Овие зборови биле напишани пред повеќе од илјадници години, меѓутоа тие и ден денес можат да помогнат во животот на секој од нас.
На будалите и лудаците, тргни им се од патот.
Ако жената нешто сака - ќе помине и низ карпа за да го реализира.
Не го задржувај оној кој си оди, не го бркај оној кој доаѓа.
Подобро е да се биде непријател на добриот човек, отколку пријател на лошиот.
Да немаше обични луѓе, не би имало големи.
Мажот и жената треба да се како раце и очи: кога рацете болат - очите плачат; а кога очите плачат - рацете бришат.
Сонцето не познава праведни. Сонцето не познава неправедни. Сонцето сјае без цел и дава топлина на сите.Оној кој се пронашол себеси е сличен на Сонцето.
Тагата, како скинатиот фустан, треба да се остави дома.
Морето е големо бидејќи не ги избегнува ниту малите реки.
И далечниот пат започнува од патот во близина.
Кој пие, не знае за штетноста на виното; кој не пие, не знае за неговата корист.
Убавите цветови не донесуваат добар плод.
Еден убав збор може да грее три зимски месеци.
Направи се' што можеш, а останатото препушти го на судбината.
Претераната искреност се граничи со глупавост.
Среќата доаѓа, во куќата полна со смеа.
Совршената вазна никогаш не излегла од рацете на лошиот мајстор.
Длабоките реки течат бесшумно.
Ако сте се упатиле на пат по сопствена желба, тогаш и илјада километри изгледаат како еден.
Објавено на 20.01.2017 во категорија Живот
Подготвил: Светлана Петковска