Премин Портал

Кожувчанка

Писателот Луан Старова говори за „Рациновото признание“, литературата, за преводите

Невена Поповска-Утрински весник

Најновиот роман „Потрага по Елен Лејбовиц“ на академик Луан Старова му го донесе „Рациновото признание“. Со него, на еден начин, се заокружува серијалот од неколку романи.

„Добивањето на ’Рациновото признание’ за епистоларниот роман ’Потрага по Елен Лејбовиц’, со прекрасен надоврзувачки поговор-писмо на д-р Јелена Лужина, а во издание на ’Матица’, како деветта книга од мојот книжевен проект наречен ’Балканска сага’ започнат уште од 1992 година со објавата на книгата ’Татковите книги’, за мене има посебно значење“, вели академик Старова.

„Доселен во Скопје, со моето семејство, во далечната 1945 година, настапува моето вистинско откривање и учење на македонскиот јазик, на кој започнав да се школувам во далечната 1948 година“, продолжи Старова на прашањето како се создаваше неговата „Балканска сага“. „Значи токму на овој личен чин, на оваа 60-годишнина од живеењето со македонскиот јазик, покрај пишувањето и негувањето на мајчиниот албански јазик, стигнува високото книжевно престижно ’Рациново признание’. Наградата стигнува во поизминатите години од животот, кога се допишува еден мој голем книжевен проект кој достигнува не помалку од 3 000 страници, со цел да се разбере Балканот, Балканскиот човек, низ животот за одбрана на живеењето во еден од најмрачните и најсудбоносните векови за Европа и Балканот, како што беше 20. век со двете Светски војни, со откривањето на ’формулата на смртноста’ на нашата цивилизација (според Пол Валери) со подемот и падот на тоталитарната идеологија, со превласта на етничката врз граѓанската концепција на артикулацијата на власта во новосоздадените држави, со задоцнетото создавање на државите-нации со травматичната транзиција. Балканскиот човек во немоќта да ги совлада овие процеси низ налетите на историјата, се најде во еден вид ’братоубиствено варварство’, во немоќ да најде излез потпирајќи се врз европско-атланските интегративни перспективи. Во овие услови се создаваше мојата ’Балканска сага’. Од 1992 до 2008 година, во потрага по показ на излезот и од ’наметнатото варварство’ низ судбината на книгољубјето. По излезот и спасот од варварството, трагаа и трагаат на Балканот и го чинат младите демократи, без поголема државничка традиција, каде етничкото го поттиснува граѓанското. Мојата сага се пишуваше и прифаќаше во светот токму во тие години наспроти европските интегративни процеси, особено по падот на Берлинскиот ѕид , кога на Балканот преовладуваше дезинтеграција, етничка нетрпеливост и разграничување на народи кои живееле во релативна слога, останувајќи и натаму заложници на наметнатата и пресилна историја“.

Романот „Потрага по Елен Лејбовиц“ е епистоларен роман, кој се надоградува како „мала потеоза“ на рецепцијата на балканската сага во европските култури и литератури. За главниот лик и дејствието во наградениот роман, авторот вели: „Елен Лејбовиц беше една од бројните читателки, кои се пример за тоа како со невидена љубов и упорност се труди да го открие Балканот, по трагичните години, а тоа го правеше преку моите четири романи преведени и објавени во Франција и во повеќе други европски земји: „Татковите книги“, „Времето на козите“, „Атеистички музеј“ и „Брегот на егзилот“. Од 1999 година до 24 декември 2002 година, непознатата читателка Лејбовиц (од еврејско потекло) ми испрати стотина писма. Нејзините писма беа брилијантни ментални бисери, сентиментални и мисловни пробиви во светот на ’балканската сага’, нејзино надополнување. На примерот на писмата на мојата верна читателка како да добивав потврда на Борхесовата теза дека читањето може да биде покреативно од пишувањето. Беше тоа некаков длабок европско-балкански епистоларен дијалог упатен на универзалната добрина која ги брише границите кои ги делат луѓето. А, впрочем, сета моја литература беше упатена да ги зближува луѓето и вљубува разликите. Како што се појави, неочекувано, така и се изгуби од мојот живот епистоларната присутност на Елен Лејбовиц. Мислев дека само литературата може да ја задржи засекогаш во животот, без да ја знам нејзината судбина. Верував во моќта на книжевната креација, таа да подотвори некои засекогаш затворени врати во животот и затоа пишував. Да, пишувам за да отворам затворени врати. Секоја книга е таков чин во мојата сага“.

Романите на Луан Старова се преведени на повеќе од 15 јазици. Тие доживеаа и голем успех во светот, со што тој стана еден од најпреведуваните наши автори. Но, дали романите сами си го пробиваат патот или сепак, треба државата да има некаква стратегија во поглед на преводите, Старова вели: „Вистина е дека ниту една од моите преведени книги во странство ја нема добиено вообичаената подршка од страна на државата (во плаќање на преведувачот или во откуп) и покрај тоа што без лажна скромност, овие романи придонесоа во голема мера за афирмација на нашата литература и култура во повеќе европски центри. Да се случеше тоа, сигурно пробивот на сагата ќе беше уште поголем. Денес, мора со горчина да се признае дека интересот за балканската литература во Европа и светот е намален, зашто Балканот не е повеќе ’атрактивна зона’ во светот. Меѓутоа, книгите што не го пробиваат сами патот во светот, со секакво наметливо финансирање, кај голем број угледни издавачи често не го постигнуваат посакуваниот ефект“.

Академик Луан Старова вели дека со наградената книга „Потрага по Елен Лејбовиц“ не завршува целосниот проект, односно вели, сагата продолжува. „Во блиска иднина претстои објавувањето на романот ’Љубовта на генералот’ во издание на МАНУ, како десетти роман на балканската сага во која семејството и другите ликови се вплетени во вителите на Првата светска војна. Во проект се појавува и романот ’Мајчин јазик’ или ’Балканвавилон’, додека сагата би завршила со романот ’Време на јаничарите’, тема присутна речиси во сета сага и со исклучителна актуелност не само на Балканот. Проектот е можно да го следат и непредвидливи ’колатерални изблици’, како што беше случајот со епистоларниотт роман ’Потрага по Елен Лејбовиц’, или романот ’Едгар Морен, мојот балкански брат’.

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1434
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1975
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3567
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3775
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная