логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    
    


 
Оља и Јован Стрезоски-Македонските младенци кои поставија донациска кутија на својата свадба
Објавено на 18 јули, 2014    

10331773_10152111269531947_1432362201_n

“Секогаш е добро време да се стори нешто добро “- oва на дело ни го покажаа Јован и Оља , кои својот најубав ден во животот, денот кога ја крунисаа својата љубов, го посветија на Помагањето, на Добрината и Хуманонoста.

10409539_10152248400576947_8614986407946497183_n

Еве ја нивната прекрасна сторија.

Се запознаа во 2010 година, во Струга на журката на Paul Van Dyk. По четири години, љубовта ја крунисаа со брак. Нивната свадбена свеченост не беше обична, сепак. Тие се откажаа од букетите цвеќе, најголемата радост за секоја невеста, и наместо тоа, ги замолија своите гости на денот на нивната свадба да Помогнат едно девојче да ги собере потребните средства за да може да преживее.

Имено, приказната за борбата на Емануела Костоска  ги инспирираше на својата свеченост да постават донациска кутија за собирање средства за помош на Емануела…Еве ја нивната приказна раскажана од Олгица :

”   Живееме во брзо и динамично општество каде луѓето најчесто се презафатени со своите животи и своите проблеми и забораваат да бидат луѓе пред сѐ. Секојдневно гледаме апели за помош, луѓе кои не ги познаваме молат за 100 денари кои нас ништо не ни значат а нив можат да им го спасат животот. Чувството дека можеш да помогнеш некому веројатно е најблагородното чувство кое човек може да го почувствува, без разлика колку е таа мала или голема помош.

На поканите за свадбата ја напишавме и нашата идеја.   Реакцијата на поканите беше неверојатна, само пофалби и убави зборови и најважно од сѐ гостите донираа, некој по 100 ден, некој по 1.000 денари. Вкупната сума која ја собравме на нашата свадба беше 22.000 денари.

По свадбата ги однесовме средствата кај Емануела.    Зошто на добрите луѓе им се случуваат лошите работи – беше првото прашање кое ми помина низ глава кога ги запознавме родителите на Ема.  Неверојатно топли и искрени луѓе кои не примија во нивниот дом со широко срце и ни искажаа бескрајна благодарност. Најубавиот момент беше прегратката на Ема која силно не гушкаше на крајот кога си одевме.

Сметам дека нашето мало дело ќе служи како инспирација за нашите пријатели и познаници бидејќи веќе неколкумина од нив покажаа желба дека истото би сакале да го направат на нивните свадби, што посебно не радува

Среќна сум што успеавме да собереме определен износ на средства за Емануела и искрено се надевам дека ќе послужиме како инспирација за што повеќе луѓе да најдат начин да помогнат некому.”

Малите дела на добрина го прават овој свет поубаво место за живеење за сите нас. И да, дечките како Оља и Јован се инспирација. Инспирација, поголема отколку што замислуват.

Секоја чест!

Тимот на malidelanadobrina.mk им се заблагодарува на честа да ја објави нивната приказна.

Извор:

 http://www.donacii.mk/inspirativni-prikazni/olja-i-jovan-strezoski-makedonskite-mladenci-koi-postavija-donaciska-kutija-na-svojata-svadba/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1082
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2653
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

10/06/2025 - вторник

Никита Исповедник, епископ Халкидонски; Светата маченичка Еликонида; Свети Игнатиј, епископ Ростовски; +Свети Варлаам Охридски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/  2025

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/ 2025

Блажен е подвигот твој оче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –сe...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Сардиски Терапонт  9 јуни/ 27 мај 2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Сардиски Терапонт 9 јуни/ 27 мај 2025

Раззеленувањето на дрвјата ја покажува силата на пролетта, но ти Терапонте со благодатта Христова,  надминувајќи ја природата створена, со вера во Оној Кој...

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная