логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Посветено на некои (всушност, на сите) од Либералната партија. Особено на либералниот пратеник со псевдоним „Ж“, според кој за сите нешта во овој свет е виновно воведувањето на веронауката во образованието: од проблемите меѓу учениците во Струга, до топењето на мразот на Антарктикот, а веднаш потоа и на Арктикот. 

Сергеј Фудељ
СВЕТЛИНАТА НА ЦРКВАТА
 
 CRKVA.Panoram.jpg
 
На Црквата ì е доверена светлината Бoжја
Св. Иринеј Лионски

 
ЖИВОТОТ НА ЦРКВАТА е продолжеток на животот на Исус Христос во историјата. Во тоа се состои сето објаснување на Црквата. Христос – на Неговата Тајна Вечера, на Голготата, и во Воскресението – во Неговата светост продолжува преку Светиот Дух да живее во телото на Црквата. Ние може да зборуваме само за таква, за навистина света Црква, зашто само таквата Црква е љубов и надеж на човештвото. Таа е светлина којашто во темнината свети, и мракот не ја опфаќа (Јован 1:5). И таа навистина постои: трагите на светите нозе ги гледаме и во нашите дни. Имаше доволно темнина во историјата. Црквата се обидувале да ја избришат од лицето на земјата многубожечките императори. Црквата се обидувале да ја изопачат сите еретици – од гностиците до Толстој. Но, за Црквата отсекогаш била пострашна внатрешната темнина: таа темнина не биле ниту турските султани, коишто јавно отсекувале глави, ниту луѓето што јавно или примитивно ги изопачувале догмите на верата и со самото тоа се одвојувале себеси од Црквата, туку онаа зла сила којашто, никаде не одвојувајќи се надворешно од Црквата, однатре го разјадувала црковното тело, освојувајќи ги ливадите на пороците внатре од црковната ограда. Оваа внатрешна темнина е последица на одвојувањето на верата од љубовта, вероучењето од животот (нагласеното со болд е мое; преведувачот), изградба на некоја илузорна, „символична“ вера, вера само на зборови, вера којашто не оди по патот на подвигот на љубовта, по патот на исполнувањето на заповедите.
„Верата ваша ве извишува во висини, а љубовта служи како пат кој води кон Бога. Заради тоа, сите вие сте сопатници еден на друг. Богоносци и храмоносци, светоносци, во сè украсени со заповедите на Исус Христос“ (Св. Игнатиј Богоносец, 1, с. 311).
Повик кон подвиг е повик кон лична Голгота, низ која човекот води борба против темнината внатре во себе, а со самото тоа – и внатре во Црквата. Тоа, всушност, е и големото дело на Христос во светот, „Неговата голема замисла“ – преку безбројни голготи на луѓето, низ нивната жртвена вера и љубов, низ светот да се разгори вселенското Воскресение. Во тоа е смислата на животот на Црквата. 
Повикот за подвиг го пронижува сето учење – и на апостолите, и на првите христијани, и на сите светии до ден-денешен.
„Да се облечеш во името Христово а да не одиш по патот Христов – нели е тоа предавство на името Христово?“ (Св. Кипријан Картагенски).
Внатрешната темнина е блест на Црквата. „Црквата е тело Христово. Тоа тело е изложено на полоши болести и зарази одошто нашата плот, побргу се повредува и побавно заздравува, - вели св. Јован Златоуст. – Во што друго се состои долгот на пастирт, ако не во тоа – да го покаже телото како достојно на непорочната и божествена Глава?“
Внатрешната болест на Црквата создава историски факт на истовремено постоење на два црковни аспекти или елементи: пченица и какол, коишто географски растат на иста парцела земја. „Црквата – тоа е божествено друштво на светии“ (Кронштатски), или, според Апостолот, - „Невеста Христова“. Таа на некој начин постои заедно или веднаш до луѓето што го носат нејзиното најсвето име, но не живеат во него. За да се приближиме до разбирањето на тоа – како е можно постоењето на доброто и на злото во просторот ограден со заедничка ограда – треба да се потсетиме на начинот на кој живее секој човек одделно.
Преп. Макариј Велики пишува дека во нас делува зло, како што на едно поле растат и пченица и какол. Во едно срце дејствуваат два вида живот: животот на светлината и животот на темнината. „Дух чист и Свет, живеејќи во душа којашто сè уште се наоѓа под влијание на лукавиот, ништо од тоа не позајмува; зашто, светлината во темнината свети, и мракот не ја опфаќа“.
Светата Црква „ништо не позајмува“ од темнината црковна, но таа темнина за сето време се стреми да ја „опфати“, на сосема ист начин на кој го прави тоа во животот на малата црква – во секоја поединечна човечка душа. Тоа е обид на злото, преку внатрешно умртвување на ткивото на црковното тело, да ја докаже илузорноста на нејзиното постоење, односно постоењето во практиката; не на соборите, туку на дело да ја покаже лажноста на догмите на Црквата. Ако сета насоченост на еретиците од првите векови била против богочовештвото на Главата на Црквата, преку обиди да се негира или Неговото Божество, или Неговата човечност, внатрешната зараза на црковните луѓе со порок има за цел да го покаже фактичкиот неуспех на целата Негова замисла. И макар што тие ереси против Црквата ги затапиле своите острици, оваа ерес на животот не само што нема никогаш да ослабне, туку, напротив, со наближувањето на крајот на историјата, нападите врз Црквата ќе бидат сè пострашни, за да се успее да се докаже дека никогаш во историјата го немало Телото Христово, повиткано со пелени или завиткано со плаштеницата.
Источната Црква и понатаму останува единствениот чувар на полнотата на апостолското учење за светоста на Црквата. Но, може ли неказнето долго да се чува учењето за светоста, а таа светост да не се чува во животот? Мошне е страшно, мошне е црковно одговорно нашето зло, което е само навидум приватното и неприметно. Во Црквата нема приватно и нема незабележливо. „Ако страда еден орган, тогаш страдаат сите органи“ (1 Коринтјаните 12:26). Секако дека ниту едно наше лично зло внатре во Црквата не е зло на светата Црква. Но тоа директно ја зголемува црковната болест, отсекувајќи ги „членовите Христови“.
...
Солзите на светиите за осиромашување на црковниот живот отворено докажуваат дека во црковната историја нема постојано издигање, туку дека постојат периоди на издигање и периоди на паѓање на духовниот живот. Всушност, во квантитативна смисла, во социјално-историските димензии, се реализира пророштвото од Евангелието за осиромашување на верата, а со самото тоа и на Црквата: „Синот Човечки, ког ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18:8). Се помалку има воздишки на слепите – „Помилувај ме!“, сè помалку ги има оние што страдаат од крвотечение, а коишто доаѓаат да се допрат до Неговата облека (Лука 8:45). Сè повеќе во нас, црковните луѓе, има духовно мртвило и, со самото тоа, сè помалку има благодат што нè преобразува. Другиот, мрачниот аспект на Црквата сè повеќе ја шири својата мртва област внатре во кругот на заедничката црковна ограда. Таков е текот на Црковната историја, претскажан од Евангелието, и никакви римски соништа за успешна културно-историска мисија на христијанството, за неговата победа во историјата, нема да го измени тој тек. Сонот за таквата победа на Христос во историјата претставува исконско неразбирање на Неговото дело во светот, и тоа не само од страна на старозаветното јудејство, коешто го распна Христа токму поради рушењето на тој сон во неговиот јудејско-националистички аспект, туку и од страна на голем број христијани.
Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа дека сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14:22-23).
Христос во историјата го спасува човекот, а не историјата, не светот, туку Црквата, односно само оние луѓе што ќе се „заљубат во Неговото јавување“. А за тие луѓе дадено е и едно друго пророштво во Евангелието: „...ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Матеј 16:18). Ниту темнината на историјата, ниту секој ден сè поголемата темнина на црковната реалност нема да ја изгаснат светлината на Црквата.

KRST.RUZA.jpg
 
 

И светлината во темнината свети, и мракот не ја опфати.

Михајловиќ Драган

[Се надевам дека овој текст нема да влијае врз објективноста на уставните судии во донесувањето на одлуката за (или против?) елмининирањето на веронауката од образовниот процес (по барање на погоре спомнатите либерали!). Од преведувачот.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3133
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7608
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная