Триесетина дрворезби од вечерва ќе бидат презентирани пред прилепската јавност. Изложбата на копаничарски дела ќе биде отворена во Ликовната галерија на Центарот за култура “ Марко Цепенков“. Со свои резби ќе се претстават шестмина прилепски копаничари: Никола Топчиоски, Стеван Боцески, Гоце Царулески, Ристо Тошески, Горан Костоски и Дејан Трајкоски. Ова е прва изложба со која што стартува Центарот за култура годинава, а ќе биде поддржана од Министерството за култура.
Од Центарот за култура се задоволни од прифатените програмски содржини за 2008 година од страна на Министерството за култура.
“Министерството ги прифати поглемиот дел од нашите активности. Најмногу средства ќе бидат одделени за реализација на изложби и на театарски претстави но нема да изостане ни подршката на сценско музичката дејност“, вели Тони Чатлески, директор на Центарот за култура “Марко Цепенков“.
Извор: Нова Македонија