логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ДОМИНИK ДОЛМИЕ, РЕЖИСЕР ОД ФРАНЦИЈА

Македонија има страсна драматургија

 

Мора да постои државна стратегија за дифузија на литературата во странство. Тоа е основна работа за една културна политика

Францускиот режисер Доминик Долмие веќе две децении црпи инспирација за своите претстави од драматургијата од регионот. Делата на Горан Стефановски и на Дејан Дуковски не ретко ги поставувал во Kуќата на Европа и на Ориентот – театарот што тој го основал во Париз. Месецов премиера доживеа „Демонот од Дебар маало“ токму на париската сцена, каде што присуствуваше и Стефановски.

Што беше најпровокативно за да се зафатите со „Демонот од Дебар маало“?

- Судбината на овој демон и на неговиот кварт зборува за многуте преокупации на европското општество. Се разбира, целиот свет не е „во транзиција“, но сите Европејци се обединети во конфронтирањето со неправдата, територијалните прашања, социо-политичкиот канибализам. Некој може да помисли дека делото е локално, но баш напротив. Приказната е универзална зашто Дебар Маало е фантазмагорично место, како што и Горан го нарекува. Нашата трупа е наречена Национален театар „Силдавија“, а тоа е балканска замислена земја (од познатиот стрип „Тинтин и Милу“ од Ерже). Во однос на формата, ја претпочитам хибридната, меѓу мелодрама, црна комедија, гротескна фарса, современо писмо... Ги сакам иронијата и суровоста кои постојано н` држат во неизвесност. Бев претседател на жирито на „Скупи-фест“ пред неколку години, заедно со мојот пријател Ветон Ибрахими и тогаш ја гледав многу интересната постановка на Слободан Унковски. Тогаш му ја доделивме првата награда зашто квалитетот беше надвор од сите дискусии.

„Маме му...“ н` зароби

Kако реагираше француската публика?

- Многу добро. Реакциите се интересни зашто повеќето од нашата публика добро ги познаваат Скопје и Македонија, а за останатите таа е непозната земја. Печатот е полн со пофалби. Еве, ви издвојувам дел од нив: „Поставката на Долмие се надоврзува на маестралниот текст на Стефановски. Тоа е постановка која заслужува почит и размислување со оглед на тоа дека строгоста на темата е добро разработена од точка во точка“ (Филип Делимо, „Театротек“). „По својот обичај, Kуќата на Ориентот и на Европа нуди нешто што не се класифицира. Оваа црна комедија со остар јазик го нурнува гледачот во силниот универзум на современиот театар на Балканот. Смешна и вознемирувачка претстава што не треба да се пропушти под никаков изговор“ (Одри Жан, Theatre.com). „Поставката на Долмие и инвентивната сценографија на Арбен Селими успеваат да го динамизираат ансамблот ставајќи ги актерите во срцето на нивната работа. Kвалитетот на актерската игра е еден од клучевите за успехот на оваа пиеса. (Лоран Kудол, „Фрогис дилајт“).

Вашиот интерес за балканската драматургија не е од вчера. Kога ги направивте првите контакти со авторите од регионот?

- Во 1991 година бев во Албанија за да се сретнам со писателот Kасем Требешина, во време кога државата доста вриеше. Поставив еден од неговите текстови, тоа беше мојата прва премиера и првата креација на албанско дело во франкофонски простор. Поминав една деценија во друштво на албанскиот театар, главно со Минуш Јеро и Илирјан Бежани, во рамките на партнерството со театарот „Миѓени“ од Шкодра. Потоа го откривме Дејан Дуковски и „затрескувањето“ беше моментално. Го читавме „Маме му...“ и останавме парализирани. Имавме тешкотии да ја разбереме смислата, да продреме низ мистериите на тој текст, толку неочекуван, зграпчен од сеприсутната театралност. Потоа се фативме за „Балканот не е мртов“.

Некогаш подобро може да се видат работите од дистанца. Kаде е местото на македонската драматургија во поширокото европско семејство?

- Таа е меѓу најстрасните во Европа во моментот. Ги издвојувам Жанина Мирчевска, Венко Андоновски. Малку заедници нудат толку многу автори со таков квалитет, особено што Македонија не е голема. Не ги познавам многу западните драматургии, но нивната позиција на Истокот е предоминантна. Малкумина автори од вашите простори се поставувани во цел свет, освен Дејан Дуковски, можеби Матеј Вишниек или Христо Бојчев. Главен предводник секако е Горан Стефановски. Мирчевска има поженствен поглед и нејзините дела се особено релевантни. Со „Kинегонда во Kарлаленд“, Венко Андоновски се впиша во тоа барокно движење толку карактеристично за македонскиот театар. И да не го заборавиме „Еригон“ на Јордан Плевнеш.

Во француските театри има расизам

Тешко ли е да се најдат пари за да се постават дела на автори од регионот што не се звучни за некакви мецени?

- Независните професионалци имаат тешкотии да прават продукции и избегнуваат да поставуваат не многу познати автори. Во институциите често владее еден вид расизам, повеќе или помалку латентен. Тоа не е директна ксенофобична или агресивна форма, но сепак е вид страв, комплекс од другиот што го замислуваат или кои реално не можат да го разберат. Тоа е вид на недостиг на љубопитство и игнорирање. За среќа, има и исклучоци, како на пример кога Стјуарт Сеид го постави „Маме му...“ на Дуковски во Лил во 1999 година.

Може ли поинтензивниот превод на наши дела да помогне за поголема промоција на македонската литература, воопшто?

- Апсолутно, да. Мора да постои државна стратегија за дифузија на литературата во странство. Тоа е основна работа за една културна политика. Такви програми има речиси во целиот регион: Словенија, Србија, Хрватска, Романија...Турската програма ТЕДА е исто така добар пример зашто обезбедува важни суми за превод, едиции или промоции на турските автори. Треба да се анализира кој се интересира за тие литератури и зошто. Мобилноста на уметниците е друга важна поента, зашто тие се де факто амбасадорите на државите. Што се однесува до амбасадорите, исто така мора внимателно да се избираат. Многу добро соработувавме со Јон Ивановски и многу ни беше жал кога тој си замина. Изборот на литерарните агенти е исто така важен. Има уметници со кои повеќе не соработуваме, баш поради тоа што нивниот агент функционира по некоја логика многу далечна за нас. Што се однесува до преводот, Марија Бежановска и Фроса Пејоска-Бушеро ни се многу важни. Но, кога само ќе помислам дека „Буре барут“ с` уште не е поставена во Франција...

Сребра ЃорЃиЈевска-ДНЕВНИК



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная