Американскиот амбасадор во нашата земја Пол Волерс при посетата манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ претставниците на верските заедници го запознаа со вековната верска толеранција и соживот по кој е препознатлив дебарскиот крај.
[Амбасадорот Волерс се запозна за вековната верска толеранција во Дебарско]
Се трудиме да го живееме оној идеал од Евангелието, да се љубиме едни со други и оти по љубовта ќе бидеме познаени. Со тоа и ние од православната црква и од муфтиството едноставно ја чуваме вековната традицијата, на нашите предци, по која е препознатлив дебарскиот крај. Оваа порака претставниците на двете верски заедници му ја кажаа на американскиот амбасадор Волерс. Се сретнаа во манастирот Свети Герогиј Победоносец, кој секогаш бил и останува место каде и православните и муслиманските верници со векови доаѓале да се помолат и да најдат лек за нивната болка.
- Јас го прифаќам како награда да живееме заедно и да оставиме еден впечаток иднината да ни биде подобра и пример за другите кои доаѓаат да не посетуваат, изјави Ружди Љата, муфтија на Дебар.
- Дебар е пример во Македонија за соживотот, верската, националната толеранција, не само за Македонија туку и за поширко, рече Благоја Спироски намесник на Дебарската парохија.
- Градот Дебар историски бил многу важен и многу голем, така го има и името Голем Дебар, но во 21 век донесе патиштата кон Дебар да се непроодни, немаме индустрија, туризам, но тоа нас не не` спречува сите ние овде што живееме да го споделуваме и доброто и лошото едни помеѓу други, рече Отец Доситеј.
- Имав можност да чујам како заедно живеат граѓани од различни вери и од различни етнички заедници. Од Дебар заминувам со многу убави впечатоци, добри позитивни примери за животот во овој град, за соживотот меѓу граѓаните од различни етнички заедници, рече Пол Волерс, амбасадор на САД во РМ.
Верските старешини ветија дека во дебарско се живее и ќе се живее онака како што треба да биде и насекаде, почитувајќи се еден со друг, и настојувајќи секогаш да се издигне на површина она што е добро и она што ги зближува луѓето, а не она што ги разделува.
Вера Тодоровска- Kanal 5
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=92096