско време живееле изолирани во планините и како муслимани немале потесни врски со другите Словени, тие можеле најарно да сочуваат нешто од старата култура[41].

Георги Динката, во една своја статија под наслов "Сведенијата на Македонските страни" од 1876 година[42], пишувајќи му неколку про пратни редови на Петко Рачев Славејков, тогашен редактор на цариградската "Македонија", ја чепнува исто така темата за народните старини, за заборавеното население во Македонија, кое Грците го присвојуваат, извинувајќи се при тоа и за употребата на македонски дијалект, пишува: "...верувам, че Ваша Милост ќе опрости дългоречието ми, както и употреблението на собственото Солунско наречие, кое ако не содржува напълно лепотията на Кирилскиит язик, со все то е подревно, че ся находит у него доста Санскритски речи, как ще видите подолу. . ."

Да се потсетиме: и Џинот учи санскритски![43]

И уште овој пример:

Во весникот "Македонија" на Коста Шахов, број 4, Русе, 11. ХI.1888 година, во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример: "Секој Македонец, приспомнувајќи си за Александра Македонски, вели: "Ние сме го имале цар Александар Велики". Со овие зборови тој си го наумува блескавиот период и величието на македонската држава. Алекандар Македонски стои пред лицето на Македонецот како национална гордост[44].

Ги привредовме сите овие примери за да ја вклучиме мистификацијата "Веда Словена" во склопот на еден временски период, кој кај Македонците се проширува врз повеќе децении во втората половина на минатиот век, период на едно колективно присеќавање на народното минато, период преисполнет со парадоксални и апсурдни гледања на народното минато, период на конфузни и хаотични концепции за сопственото потекло, период во којшто сепак се назираат многу заеднички ставови меѓу македонските преродбеници а кои, главно, во случајот на Димитрија Миладинов, Георгие Динката, Георги Пулевски, Јордан Џинот, Исаија Мажовски, Јован Гологанов и Стефан Верковиќ говорат за следниве поистоветувања на погледите:

1) Македонските Словени, односно Бугарите, како некои од нив сметаат, се староседелци на Балканот и се доселени тука пред Грците,

2) Траките, Илирите и Македонците се Словени.

3) во усно предание се сочувани документи за најстарите времиња.

Овие три пункта на заедничка платформа што создаде еден нов, доста кратковремен, но сепак пленителен мит, говорат пред се доста убедливо дека "Веда Словена" не е рожба на штурата хипотеза на некаков си дојденец од Босна, школуван во Загреб, дека не е приватна и осамена измислица на побрканиот ум на некој си недоучен лесноверник, последувач на Херострата, туку е последица на една колективна заблуда од која не беа поштедени на најистакнатите имиња на народната преродба. Оваа генерациска неотпорност кон извесни апсурди и дава на македонската преродба специфична боја и се објаснува со сите аномалии и дефекти на нерамномерниот процес на нашиот национален развиток, кој сејкако подизлегува доста од класичните схеми на раѓањето на европските нации.

Со тоа, мистификацијата "Веда Словена", како да се растоварува и покрај својата основна псевдо-интонирана функција, од осудите на нејзините најригорозни обвинители.

И како прв грев на младоста на нашата нација и како грда самоизмама, со релативно краток живот, таа означува и благовремено предупредување пред постојано отворената можност за слични рецидиви.

"Веда Словена" спаѓа во редот на најпознатите мистификации што на европска сцена се појавија во текот на двата претходни века. Ако не по квалитетот на мистифицираните текстови што ги понуди, тогаш барем по атрактивноста на темата што ја наложи, како и по бројноста на искажувањата што ги предизвика, таа може слободно да се мери со Макферсоновиот "Осијан", Меримеовата "Гусла" и "Кралевдворскиот ракопис" на Вацлав Ханка.

Појавата на сите литературни мистификации во Европа, најтесно е поврзана со епохата на романтизмот. Овој литературен правец, којшто никне најнапред во Германија, се јавува истовремено кога почнуваат да се јавуваат и првите знаци на националната свест, фактички тоа е процесот што на општествено-економски план се означува како уривање на феудалниот поредок од страна на веќе зајакнатата граѓанска класа. Будењето на националната свест кај сите европски народи, која се јавува на самиот премин од постарата општествена формација кон поновата, т. е. од феудализам во буржоаски поредок, се карактеризира и со засилен интерес кон литературата, со создавање на национални литератури, на еден заеднички литературен јазик, којшто става крај на помалите, регионални расцепканости во територијална, економска, политичка, културна и јазикова смисла. Создавањето на една целина на повеќето подрачја на животот, овозможи и полесно меѓусебно контактирање на попознатите европски литератури. Кај Германците Клопшток (1724-1803) е првото поглавје на националната самосвест и нејзиното потхранување со романтичарска литература. Лесинг (1729-1781) е нејзината вистинска преродба. Никнувајќи во Германија романтизмот ги наложи и своите први нормативи. Тие беа култот кон народната и старата поезија, култот кон личноста со неговите историски и национални теженија и најодзади - тенденциозно-политичката литература. Највисоките идоли на литературата стануваат Хомер, Шекспир и Осијан. Ова е една од заслугите на најистакнатиот германски романтичар Хердер (1744-1803), универзален дух од тоа време: филолог и филозоф, лингвист и историк, естетичар и познавач на митологијата.[45] Романтизмот во основи е адекватен на германскиот мечтателски дух. Како општа состојба на духот тој ги претпостава следните определувачки карактеристики.

1) основа на неговото сфаќање на светот е крајната субјективност

2) поетска претстава за стварноста - замена на стварноста со фантазијата, субјективен однос кон надворешниот свет -

3) потполната слобода, односно произволност на уметничката форма - е третата одлика на романтизмот.

Позитивното кај романтичарите е нивната свртеност кон историјата. Тие го разбудија историскиот интерес, загледаноста во дамнешните, заборавени времиња, тие ги воскреснаа вековите и им дадоа поттик на филозофијата и историјата. Романтичарите го потенцираа длабокиот интерес кон фоклорот. Од нивна средина никнаа прочуените браќа Грим, најпознатите собирачи на народни умотворби во Европа. Најодзади: романтизмот треба да се дефинира како едно покомплексно движење кое во својата суштина ја претпостава фантазијата како разгатка на стварноста.

Постојат и поинакви толкувања на романтизмот или на поимот на романтиката, воопшто. Едно од тие толкувања, кое во случајов не интересира, гласи дека романтиката никне во Англија, кон крајот, на минатиот век, кога Перси и Макферсон го свртуваат вниманието на творбите на широките народни маси од средниот век. По тој начин тие на литературата и откриваат нови хоризонти.[46] Во оваа смисла посебно место и се дава на уметноста. Уметноста пред се треба да биде ослободена од сите вериги на умот и традицијата а творецот треба да и се препушти со полн израз на фантазијата и разоткривањето на чувствата. Копнежот по далечно и по непознатото е суштествен белег на таквата, уметност. Стремежот кон бегство во далечни краишта, во минатото, во нешто недоживеано, исто така се претпочита. Стремежот да се пронајде убавината таму каде што до тогаш не е побарана: во поезијата на простиот народ, среде селанството, среде необразованите слоеви на народот, една е од основниите претпоставки на романтизмот. Со таквото нурнување во минатото, романтичарите придонесуваат во јакнењето на народното чувство кај сопствените народи. Никнуваат науки кои дотогаш не се многу познати и развиени: науката за јазикот, литературната историја, историјата, етнографијата. Тогаш закрепнува и славистиката, како млада и нова научна област.

Во координатниот систем на вака скицираната состојба на духот кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, се појавуваат и неколку мошне прочуени литературни мистификации во европските литератури, кон кои се придружува и нашата "Веда Словена".

* * *
Авторот на првата знаменита литературна мистификација која ја заинтригува Европа е шкотскиот учител Џемс Макферсон, (James Macpherson), 1736-1796. Пред да ја обелодени својата прочуена мистификација, тој прави неколку обиди на литературно поле, но без особен успех. Познат е и како собирач на старински народни песни и ракописи на гелски јазик. Во 1759 година тој се запознава со познатиот шкотски писател Џон Хом, кој не го знае гелскиот јазик. (Овде наоѓаме некаква аналогија со Верковиќ и Гологанов)! На барање на Хом и други угледни шкотски писатели од тоа време, Макферсон се согласува да издаде анонимна збирка "преводи" на гелски песни. И тој издава таква книга во 1760 година. Тоа е книгата: "Одломки од старински песни, собрани во планинската Шкотска и преведени од гелски јазик". (Fragments of Ancient Poetry collected in the Highlands of Scotland and translated from the Gaelic or Erse language) Доживува голем успех со оваа книга. По ова, презема иследување низ планините на Шкотска во потрага по народна епика. Резултатот на ова патување е новата книга на Макферсон: "Fingal", 1762 година. Ова е мистификацијата што ќе ја возбуди Европа: "старински епски спев во шест книги, напишан од Осијан, син на Фингала, превел од гелски јазик Џемс Макферсон". Следната, 1763 се појавува нова книга: "Теmora", а 1765 година: двата епа заедно, под наслов

"Делата на Осијан, синот Фингалов" (The Works of Ossian, the Son of Fingal). И пак со додатокот: "превел од гелски јазик Џемс Макферсон." Набргу Осијан стекна огромна популарност и слава. Беше прогласен за Хомер на северните народи. (И овде пак асоцијации со нашата Веда Словена: за Верковиќ, илирски Хомер е Андрија Качиќ Миошиќ, за Иван Вазов, Гологанов е "чудовишно плодовит Хомер", за Верковиќ ."бугарска Омирка" е Дафина, неговата собирачка од село Просеник, Серско, итн. Колку многу "втори Хомери" а само еден прв и вистински!)

Песните што ги напиша Макферсон и ги издаде како народни, измамувајќи ја јавноста, беа божем од третиот век на нашата ера, сочувани во усмена народна традиција меѓу шкотските горски живеачи. (Сепак поблиску до денот на мистификацијата, одошто "Веда Словена".)

Успехот на "Осијан" се должи пред се на неговата привлечна тема, изнесена низ една сентиментално-меланхолична обоеност со што се кладе почеток на романтичарската поетска традиција во англиската поезија и - во уметничката стојност на делото, кое и по извршениот чин на демистификацијата, подоцна, ќе си остане за секога убава поезија.

"Осијан", тој новооткриен "Северен Хомер" ја возбудува јавноста на цела Европа. Се покренува дебата, која ќе трае подолго и во која среќаваме два лагера: заштитници и одречувачи на автентичноста на делото. Приврзениците на романтизмот, речиси од ред се за. Многумина од овие се трогнати од поезијата на Осијан и се соменваат дека во нивно време би можела да се напише таква поезија! Меѓутоа, еден од оние кои искажуваат отворена резерва кон ова дело, Самјуел Џонсон, бара да ги види оригиналиите на гелски јазик! Макферсон ветува, но до крајот на својот живот одолговлечува со најавеното "публикување" на "оригиналите". Гелските текстови најдени по неговата смрт потврдија дека се работи за фалсификат.

Подоцнежните иследувања на оваа мистификација открија дека "Осијан" е компилација од Библијата, Хомер, Милтон и современите сентиментални англиски поети. (Вакво сомение кон "Веда Словена" искажува Јосип Јурај Штросмајер во едно свое писмо до Фрањо Рачки: "Ја joш нијесам сав свезак Верковићев прочитао, али ме неке пјесме такођер у сумњу мећу, а то је нека женидба талатинска краља, која ко да се негди у Оријенту обавља! На једанпут почима се говорити о неком краљу Марку, који столује у Трнави. Очевидна смјеса из пјесама Краљевића Марка". – Ђаково, 28. III 1878 и уште: "Што Вам се, молим Вас, чини од Верковићевих пјесама? Ту има ствари травестираних из Св. Писма, н. Пр. Како се је море расцијепило да људи пређу преко њега сувом ногом", Ђаково, 17. III.. 1878.[47])

Додека во Англија "Осијан" има мошне краток век на восхитување, дотогаш во другите земји доживува бури од воодушевување. Во Англија за него најдолго и највеќе ќе се приврзе Бајрон. Французите го преведуваат највеќе ова дело и се најзаслужни за неговата општоевропска слава. Во Русија - Карамзин, Жуковски и Пушкин се обожователи на "Осијан".

Посебни траги "Осијан" остава во Германија, каде врши големо влијание врз Клопшток, Гете и Хердер. На Клопшток "Осијан" му дава поттик за трагање по народната уметност на старите германски барди. Хердер сака да ја посети Каледонија. Гете во својот "Вертер" внесува цитати од "Осијан".[48]

За нас е важно да истакнеме дека преку германската литература Макферсоновиот "Осијан" им е познат на Хрватите од периодот на илиризмот. Што е уште поважно, идеологот на илиризмот, Људевит Гај, во своето дело "Die Schoesser bei Krapina", 1826, како мото зема кратка одломка од песната "Berrathon" од Макферсоновата збирка во германски превод.[49]

Потребно е да се присетиме на атмосферата во врска со прифаќањето на Макферсоновиот "Осијан" во Германија и Австрија а преку нив и во Хрватска, заради очигледното влијание кое шкотската литературна мистификацкја (секако во сеуште недемистифициран облик) ја врши врз литературите на овие земји, посебно да ги изнајдеме и оние пунктови на кои младиот Верковиќ, оформувајќи се идејно-политички токму тоа време во Хрватска, се задржува и подоцна ги применува во своите трагања по паметницк од предисториска епоха во Македонија и на Родопите. За тоа дека Макферсоновиот "Осијан" има директно влијание врз Верковиќ и неговото сфаќање на народната традиција, нема никакво сомнение. Мира Јанковиќ во својата студија: "Ossian као потицај за сакупљање народних пјесама код Јужних Словена"[50] го изнесува следното мислење:

Интерес за Осијанове пјесме очитавао се у Европи на различите начине. Значајно је, да је утјецај Осијана у Енглеској знатно слабији неголи на континенту и да су пјесме у енглеској књижевности оставиле много мање трагова неголи у Европској. Схватамо ли утјецај као активни процес, у којем се од узора прихваћа оно што одговара одређеним приликама, разумјет ћемо, да је Осијан слабије одјекнуо у слободној, економски и културно развијенијој буржоаској Енглеској, него у многим европским земљама, које су се у разним облицима и на различите начине бориле не само за политичку, већ и за културну самосталност. А Осијанове су пјесме, или боље Макферсонове поставке, указивале на народну предају као темеље културне самосталности.

При превођењу Осијанових пјесама проширују се Макферсонове расправе и коментари напоменама преводилаца. Пишу се расправе о Осијану и аутентичности пјесама, драматизирају се поједине пјесме. Настају збирке "новооткривених" пјесама Осијана, тј. имитације Макферсонове збирке. Из коментара пријеводима, из дјела о Осијану и коресподенцију око Осијанових пјесама, види се и осјећа жива жеља да се у и другим земљама пронађу пјесме старих барда. Записују се народне пјесме, које подсјећају на Осијанове пјесме и издају стари спјевови у којима се види “Осијанов дух". Тако се у првом штампаном издању из године 1800 "Слова о полку Игоревом" у предговору (p.VI) каже:

"Љубитељи руске књижевности сложит ће се, да су у овом дјелу, које је остало из минулих вјекова,  види Осијанов дух; то значи да су и наши стари јунаци имали своје барде, који су их славили у пјесмама".

У првих двадесет години послије првог комплетног издања Осијанових пјесама добива се према Денисовој библиографији “Osians und Sineds Lieder" Wien 1784, овај сумарни преглед пријевода и расправа: до године 1783 штампано је 16 пријевода и то 11 њемачких, 3 француских, 2 италијанских и 1 латински; 16 осврта на аутентичност пјесама на енглеском, њемачком, талијанском и француском језику и три драматизације појединих пјесама".

Овде ќе спомнеме само толку дека познатиот француски славист Андре Мазон, во својата расправа за "Словото за походот Игоров"[51] ја смета оваа творба, гордост на руската литература, исто така за мистификација, т. е. дека не е оригинално дело од XII век, туку настанато некаде кон крајот на XVIII век врз основа на "Задоншчината", еп од XVI век и дека е инспирирано од Макферсоновиот "Осијан!"

Да се вратиме на прашањето дали и што му беше познато на Стефан Верковиќ од литературата за Макферсоновиот "Осијан" и се претпоставува ли некакво директно влијание на ова дело врз фиксидејата на горештиот илирски приврзеник да открие во Македонија и на Родопите во усмена традиција паметници од предхристијанската епоха?

Постојат конкретни указанија дека е возможно на Верковиќ да му било познато нешто од литературата за Макферсоновиот "Осијан", поради повеќе подударности на Верковиќевиот начин на барање народни песни од постар датум и општата концепција на Макферсоновиот пример.

Макферсон ги открива песните на Осијан меѓу штотските горштаци во високите планински краишта -

Верковиќ се упатува во сличен таков крај - непристашште Родопски планини -

Клопшток во Германија во 1767 година предлага некој побогат човек да распише награда за изнаоѓање песни од старите барди -

Верковиќ нуди златници на секој кој ќе му достави песни за Орфеј или Александар Македонски!

Се наметнува заклучок дека се она што Верковиќ кон 60-те години на минатиот век го чини во Македонија како преусилен чин на упорито и перманентно трагање по Пирин и Родопите, во македонските и бугарските покраини на тогаш малку познатото Отоманско царство, се тоа како да е позајмено од веќе слични напори во Европа. Верковиќ иде од Хрватска, каде токму кога тој се формира како личност со одреден идеолошко-политички профил, доминираат идеите на илиризмот, национално-политичко и културно движење, кое во својата програма ги оживува утописките занеси на Клопшток и нему слични за поведување по примерот на Макферсон. Верковиќ прифаќа веќе познати методи: што да се бара, како да се бара и каде да се бара, методи кои ги наметна Макферсоновиот пример среде германските романтичари. Тие методи на трагање го предвидува она што тој всушност и го вршеше; да се бараат народни умотворби од најстарите времиња во манастирите, во недостапните планински краишта, да се распише висока награда за оние кои ќе изнајдат такви умотворби, да се упорстува во таа акција до фанатизам. Исто така, Макферсоновиот пример покажуваше дека е возможно во усната традиција да живеат такви песни. И уште нешто. Токму во времето на Верковиќевото пристигнување во Загреб, на школување, Људевит Гај врз страниците на својата "Даница Илирска", бр. 24 од 17. VI. 1837 година, ја објавува посланицата на бискупот Врховац, од годината 1813, ја печати во латинскиот нејзин оригинал и во "илирски" превод. На крајот од обата текста придодадена е кратка белешка во која се вели дека по тој повик (посланицата е упатена до клерот на надбискупијата на Врховац, со повик за собирање поодделни зборови, поговорки и народни песни) се собрани навистина многу песни по Бачка, Срем, Србија, Црна Гора итн., но дека "у осталих странах Велике Илирије, колико нам је знано није нитко у ту њиву ни српа унесао". Им се пружа значи убава можност на сите "родољупци" да стекнат заслуги на ова поле. Оваа придодадена белешка всушност е исто така повик за потамошно собирање на народни умотворби.[52]

Ако се има предвид дека во Хрватска кон 1837 година "Даница" на Гај е скоро единственото гласило на хрватски јазик и всушност лектира на сите илирски приврзаници, не е нелогично да се претпостави Верковиќ да биде запознат со интенциите на вакви и слични апели!

* * *
Во Франција, во првата половина на минатиот век, под влијание на романтиката, се јавуваат неколку познати литературни мистификации. Французите пројавуваат интерес за литературите на другите народи: за шкотските балади на Макферсона, за шпанските романси, за песните на живеачите на грчките острови и за песните на скоро непознатиот народ илирски или морлачки! За литературите на Јужните Словени или како тогаш ги наречуваат: Илирите, прв се искажува опатот Фортис. Во книгата "Патување во Далмација", која излегуа на италијански јазик во 1774 а веќе во 1778 и на француски јазик во Берн, е даден првиот превод на позната српска народна песна "Жалосне пјесанце племените Асанагинице". Мајката на францускиот романтизам - Госпоѓата де Стал - секако под влијанието на Хердер и Гете, обраќа внимание на поезијата на Далматинците. Таа во своето автобиографско дело "Корина" пишува дека поезијата на Далматинците, т. е. морлаците, личи во нешто на поезијата на Осијан иако тие се живеачи на Југот! Во Франција почнува да се говори за "илирска" литература, како за литература со голема иднина. Се подвлекува дека Илирците имаат своја "Илијада" а тоа е "Осман", мислејќи дека епот на Гундулиќ е народна песна.

Како прво "откривање" на српската поезија од страна на француските романтичари е збирката на словенски новели и песни што ја издава 1831 година во Париз, Шарл Нодје, под наслов "Смара". Smara ou les Demons de la nuit. Songes romantiques traduits de l’esclavon du Conte Maxime Odin, par Ch. Nodier, Paris 1821).[53] .

Смара на Шарл Нодје е со мали исклучоци мистификација .

Во 1827 година, во Франција се појавува попознатата мистификација - "Гусла" на Проспер Мериме. Со неа како да се сака да се открие "поетскиот гениј на племе од големата фамилија словенска" и неговиот јазик е "еден од најубавите на светот, од кој се родил и полскиот и рускиот" - се истакнува во списанието "Глоб", органот на француските романтичари. "Изгледа дека словенските гуслари наскоро ќе станат толку славни колку харфата Осианова" се подвлекува на истото место.

Мистификацијата на Проспер Мериме, познат француски романтичарски писател, излегува во Штрасбург 1827 година, под наслов: "Гусли или избор на илирски песни, збрани во Далмација, Босна, Хрватска и Херцеговина" (La Guzla, ou choix de poesies illyriques recuelles dans la Dalmatie, la Bosnie, la Croatie et l’Hercegovine. – Strasbourg et Paris). Книгата содржи дванаесет страни предговор и 257 страни текст.

Во предговорот на ова дело Мериме кажува дека тоа се песни на еден див народ, дека тој ги преводи за потесен круг пријатели, дека тој е квалификуван за овие преводи, бидејќи, мајка му била морлакинка од Спљет. Морлаците биле жители на Далмација, кои зборувале словенски или илирски.[54]

Овие песни, пишува Мериме, божем биле собрани од гуслари, т. е. словенски борди (joueurs de guzla), старци божјаци, бедни скиталци, кои се талкале од село до село пеејќи романси, колку за залче леб. Еден таков "гуслар," по име Хиацинт Маглановиќ, писателов познавал.

Збирката "Гусла" на Проспер Мериме содржи 32 песни од историска или полуисториска содржина. Се говори за народни верувања во магии, во вампири, во зли очи и уроци! И во оваа литературна мистификација има многу допадлива поезија. Јован Скерлиќ, кој во неколку наврати пишувал за оваа мистификација, ја подвлекува посебно како убаво остварување песната за храбрите ајдути. Има и други убави, текстови: Даничиќевата сакана, Максим и Зоја, Убавата Софија, итн. За оваа мистификација постои обемна студија од Војислав М. Јовановиќ под наслов "La Guzla de Prosper Merimee". Париз 1911 година. , Книгава на Мериме нема во Франција скоро никаков успех! Самиот автор кажува дека сенасе за неа пројавиле интерес седуммина читатели, вклучувајќи го тука и словослагачот. Но, надвор од Франција "Гусла" постигнува неочекуван успех! Во Англија, Германија и Русија пројавуаат голем интерес за ова дело. Во Германија некој научник пишува дисертација за збиркава. Големите имиња на словенскиот рoмантизам - Мицкевич и Пушкин исто така едно време се восхитуваат од неа. Мериме во тоа како да ужива, зашто својата мистификација ја смета за "блескав успех"! И пишува по тој повод: "Кога генијот на една голема раса, која ја претставува нејзиниот најславен поет, се познал себе си во една литературна мистификација, никој веќе нема право да го омаловажува тоа дело, па дури ни оној, кој му е негов автор"![55] Мериме овде мисли на Пушкина, кој преведува на руски неколку песни од оваа збирка, во текот на 1832-1833 година, објавувајќи ги 1835 година под наслов "Песни западных Славян".

За Меримеовата "Гусла" се искажува и Гете. Тој го прифаќа делово како добра литература, но се сомнева во неговата автентичност. Во насловот ГУЗЛА гледа анаграм на едно дело од постар датум на Мериме - ГАЗУЛ! Мериме самиот признава дека "Гуслите" се само една мајсторска мистификација, не криејќи си ја радоста и гордоста на својот успех. Причината да ја сочини оваа мистификација, Мериме ја објаснува со тоа што сакал да им се потсмее на романтичарите за така-наречаната нивна пренагласена теза за локална боја во литературното дело.

* * *
И уште една мистификација во првата половина на XIX век ја разбранува европската јавност! Беше тоа "Кралевдворскиот ракопис" на Вацлав Ханка, најпознатата мистификација во чешката литература:

Вацлав Ханка (1791-1861) е еден од истакнатите чешки словенофили. И тој, како Макферсон, стартува на младини со поетски творби, кои немаат уметничка стојност. Преведува српски народни песни од Вуковата "Песнарица", го преведува од руски "Словото за походот Игорев", се занимава со проучување на старочешкиот и старословенскиот јазик, автор е и на една чешка граматика. Ханка настојува кај Чесите да разбуди интерес за јазикот и културата на останатите словенски народи. Одржува многу врски со претставниците на словенската наука. За ова најдобро сведоштво е книгата на Вл. А. Францев "Письма к Вячеславу Ганке из слвянских земель", Варшава 1905. Сепак, најпознат ќе остане како мистификатор. И неговите литературни мистификации, како што беше случајот со Макферсона, се распространуваат многу по цела Европа.

Во 1818 година Ханка ја издава книгата "Rukopis Krelewedvorsky", божем старочешка поетска творба. Тоа е збирка што содржи епски и лирски песни. Кажува како го открил овој ракопис во местото Кралове дворе, како пронашол таму пергаменти, дел од пообемно, старо и скоро загубено сочинение. Секако, чешките патриоти му аплаудираат, се поткрева чувството на национална гордост.[56]

Смислата на појавата на оваа мистификација се открива во желбата да им се внуши на Чесите уверението дека старата чешка литература е толку богата, колку и литературите на најкултурните европски народи, дека традицијата на чешкиот народен гениј познава творби со бесценети уметнички достоинства, кои се одликуваат со родољубиви чувства.

Набргу и оваа мистификација ги минува границите на својата земја. Делото се преведува на повеќе јазици: германски, француски, англиски, унгарски, италијански, дански, и на сите словенски јазици. На македонски го преведуваат: делумно Константин Петкович во 1852 а целосно Рајко Жинзифов во 1862 година.[57]

Скоро седум децении егзистира ова дело како оригинална творба на народната литература (1818-1886), додека конечно не се докаже дека е мистификација! Гете пројавува жив интерес и за оваа мистификација. Многумина учени веруваат во автентичноста на оваа творба. Во прв ред - Павле Шафарик.

Поттикнат од необичниот успех, Ханка продолжува да фабрикува и други "откритија" - Snemy, Libusin soud, Rukopis Zelenohorsky. Во 1828 соопштува дека нашол стар чешки превод на Јоановото евангелие, од XI век. Исто така додава Глоси во средновековниот речник Матер Верборум, претставувајќи ги за старински.

Ханка бездруго солидно е подготвен за една ваква мистификација. Со тоа се објаснува и фактот што треба да помине долго време додека не се развенча лажната слава на неговите божемни откритија! Одлично владеел со техниката на старочешкото стихотворство (Гологанов нема чувство за ритмика!), го познава јужнословенскиот десетерец. Ханка во работата над мистификациите не е осамен, туку има спомагачи: Јозеф Линда. В. А. Свобода и др. Се гони патриотска тенденција: борбата на Чесите за политичка самостојност, борбите против Германците, хероизмот на претходниците!

Рајко Жинзифов, во својот напис "До читателот" (предговор кон преводите од "Кралевдворскиот ракопис", од 1863, незнаејќи дека делото е мистификација, не ја сокрива својата одушевеност за него, па по тој повод инсистира и низ македонските страни да се пребара повнимателно по цркви и манастири, да не би да се изнајде нешто слично. Не е ли и ова една од сугестиите што и го трасираат теренот на појавата на Веда Словена? Со оглед на важноста на овие редови, ќе го приведеме тој цитат од спомнатиот негов предговор кон преводите на "Кралевдворскиот ракопис":

"Многу векове чешката съдбина таила е тая ръкопис от чешкого народа и бог знаит дали ќе беше она позната славянскому миру, ако да не беше славниит и прочутиит чешкит учен мъж и народоюбец В. В. Ганка, кој преди две години премина във вечен живот, като остави народу си живо и славно паметуване за себе си, кое ќе останит до века, преминувайќи из рода в род. В 1818 год. В.В . Ганка пътуваше по чешко-славянските земли, за да разгледат старите паметници чешкого языка и като стигна в град Кралеве-Двор му ся згоди да откриет в тамошните цркви посреди многу друзи стари книги зафрълени, ръкописите, коя после стана позната свету под име Кралевдворска ръкопис. Но тоа беше само малку отломок от целна староставна книга, коя не ся знаит како и кога е загинала: но мислят што она изгоре в пожарът кой ся згоди в 1750 г. или я уништи некои си от црковните служители Овде мие и без да штем, със сърдечна тъга и скърб си наумуваме клетата съдбина, коя е достигнала българските староставни книги и ръкописи. Колку и колку народни съкровишта са уништили, са изгорели лютите гонители на нашата славянско-българска народност? Колку и колку. .. Но нека господ отплатит на лютите фанариоти за това нихно безчовечно дело; но не гледайќи на той страшен потоп, кой настигна нашата стара книжнина, мие сегашни българи, потомци на славните ни дедове, треба да истърсиме сите наши църкви и манастири и пр. . . можеби да е останало некое старо съкровиште, в кое, като в огледало ште видиме животът на нашите дедове; негли нам клета ни съдбина оставила негибната некоя си ръкопис, като на русите славното Слово о пълкя Игореве, на Чесите нихната им Кралеводворска ръкопис и пр."[58] (Подвлеченото мое - Г. Т.)

Сега е веќе појасно зошто Жинзифов во 1867 му се става на располагање на Нил Попов, преведувајќи ја на руски "Женидбата на Орфеј", првата песна од големиот корпус на Веда Словена што се јавува пред светот! Секако му се разнежило срцето на македонскиот емигрант во Москва при веста дека и во неговата татковина е пронајдено "старо съкровиште, в кое като в огледало ште видиме животът на нашите дедове"!

Бојан Пенев во својата Историја на новата българска литература, том III, стр. 185, пишувајќи за Ханка, вели дека "Веда Словена" на Верковиќ и Гологанов е подражение, на "Краледворската ракопис"! Заклучокот е доста ad hoc, но сепак укажува; сите мистификации во минатиот век познаваат помеѓу си повеќе допирни точки. Токму и затоа им посветивме во овие отклонувања толку страници - за да можеме да извлечеме извесни заклучоци, споредувајќи ги една со друга, доближувајќи ги и разделувајќи ги една од друга. Сличности и разлики меѓу нив има многу, па кога се говори само за "Веда Словена", од полза е бездруго аналогијата со "Осијан", "Гусла" и "Краледворската ракопис".

* * *
Доселувајќи се во Македонија кон 1850 година, Стефан Верковиќ се настани за постојано во Сер. Не случајно го одбра овој град за местожителство!

Кон средината на минатиот век сета Македонија речиси тоне в мрак и се наоѓа под силно грчко влијание. Сер е еден од оние македонски градови, каде грчката национална пропаганда имаше пуштено најсилни корени. Нека се присетиме само како го опиша овој град Виктор Григорович во своето Путешествие по Европејској Турции, од 1848 година:

Серрес (Сер, Сяр), лежи на восточной оконечности долины, примыкаюшчей к горам. Обширный многолюдный город этот, почитается в торговом отношении, после Солуня, первим. Его не славляския древности описаны антиквариями. . . видел греческое училиште, но неимел никакого сообщчения с Болгарами, Жители города - Турки, Болгаре, Македоно-влахи и Греки. Последние два елемента заметно подавляют болгарски."[59]

Самиот Верковиќ во едно писмо од 1872, говори:

"Кад ми је пре десет година поверена радња на овој страни, овде све је боравило дубоки сан! Код словенске масе ове стране дотле е било угасило се чувство народности, да му се стидели именовати своим, народним именом! Све је до толиког степена било опоено и занешено за елинизам, да сам се испрва био побојао да ће мучно штогод бити од онога што се преко мене жели постићи. Радњу дакле почнем под аушпицијама сасвим трњавима и сумњивима. Није било могуће другчије прибавити симпатије за нас, већ једино пробуђењем код њих љубави за своју словенску народност. Мало по мало, почну се око мене купити брозелити, тако да у растојању едне године пође ми за руком склопити свезу с таквим лицима кои су у стању били повући простоту за собом, тицало се предузети каквог ми било драго. Што ми се успех увенчао тако лепим начином, узрок друго ни е било, већ моја ретка искреност и женерозитет".[60]

Арсени Костенцев,[61] Јона, Маџаров[62], А. П. Стоилов,[63] Васил Кънъчев,[64] Иван Катарџиев[65] во свои прилози кои се однесуваат за Сер и Југоисточна Македонија, исто така ја подвлекуваат тешката положба на словенскиот македонски елемент во овој крај. Во овој дел на Македонија словенското сознание тоа време не покажува доволно видливи знаци и навистина, првата задача што пред себе Верковиќ ја има е да го разбуди тоа неразгорено чувство на припадност кон сопствената народност, па кога ќе дојде заповед или решение од Европа да се прашаат македонските христијани што се, да кажат дека се Словени а не Елини!

Таа задача (". . .да Словени македонски при решавању источног питања признају себе Словенима а не Грцима...") во тек на цели дваесет и седум години (од октомври 1850 па се до избувнувањето на Руско-турската војна во 1877 година) тој успешно ја обавува, така што кон 1870 година, може скокојно да рече:

"Задатак, дакле, да македонски славени не постану пленом Елинизма, може се рећи да је постигнут и обезбеђен. Наравно, то ће се тек онда поуздано увидети, кад куцне час одсуђен, али ја би смео одрешито рећи да не ћу бити посрамљен, имајући својих повереника у маси народа"[66].

Верковиќ се вклучува активно во сукобот што не со години, туку со векови се одвива таму, на работ од големиот словенски океан и острите литици на елинските брегови. Тој сукоб се заострува кон средината на векот, кога од страна, на веќе две-три децени слободната грчка држава, почнува да се води системна и организирана пропаганда за погрчувањето на јужномакедонските краишта, преку разни етерии и силогоси. Во таа борба, која за нас Македонците, за жал и несреќа уште трае, Стефан Верковиќ има мошне значајна историска улога и удел.

Евидентна е во нашата историска наука таа ползотворна сестрана и неуморна ангажираност во народното осветување. Меѓутоа, да не заборавиме дека него наваму го довлекуваат и други поттици и амбиции, кои подоцна самиот тој напрецизно ќе ги разјасни. Тоа е идејата да собира и изнајде низ најзатантените покраини на Источна Македонија и Родопите старини, народни умотворби и документи, за што мечтае целиот живот. Сиот обземен од идејата за индиското потекло на Словените, верувајќи дека во македонските народни преданија мора да има траги и аргументи за тоа, во време кога за ова се говори и од многумина други, тој како да не сака да ја испушти животната шанса што му се пружа: да стекне светски глас, откривајќи во непроучената Македонија "свештени талисман свеславенских прадједова", да го сврти тркалото на човечката историја, т. е. "точак историје човештва из колосовине, по којој оно досад јурило је, сврнути у други правац...!".

Се разбира, оваа црта на грандоманија која почнува да му ја разјадува душата, го оттргнува од позитивните активности, кои горе-долу ги вршеше на едно задоволувачко за она време нови. Некаде по 1860 година, откако ќе го издаде првиот зборник на македонски песни и со тоа посебно ја збогати македонската фолклористика, етнографија и литература, тој ќе му се одаде со необична фанатичка решителност на исполнувањето на "големата мисија на судбината"!

Во лицето на Верковиќ, таму некаде по 1860 година треба да гледаме веќе еден самопрогласен месија на славјанството. Секако тој самиот немаше да завлезе толку во еден, пред се психолошки, потоа историски апсурд, ако не го потхрануваа во таа и таква негова занесеност многу сериозни личности, претставници на науката и политиката од повеќе европски земји. Кога веќе, малку подоцна, кон 1865 година, му се придружува и Гологанов, враќање од започнатиот пат нема. Почнува една фантастична авантура во сферите на најинвентивната фикција на минатиот век, можеби. Почиува играта околу создавањето на мистификацијата "Веда Словена" Последната во нанизот на големите литературни мистификации од XIX век.

* * *
Со собирање на народни умотворби Верковиќ почнува активно да се занимава од 1855 година[67]. Од тогаш, всушност води корен и неговиот специјален интерес за паметници од далечното минато. За ова пишува Кирил Пенушлиски во својот труд "Стефан Верковиќ како собирач на македонски народни умотворби". Користејќи податоци од преписката помеѓу Верковиќ и Велимир Гај, која се чува во Архивата на Свеучилишната књижница во Загреб, Пенушлиски констатира:

"По повторното доаѓање во Македонија (1850) и настанувањето во Серез, Стефан И. Верковиќ, тукуречи, постојано патува и ги обиколува македонските градови и села. Во прво време, покрај својата редовна работа на српската пропаганда, за која инаку од разбирливи причини немаме доволно податоци, тој се занимава со истражувања "како наши народни старина и споменика", тако и класични древности сваког рода". Но, како самиот вели, патувајќи по Македонија, покрај оваа главна работа тој собирал и македонски народни умотворби.

Ако ова сведоштво на Верковиќ го земеме за точно, тогаш на прашањето кога кај него се родил интересот за собирачка работа на македонски народни умотворби, односно кога тој активно почнал со нивното собирање, би можело да се одговори, дека тој веднаш по доаѓањето во Македонија почнал и со оваа работа.

Меѓутоа, на едно друго место, во своето писмо до Велимир Гај, од 20/4 март 1869 година[68], Верковиќ на ова прашање поинаку одговара. Изнесувајќи му го на Гај историјатот на својата идеја за индиското потекло на Словените, односно на Трако-Илирите и начинот на пронајдокот на песните што ја докажувале исправноста на неговите мисли и заклучоци по ова прашање, Верковиќ - скоро на поетски начин - му ја изложува на овој склоноста на Македонските Мрваци и Помаци кон народните песни и пеењето: "Једне јесењске ноћи, - му пишува тој на Велимир Гај, године 1855, у време бербе, тргне ме од сна громка јека од певања из оближњега суседства. По гласу и напеву познам да су Бугарске Марвакиње из оближњи планински села, која се налазе сгверно од Сереза низ огранке Перинске планине, Играле су хоро: једри звук њихова певања јечаше по мојој соби и заглушаваше ми уши. . .".

Од ова пеење, што продолжувало од ноќ на ноќ, се до мугрите, од разговорот што го водел со својот домаќин по прашањето за надареноста на Македонците кон пеењето, наспроти на Грците, кои немале смисла за песна, и од книгата на Помпоние Мела - му објаснува натаму Верковиќ на Гај - тој дошол на мисла дека во македонските народни песни од тој крај несомнено мора да има траги и докази за потврдување на неговата теза за потеклото на Словените.

Резултатот од сето ова бил тој што Верковиќ веднаш почнал прилежно да собира песни, прикаски и обичаи по околните предели.

"Нашавши певца или певачицу, - пишува тој, - не би ји напуштао пре но што би ми све казали што знају. У исто време распишем на све стране моима пријатељима и знанцима по оближјим казама, солунској, кукушкој, меленичкој и другима, да истражују по народу песме о царевима мацедонским… Пријатели све обећају ми испунити молбу и жељу, но што се тиче о мацедонским царевима и трачким старим песницима ова примедба неке образованије не само што изненади, него им и велики смех проузрокује…"[69].

Според изјавите на самиот Верковиќ, од неговиот предговор кон I том на "Веда Словена", тој со собирачка активност се занимава од март 1856 година. За околу четири години, т. е. до 1860, кога ќе се појави неговата книга со македонски народни песни во Белград, тој присобрал околу 1.000 песни и приказни.

Потребно е да видиме кои беа тие луѓе, кон кои Верковиќ се обраќа да му собираат песни "о мацедонским царевима и трачким старим песницима", кои не само, како вели, не се изненадиле, туку и се изнасмеале!

Од обемната заоставнина што се чува во Архивата на Бугарската академија на науките во Софија узнаваме дека Верковиќ бил во писмени контакти со скоро сите учители низ Македонија, од кои барал и добивал податоци за етнографијата, историјата, географијата, статистиката, фолклорот и други области на неговиот интерес. Исто така, тој контактирал и со многумина повидни луѓе од тракиските области што се граничеле со Македонија. Тоа се: Павел Божигробски, свештеник од село Кониково, Ениџе Вардарско,[70], со кого разговара околу прашањето дали Мелничани ќе станат унијати, потоа со солунчанецот, Д. Типов, кој собира за него народни песни, со ресенчанецот Андреј Анастасов, кој му готви описание на Ресен, со С. И. Стефанов од Цариград, со Сава Филаретов, др. Ст. Чомаков, со Димитар Македонски, кој започнал опис на Македонија, па го советува да не ги опишува сал големите центри, туку и помалите селца, каде јазикот и обичаите се најдобро сочувани, со Венијамин Мачуковски, познатиот македонски учебникар, од кого бара да му запише песни за Александар и Филип, но кој само му испратил опис на Магленската кааза и неколку свадбарски песни. Со Мачуковски Верковиќ кореспондира од 1863 до 1871 и интересно би било да се проучат посебно нивните врски! Верковиќ потаму одржува контакти и со Георги Динков, кој негодува против некои европски учени, кои тврделе оти Македонците се од грчки происход. Динков готви исто така опис на Македонија, дел од кој ќе објави на страниците од цариградскиот бугарски печат (за солунската кааза). Контактира со солунчаните Петар поп Димитров, Д. Божков, Георги хаџи Бошков, со неврокоплијата Павле Стојанов, со Кузман Шапкарев, од која преписка се сочувани 42 писма од 1856-1875 година, со кукушанецот Атанас Кушували, од кого се сочувани 33 писма од 1860-1884, со неврокопијата Тома. Н. Поповиќ, кој му собирал песни и со кого исто така помеѓу 1859-1888 изменил над триесетина писма, со неврокопијата Никола Ив. Ковачевски, кој исто така му собира народни песни и обичаи, со Дуков Илија, исто од Неврокоп, (над триесет писма помеѓу 1863 и 1874), со Димов Димитар од Неврокопско (триесетина писма помеѓу 1855-1873) кој му собира народни песни, обичаи и гатанки, со С. Л. Харизанов од село Влахи, Мелничко, со Христодул Божиков, од село Висока, Солунско, кој му запишува митолошки песни, со Ташо Божинович од село Мачуково, кој во 1865 го известува оти неможел да најде певец кој би знаел песни за царот Александар, со Д. Павлов од Штип кој му го изнесува впечатокот свој и на своите сограѓани од прочитувањето на Орфеовата песна во 1869 и 1870 година, и му се ветува дека ќе бара низ народот песни и антики и ќе направи опис на штипската кааза, со браќата Арсени и Михаил Костенцеви, исто така од Штип, кои му испраќаат некои антики, со Арсениј Георгиев од село Робово, Струмичко, кој му ветува да му прати голем број песни и му испраќа некаков црковен текст за раѓањето на Христа, со Ташо, М. Храненик од Струмица, кој му ветува да направи опис на оние каази кај имал пријатели, со А. К. (нечитливо име) од Скопје, кој во 1865 бил затворен затоа што власта турска му заловила едно писмо од него, па трудот со описот географски на Скопје пропаднал при затворањето, со Георги Шулев од Скопје, со Михаил Ковачевиќ од Скопје, кој се интересира дали во Сер се продаваат портрети на руски, бугарски и српски владетели и просветители, со Стефан Салганџиев, бугарски учител во Сер, со Кристораб Божиков, кој му собира песни, прикаски, антики, статистички податоци и го известува оти започнал некаков лексикон, со прочуениот зограф Дичо, од село Тресонче, кој му праќа ракописи и стари печатни книги, со Христо Алексов од Радовиш, кој му готвел опис на радовишката кааза, со Михаил Џамбазовиќ: од Прилеп, кој го известува дека во манастирот Зрзе нашол стари ракописи, со Никола Петров, народен будител од с. Старчишта, Неврокопско, кој му собрал антики, со Димко хаџи Иванов од Дупница, со Георги Иванов од село Броди, Серско, кој собира податоци за неврокопската кааза, со Михаил поп Николов од Берово, кој му собира песни и приказни, со Пецо Милчов од Берово, кој му праќа опис на Малешевската кааза, со Димитар поп Георгиев, од Берово, кој исто така му собира антики и се консултира со него за народните работи.

Кон овој долг список на лицата до кои Верковиќ се обрати да му изнајдат песни за старите македонски цареви и за тракиските певци Орфеј и Линус, ќе придодадеме уште неколку имиња од родопскиот крај, со кои издавачот на Веда Словена се допишуваше.

Во прв ред да го спомнеме Ст. Захариев од Пазарџик, кој исто така му собира антики, му готви опис на својата кааза и го известува, преку краток опис, за едно од него најдено старопечатно српско евангелие, со Самарџиев од Пловдив, со Димитар Бисеров од Дупница, кој по прашањето за Веда Словена пишува позитивно во неколку бугарски весници, особено афирмативно во цариградската "Македонија", со книжарот Христо Г. Данов од Пловдив и на крајот со Христо Д. Константинов од Пловдив, кој исто така пишува неколку пати позитивно за Веда Словена, важи како најдобар познавач на родопските краишта а еднаш и учествува (во втората мисија што ја организира Министерството на народната просвета на Бугарија во јуни 1892 година) во проверката низ оние места по Родопите, за кои Гологанов соопшти дека живеат пеачите на песните што влегоа во корпусот на "Веда Словена".

Од долгиов список имиња на лицата кон кои Верковиќ се обрна со апел да му собираат песни за македонските цареви и тракиските певци, ниту еден не можеше позитивно да му одговори дека во народот постојат такви песни, од едноставната причина што навистина такви песни немаше. Но Верковиќ не се разочара. Тој е упорит. Неговата фанатичка решеност да успее ќе чека се до појавата на Јован Гологанов! Таа "одлучност, стављена на криве темеље, а вођена слепом фантазијом и патриотском вјером" како ќе напише др. Велимир Дежелиќ[71] ќе му донесе глас, но - светски глас на мистификатор!

Како што пред стотина години пред него и Џемс Макферсон тврдеше, Верковиќ верува дека "умни живот старих предака Словена најзнатније и најважније своје трагове и споменике оставио у простонародном преданију, у народним песмама, приповедкама и причама"[72]. Тој верува дека ако се оддаде на најревносно иследување на древните народни умотворби и преданија, во песните и кажувањето на простиот народ, "неби ли ми Бог и срећа јуначка дали да пронађем какве важне споменике наше древне прошлости, сачуване у усменом преданију нашег простог, неизопаченог народа"[73].

Десет години никој не му се јавува а на толкумина им се обрна! Не преклонува. Му се подбиваат: "Сви љубезно се отзову мојему позиву. Но међу њима је и таквих, кои се врло удиве и слатко насмеју овој мојој по њиховоме мјењу веома чудној мисли и накани, приметивши ми да се нису могли довољно начудити како ми је то могло на памет доћи, почем је опште познато да Словенима на балканском полуострову ни најмањег трага није било до времена цара Ираклија!. . . то не могне ни најмање поколебати моју намеру и надежду, да ће се тим путем моићи доћи до важних откровенија и доказа о тамним и непознатим предисторијским стањама ових, Словенских народа"[74]. Му испраќаат од време ,на време врзопи со песни и раскази. Но сите тие прилегаат на оние - веќе собраните! Се збираат купишта народни песни во неговиот дом, но не и тоа она што го интересира! Каква ли трагика за македонскиот фолклор: се тоа оди попусто, гине пропаѓа заради таа негова заслепеност. Тој копнее по народни творби во кои ќе има трага од древното предисториско минато, од паганското минато на Словените.

И така - "док сам се борио са оваквим мислима, јави ми се изненадно једно ново познанство из околице гласовите Перин планине. Зажелим дакле да још од овога новога пријатеља покушам срећу, па ако још и оданле не буде ништа, тада биће извесно да не могу наћи ни онамо гди сам мислио и предпостављао нешта врло важно и врло старо, за објаснење тих прастарих непознатих времена и стања, следователно да ће паметније бити оканити се залудног труда трошка и напрезања. . . Међутим, не мине ни један месец дана од овога последњег познанства а од њега ми приспе један мали свежањ, песама, међу коима вољом божијом, била је и једна таква, која је торжествено навештавала да се обистињава једна од најсмелих мојих надежда и предпоставка а која је сасвим противположена ономе, што се и до сада обште веравало као темељито и неприкосновено у смотрењу древности Словена у овим земљама. То је она мала песмица о Александру Великом[75].

Јован Гологанов му ја испрати на Верковиќ првата фалсификувана народна песна. Тоа беше на ден 23 август 1865 година. Во своето деветто по ред писмо што му го испрати на Верковиќа откако се запознаа, тој се одлучи на измама! Му напиша

"Драги ми пријатељу!

… сега ви праштам една песна од Александра, љубопитна. Преписах ја од Разлошки певец. Тој ми каза чи знаи оште три песни за Александра, но немаше времја да ги писа, зашто беше наврвил за Валовишта. Давах му 10 гроша да остане да ми каже, но нехти. За таја песна му дадох 2 гр. понеже не искаше да слезе од коња. . .

Ваш искрени пријател
Јован П. И. Економов"[76]

Така отпочна големата и долга игра на меѓусебна измама и лековерие, игра која ќе продолжи цели три децении, игра во која ќе се измислат 300.000-те стиха на прочуената литературна мистификација "ВЕДА СЛОВЕНА", и - ќе се оцрта едно од најзанимливитг поглавја на македонскиот романтизам.

* * *
"Веста дека се откриени во усмената традиција на македонскиот фолклор песни од најстари времиња, набргу се разнесе низ светот. Првата вест за "епохалното" откритие пристигнува во Москва во мај 1867 година, кога во овој град се одржува серуската етнографска изложба. Верковиќ нарочно чека на овој момент, иако веќе две години станаа како македонскиот селски учител Јован Гологанов го снабдува со слични измислици, зашто изложбава се одржува по време кога се собира и првиот општословенски собор и веста има индиректно-политички карактер, та западноевропската преса почнува да коментира за некакви страшни опасности од панславизмот.

Истава година излегува во Москва книшката:

"Древняя болгарская песня об Орфее". Открытая Стефаном Верковичем, сербским и болгарским археологом. Издание В. А. Дашкова. Москва, 1867, IV, 49 стр.

Оригиналниот текст на оваа песна носеше наслов: "Орфеова женидба со ќерка на харапска крале". Имаше 852 стиха и беше датирана со: 18/30 мај 1867, Серес. Самиот Верковиќ, во свое писмо до нејзиниот издавач, Нил Попов, ја нарече "химна за Орфеј"! Печатена паралелно на македонско-бугарски оригинал (Гологанов пишува на еден доста нестабилен јазик, во кој се мешаат често црти на неговиот роден македонски дијалект и елемент на тогаш сеуште недооформениот бугарски литературен јазик - Г. Т.) и руски превод, направен од Рајко Жинзифов, оваа книга предизвика жив интерес среде руската општествена јавност.

По седум години, (1874) во Белград се појави првиот том на "ВЕДА СЛОВЕНА". Во 1881 година, во Санкт Петербург беше издаден и вториот том на оваа мистификација. Третиот и можеби најобемниот том не го доживеа своето публикување. Остана во ракопис, бидејќи веќе постоеше огромен отпор против автентичноста на овие песни.

За песните што го сочинуваа огромниот корпус на Веда Словена уште од првите одзиви од 1867 година, мислењата се конфронтираа на ЗА и ПРОТИВ, на восхит и безрезервно прифаќање и на сомнение и критичка резервираност! Во тоа мноштво од искажувања имаше повикани и неповикани, лаици и експерти, негатори и афирматори, иронични и егзалтирани! Воопшто - се начна еден разговор за словенските Веди, кој трае, ете веќе, скоро цело столетие!

Луѓето што се обидоа преку некаков научен метод да му пристапат на ова прашање, беа разделени во текот на таа десетдецениска дебата ЗА и ПРОТИВ "Веда Словена", главно на две групи. Во првата група треба да ги вклучиме сите оние, кои "наседнаа" на измамата, па ова дело на Верковиќ и Гологанов го третираа како автентична народна старина. Меѓу поизвесните имиња на заштитнитците на "Веда Словена" треба да ги спомнеме Французите Емил Бирнуф, Албер Димон и Огист Дозон, Чехословаците Јанко Шафарик и Леополд Гајтлер, Пољакот Александар Ходзко, Германците Флигер и Похдорски и Русинот Всеволд Милер. Во другата група, која ја сочинуваа оние, кои реагираа критички веднаш во "Веда Словена" согладаа мистификација, би ги вклучиле: Французинот Луј Леже, Чесите - Јосиф и Константин Иречек, Хрватот Ватрослав Јагиќ, Русите Александар Пипин и Владимир Ламански, Бугарите Марин Дринов и Иван Шишманов, Христо и Антон П. Стоилови, и др. Овдека ги спомнуваме, секако само имињата на оние учесници во научната конверзација за проблемот на "Веда Словена", кои во своите прилози на оваа тема задржаа едно конструктивно ниво и пројавија подлабок специјалистички интерес. Инаку бројот на сите оние, кои било парцијално, било компилативно, било пригодно се произнесоа за Веда Словена, далеку е поголем и овде немаме намера да ги спомнуваме. Можеби не треба да се пречекорат уште само И. И. Срезневски, Петар А. Лавров, кои на свој начин, и сериозно и студиозно му се приближија на разгледуваново прашање, без посебно посведочена компетенција.

* * *
Меѓу првите, кои пројавија повишен и специјалистички интерес за Веда Словена, беа претставниците на француската научна мисла.

Заслугата на Французите не се огледува само во посведочениот брз и богат рефлекс со кој реагираа при веста дека во Македонија и на Родопите се пронајдени песни од предисториското време, туку и во шармот на ризикот со кој му пристапија на проблемот, во покажаното внимание и готовноста да ги ангажираат тогаш расположивите свои капацитети од областа на фолклористиката, археологијата, етнографијата, санскритологијата и славистиката, а за успешко и сестрано расветлување на новата загатка.

Се чинеше, дека во научните области за кои стана збор, иако и другите европски народи имаа пројавени и знаменити претставници, Французите како да беа најбудни, најподготвени, најповикани први да земат учество во едно вакво компетентно разискување. Секако тоа е времето, кога на планот на културата и на политиката, нивната доминација се насетува на подрачјето на Ориентот. Македонија к сиот Балкан, тогаш спаѓаат во таа нивна сфера на влијание.

Не е никако случајно, значи, што Французите први ќе испратат експерти за да го проверат на самиот терен податокот за сензационалниот "пронајдок" на Верковиќ. Првиот том на "Веда Словена" ќе биде печатен на два јазика: на македонскиот оригинал и во превод на француски јазик. Примероци од оваа книга ќе се продаваат тоа време во Париз. Исто така, не е и ни малку случајно што токму и првите предупредувања дека се работи за мистификацијата ќе дојдат од таму - од Франција.

Не е, исто така, ни малку случајно, што еден од најисцрпните и најцелосните научни прилози на тема за "Веда Словена" ќе се однесува имено на односот на француската наука кон оваа мистификација[77].

Во литературата за Веда Словена не еднаш е подвлечен фактот што имено поради овој жив интерес на француската наука кон делото на Верковиќ и Гологанов, оваа мистификација, "макар и окончантелно развенчана, ще запази своята слава на прва българска книга, успяла да заинтересува живо европеиския учен свят за България и нейното минало: првата българска книга од международно значение"[78]. Нема можеби потреба, туку сепак, од интерес кон попрециозни формулации, нека забележиме дека авторот на овие цитирани редови, познатиот бугарски научник Иван Д. Шишманов во определбите "бугарска" и "Бугарија" го подразбираше, денес веќе доволно диференцираниот поим: "македонска" и "Македонија".

Според тоа, ни останува да заклучиме дека благодарејќи и на "и "Веда Словена", за првпат од ниво на научничка компетенција во Европа се проговара за нашата, земја,. Од пената на ефемерниот шум се исцедува една мала, драгоцена и неизбришлива трага на неефемерност!

Еден позитивен поен повеќе во недовршената анкета За и ПРОТИВ "Веда Словена".

Емил Бирнуф (Emile Burnouf), 1832-1907, прв меѓу Французите смета дека за "Веда Словена" треба да се поведе разговор. Во едно свое писмо од Верковиќ, од 21. VII. 1867, смета дека ќе биде "bonissima cosa, se il testo stesso della canzone con traducioni Francese ed alter, possia esser sommese alla critica europea"[79].

Албер Димон (Albert Dumont) 1842-1884, ја дава првата анализа на "Веда Словена" а врз база на нејзиниот ракопис што 1868 се наоѓа во Белград, во Друштво српске словесности. Своите погледи за ова дело тој ги изнесува во писмото до Емил Бирнуф од 10. IX. 1868 а кое малку подоцна ќе биде објавено врз страниците на Билтенот на француската школа во Атина[80]. Ова писмо, одигрува решителен став по прашањето за автентичноста на "Веда Словена". Неговиот заклучок, е: "Откривањето на бугарословенските песни во Родопите изгледа ќе биде еден настан од првостепена важност (evenement de prеmier ordre)". Денеска, меѓутоа се знае дека преку Димон всушност проговори добриот пријател на Стефан Верковиќ, директор на Српскиот народен музеј во Белград - Јанко Шафарик. Шишманов во својот труд "Френската наука и Веда Словена" пишува по тој повод: "...от тук се начева величието и гибелта на цялото Родопско откритие. И от тоя ден откритието на Веркович претставаше именно да бъде едно по-тесно славянско събитие, за да стане достояние на целия западноевропеиски учен свят... "[81].

Огист Дозон (Auguste Dozon), 1822-1891, полиглот, кој покрај знаењето на англиски, германски, италијански, арапски и турски (услов за да може да стапи во дипломатска служба) владеел и со санскритски, бискајски, грчки, албански, српски и бугарски. Токму поради тоа, нему му ја поверија мисијата, кога се наоѓа како консул во Јанина (1872), да замине во Македонија, да се сретне со Гологанов и Верковиќ и ги обиколи местата каде се запишани песните. Дозон, како и неговиот предходник Димон, му праќа извештај на Бирнуф, кој биде и публикуван во Париз[82]. Дозон се среќава во јуни 1872 со Верковиќ и Гологанов, останува шест седмици во Македонија и се враќа убеден во автентичноста на "Веда Словена". Во времето додека се наоѓа во Сер, "под гостољубивата стреа на Верковиќевиот дом", тој погледал 85.532 стиха од "Веда Словена" во ракопис! Врз основа на овие текстови, како и врз основа на статиите на Верковиќ што во текот на 1869 и 1870 година се појавија во загребските "Народне Новине", Дозон доаѓа до заклучок дека Верковиќ своите откритија ги отпочнал по една подолга теоретска подготовка, барајќи упорито докази за својата историска хипотеза. Дозон многу добро знае дека литературните мистификации не се ретка појава во Европа но, сепак "наседнува" на инсценациите што лукавиот Гологанов му ги приредува со Помаците! Исходната точка на Дозоновата увереност дека "откритијата" на Верковиќ не се мистификација се сведува на следното: 1) Верковиќ не знае бугарски јазик; 2) Гологанов е ограничен и примитивен човек, без секаков вкус за поезија. Кај Ибровац читаме:

"Тако је Дозон нехотице завео у заблуду, поред Бирнуфа, низ других филолога, који су се на њега позивали: Хоћка, Гајтлера, Флигера, Всв. Милера, Буслајева...")[83]

Заклучокот на Дозон е премногу категоричен: Идејата за некакво подражавање е исклучена! (L’idee d'un pastiche est exclue").

Пољакот Александар Ходзко (1804-?), професор по славистика на парискиот College de France, со неколку свои статии на француски јазик, исто така е еден од заштитниците на "Веда Словена".

Единствениот меѓу Французите, кој крена веднаш глас на резерва, беше Луј Леже (Luis Leger). Во 1873 година, без да ги има пред себе текстовите на Веда Словена, овој, тогаш млад и амбициозен научник, тргајќи од поставката што ја искажа преку шпанската поговорка: Dе todas las cosas seguras, la mas segura es dudar (од сите сигурни нешта, најсигурното е да се сомнева човек), го "улови" Верковиќа на логички лапсуси: 1) нема санксритска раса, туку има само санкритски јазик и 2) не е возможно толку долги епски песни да се сочуваат во народното усно предание!

Луј Леже прв ја разби заблудата околу "Веда Словена". Прогласувајќи го Верковиќа за трговец со антики, апсолутно неупатен во науката, тој подвлече дека:

- Верковиќ врти трговија со антики а во таа трговија луѓето сакаат да си ја подстареат стоката,

- Верковиќ е истовремено лажливец и сам излаган, (tout ensemble trompeur et trompe),

- ваквите мистификации не се новост кај Јужните Словени (Раковски, Милосвик).

- "Веда Словена" е колку наивна, толку и дрска фалшификација.

Така француската наука одигра прва и најважна улога во разјаснувањето на феноменот "Веда Словена".

И словенската наука (руска, чешка, хрватска, бутарска) одигра значајна улога во спорот околу "Веда Словена".

Прв мегу сите, Јосиф Иречек, го изнесува отворено своето сомнение кон автентичноста на "Веда Словена", 1874 г. во статијата "О nekterych zahadnyh vydanih narodnih pisni jihoslovanskych"[84]. Разгледувајќи го првиот том на "Веда Словена", тој истакна дека се работи за мистификација: Prvni jiz pohled na pisne ty budi podivene. Vsesky epicke zpevy bulgarske (rovne srbskym) maji vers pravidelny, z prisne odmereneho poctu slabik slozenu: pisme rodopske na prosto postradaji vselikeho takovecho ladu a skladu. Stridaji se tu verse sestislabicne s versi 20-slabicnymi? Тоа е проста проза, - подвлече потаму Ј. Иречек, - и за поезија не станува ни збор! Руските песни, исто така немаат еднаков размер во стиховите, но во нив владее метрички ред. Во таа аритмија на стиховите од "Веда Словена", Иречек го најде поводот да се посомнева во нејзината автентичност. И уште повеќе во содржината: "Jeste vice poshybnost roste z obsahu. Zdali mozno abu le v lidu slovanskem, jakkoli od sveta vzalenem, byly odzely zpominky zretelne na prvni presidleni? Zdali mozno, aby zpevcy treba i v roklich rodopskyh, znali jmena Visnu-boga, Ogne-boga? Znali mozne, abu se kde – mimo plavu spekulativniho mythologa – byl z Koledu utvaril buh Koleda? A to vse naskuta se v sbirce Verkovicove". Ј. Иречек смета дека е Верковиќ фалсификаторот па, заклучува дека ако Верковиќ ги издадеше своите елукубрации не како "стародревни песми" а како свое сочинение, тој би ја збогател расцветаната бугарска литература!

И неговиот син, Константин Иречек, во своето дело Патување низ Бугарија, (Cesty po Bulharsku), 1888 година, се задржа на проблемот за "Веда Словена". Тој изнесе теза дека "Веда Словена" е фалсификат на цела една компанија од учители во Серско и Мелничко. До оваа констатација дојде врз основа на еден разговор со Петко Р. Славејков, кому наводно му се исповедал учителот Харизанов, од Мелничко, кој бил ортак при изработката на подправката на "Веда Словена". Славејков го прашал македонскиов учител зошто го направиле воопшто тоа а овој му одговорил дека мислеле со тоа да ја подигнат народната слава.

Врз основа на ова пишување на К. Иречек, мислејќи дека со тоа проблемот на Веда Словена дефинитивно е ликвидиран, Иван Шишманов во 1889 година му се обрнува на С. Л. Харизанов, некогашен учител во селото Влахи, Мелничко а таа година член на окружниот суд во Севлиево, Бугарија. Му се обрнува со молба да му јави дали е вистина дека на П. Р. Славејков, тој му се исповедал како содружник во фалсификацијата на Верковиќевата "Веда Словена"? Харизанов, меѓутоа, во своето писмо од 8. II. 1889, најенергично го откажа учеството во мистификацијата. Рече само толку дека се познавал со Гологанов, но не памети кога и каде се среќавале! Смртта на Петко Славејков, што се падна тоа време, му оневозможи на Шишманов да разбере штогоде поодредено за ова. Од преписката на Верковиќ со учителите во Македонија, дознаваме дека Харизанов е воодушевен од појавата на "Веда Словена" [85]. Тој од с. Влахи, 1876 му испраќа егзалтирано и поетски интонирано поздравно писмо по повод "Родопското откритие"! Тоа, секако доволно говори дека Харизанов стои пострана. Кај К. Иречек, најверојатно навали асоцијацијата на чешкиот пример со Ханка и компанијата, та во случајот на "Веда Словена" побрза да открие аналогија! Меѓутоа, оваа теза не наиде на никаква подршка во литературата за вопросново прашање.

Друг еден чешки учен, Леополд Гајтлер, (1847-1885) се пројавува како заштитник на "Веда Словена"[86] со неколку свои трудови (Poeticke tradice Thrakou a Bulharu" 1880 и др.) Како професор на Загребскиот универзитет, во времето кога се појавува "Веда Словена", тој се забележува како најфанатичен одбранувач на автентичноста на ова дело. Автор е на повеќе респектирани трудови од областа на лингвистиката. Во книгата "Поетската традиција на Траките и Бугарите" тој зазеде став "Оваа работа или е таква фалсификација, што по огромност на материјалот и по смело, длабоко промислено совршенство на композицијата ги надминува сите мистификации, сите потправки какви егоизмот или патриотизмот си ги дозволи во која-годе литература или со неа неволно сме налетале на нов културно-историски и јазичен материјал, кој далеку ги надфрла тесните граници на интересот за славистиката, кој ќе го рашири нашето знаење за народи, ќе речеме полузнаени, за Гетите, Траките и Даките, ќе фрли нова светлина врз образот и сфаќањето на словенската митологија а всушност можеби и ќе не врати негде на компаративната индоевропска јазикова наука, за која претполагаме дека се изрекла..."[87].

Гајтлер во алтернативата ЗА и ПРОТИВ "Веда Словена" се определи категорички кон одбраната на нејзината автентичност и му помагаше активно на Верковиќ во популаризацијата на делото.

Друг заштитник на "Веда Словена", исто така познато име на славистиката е Русинот Всеволод Милер, автор на прилогот "Заметки по поводу сборника Верковиќа"[88], кој инсистира да не се пребрзува со определувањето кон "Веда Словена" врз основа на "авторитетните фрази" на К. Иречек или Луј Леже, да се разликува делото "Веда Словена" од произволните заклучоци што ги чини самиот Верковиќ во преговорот кон првиот том, туку сериозно да се проанализира текстот од повеќе аспекти. Тој ја споредува "Веда Словена" "македонскиот епос", со финскиот епос Калевала, ја разгледува нивната митологија, наоѓа извесни сличности и нагласува дека "Веда Словена" не смее да се игнорира.

И Русинот А. Пипин не е за а priori отфрлањето на Веда Словена. Сепак, смета дека е тоа мистификација, но фалсификатор не е само Верковиќ, туку и друг некој, мислејќи тука на Ј. Гологанов, кој не за пари, туку од патриотска цел го чини тоа[89].

Ватрослав Јагиќ, "светилото на славистиката", како го наречуваат е строго ПРОТИВ "Веда Словена", наречувајќи ја "атентат против словенската народна поезија"[90].

Рускиот славист Измаил И. Срезневски (1812-1880) на IV археолошки конгрес во Русија што се одржа 1877 година во Казан, а на кој учествуваше и Верковиќ, реферира за родопското откритие, напомнувајќи дека заклучоците на Верковиќ потсетуваат на измислиците на древноста на Словените, познати од Гизеловиот "Синопсис" и теориите на Третјаковски, па не можат да имаат научно значење, но дека многу податоци во песните на "Веда Словена?' заслужуваат сериозна научна анализа[91].

Во литературната периодика што на бугарски јазик излегува во последната четврт на минатиот век во Цариград, Букурешт, Белград, Софија, Пловдив, Русе итн. среќаваме бројни прилози. Разбирливо беше да никне толку голема литература врз страниците на еден печат, кој уште како водеше сметка за афирмацијата на националните интереси на еден народ, кој токму во тој период ја закрепуваше својата слободна државна институција. Вистинска поплава од прилози за "Веда Словена" се разлеаја врз страниците на списанијата и весниците: Марица, Съединение, Читалиште, Свобода, Новини, Македонија (цариградска и софиска), Знание, Зора, Периодическо списание, Славјанин, Светлина, Развитие, Век, Народност, Денница, Труд, Дунавска зора, итн. Во овие дискусии за родопско-македонскиот пронајдок на Стефан Верковиќ, во кои доминираа патриотските тенденции на бугарската буржоазија, пробиваа и првите националистички концепции за свештеното бугарско право на Македонија, така што постепено проблемот на "Веда Словена" се поместуваше од областа на фолклористиката и етнографијата, во областа на политиката. Тоа особено го констатираме во последната деценија на минатиот век, особено по доаѓањето на Верковиќ од Русија во Бугарија (1890) и по неговата смрт (1893). Заслугите на Верковиќ за бугарското национално дело се глорифицираа до таму, (и тоа најчесто во случаите кога му се отпишуваше киксот со "Веда Словена") што едвај ли не беше прогласен официјално токму, Верковиќ како прв осмислувач на Сан-стефанската доктрина. Меѓутоа треба да се нагласи, дека во тоа мноштво од прилози иницирани директно или индиректно од појавата на "Веда Словена", имаше и многу сериозни критички ставови. Овдека ќе додадеме уште само толку дека бугарската литературна наука го разгледа најсестрано проблемот на "Веда Словена". Љубен Каравелов, Марин Дринов, Иван Вазов, Христо Г. Константинов, Александар Теодоров-Балан, Димитар Матов, Антон П. Стоилов, Христо П. Стоилов, Др. С. Гологанов, - и: Иван Д. Шишманов - се наистакнатите имиња во списокот на личностите кои зазедоа критички став кон "Веда Словена". Мегу нив најзаслужниот за правилното разрешување на долгогодишниот спор околу автентичноста на "Веда Словена", бездруго е Иван Шишманов. Можеме слободно да констатираме дека благодарејќи му нему, на неговиот прониклив интерес и сесрдната ангажираност со овој проблем, благодарејќи на неговите широки познавања во областа на фолклорот, етнографијата, лингвистиката, националната историја и славистиката воопшто, благодарејќи на неговата научна акрибија, како и на предноста што прв располагаше со богатиот личен архив на Стефан Верковиќ, можеше да се стави во извесна смисла крај на многу догатки околу Словена".

Иван Шишманов конечно ја демистифицира "Веда Словена".

* * *
Во повеќе навратки: преку три студии: директно, Иван Д. Шишманов (1862-1928) даде веројатно најсериозен придонес во разбиструвањето на прашањето за "Веда Словена". Ги наведуваме тие три негови студии:

- Glueck und Ende einer beruhmten literarischen Мystification: Veda Slovena (1903) -

- Френската наука и Веда Словена. (1924) -

- Л. Гајтлер, заштитник на Верковичевата Веда Словена (1927)

Во што се огледува стојноста на овие прилози?

Во првиот прилог: Радоста и крајот на една прочуена мистификација: Веда Словена. - (Glueck und Ende einer beruhmten literarischen Мystification: Veda Slovena) кој се појави врз страниците на угледното берлинско славистичко списание што го уредуваше В. Јагиќ – Archiv fuer Slavaische Philologie, книга 25, 1903 година, стр. 580-611, а со поднаслов: поглавје од историјата на бугарската народонаука (Сapitel aus der Goеschichte der bulgarishen Ethnographie) тој го разјаснува всушност конечно прашањето околу автентичноста на "Веда Словена."

Врз основа на консултацијата на сета литература што до тогаш постоеше, врз основа на материјалите од личната заоставнина на Верковиќ со која располагаше, врз база на разговорите со Верковиќ помеѓу 1890-1893 година, врз база на анкетата од двете мисии во Родопите, организирани по негова иницијатива, најодзади врз база на најсистемно проучување на комплексното прашање, Шишманов ги извлече следните заклучоци:

- Веда Словена е мистификација,

- Мистификаторот е Јован Гологанов,

- Причината за да дојде до мистификацијата е во сфаќањата на Стефан Верковиќ, во неговата безгранична наивност и во високите награди што му ги доделува на мистификаторот.

Кон првата констатација беа приведени следните аргументи: 1. неправилниот размер на песните, 2. големиот број стихови, 3. самата градба на песните, 4. нивното разликување од народните, 5. поттикот на последниве за ведичните, и 6. нивната стариност и неизвесност до сега.

Кон втората констатација, т. е. проблемот на авторството, беше речено дека сиот грев најпрвин му се припиша на издавачот - Стефан Верковиќ, потоа, кога се проговори за мистификацијата - и на неговиот запишувач, селскиот учител Ј. Гологанов. Извесно време, поголем број учени ги сметаа и двајцата за фалсификатори, додека конечно, дури по враќањето на Верковиќ од Русија и учеството му во проверката низ родопските села во барање потврди за спомнатите од Гологанов пеачи, не ја исфрли на поврвнина вистината: Верковиќ е измамен од Гологанов. Шишманов му се обрна и на Гологанов со конкретни прашања, но овој одби да дојде во Софија, како што одби и да одговара.

Шишманов нагласи дека од поодамна го мамела променливата судба на ведичното прашање, главно поради неговиот специјален интерес за бугарската етнографија и фолклор. Токму затоа тој си поставил и задача да го проучи ембриото на божемните словенски веди и да ја докаже нејзината фалшивост. Шишманов знае дека проблемот на оваа литературна потправка не можеа да го разрешат ни посведочено длабокоумните учени, како Јагиќ, Пипин, Дринов и други, покрај сите нивни сериозни и честити залагања! Не можеа затоа што тие беа склони да им признаат на ведичните песни извесни елементи на вистинска народна поезија. Таков компромис Шишманов не допушта! Требаше да се гони до крај, смета тој, да се постави отворено прашањето: кој е фалсификаторот и кои мотиви го поттикнале мистификаторот да создаде вакво сочинение? Во литературата што тој ја разгледа, не најде таков одговор. Затоа, дојде до идеја: да се испита по време и по место генезисот на секоја песна од зборниците на Верковиќ!

Меѓутоа, за да се реализира една ваква замисла, не беше ни едноставно, ни лесно. Најпрвин, повеќето села од кои беа запишани ведичните песни, не се наоѓаат во границите на тогашна Бугарија, туку во Отоманската империја, каде владееја внатрешни немири, та не беше препорачливо да се патува, особено по тешкодостапни места! Потоа требаше да се изнајдат луѓе, кои би биле запознати со проблемите на фолклористиката, за да можат да се натоварат со една таква мисија. Ним би им престоело да одат од село до село, да го бараат спомнатиот певец, од кого е запишана песната, да ги срамнуваат запишаните варијанти и изворните, да иследуваат од кого е песната преземена, да собираат биографски податоци за пеачите, да ги анкетираат понашироко Помаците за проблемот на народното предание од предхристијанското време, итн., итн.,

Сепак, Шишманов успеа да состави ваква екипа. Наоѓајќи се тогаш во функција на началник на оддел во Министерството на народната просвета на Бугарија, сретнувајќи во лицето на тогашниот министер Георги Живков разбирање за ова акција, како и материјална поткрепа, тој ја реализира својата замисла. Најде двајца образовани луѓе, по потекло од родопските краишта и што е најважно - Помаци! Тоа беа Мехмед Тумбев и Јусуф Синапов. Тие на драго срце ја прифатија поверената им мисија - и во септември 1889 година ја поминаа границата на Турција. Ги посетија селата Елешница, Рибново и Скребатно, во Неврокопско, но - ништо! Се вратија без резултат: кај Помаците од овие места немало ни спомен за некакви си ведични песни!

Тоа време, добивајќи пензија од страна на бугарското народно собрание (3.600 лева годишно), Верковиќ се враќа во Бугарија по долгогодишниот свој престој во Русија. Му тежат обвиненијата дека "Веда Словена" е фалсификат! Не верува. Сосипан материјално и душевно, тој го чини и последниот очајнички обид да му докаже на светот дека "Веда Словена" не е мистификација: му преддага на Шишманов да го пратат во Родопите, та лично тој самиот да ги посети спомнатите села од кај песните во "Веда Словена" (I и II) се собрани. Министерството за просвета на Бугарија му излегува директно во пресрет: му обезбедува средства за да ја оствари одамна прижелкуваната обиколка. И Верковиќ на двапати ги посетува Родопите. Првиот пат се враќа разочаран. Вториот пат, кога го има за придружник и одличниот познавач на родопските краишта, етнологот Христо Константинов - пак ништо! Дваесет дена двајцава мисионери акаат по родопските села, но од песнарии како Сулиман-ага и Сали Назъв ни трага. Ниту ги има тогаш, ниту ги имало никогаш. И макар што Верковиќ, не губејќи кураж, прибегнал кон извесни итрини - нудејќи им богати награди на селаните ако му достават митолошки песни - никој не му одговорил.

За ова пишува мошне пластично и Иван Вазов во својата патеписна проза под наслов "Во пазувите на Родопите"[92].

Верковиќ, тогаш 72-годишен старец, вратен по долгогодишно физичко и душевно истоштување низ Русија, морално е сосема убиен. Сите сили и материјални средства ги стави на една карта во животот - и изгуби. Умре на 30 декември 1893 во Софија, умре со вината на измамник, всушност измамен.

Шишманов докажа дека Верковиќ беше самиот многу виновен за ваквиот свој неславен крај. Неговата вина беше во тоа што го посвети својот живот во докажување на една фикс-идеја, на докажување хипотезата дека Трако-Илирите се Словени, дека прочуениот трачки певец Орфеј е Словен, дека Александар и Филип Македонски се Словени, дека во усмено предание се чуваат песни од времето на преселувањето на Словените на Балканот и тоа не во VI и VII век на нашата ера, туку многу порано, уште пред доаѓањето на Грците, итн. Сето тоа, мисли Шишманов, покажа еден настран човек, кој не само што немал способност критички да сфати извесни општопознати работи, туку и немал смисла правилно да резонира. Уште повеќе што како психолошка конституција бил суеверен, крајно лековерен, површен. Мистик, метафизичар, еклектичар, тој место до разумот, до научното сознание, држеше до некакво провидение и "воља божја", па, разбирливо и што така неславно заврши!

Шишманов образложено докажа дека "Веда Словена" е мистификација. Тој го развенча делото од неговата краткотрајна слава, - па дали по овој финален чин на една бучна и често пренагласена, повеќе лична отколку колективна драма, останаа уште причини за разговор?

Одговорот е потврден!

Одговорот го наоѓаме во ставовите на неколку прилози што се појавија во литературата за "Веда Словена", главно по спомнатава знаменита и во вистинска смисла пресудна студија "Радоста и крајот на една прочуена мистификација: Веда Словена"-

Одговорот го наоѓаме, пред се во прилозите на Антон П. Стоилов, Петар А. Лавров и Радосав Меденица, прилози кои наметнуваат љубопитни прашања и доаѓаат да потврдат дека се уште може да се разговара за "Веда Словена".

* * *
Во втората книга на својот ПОКАЗАЛЕЦ на печатените през XIX век български народни песни, 1862-1878, Софија 1918 година, плодниот бугарски фолклорист од македонско потекло, кој со години на ред се пројавуваше како пасиониран проучувач на македонското минато, се задржа попатно и на проблемот на "Веда Словена".

Во преговорот кон овој свој труд, на стр. 31-38, А. П. Стоилов дава мошне стојносни коментари на проблемот на "Веда Словена" по извршениот чин на нејзиното демистифицирање. Со оглед на тоа што овие белешки и коментари на евидентно комплетниот А. П. Стоилов имаат посебно значење за прашањето што го разгледувавме, ние ќе се задржиме на неколку поважни моменти на неговото искажување.

Верковиќевата корекција на историјата, извршена наводно со "Женидбата на Орфеј" (Москва 1867) и "Веда Словена", 1, (Белград 1874), вклучувајќи ја во контекстот на бугарското и македонското културно минато, А. П. Стоилов ја толкува со право како поткрепување гордоста кај оние наши луѓе на кои им лежеше на срце народното дело - на борците од преродбата! Помпезниот наслов: "Веда Словена" (асоцијација на називот на најстарите паметници на древно-индиската литература Риг-Ведите) требаше да напомнува на една жива врска со далечната прататковина.

А. П. Стоилов знае дека прашањето за "Веда Словена" во науката одамна е изјаснето во смисла дека е таа мистификација. Знае и за двете експедиции во Родопите (првата на Мехмед Тумбев и Јусуф Синапов и втората на Христа Константинов и самиот Ст. Верковиќ) - сепак, за него некои прашања остануваат наполно неизјаснети!

Еве зошто:

Пред се, А. П. Стоилов имал можност да констатира како песната за Орфеј (Орфен јунак) и тие години (1916-1918) ја знаат некои пеачи од Демирхисарско (Сер), макар нецелосно. Па, приведува примери:

Учителот Ангел Ангелов, од с. Крушово (Д. Хисарско) во текот на 1911 г. му соопштил три строфи од таа песна, строфи слушани од Марија Шопова од с. Црвишта, истата околија. Тој, знаејќи за двете (односно: трите експедиции низ Родопите, во кои на никаков траг не се наиде, сака ете по овој повод да ја потврди оваа важна информација на самото место. Уште повеќе е љубопитно тоа да се стори, зашто во 1894 година, една анкетна комисија на бугарската серска општина извршена по барање на цариградскиот весник "Новини", орган на Егзархијата, констатирала, во селото Крчово, Демир-Хисарско дека бабата Злата Шопова, и хаџи Стоил ја знаат спомнатава песна. (За ова види во "Новини", г. III бр. 52, 73, 89 и год. IV. бр. 15, 16) - сепак и ова сеуште ништо не мораше да значи!

Во текот на 1915 г. Стоилов ги посетил со научна цел селата Лъжница, Корница, Брежница, Осиково, Рибново и Скребатно, во Неврокопско, села означени во вториот том на "Веда Словена" како места од каде се запишани повеќе песни. Во селото Лъжница, тој узнава дека навистина постоел пред 30-40 години добар певец - Помакот Јусејн Пехливан. Загинал во Руско-турската војна. Дел од неговиот репертоар научил живиот негов соселанин, тогаш 56-годишниот Шабан Исљам. Од него запишува десетина песни, но ниту една од Верковиќ. Сличен е случајот и со Шабан Биљо. Стоилов на овие пеачи им чита некои песни од "Веда Словена" и добива одговор дека тие ниту слушнале такви песни, ниту пак веруваат дека и порано некој ги пеел. Прочитувајќи им ја песната од стр. 393-410, Веда II:

Љута е зима љутна!
Снигна са Бога наљутил.
Наљутил са разедил са.
Та си е слуга рукнал,
Слуга му Слана јунака. . . итн.

добил од селаните мошне карактеристичен одговор: "тази песма зима од много песни!". Истото го констатира и во с. Рибново. И таму некои селани (Помаци) се сеќаваат на означениот од Верковиќ певец Саит Чауш, но ниту син му, ниту други знаат песни од "Веда". Го применува истиот тест - пак истиот одговор го добива. Во Неврокоп А. П. Стоилов се среќава со Помаци од селата Тепелен, Кочане и Долно-Дреново: "никаде трага дека песни слични или исти како ведичните, биле пеани по тие села.

Значи - и третата (односно: четврта) експедиција низ местата од каде божем се собрани песните на Веда I и II завршува без резултат. Лично за А. П. Стоилов, (без да мора да му верува на Ив. Д. Шишманов!) јасно е дека "Веда Словена" е фалсификат.

Користејќи се со приликата да ги обиколи местата во кои се движеле Верковиќ и Гологанов, А. П. Стоилов има намера да се позабави и со второто љубопитно прашање што нему му остана неизјаснето.

Тоа е прашањето кое Шишманов во "Glueck und Ende..." категорички го постави: "… останува да видиме што за личност е создателот на Ведата – Гологанов? Какво образовате има? и: Какви поттици го натерале да создава такви високопоетични творби?

Во "Glueck und Ende..." Шишманов даде доста податоци за личноста на мистификаторот, податоци извлечени од преписката на Гологанов со Верковиќ, како и од две писма на Иван и син му Илија Гологанов до Шишманов, каде се изнесуваат биографски податоци за мистификаторот. (Овие две писма ги објавив во "Трудови" год. I. бр. 1-2, стр. 109-114, Скопје 1960) За Гологанов веќе се појавија и други прилози. Меѓутоа, не беше на одмет да се соберат податоци од местото во кое до пред дваесетина години го помина својот живот авторот на 300.000-те стиха на фалсификуваните словенски Риг-Веди!

А. П. Стоилов, бележи:

"На 14. септември 1916 г. посетих с. Крушово (Д. Хисарско в което село Ив. Поп Илиев Икономович (Ив. Гологанов, презимето, Гологанов му е дадено од Верковиќ) прекарал поголемата част от живота си, дето е и починал (роден е в. с. Трлис, Неврокопско), с наменерение да събера некои други сведения за тоя втор Омир, както го нарече поетъг Иван Вазов. От живите съвременници на Гологанова можах да разбера, че бил "дълбок" в гръцка книга и се ползувал в целата околност за голем учен човек. И наистина, от остатъците на неговата библиотека (пази се од внуците му) се вижда че тои се е занимавал с елинската литература, предимно с митологията. От една страна под влияние на тая литература и националното движене през миналия век, а от друга, под влияние на Верковича за обединението на южните славяни, Гологанов се заел да съчинява по образец на народната ни поезия песни, с които се стремел да докаже на света, че българите се най-старите преселеници од Индия на Балкански полуостров, че елинската култура остая много понадире од българската и пр. положения за които споменах по-горе.

У мен се напълно изясни въпросът за "Веда Словена", след старателната ми проверка в казаните села за старите певци и репертуар на сегашните певци помаци, че тя е фалшификат и плод на Иван Гологанов. (Подвлекол - Г. Тод.) Споменатите имена на певците, макар и повечето живели а не фиктивни, от които той уж е записвал песните по пазарите в. Д. Хисар, Баракли-Джумая, Неврокоп, и др. е направил с цел да покаже пред науката, че са народни.

Днес "Веда Словена" нема значение за науката, ала за възражданието на българите в Серско тя е упражнила известно влияние и като таква требва да се разглежда"[93].

Драгоцениот прилог на А. П. Стоилов се јавува како потребно дополнување на извесни поставки на Шишманова: прво, дека не може да стане ни збор во Родопите или во Серско да се чуваат во усната традиција ведичните песни објавени во двата дела на "Веда Словена": Забуните околу тоа што 1893 и 1894 се појавија вести во цариградските "Новини" како низ народот се пеат или рецитираат овие песни, беше од краток век. Таа забуна беше секако најнова и мудра инсценација на Гологанов, режирана со цел да се завлечка работата околу дефинитивното расчистување на прашањето за автентичноста. Најпосле и да се знаеја некои песни, немаше пак да значи тоа многу: обете книги на Веда Словена се продаваа и ширеа по тие краишта и чудно ли ако некои ги знаеја! А. П. Стоилов потврди дека сепак ведичните песни не се знаат меѓу народот.

Вториот значаен пункт на неговиот принос кон разјаснувањето на прашањето за "Веда Словена" претставуваат податоците на Гологанов. Иако и кај Шишманов ("Gluеck und Ende... Френската наука и Веда...), кај Теодоси Гологанов[94], кај Иван Вазов[95] кај др. С. Гологанов[96] и други[97] нашироко се проговори за профилот на мистификаторот, придонесот на А. П. Стоилов содржи посебно значење. Тој укажува на неколку работи, на кои посебно треба да се внимава кога ќе се оценува воопшто дејноста на овој наш преродбеник: прво, дека при составувањето на песните на Ведата контаминирал, т. е. зимал од повеќе песни одделни стихови, та создавал незграпни колажи, и второ, спомна дека Гологанов располагал со богата библиотека, во која подобриот дел биле книги со митолошки содржини. Овие податоци се многу важни ние ќе се вратиме кон нив во делот, во кој посебно ќе говориме за Гологанов.

Важен е и последниот заклучок на Стоилов дека ако денеска "Веда Словена" за науката не претставува веќе никакво значење, таа за преродбата во Серско секога ќе си значи многу. Ова е тема, на која треба навистина посебно да се размисли зашто се работи за цел еден крај кој денеска е потполно етнички, изменет, крај што во времето, на Делчев, Сандански и Димо хаџи Димов беше поим на македонска покраина каде дејствуваа најпрогресивните македонски револуционери, познати во нашата историја како "Серчани", крај за кој денеска највеќе преку материјалите на Верковиќ и Гологанов можеме да узнаеме. Но, затоа, повеќе - другпат!

Во 1932 година, во Прага се појави една книга со подолг наслов: Lidove povidky jihomakedonske. Z rukopisu St. Verkovicovych vydali Petar A. Lavrov a Jiri Polivka. Книгава беше печатена во издание на Чешката академија на науките и уметностите[98].

Оваа книга, која ги обелодени македонските народни приказни, што Верковиќ ги собра пред своето завлечување по ведичните песни, која си има посебна важност за македонската фолклористика, дијалектологија и етнологија, придружена е со предговорот и увод на нејзините редактори Поливка и Лавров. Она што сакаме да го подвлечеме, како принос кон разјаснувањето проблемот на "Веда Словена", овдека се содржи главно во еден став од уводот на П. А. Лавров. Имено говорејќи за проблемот на "Веда Словена" во контекстот на Верковиќевиот интерес за македонскиот фолклор, изразувајќи жалење што заради завлекувањето по лагите на Гологанов не се интересира повеќе за тој богат македонски фолклор, Лавров го прифаќа гледиштето на Шишманов за тоа дека Верковиќ немал директно учество во мистификацијата, туку бил жртва на друго лице, - бившиот македонски учител Иван Гологанов. Во врска со сето тоа, тој како и А. П. Стоилов, ја открива можноста за еден потребен пристап кон "Веда Словена", по извршениот чин на мистификација:

"Позволяем себе только скромную заметку, что все таки история этой подделки еще вполне неизследована. Следует еще указывать источники ея, открывать те материалы, которыми фальсификатор пользовался.".

Ова прашање, сугерирано од Петар Лавров, навистина сеуште не станало достојание на ниеден научен пристап кон "Веда Словена" или кон личноста на нејзиниот автор Јован Гологанов. За жал, оние кои што располагаат со потребните материјали за еден ваков прилог, досега ништо немаат изложено по ова фундаментално прашање за лектирата на Гологанов, за изворите на неговата мотивика! Дали се работи за модифицирани варијанти на познати мотиви или се работи за конструкции потпрани врз најпознатата грчка, бугарска и руска митолошка литература од тоа време! Каква е соодветната граѓа во тој однос во песните, кои Гологанов ги следи, итн. Се тоа се нечепнати теми, кои се уште како важни за уточнувањето на сите подробности околу "Веда Словена". Во , рамките на расположивите материјали, ние ќе се потрудиме да се задржиме на ова прашање, кога ќе говориме за Гологанов.

* * *
Во врска со комплексното прашање за Верковиќ и "Веда Словена" последниве години имавме можност да се запознаеме и преку прилогот на Радосав Меденица: Стефан Верковиќ и његов удео у фолклористици Македоније[99].

Меденица ни открива непознат ракопис народни песни од заоставнината на Верковиќ. Тоа е ракописот што се чува во Етнолошката збирка на Српската академија на науките во Белград, под бр. 282 и носи наслов: Стефан Верковиќ, Песме јуначке од слепца Јована Михаилова. Песме трапезарске од певачице Дафине. Пишувајќи за ракописов, Меденица соопштува дека збиркава ќе била објавена во Скопје. Веќе 5-6 години од ова соопштение минаа, збирката никаде не е најавена?

Нас овдека не интересира тоа што оваа збирка содржи песни, кои се надоврзуваат на "Веда Словена", заправо спаѓаат во неиздадениот III том, за кој ќе се задржиме потаму.

Според кажувањето на Меденица, во ракописов има песни "које заузимају почетак ове збирке и... које очигледно упућују на намерну продукцију ради што веће зараде. То се особито лепо види у неколико песама, као што су например "Рођење Александара Великог", "Рођење Самсоново", "Рођење Исаково" и сличне, које немају ничега заједничког с песмом као народном традицијом и упућују на онај други, кобни период Верковићева сакупљачког рада, масовне мистификације народне македонске песме, који се изродио у крупан проблем европске науке".

Заклучоците на Меденица за "Веда Словена" исклучиво се ослонети врз Шишманов (Glueck und Ende...) така што претставуваат само компилативна интерпретација, прилагодена за конгрес на фолклористи и не одат подалеку од едно најпознато преповтарање на чуени вистини, Меѓутоа, во два пасуса, тој ги наткрилува ваквите рамки на својот прилог и нуди занимлива можност за толкување разврската во демистификацијата на "Веда Словена".

Меденица се надоврзува кон ставот на Шишманов дека Верковиќ е невин, дека е жртва, и дека таа бескрајна негова наивност е психопатолошка појава, па констатира:

...међутим, кад се све чињенице објективно и мирно одмере, није могуће прихватити толико дуготрајну заслепљеност Верковића, чак и под предпоставком да је био психопат који после извесног времена чврсто верује у своје измишљотине. Биће у питању нешто друго: Верковић није имао ни моралне величине, ни научне савести да призна заблуду, па фамозног Гологанова није ни дирао или га није смео дирати, очекујући још горе последице а надајући се да ће ипак некако испливати у чему су му инострани интерпретатори "Веде", на жалост, давали довољно ослонца. Кад је већ исувише заглибио, није му ни преостајало ништа друго него да се направи мучеником, јер је то било несравњено мање рискантно од катастрофе која би настала ако би га Гологанов јавно увукао у саучесништво[100].

Овој став, кој иако не е поткрепен со ништо, во смисла на укажување врз основа на што се доаѓа до таков заклучок или се работи само за една претпоставка(!), сепак го прифаќаме како можност за разговор и ние на него ќе се задржиме кога ќе говориме за авторското на "Веда Словена".

Како можност за разговор, интересен е и овој пасус:

"...од свега што је данас још преостало у односу на "Веду Словена", било би само да се брижљивом критичком анализом текста утврди: уколико мистификације Гологанова одговарају карактеру и духу маке донских народних песама, односно уколико садрже етнографских културних, историских, карактеролошких и других елемената, који се могу сматрати неоспорном народном традицијом. Из тога ће се свакако ишчаурити и метода песниковања овога неоспорно талентованог човека".[101]

Прашањето што најодзади треба да го разгледуваме, се простира врз повеќе позиции на нашиот однос кон "Веда Словена"! Нека се задржиме над неколку од нив.

"Веда Словена" е литературна мистификација! Благодарејќи им на сите оние критично настроени духови на времето кои создадоа чврст бедем од недоверчивост кон автентичноста на делово, уште во почетокот на неговото појавување, благодарејќи им на сите општи претпоставки што времето на критицизмот, позитивизмот и реализмот ги исфрли во втората половина на минатиот век како раководен принцип - беше овозможено да им се стави крај на секаквите пројави на доцноромантичарските дезинформации кај нас. Во таа смисла, Шишманов, дојде за да ратификува состојба на постулирана и аргументирана резервираност кон еден задоцнет изблик на некритичност, национален ентусијазам, филолошки утопизам, митолошки фантастичности и се друго што времето на романтизмот и на преродбата можеше полесно да го поднесе. Шишманов со сите потребни елементи на комплетната аргументираност, го изврши она што можеби уште порано требаше да се стори: докажувањето на мистификацијата! Го изврши, речиси по четири децении од времето на нејзиното раѓање!

Но останаа, како што видовме доста прашања, што го чекаат допрва своето разјаснување. Бидејќи, не се исцрпеа разговорите околу "Веда Словена" по чинот на незјиното демистифицирање! Мораше еден ден тоа да се докаже и воопшто сега веќе најмалку е важно дали нејзинот краток живот се развлекол низ една, три или пет децении! "Веда Словена" е факт чии причини на појавување ги толкуваме и со објективни и со субјективни, и со духовни и со материјални фактори на времето: романтичарските теории, психопаталошката неурамнотеженост на Верковиќ, примамливата понуда што ќе му го позлати животот на Гологанов, нерегулираниот статус на културно-политичкиот живот во Македонија, итн. И ќе си значи "Веда Словена" само она што треба да си значи: краток излет во невозможното! Постепено ќе се дополнуваат, во недовршената градба на нејзиното комплексно осмислување, празнините и пукнатините. Се дури конечно не се оформи како најпрецизно моделирана макета во витрините на музејот на нашето поминување низ времето!

 

Напомене
Пенев, Боян: История на новата българска литература, т. I, София 1930.
Шишманов, Ив. Д.: Значението и задачата на нашата етнография, кн. I, София 1889, стр. 1-65.
Шишманов, Ив. Д.: Значението... стр. 8-9.
Шишманов, Ив. Д.: Значението... стр. 12-13.
Шишманов, Ив. Д.: Френската наука и Веда Словена, Сборник в чест и в памет на Луи Леже, 1843-1923, стр. 33-108.
Пенушлиски, Кирил: Стефан И. Верковиќ, живот и дејност, предговор кон Македонски народни песни од Стефан Верковиќ, Скопје 1961, в. стр. IX-ХLVI.
Органџиева, Цвета: Нови материјали за Стефан Верковиќ, ГЗбСФФ, 9, 1-13, 1956.
пак таму, стр. 6.
пак таму, стр. 6.
пак таму, стр. 8.
Тодоровски, Гане, Два прилога кон биографијата на Јован Гологанов, Трудови, I, 1-2, стр. 109-115.
Kостенцев, Арсени: Спомени, СпБАН, VI, София 1915.
Маджаров, Иона: Автобиография на архимандрит Маджаров Иона, УПр, XXVI, 1, 82-98.
Стоилов, А. П.: По възраждането на българите в град Сер, Архив на министерството за народно просвещение, г. II, кн. II, София 1910, неофициялен дел, стр. 20-35.
АрхБАН, Фонд Верковиќ, папки 13, 14, 15 и 16.
Верковиќ, Стефан: Веда Словена, том I, Белград 1874, в. предговор.
Тодоровски, Гане: Јован Гологанов, скица за биографија, Разгледи, 1958, бр. 10, стр. 8.
Органџиева, Цвета: Нови материјали..., стр. 8.
Shishmanov, D. Iv.: Glueck und Ende einer beruhmten literarischen Мystification: Veda Slovena, ArhSlPhil, XXV, 4. 580-611.
Шишманов, ... пак таму, стр. 606.
Шишманов, ... пак таму, стр. 606, в. фуснота бр. 3.
Шишманов, Френската наука..., стр. 65.
Органџиева, Нови материјали..., стр. 8.
Арнаудов, М.: Очерки по българския фолклор, София 1934, в. стр. 130.
Органџиева, Нови материјали..., стр. 9.
Шишманов, Задачите... стр. 7 и уште: Динеков, П., Български фолклор, стр. 93/94.
Јеленић, фра др Јулије: Писма Стјепана Верковића Јосипу Д. Божићу, НСт, 51, 11, IV, 219-258.
Поленаковиќ, X.: Кореспонденцијата на Ј. К. Џинот со Друштво српске словесности... стр. 8, Скопје 1955.
Богдановић, др Давид: Преглед књижевности хрватске и српске, књига друга дио први, Загреб, 1916, в. стр. 20.
пак таму, стр. 24.
Шишманов, Ив. Д.: Бележки за България в ръкописното наследство на Шафарик, БПр, III, 1. 26
Поленаковиќ, Кореспонденцијата..., стр. 37.
пак таму, стр. 37.
Веда Словена, т. I, предговорот.
Жинзифов, Райко: Димитри и Константин Миладинови, "День", Москва 1862, - в. Жинзифов, Публицистика, том I, стр. 41-58, София 1964.
пак таму...
Григорович, Виктор: Очерк путешествия по Европейской Турции, Казан 1848, стр. 216.
Драганов, П.: Македонско-славанския сборник, С. Петербург, 1894, стр. 238. В. фуснота на стр. 234.
Мажовски, Исаия Радев: Възпоминания, София 1922, стр. 55, в. стр. 7 - Юношеството ми.
пак таму... стр. 8.
Органџиева, Нови материјали... стр. 9.
Динков, Георги: Сведения за македонските страни, "Македония", Цариград. год. II, бр. 33, 13 юли 1867, с. 3.
Кънчов, Васил: Иордан хаџи Константинов Џинот, БПр, III, 4, 85-107, София 1896.
Тодоровски, Гане: "Македонија" на Коста Шахов, "Разгледи" 1965, бр, 10, стр. 996-1024.
Кохан, П. С.: Историја западноевропске књижевности, књ. I, Сарајево 1957, стр. 326.
Барац, Антун: Хрватска књижевност, књ. I, Књижевност илиризма, Загреб, 1954, в. стр. 29.
Шишић, Фердо: Кореспонденција Рачки-Штросмајер, књ. II, од 6. I 1876 до 31. ХII 1881, Загреб, 1929.
Историја енглеске књижевности, књ. I, св. II, Београд, 1950, стр. 506-510.
Јанковић, Мира: Осијан као потицај за сакупљање народних пјесама код Јужних Славена, Зборник за народни живот и обичаје, књ. 38, стр. 177-221, Загреб, 1954.
пак таму, стр. 188.
Mazon, Andre: Le Slovo d’Igor, Paris, 1940, р. 45.
Јанковић, Мира: Осијан..., стр. 214.
Скерлић, Јован: Француски романтичари и српска народна поезија, СКГ, 16. 5. 1904.
Скерлић, Јован: Проспер Мериме и његова мистификација српских народних песама, СКГ, 1. XII. 1091, с. 355/6.
пак таму...
Пенев, Боян: История на новата българска литература, III, София 1933, в. стр. 181-188.
Спасов, Александар: Рајко Жинзифов, ракопис на докторска дисертација, Скопје 1959, в. стр. 67.
Жинзифов, Райко: Публицистика, кн. II, София 1964, стр. 237.
Григорович, Виктор: Очерки... стр. 143.
Катарџиев, Иван: Некои моменти од политичката дејност на Верковиќ во Македонија, врз основа на негови писма, Совр. X, 1, 80-92.
Костенцев, Арсени: Спомени
Маджаров, Иона: Автобиография...
Стоилов, А. П.: По Възраждането...
Кънчев, Васил: Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница, СбНУ, X, 1893, стр. 84.
Катарџиев, Иван: Серскиот санџак од крајот на XVIII век до 1879 година, Скопје 1959.
пак таму...
Пенушлиски, Кирил: Стефан Верковиќ, собирач на македонски народни умотворби, ракопис на докторска диссртација, Скопје 1956, в. стр. 77.
АрхСвКнЗ - Р 4039.
Пенушлиски - Стефан Верковиќ..., стр. 76.
АрхБАН, Фонд Веркович, Писма на Македонци, папка 6-10, арх. ед. 107-
1145.
Дежелић, др Велимир: Верковић и Хрвати банске Хрватске, НСт, 11, 1940, 205-219.
Веда Словена, I, в. предговор, стр. 5.
пак таму. . .
пак таму...
пак таму…
АрхБАН, Фонд Верковиќ, Писма на Гологанов до Верковиќ, папка 13.
Шишманов: Френската наука. . . стр. 33-108.
пак таму...
пак таму...
пак таму...
пак таму...
За ова, освен кај Шишманов, нав. дело, види уште и кај: М. Ибровац, Огист Дозон, Зборник на филозофскиот факултет во Белград, 1959, кн. 4, дел II, с. 49-95.
Ибровац, цит. дело.
Irecek, Jozef: О nekterych zahadnyh vydanih narodnih pisni jihoslovanskych . Zpravy o zasedani Kralovske ceske spolecnosti nauk v Praze, 1874, br. 8. str. 245-235.
АрхБАН, Фонд Верковиќ, Писма со Македонци, папка 6, бр. 566.
Шишманов,Ив. Д.: Леополд Гајтлер - заштитник на Веда Словена, Sbornik praci venovanych V. Tillovi, Praha, 1927, стр. 202-211.
Теодоров, А.: Др Леополд Гајтлер, ПСп, 1885, кн. стр. 141/48.
Милер, Всеволод: Заметки по поводу сборника Верковича, ЖМНПр. СХСШ, 1877, стр. 110-133.
Пыпин, А.: Заметки по поводу Сборника Верковича, ЖМНПр, 1878, кн. 12, стр. 239-267.
Јагић, Ватрослав, ArhSlPhil, I, 5. 576.
Известия о занатиях четвертого археологического съезда в Казани, Но 10, 21 септ. 1877, стр. 175.
Вазов, Иван: В недрата на Родопите, Сборник на министерството на народното просвещение, кн. 8, 1893, 3-305,
Стоилов, А. П.: Показалец на печатаните през XIX век български народни песни, том II, 1861-1878, в. предговорот: Поглед врху българския фолклор от 1861 до 1878. стр. 37-38.
Гологанов, Теодоси: Веда Славян, МакШах, 1894, 19, 1-2.
Вазов, Иван: В недрата...
Гологанов, др. С: Бележка за Веда Словена, Общ подем, София 1917, кн. 13-14.
Весниците "Македонија" и "Глас македонски" на Коста Шахов во времето 1890 и 1894 донесуваат повеќе материјали по прашањето за Веда Словена, Меѓу тие материјали повеќето се однесуваат на Јована Гологанов. Исто така и цариградските "Новини" во анкетата за Веда Словена, донесоа 1893 стојносни прилози за Гологанов.
Rozpravy Ceske akademije ved a umeni, trida III, с. 70.
Меденица, Радосав: Стефан Верковић и његов удео у фолклористици Македоније. Рад VII-ог конгреса савеза фолклориста Југославије у Охриду 1960, стр. 69-79.
пак таму. . . стр. 75.
пак таму... стр. 76

 

Извор: http://kapija.narod.ru/Ethnoslavistics/tod_veda.htm

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная