Иконопис- Кирил Златанов, кој живее и твори во Скопје
„Во идниот век верните ќе го видат Бога “лице во лице“, а иконата е почеток на тоа созерцание.“
Сечесната уметност на иконописот на Источната Православна Црква е свештена и литургиска уметност, како што се всушност и сите црковни уметности, кои имаат духовна цел и смисла. Целта на овие свештени уметности не е просто украсување на храмот со живопис, за да тој постане угоден и пријатен за неговите посетители или за да тие уживаат во слушање музика, туку за да тие бидат воздигнати во таинствениот свет на верата преку духовната лествица, која за свои скалила ги има свештените уметности: химнослови, псалмопевци, свештенопис и други уметности, кои сите заедно помагаат во душата на верните да се обликува таинствениот Рај.
Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, со сиромаштво изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот Завет се едноставни и краткоречиви, така и православниот иконопис е едноставен, без непотребни украси и суетна разметливост.
Фотиј Кондоглу
КИРИЛ ЗЛАТАНОВ
…е иконописец кој макотрпно и молитвено веќе дваесеттина години ја збогатува иконографската ризница на Православната Црква со своите иконописни остварувања. Неговиот ликовен израз, напојуван од изворите на светоотечката литература и делата на современото богословие за иконата, дополнет со извонредно познавање на старите иконографски обрасци, потсетува на најдобриот византиски иконопис со царски вкус. Секојдневниот молитвен и литургиски живот, запознаеноста со животот на Црквата, му овозможува на Златанов да твори икони натопени со молитвено тихување. Неговите икони освен македонската, ги збогатуваат и иконописните ризници на САД, Шпанија, Италија, Франција и други земји.
Православен благовесник бр.21
Адреса на живеење:
Тел.-
Посети: {moshits}