логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


16.  За покајанието
sv.Serafim.Sarovski1c.jpgОној што сака да се спаси треба секогаш да има расположено срце за покајание и смиреност, според псалмоејачот: Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш" (Псалм. 50,17).
Каква е таа состојба на покајност на духот во која човекот може безбедно да поминува низ лукавите стапици на гордиот ѓавол, чија грижа се состои во тоа да го вознемири човековиот дух, за потоа да ја посее својата плева, по евангелските зборови: Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа? А он им рече: 'Човек непријател го направи тоа'" (Мат. 13,27-28)?
Кога човекот се грижи во себе да има смирено срце и невознемирена, чиста мисла, сите стапици на ѓаволот стануваат недејствувачки, бидејќи каде што има мир на помислите, таму почива Господ Бог: "Во светот е Неговото место" (Псалм. 75,2).
Почетокот на покајанието доаѓа од стравот Божји и од вниманието, како што вели маченикот Бонифацие (Жит. 19. декември). Стравот Божји е татко на вниманието, а вниманието, мајка на внатрешниот спокој. Тој раѓа совест, која прави душата да ја види својата грдотија, како во некоја чиста и непоматена вода. Така се раѓаат зачетоците и коренот на покајанието.
Ние целиот свој живот со своите падови во грев го растажуваме Божјото величество. Затоа секогаш сме должни да се смируваме пред Него, барајќи простување на нашите долгови.
Може ли човек, кому му е направено добро да стане по падот?
Може, според псалмопејачот: "Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме прифати" (Псалм. 117, 13). Бидејќи, кога пророкот Натан го изобличи Давид за грев, тој се покаја и веднаш доби прошка (2. Цар. 12, 13). Како пример за ова може да послужи и случајот со пустиникот, кој, кога тргнал по вода, на изворот паднал во грев со жена, но кога се вратил во ќелијата и кога го сфатил својот грев, пак започнал да го живее својот подвижнички живот како и порано, одбивајќи ги нападите на непријателот, кој му ја претставувал тежината на гревот и го одвлекувал од подвижничкиот живот. За тој случај Бог му открил на некој отец и му наредил, братот кој паднал во грев да се смета за блажен заради таквата победа над ѓаволот.
Кога ние искрено се каеме за своите гревови и кога се свртуваме кон нашиот Господ Исус Христос со сето свое срце, Он се радува, востановува празник и ги повикува сите мили сили, покажувајќи им ја драхмата која повторно ја нашол, т.е. Својот царски образ и подобие. Ставајќи ја на рамената заблудената овца, Он ја приведува кон Својот Отец. Во живеалиштето на сите оние кои се веселат, Бог ја сместува и душата која се покајала, заедно со оние што не отстапиле од Него.
Да не се откажуваме бргу да Му се обраќаме на благоутробниот Владика наш и да не се предаваме на невнимание, ниту на очај заради тешките и безбројни свои гревови. Очајанието е совршена радост за ѓаволот. Тоа е Грев за смрт, како што вели Писмото (1. Јов. 5,16).
Покајанието заради гревот помеѓу другото се состои и во тоа, истиот да не се повторува.
Како што за секоја болест има лек, така и за секој лек има покајание.
Без сомнение пристапувај кон покајание и тоа ќе те застапува пред Бога. Постојано повторувај ја молитвата на преподобниот Антиох: "Надевајќи се на бескрајната Твоја дарежливост, Владико, од осквернатата и нечиста уста Ти принесувам молитва: Помени, бидејќи над мене е повикано Твоето свето име и бидејќи ме избави со Својата скапоцена крв, бидејќи ме запечати Твојот Свет Дух, изнесувајќи ме од длабочината на моите беззаконија. Немој да ме грабне непријателот. Исусе Христе, заштити ме и биди ми помошник во борбата, бидејќи сум роб на страста која ме напаѓа. Ти, пак, Господи, немој да ме оставаш на земјата осуден заради моите дела, туку ослободи ме, Владико, од лукавото ропство на светодржецот, усвојувајќи ме за Своите заповеди. Пату на мојот живот, Христе мој, Твоето лице е светлина на моите очи. Боже, Владико и Господе, не давај моите очи да се превознесат и злобната страст оддалечи ја од мене. Покри ме со Својата света рака. Нека не ме обземаат страстите и алчностите и не предавај ме на бесрамната душа. Во мене нека засветли светлината на Твоето лице, Господи, за да не ме обзеде темнината, ниту пак да ме грабнат оние кои одат во неа. Немој да дозволиш Господи, Твојот слуга да го касаат туѓи кучиња. Оче Свети, удостој ме да бидам живеалиште на Твојот Свет Дух и направи ме дом на Твојот Христос. Патеводителу на заблудените, упати ме за да не свртам на ле-вата страна. Лицето Твое, Господи, посакав да Го видам. Боже, упатувај ме со светлината на Твоето лице. Дарувај му извор на солзи на Својот слуга и роса на Светиот Дух дај му на Своето создание, за да не се исушам како смоквата што ја проколна. Солзите нека бидат мое пиење, а молитвата моја храна. Сврти го, Господи, мојот плач во радост и прими ме во Своето вечно живеалиште. Нека ме стигне Твојата милост, Господи, и дарежливоста Твоја нека ме опфати, па отпушти ми ги сите мои гревови. Зашто Ти си вистински Бог, Кој ги отпушта беззаконијата. Не дозволувај Господи да се посрами делото на Твоите раце, заради многуте свои гревови, туку повикај ме Владико, со единородниот Твој Син, нашиот Спасител. Подигни ме мене што лежам, како што го подигна митникот Левиј, а оживотвори ме мене умртвениот од гревови, како што тоа го направи со синот на вдовицата. Бидејќи, Ти единствен си воскресение на мртвите и на Тебе ти доликува слава во вековите. Амин" (Антиох, Сл. 77).

