логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ, ХРВАТСКА ПИСАТЕЛКА

Славенка Дракулиќ, најпреведуваната хрватска писателка и публицистка што во 1990-тите беше прогласена за непожелна во татковината, на вчерашната промоција на книгата „Телото на нејзиното тело“ се вклучи во кампањата за издигнување на свеста за донирање органи што ја почнаа компанијата „Уан“ и Националната фондација за трансплантација. Книгата ја напишала откако во септември во 2004 година во САД успешно и бил пресаден бубрег од жив и непознат донор, што кај неа загатнало многу филозофски и етички дилеми. Писателката од свои 30 години ја дели судбината со многу бубрежни болни и поминала низ две трансплантации на бубрег. И покрај преовладувачкото мнение дека донорите на органи што се одлучуваат на ваков чин, тоа го прават за пари или од некакви верски убедувања, Дракулиќ од личното искуство открила дека суштината е во човековата природа, која некогаш ги надминува и најсмелите очекувања.
Таа е најпреведуваната хрватска писателка и публицистка, која првенствено се занимава со феминистички теми. Во почетокот на 1990-тите беше прогласена за предавничка на Хрватска, по што емигрира во Шведска. Нејзиното творештво изобилува со настани врзани за нејзиниот приватен живот и за случувањата во Хрватска. Најчести теми со кои се зафаќа се телото и телесноста, болката и болеста...

Филмот „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон, кој моментално се прикажува во нашите кина, е работен според вашиот истоимен роман. Колку тој успева да ја допре суштината на специфичната приказна од овој роман?
- Книгата е базирана на вистинити приказни, врз обемната документација за масовни силувања на жени во Босна. Прво мислев да направам книга што ќе биде составена само од документи. Но кога ги собрав сфатив дека го немаат ефектот што го очекував - да ве потресат и замислат, да се идентификувате со тие жени. За овие настани многу е пишувано, но, според мое мислење, не на вистинскиот начин. Мислам дека како новинар во еден момент како да почнувате да удирате со глава во ѕид и не можете да допрете до читателот на вистински начин. По читањето на првиот документ од исказот на силуваната жена вие ќе плачете... Но кога ќе дојдете до 50-от исказ вие веќе не реагирате емоционално. Тогаш сфатив дека тоа не е вистинскиот пат. Осум години подоцна повторно се зафатив со оваа тема, бидејќи дојдов до заклучок дека во сите тие искази жените не зборуваат за своите чувства. На силуваните жени најтешко им паѓа што мораат повторно да поминуваат низ траумата во судницата. Тоа е елементот што им недостигаше на тие документи и оттука почна мојата писателска имагинација - да се обидам да ги замислам нивните чувства. Врз основа на вистинските случки конструирав еден лик што се состои од повеќе вистинити ликови и приказни.

Зошто романот го носи насловот „Како да ме нема“?
- Затоа што главниот лик во еден момент ќе сфати дека ако сака да преживее, мора на некој начин да се умртви себеси. Исто така кога таа жена ќе дојде во некој логор, неа веќе ја нема, таа како индивидуа го губи својот идентитет. Тоа е тивок филм, не е филм во кој се вреска, убива и пука. Мислам дека мошне добро го прикажува ужасот низ кој поминале тие жени. Не е добро да се споредуваат филм и книга, бидејќи тоа е сосема друг вид уметност. Хуанита Вилсон ја фатила суштината, направила мошне уметнички филм. Особено би ја истакнала фантастичната глума на Наташа Петровиќ, за која мислам дека е голема актерка иако е мошне млада. Таа го носи целиот филм.

Книгата „Телото на нејзиното тело“, која ја промовиравте во Музејот на градот Скопје, вклучува 12 независни приказни за донори на органи. Куриозитетот што честопати го споменувате е што од 10 донори - 9 се жени...
- Прашањето е дали жените се сочувствителни затоа што така се одгледувани или се такви по својата природа поради некој женски сочувствителен ген. Како феминистка, мислам дека тоа е прашање на културата и дека жените се одгледувани во тој дух - да се идентификуваат, да сочувствуваат со жртвите, со болните...

Многупати ја споменувате и разликата меѓу Европа и Америка по прашањето на трансплантација на органи. Дали е вистина дека, како што велите, Европејците чекаат сé да им падне од небо, а Американците се многу поиницијативни и подготвени да помогнат?
- Тука има и системска, културолошка и историска разлика. Во Европа развивме држави што целата социјала ја презедоа на себе. Ние сме научиле другите да се грижат за нас преку институционализацијата на сите видови грижа. Во Америка 50 милиони луѓе не се државно осигурени. Научени се повеќе да се потпираат на помошта едни од други, а не на државата, која се грижи како да го собере данокот и да се вооружи. На прв поглед изгледа апсурдно во таков брутален систем да се роди таков алтруизам, но во суштина не е. Таму човек на човека во неволја побрзо ќе му помогне отколку што тоа ќе го направи некоја институција. Таква несебична помош денес е тешко сфатлива, бидејќи сме научени секогаш да очекуваме нешто за возврат. Тој вид алтруизам можеби овде нема така брзо да процвета. Во вашиот клинички центар во овој момент има една жена во состојба на клиничка смрт чија мајка не дозволува донација на нејзините органи. Тоа е трагедија за таа мајка, но и трагедија за петте луѓе што нема да бидат спасени.

Спаѓате во групата хрватски авторки што своевремено беа жигосани како вештерки и непријателки на Хрватска. Како одеше процесот на вашата рехабилитација. Заживеа ли вашата идеја за фондот „Вештерка на годината“, кој требаше да наградува по една новинарка годишно?
- Таа идеја, за жал, не заживеа. Власта не беше пресудна во прогонот на неколкуте новинарки и писателки, туку нашите колеги што на наша сметка се докажуваа како подобни. Поради тоа некои од нас ја загубија работата, па почнавме да пишуваме за странски весници бидејќи моравме некако да преживееме. Што се однесува до рехабилитацијата, мислам дека никогаш не ја ни загубив мојата публика. За некаква новинарска рехабилитација не стануваше ни збор, бидејќи ниту тогаш ниту сега не пишував за големите медиуми. Сега пишувам само за „Т-портал“ и тоа е мојот единствен придонес на хрватското новинарство. Главно пишувам за странски весници. Немам желба да бидам член во некоја редакција, бидејќи весниците стануваат сé повеќе сензационалистички.

Имавте можност да присуствувате на некои судења на воени злосторници во Хаг, по што заклучивте дека злосторствата во некогашна Југославија ги направиле сосема обични луѓе и дека е зачудувачки колку природата на злото е банална...
- На оваа тема пишував не само јас туку и цела плејада автори, вклучувајќи ја и Хана Арент. Нам, на обичните луѓе, ни е многу полесно тие личности да ги наречеме чудовишта. Си велиме - Милошевиќ е чудовиште, како и Младиќ или Караџиќ. Тоа е многу лесно и всушност на тој начин се браниме од помислата дека и ние во себе би можеле да имаме елемент на зло. Напишав три книги за војната и заклучив дека сите во себе содржиме можност за едно и за друго. Околностите предодредуваат што во нас ќе се развие.

Вашата нова книга „Фрида или за болката“ наскоро ќе излезе и на македонски. Како ова дело се надоврзува на вашиот претходен опус на тема болка?
- Она што ме фасцинира кај Фрида Кало е начинот на кој нејзиниот живот беше пресликан во нејзините слики. Многу е тешко болката да се изрази со збор. Дури ја имаме и фразата „неискажлива болка“. Болката го сведува човекот на предјазичната состојба - крик. Јазикот не оди подалеку од тоа. Публиката секогаш многу емоционално реагира на нејзините слики на кои не им е потребен превод, ниту интелектуален процес. Во книгата фикционализирам епизоди од нејзиниот живот. Сакав да покажам како од нејзините емоционални состојба на болка произлегуваат нејзините слики.

Колку вашата книга „Телото на нејзиното тело“ ќе помогне во издигнувањето на јавната свест за донирањето органи?
- Една книга не може да придвижи ништо. Треба систематска кампања. Мислам дека многу повеќе ќе значи една фотографија на мало бебе врз кое е извршена трансплантација отколку мојата книга. Книги читаат малку луѓе. Но јас ја работам мојата работа и она што чувствувам дека треба. Толку можам да направам.
  
   
Автор: Мимоза Петревска-Георгиева    Фотографија: Дарко Андоновски 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11411723134&id=16&prilog=0&setIzdanie=22422

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная