логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска, претседателот на комисијата која ја изработи проектната програма за оваа едиција, академик Митко Маџунков …

Нови 33 наслови од капиталната едиција „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје. Со денешните книги, досега се преведени 300 од вкупно 560,  кои се дел од едицијата.

Дел од едицијата се дела од повеќе автори од светската книжевност, меѓу кои на Катул, Хорациј, Тибул, Проперциј, Овидиј, Вергилиј, Чикамацу, Пинтер, Остин, Волф, Шишкин,...

02_NUB

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска, претседателот на комисијата која ја изработи проектната програма за оваа едиција, академик Митко Маџунков, директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров, писатели, преведувачи, лектори, издавачи...

Проектот, смета Груевски, без разлика на изборите во изминатиот период, се реализира според зацртаното и со добра динамика.

- Во тој дух денес имаме нови дела кои претставуваат вистински епохални дострели во своите национални книжевности, но и во рамките на општата светска книжевност. Тука се римските лиричари од т.н. „златно доба“, како што се Катул, Хорациј, Тибул, Проперциј и Овидиј, кои се сметат за самиот врв на светската лирика и кои имале големо влијание врз најголемите поети во Европа. Денешната шеста промоција во рамките на овој проект ни носи еден исклучителен комплетен избор од нивното творештво, заклучи Груевски.

Премиерот забележа дека во едицијата се преведени и некои од највпечатливите автори на француската книжевност, како и јапонскиот драматург Чикамацу, кого често го нарекуваат „јапонскиот Шекспир“, англискиот лиричар од времето на романтизмот Вилијам Вордсвор и еден од најпознатите американски раскажувачи Анброус Бирс.

- Многумина велат дека француската ренесанса не познава поголеми имиња од Пјер де Ронсар и Жоашен ди Беле, кои се претставници на плејадата реформиратори на францускиот јазик и автори на неколку од најпознатите песни напишани на француски јазик. Дел од промоцијата е и делото „Записите на ловецот“ од рускиот класик Иван Сергеевич Тургенев, кое се смета за едно од најдобро напишаните раскажувачки книги и дело, кое извршило големо влијание врз најголемите светски раскажувачи од Чехов до Хемингвеј, додаде Груевски.

010_NUB

Преведувањето, како што нагласи, на ваквите мајстори на пишаниот збор претставува книжевен настан за кој се зборува на долго и на широко во кој било дел од светот.

- Појавувањето на нивните дела во нашата едиција „Ѕвезди на светската книжевност“ може да се нарече празник и за нашата култура и за нашиот јазик. Проектот е еден од најамбициозните обиди за интеграција на светските литературни придобивки во македонската современа книжевност. Потребата од еден ваков проект се огледа во функција на надополнување на дометот на нашата национална култура, но и во насока на проширување на општествените хоризонти и можноста да се запознае глобалното творештво, естетика и идеи во контекст на различни временски периоди и делови на светот, рече Груевски.

Тој информира дека за околу еден месец ќе се промовираат нови 30 дела од оваа едиција, до крајот на годинава се планираат уште 100, а едицијата треба да се докомплетира следната година со уште 120 дела со што ќе се достигне бројката од планираните 560 преводи и печатења.

- Во завршна фаза на подготовка се 25 книги од проектот „130 тома македонска книжевност“ на македонски јазик, кои беа издадени од албански и турски автори на албански и турски јазик, а се преведуваат и пет нови книги од овој опус, истакна Груевски.

Кон крајот на јуни, најави дека ќе почне првата промоција на следниот проект на Владата и Министерството за култура „Врвовите на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. Првите 10 книги ќе бидат промовирани до крајот на јуни, а до крајот на годината уште 50-ина дела од овој проект во кои се вклучени 360 книги.

- Во тек е и постапка за изнаоѓање куќа за превод и печатење на најновиот проект „Антологија на најдоброто од светската поезија“ во пет тома. Опфатени се околу 500 автори. Собраните дела од проектот „130 тома македонска книжевност“ се преведуваат на шест јазици, на француски, германски, руски, шпански, арапски и италијански, подвлече премиерот Груевски.
011_NUB

Овие проекти, министерката за култура Канческа - Милевска смета дека ја етаблираат Република Македонија како држава која ги почитува и афирмира светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој.

- „Ѕвезди на светската книжевност“ е антологиски избор на најдоброто од светската книжевност. Нејзиното исклучително значење несомнено се огледува во афирмацијата на изразните капацитети на нашиот јазик. Овој проект ја потврдува виталноста и животворноста на македонскиот јазик, неговата колоритност која може да ги долови и најсуптилните мисли на врвните мајстори на пишаниот збор, истакна Канческа-Милевска, додавајќи дека сите овие проекти имаат исклучително културно, научно, и општествено значење.

Академик Маџунков посочи дека „Ѕвезди на светската книжевност“ е првата книжевна едиција што се прегледува, рецензира и редактира од страна на една посебна стручна редакција. Едицијата, нагласи, не е само владин или авторски проект на една редакција, туку е и проект во кој учествува книжевната елита на оваа држава, најкомпетентните преведувачи и автори, од Универзитетот, од Академијата и од нашите преведувачки и други асоцијации.

01_NUB

Извор: http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/1432-promovirani-33-naslovi-od-edicijata-zvezdi-na-svetskata-knizevnost



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1067
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2638
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

05/06/2025 - четврток

Свети Михаил, епископ Синадски; Преподобниот маченик Михаил; Преподобна Ефросинија, кнегиња Полоцка;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная