логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Охридската архиепископија - 
темел и континуитет на духовниот идентитет 
на родот македонски - кој се спасува во неа
(созерцание)


Велат дека дрво без корен не може, зашто ветровите ќе го оддуваат, водите ќе го однесат. Така и народ без своја историја не може, зашто силниците од овој свет ќе го пеплосаат, а соседите ќе го распарчаат. И како што дрвото свој плод дава, благодарејќи на храната што ја црпи преку своите корени, така и еден народ плод од своето постоење принесува, во слава на Бога, на Творецот на постоењето и во ризницата на добрата на целото човештво, благодарејќи на своите здрави и силни животворни историски корени. 
 Ivica.MPC.jpgНие, како род македонски, особено треба да сме им благодарни на своите животворни историски корени. Зашто, такви - какви што се, па и колку нашите душмани да се обидувале, а и сеште се обидуваат да ги сечат, кастрат и калемат - тие и понатаму пренесуваат и даруваат животворен сок и му даваат сила, идентитет, интегритет и смисла на нашето постоење во овој свет.
Особено важен живоносен корен во севкупното опстојување на нашиот народ е Охридската архиепископија, или како што некои велат, Црквата Христова во Македонија, но пред се во срцата, душите и крвта на Македонците. Историчарот Иван Снегаров - “синот на градот Охрид” - како што тој се нарекувал себе си, еден од најзадлабочените истражувачи на историјата на Охридската архиепископија, во предговорот на своето капитално дело посветено на истата, напишано во првата половина на 20 век, го пишува следново:
“ Еве, веќе 30 годино како поробена и бунтовна Македонија го држи Балканскиот полуостров во нервна треска и цела Европа во тревога. Страданијата не само што не се намалуваат, но од ден во ден се зголемуваат. Една вековна тиранија се заменува со друга, уште побезчовечна. И при сето тоа Македонија не умира, а со уште побуен пламен и со поголема упорност се бори за својата независност. Пред тој чудесен факт многумина набљудувачи неволно се запрашуваат - од каде таа земја маченица ја црпи својата нескршлива воља за слобода, својот непреклонен борбен дух? Одговорот го дава историјата: од своето долговековно минато, низ кое Македонија била самостојна културноисториска величина. Слободољубивиот и напреден дух, од кој е зачуден цивилизираниот свет, е вдахновен и развиван од нејзината автокефална Црква - Охридската архиепископија. “  
Тоа долговековно минато, за кое пишува Иван Снегаров, има свој, може слободно да се каже, мистичен почеток. Во Светите книги на Новиот завет, поточно, во книгата напишана од светиот апостол Лука посветена на делата на светите Христови апостоли е напишано следното:
“ Преку ноќта имаше Павле видение; стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогни ни! (Дела на св. апостоли. 16, 9)”


  Снегаров Иван, Историја на Охридската архиепископија, Том 1, Софија, 1995,стр - 2


Чуден повик за помош! Особено е битно прашањето за каков тип на помош се работи. Апостолот Павле не бил политичар, цар, генерал или некој моќен и богат човек, затоа што, кога некој народ има потреба од помош, се обраќа на вакви личност. Но, потомците на великиот визионер и крал Филип и на неговиот син, уште по великиот, и сеуште од историјата недоразбраниот Александар Македонски, не побарале помош од моќниците од овој свет, туку се обратиле до апостолот Павле, до ученикот на Спасителот на светот и Господарот на сите димензии на постоењето, до вочовечениот Син Божји, Исус Христос. И, погледнато од аспект на сегашноста, согледуваме дека повикот за помош бил на вистинско место. За многу кратко време по доаѓањето на апостолот Павле на територијата на Македонија, која во тоа време била  римска провинција и врата за Европа, учењето Христово - Евангелието - многу брзо било прифатено до тогашните Македонци, а и од останатите кои живееле на оваа територија. Биле создадени и првите црковни заедници кои ќе го формираат темелот, првин за првата голема црковна институција на овие простори - Јустинијана Прима, а потоа и за Охридската архиепископија, како нејзин духовен континуитет.
Од првите црковни заедници, во првиот век по Христос, во Филипи, Верија,Солун, Стоби, низ следните три века полека се развиле и епископските центри по македонските земји. Веќе на почетокот на четвртиот век на територијата на Македонија, која како римска провинција била поделена на МАЦЕДОНИА ПРИМА и МАЦЕДОНИА СЕЦУНДА, најпознати епископски центри се наоѓале во тогашните антички градови: Сцупи, Стоби, Баргала, Заппара Партикополис, Доберос, Лихнидос, Херацлеа Линцестис, Едесса, Пела, Пхилипи, Тхессалонике. . . И денес, после шеснаесет века, од тогаш изградените базилики (вид на црковен храм), крстилници, мозаици, фрески, првите теракотни икони најдени на Виничкото кале, близу тогашната Баргала, избива живоносниот сок кој ни дава идентитет и насока во историските пространства.
И сиот тој духовен, културен и цивилизациски подем, на нашите претци по дух и крв од овие простори, во античкиот период кулминирал во времето на великиот ромејски цар Јустинијан. Овој голем владател бил роден во селото Тауресиум , според историските и археолошките факти тоа денес би била областа Таор, недалеку од скопската општина Зелениково. Во спомен на своето родно место ромејскиот цар Јустинијан, во 535 година по Христос, го издигнува градот Јустинијана Прима кој станува црковен архиепископски центар на тогашната помесна автокефална Црква во македонските земји. Според претпоставките на историчарите и археолозите градот Јустинијана Прима би требало да се наоѓа некаде блиску до градот Скопје, но сеуште со сигурност никој ништи не може да потврди. Затоа археологот Анета Шукарова во својот труд “Духовната археологија на Јустинијана Прима” ќе напише:
“Јустинијана Прима е цврсто афирмиран топос и првокласен историски феномен, кој не е само предмет на духовната археологија, туку камен - темелник на нашата жива македонска црква, свето место кое еднаш втемелено останува да живее во век и веков, како што велат црковните отци.”  


  Микулчиќ Иван, Антички градови во Македонија, книга 8, Скопје, 1999, стр - 352
  Шукарова Анета, Старохристијанската археологија во Македонија, Скопје, 2003, срт - 128


Во крајот на шестиот и со почетокот на седмиот век по македонските земји се случува нешто, што во тоа време се случувало низ целата територија на европскиот континент, а тоа е големата преселба на народите. Според сведоштвата на Прокопиј , летописецот и секретарот на Велизар, генерал на војската на Јустинијан, племињата на Склавините и Антите започнале полека да продираат во земјите на ромеите. Во тој контекст, и во Македонија се случува населување и одселување на разни народи. Тешко може со сигурност да се потврди што точно се случувало на овие наши простори, но сепак, јазикот на словенските племиња Мијаци, Брсјаци, Смолјани, Струмјани, Драговити. . . започнува да преовладува над тогашниот официјален империјален латински и елински јазик, со кој се служел голем процент од жителите на тогашна Македонија. Од ова може да се заклучи дека поголемиот процент од населението по македонските земји веќе бил од словенско потекло. Но, силниот духовен христијанско - македонски цивилизациски корен започнува да ги храни и оплеменува новите жители на Македонија. Тие, како некое диво жилаво дрвце, се накалемиле на овдешниот вековен корен и историјата продолжува понатаму. Иаку Јустинијана Прима во еден момент згаснува, но затоа Охрид, древниот Лихнидос, воскреснува.
Ако на почетокот на новата ера, на овие наши македонски простори Творецот на постоењето промисли да ја открива својата воља и спасителна вистина преку светиот апостол Павле и неговите ученици, тогаш во деветиот век истото го направи преку светите браќа Кирил и Методи и нивните ученици. За нас, членовите на Народот Божји од родот македонски, од особена важност е еден нивен ученик, а тоа е светиот Климент Охридски - епископот словенски - како што тој се нарекувал. Според некои претпоставки  се смета дека свети Климент е роден околу 835 - 840 година во југозападните делови на Македонија. Во истата и се враќа по моравската мисија, во која учествувал како соработник на светите Кирил и Матоди, и по својот престој во бугарската престолнина Преслав на светиот кнез Борис Михаил. Тој, заедно со свети Наум Охридски, преку нивната мисионерска, просветна, образовна, организациона, преведувачка и многу други активности ги удираат духовните темели на идната Охридска архиепископија, но воедно и воскреснувајќи ја и древната Јустинијана Прима. Денес, на локалитетот Плаошник во Охрид, откако повторно се подигна манастирската црква на свети Климент, секој може да забележи дека истата се наоѓа на темелите на древна христијанска базилика. А и самото опкружување, останатите базилики, крстилници, мозаици, сведочат дека кога свети Климент ја започнал својата дејност во тогашниот Охрид, тој тоа го разбирал како продолжување на сведочењето на Христовото евангелие на македонските простори. Затоа и својот манастир, односно, својот духовен центар, универзитет, го изградил врз темелите на постар христијански духовен центар.
За тоа што свети Климент и свети Наум, а и нивните ученици и следбеници низ вековите, направија за нашиот духовен корен и идентитет сведочи и тоа дека без нив е скоро неможно да се говори за македонски христијански идентитет во сегашна смисла на зборот. Без нив, а особено без нивните духовни плодови и вредности, се враќаме во просторите на безименоста и примитивноста.


  Извори, Белград, 1921, стр - 3
  Свети Климент Охридски, Скопје, 1966, стр - 14

Ако Јустинијана Прима, како духовно - културно - цивилизациски плод, стана можна во времето на царот Јустинијан, така и Охридската архиепископија во сета своја полнота на црковна организираност стана можна за време на царот Самоил (991 - 1014). Тој, како син на комитот Никола - моќен аристократ во западните делови на тогашното прво бугарско царство - со своите браќа крева востание против бугарското владеење и со текот на времето ја стекнува титулата - цар. Во негово време Охрид бил прогласен за престолен град на неговото царство, а Охридската архиепископија била воздигната на ниво на патријаршија. Но визијата на царот Самоил за својот род, поради ред внатрешни и надворешни причини и гревови, траела кратко. Во летото 1014 на 29 јуни, под налетот на војските на Василиј ИИ Македонецот , војската на Самоил е победена и идејата за создавање царство или државотворност на македонските словени за момент изчезнала. Но, иаку царството се рушело, духовниот идентитет и понатаму продолжил. Победникот, царот Василиј ИИ, не ја укинал Охридската архиепископија. Тој од ниво на патријаршија, ја свел на архиепископија. Како резултат на мировниот договор кај Струмица, преку трите новели издадени на тогашниот архиепископ Јован , на освоените територии им е дадена политичка автономија, а на Охридската архиепископија и се потврдува нејзиниот автокефален статус.
И од тогаш разни царства, цареви, силници од овој свет владееле со Македонија и нејзиниот род. Но тоа владеење, тоа ропство било само надворешно, додека внатрешно, духовно, нашите претци биле слободни зошто нивната мајка Црква, Охридската архиепископија, духовно, просветно ги хранела и утешувала, а во исто време ги подготвувала за две суштински визии. Првата, вертикалната визија, била визијата за духовната вечна татковина - за Царството Божјо. А втората, хоризонтална визија, била за возобновена и слободна Македонија, а во неа слободен род македонски. Но непријателите, на овие две визии на нашиот род, знаеле за оваа наша тајна и затоа на сосем неканонски, неевангелски и нецрковен начин, со помош на султански  ферман во 1767 година ја укинуваат  Охридската архиепископија и нејзините епархии и верен народ ги припојуваат на Цариградската Патријаршија. Да, се укинува! Но дали со закон, со сосем формален акт и тоа од друговерна власт, може да се укине дух, визија, идентитет, светост, корен, живот. Укината е административната, надворешната страна, но духовната останала во умот, срцата, душите, во генот на македонските христијани, на македонските ученици Христови. И затоа секогаш кога Македонецот копнеел по слобода, копнеел и по својата мајка Црква, Охридската архиепископија.
Крсте Петков Мисирков, во своето за сите Македонци темелно дело “За македонските работи” премудро, вдахновено и визионерски пишува:
Да! Црквата треба да биде имено Една и Соборна, а не српска, грчка, бугарска. Црквата (се мисли на црковните институции на околните народи) кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелегенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат (очистат) Црквата во Македонија од чисто националните цели и да и' ги вратат оние цели што и ги заповедал нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици. Ако националните (религиозни) пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелегенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш  првото што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Една, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде “Архиепископија всеја Македонии”.  


  Тој бил од таканаречената династија на македонците основана од царот Василиј Први. Тие се нарекувале “Македонци”не затоа што биле такви по род, тука затоа што потекнувале од темата Македонија која едно време се простирала во северо - западна Тракија, скоро некаде пред Константинопол (Цариград). За тоа сведочи и историчарот  Г. Острогорски во своето дело - Историја на Византија, Белград, 1969,  стр- 229
  Белчовски Јован, Автокефалноста на МПЦ, Скопје, 1990, стр - 31


 Во 1967 година, по двеста години, надворешно и внатрешно ропство, македонските христијани, македонските членови на Народот Божји, на Црквата Христова, водени од силата  и притисокот, но и од одговорноста кон својот историски корен, во самостојна и слободна Македонија ја возобновуваат во потполност самостојноста на својата мајка Црква, Охридска архиепископија, во лицето на Македонската Православна Црква. Од тогаш, оние на кои им пречи тоа што сме, на кои им пречи силата на нашиот корен, но и силата на вистината за плодовите што досега сме ги изнедриле и ги изнедруваме како род и Народ Божји, и понатаму се борат да ни го одземат тоа што сме, пред Бога и пред целиот свет.
Но, и ние, а и они знаат, дека нашиот корен е силен и животвори преку тоа што изнедрува духовно силни личности кои знаат како да му служат искрено на Христа, на својот народ, но и на сите добронамерни луѓе од целиот свет,  во духот на вредностите на своите духовни и телесни предци, а во слава на Творецот на постоењето.


презвитер Ивица Тодоров

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная