логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Монографијата на Петар Миљковиќ - Пепек за петте највредни икони од "Марковиот манастир"

БОГАТ ТРЕЗОР ОД ИКОНИ

Пишува: Милева ЛАЗОВА

На промоцијата на "Непознат трезор икони", директорот на Заводот, Лидија Дамјановска - Апостолска, истакна дека историјата на Македонија била мачна и тегобна, но сепак пркосна и оттаму уште поголема е вредноста на ваквите дела.
Петте икони од овој манастир може да се вбројат меѓу најценетите бисери во општата византиска колекција на икони.
Низ долгата своја историска егзистенција до самиот крај на ЏИЏ век, "Марковиот манастир" ја збогатувал својата ризница од книжевни и уметнички дела. Но, за жал бурните историски превирања и разни други околности придонеле голем дел од скапоценостите на богатиот трезор од икони, ракописни книги, црковни позлатени предмети да бидат отуѓени или неповратно уништени.
Во Музејот на град Скопје, беше промовирана монографијата од Петар Миљковиќ - Пепек, насловена како "Непознат трезор икони". Издавач на ова несекојдневно и вредно издание е Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, со финанскиска поткрепа од Министерството за култура. Еден од промоторите на монографијата беше академик Анте Поповски за која подвлече дека најновата фундаментална студија на Петар Миљковиќ - Пепек е голем празник за нашата византолошка наука.

sv.dimitrij.jpg

Икона "Св. Димитрија Милостив"

 

sv.jovankrstitel.jpg

Икона "Св. Јован Продромос"

"Непознат трезор икони" е исклучителна студија во која се елаборирани основните технички, технолошки и општи иконографски податоци за материјата која се анализира. Од оваа студија може да се осознае дека "Марков манастир" бил познат според големата ризница од книжевни и ликовни иконографски дела. Централно место во монографијата на господинот Миљковиќ се петте икони, "Св. Димитрија Милостив", "Св. Јован Продромос", "Исус Христос Пантократор и Животодавец", "Богородица Одигитрија" и "Архангел Михаил - Страшен Чувар" кои претставуваат најзначајна македонска колекција икони.

ЛИКОВНИ ВРЕДНОСТИ

Монографскиот труд на Петар Миљковиќ - Пепек н# запознава со споменатите пет икони од храмот на легендарниот крал Марко и е резултат на долгогодишни истражувања.

Во богатото историско минато на манастирската црква "Св. Димитрија" во близина на Скопје, крај селото Сушица, попозната како "Марков манастир" влегува долговековното создавање на икони с# до крајот на ЏИЏ век. Од некогашниот голем број икони кој го претставувале најраскошниот дел на храмот, денес, за жал, се сочувани само 42 иконописни дела од кои најголем дел се многу оштетени. Меѓу овој скромно зачуван број икони, најзначајно внимание заслужуваат петте најстари икони како најдрагоцена вредност на целата колекција икони од Марков манастир.

 

isus.hristospantokrator.jpg

 Икона "Исус Христос Пантократор и Животодавец"

 

bogorodica.odigitrija.jpg

Икона "Богородица Одигитрија"

Овие вредни икони од трезорот на "Марков манастир" некој претходно ги пресликал и се разбира, ги нагрдил, им ја избришал автентичноста, им ја одзел оригиналноста и ја заменил со нова. Судбоносниот преземен чин да се пресликаат овие пет икони во 1865 година од крушевскиот зоограф Никола всушност најмногу придонел да бидат скриени од очите на научниците нивните првобитни високи ликовни вредности за повеќе од едно столетие с# до конзерваторските зафати во 1993/96 година. Откако започнале постепено да се следат откривањата на првобитните иконографски, сликарски и ликовни вредности на овие икони, целосно излезе на виделина сјајот на нивниот оригинален сликарски израз со ново историско минато со што се наметнуваше и предизвикот за попрецизно расветлување. Поради овој факт, неопходно било пред овие икони кои претставуваат најзначајна колекција икони на македонската збирка да застане еден истражувач како што е господинот Пепек.

СКАПОЦЕНО ДАРЕНИЕ

Петте икони не се случаен наод или нивното откривање не е случајно. Уште од првите контакти со петте пресликани икони (пред 1973 година) и многу подоцна во неколку наврати пред да се преземат акциите за нивното транспортирање во конзерваторската лабораторија на Републичкиот Завод и Заводот на град Скопје, биле јасно забележани извесни првобитни иконографски и стилски елементи кај малите непресликани делови или лазурно пресликани партии кои дозволувале со сигурност да се верува дека петте икони се од времето на кралот Марко. Овие согледувања биле дотолку значајни што другите истражувачи кои претходно ги евидентирале овие икони ги датирале "во крајот на ЏИЏ и почетокот на ЏЏ век", или пак оние кои извршиле и сондажни испитувања на пресликата, исто така, не ги установиле сигурните основи за нивното постаро хронолошко потекло. По конзерваторските интервенции бил потврден фактот дека петте пресликани икони се неоспорно не само хронолошки најстари, туку и во ликовен поглед најквалитетни сликарски остварувања меѓу сите денес сочувани икони во колекцијата на "Марков манастир". Набргу било установено дека сликарот на овие икони припаѓа во редот на најугледните уметници оформени во цариградските сликарски работилници од последната деценија на ЏИВ век и почетокот на ЏВ век. По сите претходни анализи кои давале извесни сигурни основи за можното најшироко лоцирање на петте икони од Марков манастир, непходно е да се укаже и на можното детерминирање на потесните хронолошки граници на иконите. Имено, било забележано дека најшироките хронолошки граници се по 1376/77 година кога е изработена декорацијата на фреските во долната зона од црквата и првите децении на ЏВ век. Можностите да се дадат нешто потесни хронолошки граници за овие икони тесно се поврзани со разрешувањето на проблемот околу ктиторите или донаторите на овие икони. А овој проблем може да се разреши единствено со веројатната и поткреплива претпоставка дека иконите биле скапоцено дарение од византиската царица Елена Драгаш Палеолог, сопруга на царот Маноил ИИ Палеолог и ќерка на обласниот феудален владетел Константин Драгаш. Поточно, ова донаторство би можело да е само по 1395 година, односно околу 1400 година.

arhangel.mihail.jpg

Икона "Архангел Михаил - Страшен Чувар"

Без оглед на сите нови научни сознанија што се добиени преку анализите на петте икони во "Марков манастир", сепак неоспорен факт е дека нивните високи сликарски квалитети оправдано ги сместуваат меѓу врвните остварувања на византиските иконописни дела. Дури и со најстрогиот антологиски избор, петте икони од овој манастир може да се вбројат меѓу најценетите бисери во општата византиска колекција на икони. Откривањето на дела со толку високи ликовни вредности врз почвата на Македонија кон крајот на вториот милениум ја потврдува мислата дека овој простор с# уште претставува непозната земја за научните сознанија не само од најдалечно минато, туку и од блиското средновековие.

 

Овие пет ретко убави икони можат да се видат во галеријата на икони во Музејот на Македонија. 

http://users.stlcc.edu/mfuller/MonMarkoviObjects.html

http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija_06/Markov%20Manastir/default.htm

http://www.nis.org.yu/byzantium/doc/zbornik5/PDF-V/Elizabeta%20Dimitrova.pdf
 
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная