логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Serafim.Sarovski1d.jpg25. За зборливоста
И еден разговор со оние што се со спротивен карактер, може да ја нагриза внатрешноста на внимателниот човек.
Меѓутоа, пожално од се е тоа што зборливоста може да го изгасне оганот, кој нашиот Господ Исус Христос, дошол да го фрли на земјата на човечките срца. Бидејќи, ништо во толкава мерка не го гаси тој оган, кој Светиот Дух го вдахнува во срцата на монасите за осветување на душата, како општењето, зборливоста и разговорите (Ис. Сир. Сл. 8).
Посебно е потребно да се чува од општење со женскиот пол. Како восочната свеќа која не е запалена, а сепак се топи ако се стави покрај оние што горат, така и срцето на монахот незабележително се раслабува заради разговорите со женскиот пол. За тоа свети Исидор Пилусиот зборува: (според Писмото), злобните разговори ги расипуваат добрите обичаи. Така и разговорот со жените, макар да е и добар, може да го расипе внатрешниот човек со тајни осквернати помисли. Така може да се случи телото да остане чисто, а душата да стане нечиста. Што е потврдо од камен и што е помеко од вода. Па сепак, секојдневната упорност ја совладува и природата. Кога природата, која тешко се менува, како што е каменот, се менува и се троши, и тоа од работи кои немаат никаква сила, како што е водата, што ли ќе биде со човечката волја, која лесно се двоуми? Зарем таа нема да биде победена и преобратена заради долготрајната навика (Ис. Пилус. Пис. 84; Жит. 4 февруари)?
Затоа, за чување на внатрешниот човек неопходно е јазикот да се воздржува од празнословие: разумниот човек молчи (Изрек. 11, 12), и: кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја (Изрек. 13, 3). Треба да се сеќаваме на зборовите на Јов: "Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица" (Јов. 31,1), и на зборовите на нашиот Господ Исус Христос: "Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое" (Мат. 5, 28).
Пред добро да се ислуша нешто за некоја работа, не треба да се одговара: "Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е, тоа е срам за него" (Изрек. 18,14).

26. За безмолвието
Преподобниот Варсануфие учи: "Додека бродот е на море, трпи неволји и разбранетост на ветровите, а кога ќе стигне до тивко и мирно пристаниште, повеќе не се плаши од неволји и таги и од налети на ветрови, туку останува во тишина. Така и ние, монаху, се додека си со луѓето, очекувај неволји, таги и налети на мислени ветрови, а кога ќе стапиш во безмолвие, нема веќе од што да се плашиш" (Варс. Одг. 8, 9).
Совршено безмолвие е крст на кој човекот треба да се распне со сите свои страсти и алчности. Но, размисли за тоа колку нашиот Владика Христос однапред претрпел навреди и потсмевања, за потоа да се качи и на крстот. Така и ние не можеме да дојдеме до совршено безмолвие, ниту да се надеваме на свето совршенство, доколку не пострадаме со Христа. Бидејќи, апостолот вели: ако со Него страдаме, со Него и ќе се прославиме (спор. Рим. 8,17). Друг пат нема (Варс. одг. 342).
Оној кој стапил во безмолвие, треба секогаш да се сеќава зошто стапил, за срцето да не му се врзе за нешто друго.

27.  За постот
Подвигоположникот и Спасител наш, Господ Исус Христос, пред стапувањето на подвигот за избавување на човечкиот род, се укрепил со долготраен пост. Сите подвижници, исто така, пред да почнат да Му служат на Господа, се наоружувале со пост. Поинаку не стапувале на крсниот пат, туку со подвигот на постот. Успехот во подвижништвото, ие го мереле со успехот во постот.
Постот не се состои во тоа да се јаде еднаш, туку во тоа да не се јаде многу. Неразумен е оној испосник, кој чека до одреденото време, а тогаш на трпезата се предава на ненаситно јадење и со телото и со умот. Кога се работи за расудување за храната, треба да се внимава на тоа да не се прави разлика меѓу вкусните и невкусни јадења. Тоа дело, инаку својствено за животните, не е пофално за разумниот човек. Ние од пријатната храна се одрекуваме за да ги смириме немирните делови на телото и за да дадеме слобода на дејственоста на духот.
Вистинскиот пост не се состои единствено во истоштување на телото, туку и во тоа, оној леб што сакаме да го изедеме, да им се даде на гладните.
Кон строг пост светите луѓе не пристапувале одеднаш. Тие постепено, малку по малку, се навикнувале на скромна храна. Навикнувајќи го својот ученик Доситеј на пост, преподобниот Доротеј од неговата маса постепено одделувал мало парче леб, така што неговата секојдневна храна од четири фунти, на крајот дошла на осум лоти леб.
Покрај сето тоа, светите испосници, на чудење на другите, не знаеле за слабост, туку секогаш биле бодри, силни, и подготвени за дело. Болестите меѓу нив биле ретки и животот им траел необично долго.
Духовниот живот доаѓа до совршенство и се појавува во чудесни појави, по мерка во која телото на испосникот станува тенко и лесно. Тогаш духот ја врши својата дејност како во болно тело. Надворешните сетила како да се затвораат, а умот, одделувајќи се од земјата, се вознесува на небо и целосно се потопува во согледување на духовниот свет.
Сепак, не може секој да го прими строгото правило на воздржување во се, или да се лиши од се што може да служи како олеснување во немоќите. "Кој може да прими, нека прими" (Мат. 19,12).
Храната треба секојдневно да се употребува колку што е неопходно за телото, крепејќи се, да биде пријател и помошник на душата во извршувањето на доблестите. Во спротивно, може да се случи да ослат бее и душата, доколку телото се истошти.
Во петок и во среда, и особено во деновите на четирите поста, храната, по примерот на светите отци, употребувај ја само еднаш дневно, па ангелот Господов ќе се прилепи покрај тебе.

28.  За подвизите
Не треба да земаме подвизи кои се над нашата мерка, туку да се грижиме нашето тело, нашиот пријател, да биде верно и способно за извршување на доблестите.
Треба да се оди по средниот пат, не скршнувајќи ни десно, ни лево (Изрек. 4,27). На духот треба да му се дава духовно, а на телото Тз телесно, што е потребно за одржување на привремениот живот. Исто така, не треба да се одбива што заедничкиот живот според законот го бара од нас, согласно зборовите на Писмото: "Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога" (Мат. 22,21).
Потребно е да се снисходува и на својата душа и на нејзините немоќи и несовршенства, трпејќи ги нејзините недостатоци како што ги трпиме недостатоците на ближните. Меѓутоа, човекот не треба ниту да биде мрзлив, туку постојано да се поттикнува на подобро.
Ако си изел многу храна, или си направил нешто друго што и доликува на човечката слабост, немој да се вознемируваш, додавајќи штета на штета, туку храбро поттикни се на исправување, грижејќи се да го зачуваш душевниот мир, според зборовите на апостолот: "Блазе на оној, кој не се осудува себеси за она што нашол дека е добро" (Рим. 14,22).
Телото исцрпено од подвизи или од болести, треба да се поткрепи со умерен сон, со храна и со пиење без да се гледа на времето. Исус Христос по воскреснувањето на Јаировата ќерка, наредил веднаш да и дадат да јаде (Лука 8, 55).
Ке биде неразумно ако самоволно го истоштиме телото до таа мерка, и духот да ослаби. Тоа е неразумно, макар да се прави и заради стекнување на доблести.
До триесет и пет години, т.е. до половината од земниот живот, човекот има голем подвиг да се зачува. Многумина до тие години не издржале во доблестите, туку свртеле од вистинскиот пат поради своите желби, како што за тоа сведочи свети Василие Велики (во беседата на почетокот на Расказите). Многумина собрале многу во младоста, но на средината од животот, поради искушенија од лукавите духови, не ја издржале бурата, лишувајќи се од се.
За да не се доживее таков пресврт, потребно е да се испитуваме себеси како на вага и внимателно да се следиме, според учењето на свети Исаак Сирин: "Секој својот живот треба да го измери на вага" (Сл. 40).
Секој успех во било што треба да Му го припишуваме на Господа и со пророкот да говориме: Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава" (Псалм. 113, 9).

29. За внимателноста кон искушенијата
Секогаш треба да сме внимателни во однос на нападите на ѓаволот. Бидејќи, како може да се надеваме дека тој ќе не остави без искушенија, кога не го оставил ниту нашиот Подвигоположник и Началник и Совршител на верата, Господ Исус Христос? Господ му рекол на апостол Петар: "Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица" (Лука 22, 31). Затоа, должни сме постојано со смирение да Го повикуваме Господа и да се молиме да не пушта на нас искушенија кои се над нашата сила, туку да не избави од лукавиот.
Бидејќи, кога Господ ќе го препушти човекот сам на себе, тогаш ѓаволот е подготвен да го сотре, како што воденичкиот камен го мели пченичното зрно.

30. За тагата
Кога злобниот дух на тагата завладее со душата, тој ја полни со горчина и непријатност инеи дозволува молитвата да ја извршува со прилична усрдност, и пречи во читањето на Писмото да се занимава со достојното внимание, ја лишува од кроткоста и благодушноста во општењето со браќата и во неа раѓа одвратност кон било каков разговор. Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа. Тагата е црв на срцето, кој ја гриза мајката што го раѓа.
Тажниот монах не го воздигнува својот ум до согледување, ниту некогаш може чисто да се помоли.
Кој ги победил страстите, ја победил и тагата. Како што болниот се препознава по бојата на лицето, така и страсниот го изобличува тагата. Кој го сака светот, не може а да не тагува. А оној кој го презрел светот, секогаш е весел.
Како што оганот го чисти златото, така и тагата по Бога го чисти гревовното срце (Ант. Сл. 25).

31. За нетрпеливоста и унинието
Покрај духот на тагата, неразделно дејствува и нетрпеливоста. Таа, според отците, го напаѓа монахот околу пладне и во него предизвикува толку страшен неспокој, што и местото на живеење и браќата кои живеат со него му изгледаат неподносливи. При читањето кај него се јавува некаква одвратност и постојано проѕевање, како и силен глад. По наситувањето на стомакот, демонот на нетрпеливоста го предизвикува да излезе од ќелијата и да проговори со било кого, подметнувајќи му ја мислата дека, доколку не го стори тоа, нема да може да се избави од тешкотиите. Монахот кого го совладала нетрпеливоста е сличен на пустинска грмушка која ја носи ветрот, па во еден миг застанува, па пак почнува да се движи. Тој е како безводен облак, кого ветрот го гони.
Доколку не може да го извлече монахот од ќелијата, овој демон почнува да му го расејува умот за време на молитвата и читањето. "Тоа - му вели помислата - не е како што треба", или: "Тоа не е овде и треба да се доведе во ред", правејќи се за умот да го направи празен и бесплоден.
Оваа болест се лекува со молитва, воздржување од празнословие, ракотворба сообразна со силата, читање на словото Божјо и со трпение, бидејќи и се раѓа од малодушноста, мрзливоста и од празнословието (Ант. Сл. 26).
Неа тешко може да ја избегне оној кој почнува со монашкиот живот, бидејќи таа прва го напаѓа. Затоа, пред се е важно послушаникот да се чува од неа преку строго и безпоговорно исполнување на своите обврски кои му се налагаат. Послушанието е најдобар лек против оваа опасна болест.
Кога те напаѓа нетрпеливост, кажувај си го она што го советува преподобниот Исаак Сирин: "Ти пак сакаш нечистотија и срамен живот. И ако помислата ти рече: Толем грев е да се убиеш', ти кажи и: Тас се убивам (преку воздржување) затоа што не можам да живеам нечисто. Ќе умрам овде за да не ја видам вистинската смрт на својата душа во однос на Бога. Подобро овде да умрам за чистотата, отколку во светот да живеам зол живот. Јас ја одбирам таа смрт, наместо своите гревови. Ќе се убијам затоа што Му згрешив на Господа и повеќе нема да го разгневувам. Што ми значи живот далеку од Бога? Ќе ги поднесам овие неволји, за да не се лишам од небеската надеж. Што ќе Му е на Бога мојотживот, ако живеам лошо иако Го разгневувам'" (Сл. 22). Едно е потиштеност, а друго е мака на духот, која се нарекува униние. Човекот понекогаш се наоѓа во таква состојба на духот, што му се чини дека ќе му е полесно да исчезне или да е без ниту едно сетило и свест, отколку и понатаму да остане во таа неутешно мачна состојба. Човекот треба да брзо да излезе од неа. Пази се од духот на унинието, бидејќи од него се раѓа секое зло (Варс. одг. 73, 500).
Постои природно униние, учи свети Варсануфие, кое настанува од немоќите, а постои и униние од демонот. Сакаш ли да ги препознаваш? Испитај ги вака: Демонското вообичаено доаѓа пред времето за одмор. Бидејќи, кога некој си даде задача да направи нешто, пред да се исполни една третина или една четвртина од делото, тоа предизвикува да се остави работата и да се стане. Тогаш не треба тоа да се слуша, туку е потребно да се моли и да се седи на делото со трпение. Кога ќе види дека тој се моли за тоа, непријателот ќе се оддалечи, бидејќи не сака да дава повод за молитва (Варс. одг. 562).
"Кога Му е угодно на Бога - вели свети Исаак Сирин - човекот да го подложи на големи неволји, попушта да падне во рацете на малодушноста. Таа во него раѓа голема сила на униние во кое тој чувствува духовна тешкотија, што е предвкус на геената. Како последица на тоа доаѓа духот на неприсебност, од кого произлегуваат илјада искушенија: вознемирување, гневност, хулење, мрморење на својот удел, лоши помисли, преселување од место на место и сл. Ако прашаш: ТСоја е причината за тоа?', ќе ти кажам: Твоето невнимание', бидејќи не се потруди да најдеш лек за него. Бидејќи лекот за сето тоа е само еден. Со негова помош човекот бргу наоѓа утеха во својата душа. каков лек е тоа? Смиреноумие на срцето. Со ништо друго човекот не може да ја сруши оградата на тој порок, бидејќи наоѓа дека е посилен од него" (Ис. Сир. Сл. 79).
Унинието понекогаш кај отците се нарекува безработие, мрзливост и залудност.

32.  За очајот
Како што Господ се грижи за нашето спасение, така и човекоубиецот - ѓаволот се труди човекот да го доведе до очај.
Очајот, според учењето на свети Јован Лествичник, се раѓа или од свеста за многубројните гревови, одочајот на совеста и неподнослива тага (при која душата, покриена со многу рани, заради неиздржливата болка се потопува во длабочината на очајот), или од гордост кога некој се смета недостоен за гревот во кој паднал. Првиот облик на очај го влече човекот во сите пороци без разлика, а при очајот од втор вид, човекот се уште се држи до својот подвиг, што, според зборовите на Јован Лествичник, не одговара на разумот. Првото се лекува со воздржување и со добра надеж, а второто со смирение и со неосудување на ближниот (Лест. 26).
Возвишената и крепка душа не очајува при несреќите, какви и да се. Предавникот Јуда бил малодушен и неискусен во борбата, заради што, непријателот, гледајќи го неговиот очај, го нападнал и го принудил да се удави. Меѓутоа Петар, како тврд камен и како искусен во борбата, не паднал во очај, ниту го загубил духот кога паднал во голем грев, туку пролил горки солзи од врелото срце. Непријателот, кога ги видел, му се чинело дека оган му ги пали очите и побегнал далеку.
"Според тоа, браќа - учи преподобниот Антиох - да не му се покоруваме на очајот кога ќе не нападне, туку да се крепиме и да се оградуваме со светлината на верата, па со голема храброст да му кажеме на лукавиот дух: Што имаме ние со тебе, туѓ Богу, бегач од небото и лукав слуго? Ти не смееш ништо да ни сториш. Христос, Синот Божји има власт и над нас и над сите. Нему Му згрешивме, Он и ќе не оправда. А ти, погубен, бегај од нас. Засилени со Неговиот чесен крст, ние ја смачкуваме твојата змиска глава'" (Ант. Сл. 27).

33. За болестите
Телото е слуга на душата, а душата е царица. Затоа истоштувањето на телото со болести претставува милосрдие Господово, бидејќи од него слабеат страстите и човекот доаѓа при себе. Впрочем, и самата телесна болест понекогаш се раѓа од страстите.
Отфрли го гревот и нема да има ниту болести, бидејќи болестите кај нас се појавуваат заради гревовите, како што тврди свети Василие Велики (Слово за тоа дека Бог не е предизвикувач на зло). Од каде се немоќите? Од каде се телесните повреди? Господ го создал телото, а не болестите, душата, а не гревот. Што е најкорисно и најпотребно? Соединување со Бога и општење со Него, со посредство на љубовта. Губејќи ја љубовта, ние отпаѓаме од Него, а отпаѓајќи се подложуваме на различни немоќи.
Поднесувањето на болестите со трпение и со благодарност е еднакво на подвиг, или дури и повеќе од него.
Страдајќи од водена болест, еден старец им зборувал на браќата кои доаѓале со желба да го лекуваат: "Отци, молете се мојот внатрешен човек да не подлегне на некоја слична болест. Што се однесува пак, на оваа болест, јас Го молам Бога да не ме ослободи бргу од неа, бидејќи нашиот внатрешен човек од ден на ден се подновува (2. Кор. 4,16).
Ако Му е угодно на Господа Бога човекот да ја искуси болеста на себе, Он ќе му даде и сила да ја претрпи.
Затоа, болестите нека бидат од Бога, а не од нас самите.

34. За должностите и љубовта кон ближните
Со ближниот треба да се однесуваме нежно, не земајќи дури ни изглед кој би можел да навреди.
Кога презираме човек или кога го навредуваме, на нашето срце како да легнува камен.
Треба да се трудиме духот на вознемиреност или малодушен човек да го бодриме со зборови на љубов.
"Ако братот греши - советува свети Исаак Сирин - покриј го". Откриј ја својата риза над оној кој греши и покриј го. На сите нас ни е потребна милоста Божја, како што пее Црквата: "Кога Господ не би бил со нас, кој би можел да остане здрав од непријателот, кој покрај тоа е и човекоубиец?"
Во однос кон ближните треба да сме чисти, како со зборови, така и со мисли. Ние треба да бидеме еднакви кон сите, инаку својот живот ќе го направиме некорисен.
Ближниот не треба да го сакаме помалку од себе, според заповедта Господова: "Љуби го својот ближен како себеси" (Лука 10, 27). Сепак, таа љубов кон ближниот не треба да ја преминува границата на умереност, одвлекувајќи не од исполнување на првата и главна заповед, т.е. љубовта Божја, како што за тоа учи нашиот Господ Исус Христос: "Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене" (Мат. 10, 37). За таа работа многу добро расудува свети Димитрие Ростовски (т. 2, поу. 2). Тој ја опишува неправедната љубов кај човекот христијанин, кај кого тварта се изедначува со Творецот, или каде што повеќе се почитува творевината отколку Творецот. Тој ја опишува и правилната љубов, каде што единствено Создателот се љуби и се почитува над сите созданија.

35. За должностите на потчинетите кон старешините
Не треба да се меша во управните работи и да се суди за нив, бидејќи со тоа се навредува Божјото величие. Он поставува власт: зашто нема власт, што не е дадена од Бога (Рим. 13,2).
Не треба да се спротивставуваме на властите за да ни биде добро, да не грешиме пред Бога и да не бидеме подложени на неговата праведна казна. Оној што им се спротивставува на властите, се спротивставува на Божјата наредба, а кој и се спротивставува на неа, грев е.
Треба да им се потчинуваме на старешините, бидејќи послушните многу придонесуваат во изградувањето на својата душа. Освен тоа, тој со тоа стекнува и разбирање.на работите и доаѓа до умиление.

36. За неосудувањето на ближниот
Никого не треба да осудуваме, па макар и со сопствени очи да видиме дека некој греши или истрајува во кршењето на Божјите заповеди, според Божјите зборови: "Не судете, за да не бидете судени" (Мат. 7,1), и пак: "Кој си ти што му сусдиш на туѓ слуга? Пред својот господар тој стои или паѓа. Но ќе биде исправен, зашто Бог е моќен да го исправи" (Рим. 14,4).
Многу подобро е да се сеќаваме на апостолските зборови: Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне" (1. Кор. 10,12). Бидејќи, не е познато колку време ќе опстоиме во доблестите, како што говори пророкот кој од искуство тоа го спознал: "И јас си реков во изобилието мое: Нема да се поколебам довека'. Но Ти го сокри лицето Свое и јас се збунив" (Псалм. 29, 6 - 7).
Зошто ги осудуваме своите браќа? Затоа што не се трудиме да се спознаеме самите себе. Кој е зафатен со спознание на самиот себе, нема кога да ги забележува другите. Осудувај се себеси и ќе престанеш да ги осудуваш другите.
Себеси треба да се сметаме за погрешни од сите и секое лошо дело да му го простуваме на ближниот, додека само ѓаволот треба да го мразиме, бидејќи тој го измамил. Ни се случува да ни се чини дека другиот лошо постапува, додека заради неговата добра намера тоа всушност е добро. Освен тоа, вратата на покајанието им е отворена на сите и не се знае кој прв ќе помине низ неа - оној кој суди или кого го осудуваат.
Осудувај ги лошите дела, а извршителот не суди го. "Ако го осудуваш ближниот - учи преподобниот Антиох - заедно со него се осудуваш и себеси за истото тоа за што го осудуваш него. Не сме ние должни да судиме или да осудуваме, бидејќи тоа му доликува единствено на Бога, Големиот Судија, Кој ги знае нашите срца и скриените страсти на природата" (Ант. 49).
За да го избегнеме осудувањето, потребно е да внимаваме на себе, од никого од страна да не примаме помисли и да бидеме мртви за се.
И така, љубени, да не ги следиме туѓите гревови, ниту да им судиме на другите, за да не слушнеме: "Синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч" (Псалм. 56,4).

37.  За простувањето на навредите
За навредата што ни се нанесува, каква и да е, не само што не треба да се осветуваме, туку напротив, на оној кој не навредил треба да му простиме од срце, па макар тоа и да се спротивставува. Ние треба да го поттикнуваме на тоа со Божјите зборови: " Ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите" (Мат. 6,15) и пак: "Молете се за оние што ве навредуваат" (Мат. 5, 44).
Во срцето не треба да гаиме злоба или омраза кон ближниот кој непријателски е расположен кон нас, туку треба да го сакаме и, колку што е можно, да му правиме добро, следејќи го учењето на нашиот Господ Исус Христос: "Љубете ги непријателите свои... правете им добро на оние што ве мразат" (Мат. 5, 44).
Кога некој те навредува или ја нарушува твојата чест, на секаков начин обиди се да му простиш, според евангелските зборови: "Секому, кој ти бара, подај; а од оној, што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати" (Лука6,30).
Бог ни заповедал да бидеме непријатели само со змијата, т.е. против оној кој од почетокот го измамил човекот и го истерал од рајот - против човекоубиецот - ѓаволот. Освен тоа, наредено ни е да непријателствуваме и против мадијанчаните, т.е. против нечистите духови на блудот и нечистотијата, кои во срцето сеат нечисти и осквернати помис-ли.
Да ги поддржуваме оние кои Бог ги засакал. Да ја поддржуваме кроткоста на Давид, за кого преблагиот и благољубив Господ рекол: "Најдов човек по моето срце, кој ќе ги исполни сите мои барања". Он така зборува за Давид кој е незлопамтив и добар кон своите непријатели. Да не правиме и ние ништо во освета на својот брат, за, според зборовите на преподобниот Антиох, нашата молитва да не биде задржана.
Бог за Јов сведочи дека е незлобен човек (Јов 2, 3). Јосиф не им се светел на браќата кои му мислеле зло. Авел со простосрдечност и без сомнеж тргнал по својот брат Каин.
Според сведоштвото на Божјите зборови, сите свети живееле како незлобни. Јеремија, беседејќи со Бога (Јер. 18, 20) велел за Израел кој го гонел: Зарем зло се враќа за доброто?... Спомни си дека стоев пред тебе говорејќи за нивно добро (Ант. Сл. 52).
Доколку се трудиме, според своите сили, да го исполниме сето ова, можеме да се надеваме дека во нашите срца ќе засветли божествената светлина која ќе ни го осветлува патот кон горниот Ерусалим.

38.  За трпението и за смирението
Треба секогаш да трпиме и тоа со благодарност, заради Бога, па макар што и да се случи.
Нашиот живот е еден момент во однос на вечноста. Затоа, според апостолот, страдањата во сегашноста не се ништо спрема славата што ќе ни се открие (Рим. 8,18).
Навредите од другите треба да ги поднесуваме рамнодушно, и да се приучуваме на такво расположение на духот, со кој би сметале дека тие се однесуваат на некој друг, а не на нас.
Со молчење поднесувај кога те навредува непријателот. Тогаш единствено на Господа откривај му го своето срце.
Кога луѓето не навредуваат, треба да сметаме дека сме недостојни за пофалба. Бидејќи, ако сме достојни, сите би ни се поклонувале.
Секогаш и пред сите треба да се понижуваме, според учењето на свети Исаак Сирин: "Понижувај се себеси и ќе ја видиш славата Божја насебе" (Сл. 57).
Кога нема светлина, се е темно. Така е и со човекот кој нема смирение. Во него има единствено темнина.
Затоа, да го засакаме смирението и ќе ја здогледаме славата Божја. Каде што се точи смирение, таму и славата Божја се истакнува.
Како што незагреаниот и неомекнат восок не може да го прими печатот кој се става на него, така ни душата која не е испробана со труд и немоќ, не може на себе да го прими печатот на Божјите доблести. Кога ѓаволот го напуштил Господа, му пришле ангелите и почнале да Му служат (Мат. 4,11). Значи, ако за време на искушенијата, ангелите Божји и се оддалечат од нас, сепак тие се близу и бргу ќе ни пристапат и ќе не послужат со божествени помисли, умиление, сладост и трпение. Душата која се труди, се стекнува и со други совршенства. Затоа свети пророк Исаија вели: "А оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат" (Иса. 40, 31).
Така трпел и најкроткиот Давид. Бидејќи, кога Семеј го навредувал и фрлал камења на него, велејќи: Иставај се беззаконику, тој не се лутел. Кога Авес негодувал велејќи: Зошто овој мртов пес зборува лошо за госиодарош мој, за царош?, тој му се заканил велејќи: "Осшавеше го, нека зборува лошо, зашто ќе ми воздаде Господ добро..." (2. Цар. 16, 7-12).
Заради тоа тој подоцна и воскликнал: "Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене и ја чу молитвата моја" (Псалм. 39, 1). Кога чедољубивиот татко ќе види дека синот му живее неуредно, тој користи казна за да го исправи, а кога ќе види дека е малодушен и дека казната тешко ја поднесува, тој го утешува. Така со нас постапува и благиот Господ и Отец наш, употребувајќи, по Своето човекољубие, се за наша корист - како утехи, така и казни. Затоа и ние како послушни деца сме должни да Му благодариме на Бога и кога се наоѓаме во неволји. Бидејќи ако Му благодариме само кога се ни успева, ќе бидеме слични на неблагодарните Јудеи, кои откако се наситија од чудесната трпеза во пустината, велеле дека Христос навистина е пророк, сакајќи да Го направат цар. Меѓутоа, кога им рекол: работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за живот вечен, тие Му одговориле: Каков знак ќе ни покажеш... Татковците наши јадеа мана во пустината (Јован 6, 27-31). Токму на таквите се однесуваат зборовите: Ке те исповедуваат, т.е. ќе те слават, кога ќе му направиш добро. Таквите нема никогаш да видат светлина (Псалм. 48,19).
Затоа апостол Јаков не учи: "Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, а потоа додава: Блажен е оној човек, кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде испитан, ќе добие венец на животот (Јак. 1, 2-4; 12).

39.  За милостината
Треба да се биде милостив кон бедните и кон патниците. За тоа многу се грижеле големите светилници и отци на Црквата.
Со оваа доблест се исполнува Божјата заповед: "Бидете милостиви како што е милостив вашиот отец" (Лука 6, 36), а исто така и: "Милост сакам, а не жртва" (Мат. 9, 13). Затоа треба на секој начин да се трудиме да ја стекнеме.
Оние што се мудри, внимаваат на овие спасоносни зборови, а неразумните не внимаваат. Затоа и наградата не е еднаква, како што е речено: "Кој скржаво сее, скржаво ќе жнее, а кој богато сее, богато и ќе жнее"(2. Кор. 9,6).
Примерот на Петар лебарот (Жит. 22 септември), кој за парчето леб што му го дал на сиромавиот, добил простување на сите свои гревови, (како што му било покажано во видението) нека не поттикне и ние да бидеме милостиви кон ближните. Бидејќи и малата милостина може да стори многу за стекнување на Царството небесно.
Ние треба да даваме милостина со благодарност, согласно со учењето на свети Исаак Сирин: "Ако им даваш нешто на оние кои имаат потреба, на давањето нека му претходи весело лице и твоите благи зборови нека ја утешат неговата мака" (Сл. 89).

40.  Поука за монахот почетник*
Без разлика дали по совет, или по одлука на други, или на некој друг начин да си дојден во ова братство, немој да паѓаш со духот, бидејќи се работи за посета Божја. Ако го исполниш она што ќе ти го кажам, ќе се спасиш сам, а и твоите блиски за кои се грижиш: "Не видов, вели пророкот, оставен праведник, ниту потомците негови леб да просат" (Псалм. 36, 25). Живеејќи во ова братство, почитувај го следново: кога стоиш во црквата, следи се без пропуштање и научи го целиот црковен поредок, т.е. вечерната, повечерието, полуноќницата, утрената, часовите, и сето тоа имај го на ум.
Ако се наоѓаш во ќелијата без ракотворба, земи и читај, особено Псалтирот. Потруди се секоја катизма да ја прочиташ многу пати за се да се задржи во твојот ум. Ако имаш ракотворба, работи ја, а ако те ви-каат на послушание, побрзај да го исполниш. Кога ракотвориш или каде и да си на послушание, постојано кажувај ја молитвата: "Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот". За време на молитвата внимавај на себе, т.е. умот нека ти е собран и соединет со душата. Од почетокот, еден ден, два или повеќе, извршувај ја оваа молитва само со умот, одделно, внимавајќи на секој збор. Потоа, кога Господ ќе го загрее твоето срце со Својата благодат и кога ќе ја соедини во еден дух во тебе, ќе потече во тебе постојана молитва и секогаш ќе биде со тебе, насладувајќи те и хранејќи т.е. Тоа е она што го рекол пророк Исаија: "Твојата роса е росата на растенијата..." (Иса. 26, 19). Ако ја чуваш во себе оваа духовна храна, т.е. беседата со Бога, зошто би одел по ќелиите на браќата, дури и кога би те повикувале? Вистина ти кажувам дека, тоа празнословие е склоност кон мрзливост. Ако себеси не се сфаќаш, можеш ли да расудуваш за било што или други да учиш? Молчи, постојано молчи, секогаш сеќавајќи се на божјото присуство и на Неговото име. Со никого не стапувај во разговор, туку на секој начин внимавај да не ги осудуваш оние кои многу разговараат или се смеат. Во таков случај биди нем и што и да зборуваат за тебе, пропуштај го покрај ушите. Земи го за пример Стефан Нови (Жит. 28 ноември), чија молитва била постојана, карактерот кроток, устата молчалива, срцето смирено, духот умилен, телото и душата чисти, девственоста непорочна, сиромаштвото вистинско, нестекнување без мрморење, покорувањето внимателно, дејствувањето трпеливо и трудот срдечен.
Кога седиш на трпезата не гледај и не суди кој колку јаде, туку внимавај на себе, хранејќи ја душата со молитва. На ручек јади доволно, а на вечерата воздржувај се. Во среда и во петок, ако можеш, јади еднаш. Секојдневно, ноќе спиј по четири часа: 10,11,12 и еден час по полноќ. Ако се истоштиш, можеш да отспиеш дење. Почитувај го ова се до крајот на животот, бидејќи тоа е потребно за успокојување на твојата глава. И јас во младоста почитував таков пат. Ние секогаш Го молиме Господа Бога да се одмориме ноќе. Ако така се чуваш, нема да имаш униние, туку ќе бидеш здрав и весел.
Ти ја зборувам вистината, ако така се однесуваш, ќе живееш во своето братство се до смртта. Смирувај се и Господ ќе ти помогне и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја - како пладне" (Псалм. 36, 6), па светлината твоја ќе светли пред луѓето (Мат. 5,16).

41. Одговор на еден брат кој барал совет за живеење пустински живот
Со намера да се оддалечи во пустина, еден монах дошол кај отец Серафим, кој живеел во пустина, и го прашал: "Зошто, оче, некои зборуваат дека оддалечувањето во пустина од братството претставува фарисејство и дека со таква промена се избрзува или дури се осудуваат другите браќа?" Отец Серафим на тоа одговорил: "не е наша работа да ги судиме другите. Ние не се оддалечуваме од братството поради омраза кон нив, туку поради тоа што примивме и носиме ангелски чин на кој не му одговара местото каде што со зборови и со дело се гневи Господ Бог. Затоа, ние оддалечувајќи се од братството, се одделуваме единствено од слушање и од гледање на она што е спротивно на Божјите заповеди, што инаку се среќава таму каде што има многу браќа. ние не бегаме од луѓето, кои се со иста природа како и ние и кои го носат истото име Христово, туку од пороците што се прават, како што и на големиот Арсениј му било речено: Тзегај од луѓето и ќе се спасиш'" (Жит. 8 мај).
Еден инок од старешината добил благослов да започне пустински живот. Старешината му пишал на отец Серафим да го прими тој монах и да го упати во духовен живот како и себеси што се упатил. Кога монахот го донел писмото, старецот Серафим го примил многу срдечно и го благословил блиску до неговата ќелија да направи друга. Кога монахот побарал да го поучи, тој со најдлабоко смирение му рекол дека и тој ништо не знае, но му ги спомнал зборовите на Спасителот: "Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши" (Мат. 11, 29). Потоа додал: "Според сфаќањето на свети Јован Лествичник, ние не треба да се учиме ниту од ангелите, ниту од луѓето, туку од Господа".

42. Каков треба да биде старешината?
Старешината треба да е совршен во секоја доблест и духовните сетила благодарејќи на навиката, се научени да разликуваат добро од зло (Евр. 5,14).
Старешината треба да е искусен во Светото Писмо. Ден и ноќ тој треба да се поучува во законот Господов, за преку таквото практикување да стекне дар на разликување на добро од зло.
Вистинско познавање на добро и зло може да се има единствено аќо подвижникот на благочестие достигне до сочувствување во однос на идната осуда, како и до предвкус на вечното блаженство. Тоа во благочестивата душа, на таинствен и духовен начин се случува уште во овој земен живот.
Пред да почне да го разликува доброто од злото, човекот не е способен да ги пасе словесните овци, туку само бессловесните, бидејќи без познавање на доброто и злото ние не можеме да го сфатиме дејството на лукавиот.
Старешината затоа треба да има дар на расудување за во секој случај да може да даде корисни совети на секого што му се потребни. Бидејќи секој човек не е способен да даде совет на оној кој го бара, како што говори Петар Дамаскин (Доброт., За изград. на душата со доблести, III, 52), туку само оној кој од Бога добил дар на расудување и кој заради долготрајното живеење во подвижништво, стекнал прониклив ум.
Старешината истб така треба да поседува и дар на проникливост, за од споредувањето на сегашните и минатите работи да може да ги предвиди и идните, како и да ги сфати ѓаволските замки.
Посебна особина на старешината треба да биде љубовта кон потчинетите. Вистинскиот пастир, според зборовите на Јован Лествичник, се одликува со љубов кон стадото. Бидејќи љубовта и Врховниот Пастир го поттикнала да се распне на крстот (Сл. на пастирот, 5).

43.  Поука за старешината како да управува со браќата
Еден старешина кога се нашол во Саровската пустина, при средбата со отец Серафим го прашал како да управува со браќата. Отец Серафим му ја дал следнава поука:
"Секој старешина треба да стане и секогаш да остане благоразумна мајка за потчинетите.
Чедољубивата мајка не живее за да си угодува себеси, туку на децата. Таа немоќите на слабите деца ги носи со љубов, оние што се извалкале ги чисти, мирно ги пере, ги облекува во бели и чисти облеки, ги грее, ги храни, се грижи за нив, ги теши и од сите страни се труди да ги успокои, за никогаш да не слушне ниту мал нивни плач. Таквите деца заради тоа се расположени кон својата мајка. Така и секој старешина не треба да живее за да си угодува себеси, туку на потчинетите. Тој треба да е снисходлив кон нивните слабости, со љубов да ги носи немоќите на немоќните, гревовните болести да ги лекува со мелем на милосрдие, оние што паднале во престап да ги подига со кроткост. Оние што се извалкале од некој порок, тој треба тивко да ги чисти и да ги пере со наложување пост и молитва на нив, покрај оние што се заеднички за сите, со учење и со својот примерен живот да ги облекува во облека на доблести, постојано да бдее над нив, на секој начин да ги утешува и од сите страни да го оградува нивниот мир и спокој, така што од нив никогаш да не се слушне ниту најмала жалба или мрморење. Тогаш тие со ревност ќе се стремат на својот старешина да му пружат мир и спокојство".
"А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а ијас за светот" (Гал. 6,14).
"Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се Гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, се извинува, во сѓ верува, на се се надева, се претрпува. Љубовта никогаш не престанува" (1. Кор. 13,4-8).

 

(Продолжува)

Извор: ЃаконијА

Друго:

sv.S.Sarovski3.jpg
Св. Серафим Саровски - За Бога

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная