Семјуел Лангхорн Клемeнс, подобро познат под својот псевдоним Марк Твен, бил американски писател и комичар. Тој е најпознат по своите романи, Авантурите на Том Соер (1876 година) и неговото продолжение Авантурите на Хаклбери Фин, подоцна често нарекувани „голем американски роман“. Поради својата дарба за играње со зборовите Марк Твен ќе остане запаметен и по своите мудри изреки. Еве дел од нив.
„Карактерот на мажот може да се дознае преку придавките кои ги користи во еден разговор.“
„Човекот кој не чита нема никаква предност пред човекот кој не знае да чита.“
„Сите генерализирања се лажни, вклучувајќи ја и оваа.“
„Се што ти треба е незнаење и самодоверба и успехот е неизбежен.“
„Гневот е киселина која причинува повеќе зло на крвните садови во кои е сместен, отколку на луѓето и предметите врз кој е истурен.“
„Секоја емоција, ако е искрена е против вољата на човекот.“
„Откажувањето од цигарите е најлесното нешто, знам бидејќи сум го сторил милион пати.“
„Ја имаме најдобрата влада која парите можат да ја купат.“
„Очигледно нема ништо што не би можело да се случи денеска.“
„Немој да велиш дека светот ти должи, тој ништо не ти должи. Светот постоеше пред ти да дојдеш на него.“
„Љубезноста е јазик кој глувиот може да го чуе, а слепиот може да го види.“
„Подобро е да ја држиш устата затворена и луѓето да мислат дека си будала, отколку да ја отвориш и да ги расчистиш сите сомнежи.“
„Животот ќе беше прекрасен ако се раѓавме со полни 18 години и полека да се движевме кон 8.
“„Лојалност кон земјата-секогаш. Лојалност кон владата само кога ќе заслужи.“
„Недостатокот на пари е корен на секое зло.“
„Човек со нова идеа е будала се додека идеата не му успее.“
„Понекогаш претераното пиење е едвај доволно.“
10.11.2016 г.
Извор:http://www.fakulteti.mk/news/12-11-26/mark_tven_nedostatokot_na_pari_e_koren_na_sekoe_zlo.aspx