17. За молитвата
Оние што решиле вистински да му служат на Господа Бога, треба да се навикнуваат во сеќавање на Бога и во постојаната молитва на Исуса Христа, велејќи со умот: "Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот".
Со таквото навикнување, човекот, со избегнување на расеаноста и со чувањето на мирот на совеста, може да Му се приближи на Бога и да се соедини со Него. Зашто, според зборовите на свети Исаак Сирин, нема друг начин да Му се приближиме на Бога, освен преку постојаната молитва.
Пример за молитва многу добро изнел свети Симеон Нов Богослов (Доброт. 1). Нејзиното значење многу добро го претставил свети Златоуст: "Молитвата е - вели тој - големо оружје, неисцрпна ризница, богатство кое не може да се потроши, безбедно пристаниште, причина за тишина и за илјада добри корени, извор и нивна мајка" (Маргар. Сл. 5, За непостигнувачкото).
Во црква е корисно да се стои со затворени очи, имајќи внатрешно внимание. Очите можат да се отворат единствено кога ќе наиде невнимание или кога сонот ќе почне да не оптоварува и да не одвлекува во дремеж. Очите тогаш можат да се насочат на иконата или на восочната свеќа што гори пред нас.
Ако на молитвата ни се случи умот да ни се расее со помисли, треба да се смириме пред Господа Бога и да бараме прошка, велејќи: "Згрешив, Господи, со зборови, со дело и со помисла и со сите свои сетила".
Затоа е потребно секогаш да се грижиме да ја избегнеме расеаноста на мислите, бидејќи преку неа, по дејство на ѓаволот, душата отпаѓа од сеќавањето на Бога и од Неговата љубов. Свети Макарие вели дека целиот напор на нашиот противник се состои во тоа, нашата мисла да ја оддели од сеќавањето на Бога, од стравот и љубовта Негови (Сл. 2, гл. 15).
Кога умот и срцето се соединети на молитва и нашите помисли на душата се нерасеани, срцето се загрева со духовна топлина во која ќе засветли Христовата светлина и целиот внатрешен човек се исполнува со мир и радост.

18. За солзите
Сите свети монаси кои се откажале од светот, плачеле целиот свој живот во очекување на вечната утеха, според уверувањето на Спасителот на светот: "Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат" (Мат. 5,4).
И ние исто така треба да плачеме за да ни бидат простени гревовите. Во тоа нека не убедат зборовите на порфироносниот: "Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја" (Псалм. 125, 6), како и зборовите на свети Исаак Сирин: "Натопи ги своите образи со плачот на своите очи за на тебе да почива Светиот Дух, измивајќи те од скверноста на твојата злоба. Умилостувај го Господа со своите солзи, за да ти пријде" (Сл. 68, За одрекувањето од светот).
Се случува да плачеме на молитва, но и смеењето да се присоединува. Тоа е од ѓаволското лукавство. Тешко е да се сфати тајната и тенките дејства на нашиот непријател.
Срцето на оној, кому му течат солзи на умиление, го осветлуваат зраци на Сонцето на правдата, Христа Бога.

19. За Христовата светлина
За човекот да ја прими и да ја види во срцето Христовата светлина, потребно е, колку што може, од себе да ги оддалечи видливите предмети. Исчистувајќи ја претходно душата со покајание и со добри дела, и со вера во Распнатиот затворајќи ги телесните очи, потребно е да се потопи умот во внатрешноста на срцето, воскликнувајќи постојано и повикувајќи го името на нашиот Господ Исус Христос. Тогаш, по мерка на усрдноста и топлината на духот кон Љубениот ќе се најде сладост во повикуваното име, кое ја победува желбата за барање на уште поголемо просветување.
Во умот, кој во такво практикување постојано живее во срцето, засветлува Христовата светлина, осветлувајќи ја внатрешноста на душата со својот божествен сјај, како што вели пророкот Малахија: "А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата" (Малах. 4,2)
Оваа светлина воедно е и живот, според евангелските зборови: "Во него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето" (Јован 1,4).
Умот на човекот кој однатре ја согледува вечната светлина е чист и во себе нема никакви сетилни претстави. Бидејќи целиот е задлабочен во согледување на несоздадливата благост, тој заборава се сетилно, така што ниту самиот себе нема да се гледа. Тој сака да се скрие во срцето на земјата, само да не се лиши од вистинското добро - Бога.

20. За вниманието кон самиот себе
Оној кој го поминува патот на трезвеноумие, не треба да му верува единствено на срцето, туку е должен своите дејствувања и својот живот да ги доверува на законот Божји и на дејствениот живот на подвижниците на благочестие, кои тој подвиг веќе го поминале. На тој начин човекот може полесно да се избави од лукавиот и појасно да ја види вистината.
Умот на внимателниот човек е како поставен стражар или како незаспивлив чувар на внатрешниот Ерусалим. Стоејќи на висината на духовно согледување, тој со окото на чистината гледа на противничките сили кои ја обиколуваат и се приближуваат на душата, според псалмопевецот: "Окото мое презриво ги гледа непријателите мои" (Псалм. 53, 7).
Од неговото око не е скриен ѓаволот, кој обиколува како лав што рика и бара некоѓо да Го проголта (1. Пет. 5, 8), како ниту оние кои ја напрегаат својата стрелас, па од мрак да стрелаат на чистите по срце (Псалм. 10,2).
Согласно со учењето на божествениот Павле, таквиот човек го зема сето оружје Божјо за да може да се брани во лош ден (Ефес. 6,13). Со тоа оружје, тој со Божја помош, ги одбива видливите напади и ги победува невидливите војници.
Оној што оди по овој пат не треба да обрнува внимание на звуковите од страна, од кои главата може да се наполни со празни и суетни помисли и сеќавања, туку треба да внимава на себе.
На овој пат човекот треба особено да внимава да не обрнува внимание на туѓите дела, да не мисли, ниту да зборува за нив, според псалмопејачот: човечки дела нека не зборува устата моја (Псалм. 16, 4), туку треба да Го моли Господа: од оние тајни очисти ме, и од туѓите за-пази Го слугата Твој (Псалм. 18,12-13).
Човекот треба да внимава на почетокот и на крајот на својот живот. Ако во средината се случи среќа или несреќа треба да е рамнодушен. За да го зачува вниманието, човекот треба да се повлече во себе, според зборовите Господови: никого патем да не поздравувп (Лука 10, 4). Без потреба не треба да се зборува, туку единствено кога некој брза за да слушне нешто корисно.

21. За стравот Божји
Човекот кој врз себе зел да го поминува патот на внатрешно внимание, пред се треба да има страв Божји, кој е почеток на мудроста. Во неговиот ум секогаш треба да се запечатени пророчките зборови: "Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет (Псалм. 2,11).
Овој пат тој треба да го поминува со целосно внимание и побожност кон се свештено, избегнувајќи негрижа. Во спротивно, може да биде во опасност на него да се примени Божјата пресуда: "Нека е проклет секој, кој немарно го извршува делото на Господа" (Јерем. 48,10).
Побожното внимание овде е потребно заради тоа што ова море (т.е. срцето со своите помисли и желби, кои со влијание на вниманието треба да се чистат) е големо и пространо, овде има ползачи (т.е. многу суетни, неточни и нечисти помисли, покрај злите духови) на кои им нема број.
Бој се од Бога, вели премудриот, и иази ги неговише заиоведи (Проп. 12, 13). Исполнувајќи ги заповедите, ќе бидеш силен во секое дело и твоето дело секогаш ќе биде добро. Бидејќи, плашејќи се од Бога, ти од љубов кон Него, се ќе правиш добро. Не плаши се од ѓаволот. Кој се плаши од Бога, ќе го совлада ѓаволот. За него ѓаволот е немоќен.
Постојат два вида на страв: ако сакаш да правиш зло, плаши се од Господа и не прави го, а ако сакаш да правиш добро, плаши се од Господа и прави го.
Меѓутоа, никој не може да стекне страв Божји, се додека не се ослободи од сите житејски грижи. Кога умот е безгрижен, тогаш го придвижува стравот Божји и го влече кон љубовта на Божјата благост.

22.  За одрекувањето од светот
Стравот Божји се стекнува така што човекот, одрекувајќи се од светот и се што е во светот, ги сконцентрира сите свои мисли и сетила на една претстава за Божјиот закон и целиот се потопи во согледување на Бога, како и во чувствувањето на она блаженство што им е ветено на светите.
Не може да се одрече од светот и да дојде во состојба на духовно согледување, оној што останува во светот. Душевниот мир не може да се стекне, се додека не се стивнат страстите. Но, страстите нема да се стивнат се додека не опкружуваат работите кои ги побудуваат. Потребно е човек многу да се подвизува во духовното размислување и во молитва, за да дојде во совршено бестрастие и да достигне совршено безмолвие на душата. Како е можно, меѓутоа, човек во потполност и спокојно да се потопи во согледување на Бога и да се поучува во Неговиот закон, со сета душа вознесувајќи се кон Него во пламена молитва, ако останува среде неуништивиот шум на страстите кои напаѓаат во светот? Светот лежи во зло.
Душата не може искрено да го љуби Бога, доколку не се ослободи од светот. Бидејќи, по зборовите на преподобниот Антиох, она житејското е како некоја покривка на неа.
"Ако ние - вели истиот учител - живееме во туѓ град, а нашиот град е далеку од него, и ако го знаеме нашиот град, зошто тогаш се задржуваме во туѓиот град и во него си подготвуваме полиња и живеалишта? Како ќе ја запееме песната Господова во туѓа земја? Овој свет е област на другиот, т.е. кнезот на овој век" (Сл. 15).

23.  За дејствувачкиот и согледувачки живот
Човекот се состои од тело и душа. затоа и патот на неговиот живот треба да се состои од телесни и душевни дејства - од дејствувања и согледувања.
Патот на дејствениот живот го сочинуваат пост, бдение, поклони, молитва и други телесни подвизи, кои и го сочинуваат тесниот пат, кој, според Божјите зборови, води во вечен живот (спореди Мат. 7,14).
Патот на согледувачкиот живот се состои во вознесување на умот кон Господа Бога, во срдечно внимание, умна молитва и во согледување на духовните работи преку слични практикувања.
Секој што сака да води духовен живот, треба да почне со дејствен живот, а потоа да преминува на согледувачки. Бидејќи без дејствениот живот не е можно да се дојде до согледувачки.
Дејствениот живот служи за исчистување од гревовните страсти и не приведува до степен на дејствено совршенство. Со самото тоа тој ни го подготвува патот за согледувачки живот. Бидејќи само оние што се исчистиле од страстите и кои се совршени, можат да му пристапат на тој живот, како што може да се види од зборовите на Светото Писмо: "Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога" (Мат. 5, 8), и од зборовите на свети Григорие Богослов (во Словото на светата Пасха): "Кон согледување можат да пристапат само оние што се совршени во своето искуство".
Кон согледувачкиот живот треба да се пристапува со страв и трепет, со смирено срце и смирение, со многу испитувања на Светото Писмо, и, ако е можно, под раководство на искусен старец, а не со дрскост и со самоволие. "(Дрски и надмени) - според зборовите на Григорие Синаит (За прелеста и другите приговори, Доброт. 1) - пружајќи се преку својата мерка со вознесување, се присилува себеси пред време да дојде до него". И пак: "Ако некој си замислува со мнение да достигне до возвишеното, стекнувајќи желба на сатаната, а не вистина, ѓаволот како свој слуга, во своите мрежи лесно ќе го улови"
Ако не е можно да се најде наставник кој може да не раководи во согледувачкиот живот, треба да се раководиме од Светото Писмо, бидејќи Господ ни наредува да се учиме од Светото Писмо, велејќи: "Прегледајте го Писмото, зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен" (Јован 5, 39).
Треба да се трудиме и во читањето на отечките списи и да се грижиме, колку што е можно, околу исполнувањето на она што учат тие. Така, малку по малку, од дејствен живот ќе се оди кон совршенство на согледувачкиот.
Бидејќи според зборовите на свети Григорие Богослов (Слово на света Пасха), најдобро е кога секој од нас, сам по себе, достигнува совршенство и Му принесува на Бога Кој не повикува, света и сеосветена жртва.
Дејствениот живот не треба да се напушта ниту тогаш кога во него се напредува и кога веќе ќе се дојде до согледувачкиот. Бидејќи тој го потпомага согледувачкиот живот и го воздигнува.
Поминувајќи го патот на внатрешен и согледувачки живот, не треба да се ослабнува, ниту да се остава претходниот, бидејќи луѓето, прилепени за надворешноста и сетилноста, со своите спротивни мненија, го повредуваат нашето сетило на срцето и на секој начин се трудат да не одделат од минењето на внатрешниот пат, поставувајќи ни различни пречки. Зашто според мислењето на црковните учители (блажени Теодорит, Толкување на Песна над песните), согледувањето на духовните работи се претпоставува познавањето на сетилните работи.
На овој пат човекот не треба да се двоуми од никакви тешкотии, туку треба да се потпира на словото Божјо: "Не плашете се од она, од кое тој се плаши, не стравувајте. Господа Саваота - Него свето почитувајте Го, и Он да биде ваш страв и ваш трепет" (Иса. 8,12 -13).

24.  За осаменоста и молчењето
Над се треба да се украсуваме со молчење. Амвросие Медиолански вели: "Видов дека многумина се спасуваат со молчење, а ниту еден да се спасува со зборливост". Пак некој од отците вели: "Молчењето е тајна на идниот век, а зборовите се орудие на овој свет" (Добр. 2, гл. 16).
Ти само седи во својата ќелија со внимание и со молчење, па со сета сила грижи се да Му се приближиш на Господа. Госцод е подготвен од човек да те направи анѓел. На кого, вели Он, ќе погледнам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред Моето слово (Иса. 66, 2). Кога живееме во молчење, ѓаволот, воопшто не може да дејствува на срцето на тајниот човек. Тоа треба да се разбере во врска со разумното молчење.
Оној кој поминува таков подвиг, треба целата своја надеж да ја положи на Господа Бога, според учењето на апостолот: "Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас" (1. Петр. 5, 7). Тој треба да е истраен во својот подвиг, во се следејќи го примерот на свети Јован Молчалив, пустиник (Жит. 3 декември), кој на овој пат се крепел со божествените зборови: "Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам" (Евр. 13,5).
Ако не е можно постојано да се живее во осаменост и во молчење кога се живее во манастир и кога се извршуваат послушанијата наложени од старешината, сепак, барем извесно време, кое останува од послушанието, може да се посвети на осаменост и молчење. За тоа малку, Господ на тебе ќе ја испрати Својата богата милост.
Од осаменоста и тихувањето се раѓаат умиление и кроткост. Дејството на кроткоста во човечкото срце може да се спореди со тивката силоамска вода, која тече без шум и без звук, како што за неа зборува Исаија: силоамските води течат тивко (Иса. 8, 6).
Животот во ќелијата во молчење, молитва и во поучување и ден и ноќ во законот Божји, го прави човекот благочестив.
Монахот, кој претходно не го засака молчењето и воздржувањето, вели Ефрем Сирин, не останува долго на едно место. Бидејќи молчењето учи на безмолвие и постојана молитва, а воздржувањето прави помислата да не е расеана. Најпосле, оној кој го стекнал ова, го очекува мирна состојба (т. 2).

(Продолжува)

Извор: ЃаконијА

Друго:

sv.S.Sarovski3.jpg
Св. Серафим Саровски - За Бога

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная