На своите почетоци, Интернетот беше сигурно место каде луѓето меѓусебно си веруваа. Во 1982 година, заедницата беше толку мала, што е – маил адресите можеа да се стават и во џебен именик. Денеска тој именик би бил 40 километри долг.
Научникот Дени Хилс е еден од ретките луѓе кои Интернетот го користеше од самите негови почетоци. Во последниот говор за организацијата ТЕД, тој истакна дека моментната интернетска популација покажува нова ранливост во тој состав: “Интернетот беше дизајниран со претпоставка дека луѓето со кои комуницирате воедно се и оние на кои им верувате“, рекол тој, додавајќи: “Денеска тие правила повеќе не важат“.
Да се вратиме на Интернетот и на она како тој изгледа денеска. Едноставно не може да се замисли што би се случило кога истиот би престанал да работи.
Но, со навалата на она што Хилс го нарекува “лоши и неинтелигентни луѓе“ кои се спојуваат на Интернет, голем пад на Интернетот би можело да се случи наскоро.
Хилс е убеден дека безбедносните пропусти, кои веќе доведоа до неколку инциденти, настанеле токму поради тоа што го користиме Интернетот за работи за кои тој не бил првобитно наменет. Денеска Интернетот ја има основната инфраструктура на нашето општество: пренос на парични средства, достава на храна, превоз и телефонски состав.
Хилс тврди дека е време да се направи план Б: алтернативна мрежа која не е зависна од интернетските протоколи. Научниците веќе работат на таква мрежа.
“Од моето предавање многу луѓе ми рекоа дека таквите приказни се само врв на санта мразот. Се плашам дека работите се полоши од моите претпоставки. Сепак, мило ми е дека способни луѓе веќе работат на решението. Како и сите инфраструктурни проблеми и овој ќе се реши, само е прашање на време кога и со колкава мака“, заклучува Хил.
автор: Нетпрес