+++ ЗА ОСУДУВАЊЕТО НА СВЕШТЕНИЦИ++
– Се осмелив да осудувам човек во свештен чин! (Св. Гавриил Ургебадзе )
Врз Св. Гавриил била наложена епитимија 35 години да не смее да служи Литургија.
За себе го раскажувал ова:
„Кога бев млад, слушнав за свештеник кој се опивал. Не го познавав, но реков:
Тој е недостоен да претстои пред Господовиот олтар!
Самиот живеев како незнабожец, а се осмелив да осудувам човек во свештен чин! И Господ ми покажа кој е недостоен.
Отстранет сум од Него веќе триесет и пет години. Често во сон се гледам себеси како принесувам Свети Дарови, но можеби и ќе умрам, а никогаш повеќе да не отслужам ни една Литургија.”
Ова го зборувал со насолзени очи. А потоа ги повторил зборовите на Јов:
„Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Името Господово!”
Отец Гаврил претпел многу маки од своите мачители, но никогаш никого не осудил.
Тој строго им забранувал на своите духовни чеда да судат било кој и вака ги поучувал:
’’Ако видеш убиец, или блудница, коишто се валкаат во калта, никогаш не ги осудувај, зашто Самиот Бог им ја отпуштил уздата, а твојата ја држи во рака. Ако реши да ја отпушти и твојата, ти ќе се најдеш дури и во полоша состојба и ќе паднеш во уште поголем грев од на оној што го судиш, и ќе загинеш…
Треба да ги сакаме сите, но ако не можеме, тогаш барем да им посакуваме добро. Сè она што е лошо во човекот е небитно. И вие, младите, не презирајте никогаш никого, дури и кога ќе видите луѓе какви што денес има сè повеќе – луѓе за очи страшни, нечисти, пијани и навредувачи. Божјиот лик е зачуван дури и во нив, на едно подлабоко ниво, за кое можеби ниту самите тие не се свесни. Едноставно, непријателот го извлакал овој лик и го покрил со нечистотија, како што и иконата може да биде извалкана.
Но, ако дојде во добри раце, ќе биде исчистена и ќе почне да сјае и зрачи.
Ако мразиш макар само еден човек, во неговото лице го мразиш и самиот Христос и далеку си од Божјото Царство…
Во последните времиња љубовта, смирението и добрината ќе ги спасуваат луѓето.
Добрината ги отвора вратите на Рајот, смирението воведува во Рајот, а љубовта ќе ни го покаже Бога.Тешко е да се види Божјиот лик во луѓе што ве понижуваат, кои се појавуваат во ѕверски лик.Но, нив мора уште повеќе да ги жалиме, зашто душите им се осакатени, можеби непоправливо – за вечно мачење. Колку е тешко тоа – да се љубат своите непријатели; о, колку е тешко!
За да се научи тоа – треба целиот живот да се освети. Но, во таквата љубов, човек се уподобува на Распнатиот Бог.”
(Извадок од житието)
фб Ljube Petreski
Друго: