„Во Македонија, имаме извонредно богат мозаик од традиционални народни носии а како додаток на разновидноста од бои, кроеви, материјали и дизајни, народните носии се и богатите везови. Важен дел од тој вез е филигранската сребрена нишка.
Во минатото мајсторите изработувале и бројни производи за домаќинсвото, црквата и богато извезени везови на народните носии. Денес, меѓу изработувачите на филигранскиот накит: брошевите, крстовите, обетките и други лични украси од модерен филигран, ја имаме и Ви ја препорачуваме, Ивана Стојановска.
Ивана Стојановска е високонадарен и инвентивен филгранист. Дипломира на факултетот за Ликовна уметност во Скопје на отсек графика, мометално е на постдипломски студии на истиот факултет.
„Филигран изработувам 3 години и се обидувам да ги спојам традицијата во филигранската изработка и модерниот дизајн. во накитот кој е изработен од сребро се вметнати и полускапоцени камења кои дополнително го разубавуваат предметот“ , вели Ивана.
Погледнете ги овие прекрасни предмети кои се уникатни за ова поднебје.
„Техниките од најстари времиња па до денес, речиси и не се воопшто променети. Уметноста би се сложила со тоа дека филигранството е свивање, виткање и вплетување на тенка метална жица и спојување на деловите меѓусебно во точката на контакт како и со подлогата(ако е потребна) со залтен или сребрен лот(или лем), боракс и пламен од бренер. Мали зрна од истиот материјал често се ставаат во окотно на спиралита, на спојките или во интервали зависно од дизајнот на парчето. Понежните делови обично се обколени во рамка од подебела и појака жица. Посебно е важно мајстоски да се залемат деловите на парчето накит без разлика на нивниот број. Брошевите, крстовите, обетките и други лични украси од модерен филигран , генерално се обколени и поделени со појака жица или се вметнувани метални плочки, давајќи му постојаност на полнењето кое инаку не би можело да ја задржи својата форма. Симболиката на накитот е разноврсна. Накитот(најповеќе обетките, прстените и.т.н.) се давани како подарок, како знак на пријателство, љубов, почит и обично е поврзано со некое лично искуство и чувство кои се чуваат како свети. Затоа, накитот се пренесува и на потомците. Неговата вредност не паѓа. Напротив, таа расте.
Многу е тешко да се класифицира накитот, како и оној изработен во техника филигран. Најчесто тие можат да се најдат класифицирани во согласност со деловите од телото на кои се носат, како на пр. : накит за на глава, накит за врат, за раце-нараквици, накит за на облека и.т.н. “
.
.
Ivana Stojanovska
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Датум на раѓање:24 Авг 1984
Професија:graduated artist department graphic
Интереси:jewelery design and craft, silver filigree
Локација: Skopje, Macedonia
Посети:{moshits}