логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Скопје, 24 мај (МИА) - Во состав на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје на површина од 3.300 метри квадратни денеска беше отворена новата дигитална библиотека на Македонија за која македонската Влада издвои 120 милиони денари. 

Библиотеката ја отвори премиерот Никола Груевски, а на свеченоста присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за образование и наука Перо Стојановски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- По повод празникот „Св.Кирил и Методиј“ денеска го извршивме отворањето на новата зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ која доби два ката депоа што многу недостасуваа, бидејќи имаше голем број материјали, книги и ракописи што досега се чуваа несоодветно и поради недостиг на простор се уништуваа, рече премиерот Груевски.

Тој истакна дека се очекува поврзување со европската и светската дигитална библиотека со што за македонските граѓани достапни ќе станат милиони книги и вредни дела.

Библиотеката ќе го заштитува и презентира се она што Македонија го поседува како книжно културно наследство. Во неа ќе бидат сместени само ретки збирки што се книжно културно наследство, како археографската која опфаќа книги и ракописи, ориенталната, ретката периодика и музичката збирка.

Министерката Канческа-Милевска во своето обраќање истакна дека отворањето на библиотеката е зафат со кој на бесценетото книжевно богатство што го поседува Македонија ќе му се гарантира дополнителна сигурност и зачувување во ризницата на македонската меморија.

Новата дигитализирана и виртуелна библиотека ќе има и тренинг-центар за обука на библиотекарите и на сите заинтересирани посетители. 

Објектот е пуштен во употреба 11 месеци по поставување на камен-темелникот. По пристигнувањето на опремата која се очекува, библиотеката ќе биде отворена за сите заинтересирани посетители.

Директорот на библиотеката Миле Бошевски при денешната свеченост на премиерот Груевски му ја додели Светиклиментовата статуетка за афирмација на националното книжевно богатство преку проекти, додека на министерката Канческа-Милевска и беше врачена позлатена плакета. лѓ/скс/16:04


 Обраќање на министерката за култура Канческа-Милевска на отворањето на Дигиталната библиотека на Македонија

24 мај

Почитуван претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски,
Почитувани пратеници во Собранието на Република Македонија,
Почитувани претставници на Владата на Република Македонија
Почитувани претставници на  локалната самоуправа,
Ваше високо преаосвештенство митрополит Горазд
Почитуван директор на Националната библиотека на Република Македонија, Миле Бошевски,
Почитуван ректор  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски
Почитуван претседател на МАНУ,  академик Ѓорги Старделов
Почитуван градоначалник на рад Скопје Коце Трајановски
Ваши Екселенции,
Почитувани професори,
Дами и господа,
 
 
 
 
Ми претставува особено задоволство што денеска, на Денот на големите словенски просветители Свети Кирил и Методиј, кои беа прогласени од Папата Јован Павле ИИ за заштитници на Европа го промовираме објектот кој со  нескриено задоволство сите ние го очекувавме, ,,Дигитална библиотека на Македонија” - доградба на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје, зафат преку кој на бесценетото  книжевно богатство што го поседува Република Македонија му се гарантира дополнителна сигурност и зачувување во ризница на македонската меморија.
 Стариот Европеец Волтер , во есента на својот живот, со право запишал : „Во животот имав само еден вистински искрен пријател. А тоа е.книгата.“
 
Токму затоа, гордоста на македонскиот бит денеска вигорно чествува  огромна победа бидејќи остава неизбришливи траги за своите  поколенија во бесконечно далечната иднина.
 
Овде, во Националната и универзитетска библиотека, посветена на големиот родоначалник на македонската писменост и ревносен ученик на солунските браќа, свети Климент , низ годините се чуваат вредните артефакти за одбрана на нашиот идентитет.
 
Идиомот „Свети Климент Охридски“  денес се претвора од архаичен храм на урбаната неопходност  во огромен „хард диск“ во кој  максимално се заштитени адресите на домување на  нашиот јазик, култура, историја и религија, кои преку илјадниците древни и уникатни ракописи и книги, со дело и преку факти, покажуваат дека колективната меморија на македонскиот народ е богата и единствена.
 
Македонското постоење е тука зад првиот пишан документ, фрагментот од посен триод кој потекнува од 13 век, како најстар зачуван ракопис од старословенскиот период, преку   сите книги и ракописи, до последните изданија на нашите современици.
 
НУБ денес прераснува во  Кјубриков монолит  од непроценливи записи за историјата на македонскиот јазик и на македонскиот народ. Затоа, во изградбата на тој објект Владата на Република Македонија и Министерството за култура аналитички  согледуваат  вистински момент кога грижата за културното книжевно наследство е повеќе од есенцијална.
   
Изградбата на Дигиталната библиотека претставува врв на ова наше настојување, кое, убедена сум, ќе даде особени резултати во презентацијата, заштитата и користењето на богатото национално книжевно наследство – низ својата дигитална форма.

Современите стандарди пропишани за дигиталните форми во доменот на нивното сместување, чување, заштита и користење ќе бидат запазени во новиот објект на Националната библиотека. Конечно ќе се создаде дом со големи техничко технолошки можности, и што е од голема важност, депо, во кое што вредната книжнина која досега беше лоцирана на повеќе места во државата, во најсовремен формат ќе остане за генерациите кои ние сигурно нема да ги познаваме, но доволно е тоа што на овој начин тие ќе не запознаат нас.

Книгите и старите ракописи за Република Македонија, иако низ историјата изнесувани надвор од територијата на нашата земја, а голем број од нив и денес се чуваат во светските музеи и библиотеки, сепак  се неодминлив научен артефакт за нашето постоење. Овој проект има извонредно значење затоа што носи двојна придобивка - преку дигиталната библиотека, светските научни и културни вредности ќе бидат достапни за македонската јавност, а со тоа пошироката стручна и научна публика добива можност нив да ги користи и да ги примени во развојни и научни цели за развојот на нашата земја.
 
Република Македонија, како источник  на словенската писменост, земја во која книгата и пишаниот збор отсекогаш имале „тежина на еден живот“, има цивилизациска обврска да го сподели со светот она што го поседува. Овој проект за изградба на Дигиталната библиотека е верификација на вредноста на националното културно богатство на Република Македонија и  крупен чекор со кој ја потврдуваме нашата зрелост како нација и култура која знае да ги почитува вистинските вредности, која знае да ги негува и да ги афирмира високите литературни дострели создадени во Република Македонија.
 
Капиталните инвестиции во областа на културата се влог во иднината на Република Македонија. Музејот на вода, Спомен куќата на Мајка Тереза, кои ги промовиравме пред македонската јавност, а сега и доградбата на Националната библиотека, како и низата проекти кои се во фаза на реализација се цврста основа на архитектониката на македонската култура и традиција, која за секоја од овие дејности добива своја физичка адреса. Тоа е она со што ги стимулираме и сегашните и идните генерации да создаваат нови  вредности кои ќе бидат дел и сопственост на современа Европа. Наша обврска е да се зачуваат минатото и меморијата на современата цивилизација за идните поколенија.

Големиот Борхес велеше „И самиот рај го замислував како голема библиотека“.
Ние денеска се наоѓаме во македонскиот дел од рајот, во универзалната историја на цивилизациите.

Ви благодарам!
 
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1073
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2641
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная