(Обновено)
ПОУКИ НА ГРУЗИСКИОТ СТАРЕЦ ГАВРИЛ УРГЕБАДЗЕ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот.
Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“
Преподобен Гаврило Ургебадзе
+ + +
Старецот поучувал:
„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат љубовта, смирението и добротата.
Добротата ја отвора вратата на Рајот,
смирението воведува во Рајот,
а љубовта го покажува Бога.“
Сите оние што му доаѓале за благослов, тој со плач ги замолувал: „Чинете добро, за да ве спаси вашата доброта. Земјата веќе станала полу-пекол...“
• Запаметете: Христос е Еден, друг нема да има.
• Иако и порано се зборувало за доаѓањето на антихристот, тогаш немало вакви знаци. Имало војни, но немало небески чудеса и сеопшто отуѓување.
• Производите на кои го ставаат бројот на антихристот не може да ви наштетат. Тоа сè уште не е печатот на антихристот.
Потребно е да се изговори молитвата „Оче наш“, да се прекрстите, да се напрскате со осветена вода – така се осветува секоја храна.
• Немојте да јадете леб од човек кој го примил печатот на антихристот.
• Во последните времиња антихристовите симпатизери ќе одат во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но, не им верувајте на оние кои нема да имаат добри дела. Само по делата можно е да се препознае вистинскиот христијанин.
• Вистинската вера е во срцето, а не во умот. По антихристот ќе појде оној којшто верата ќе ја има во умот, а ќе го препознае оној којшто верата ќе ја има во срцето.
• Местото каде што ќе го ставаат антихристовиот печат не е дланката, туку показалецот.
Ќе го воведуваат со помош на компјутер под кожата и нема да биде видлив.
Во почетокот – по желба.
А кога антихристот ќе завладее и стане господар на светот, ќе ги присилуваат сите да го примат тој печат. Оние кои нема да го примат, ќе ги прогласат за предавници.
Тогаш е потребно да се појде во шума, по десет-петнаесет луѓе заедно. По еден или по двајца не можат да се спасат. Што и да се случи, не губете надеж во Бога.
Бог ќе вразуми како да се постапи. Кој ќе биде јак во верата – нема да чувствува ниту глад, ниту жед, ниту ге го допрат природните катастрофи.
• Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвото ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност, - демони.
• Ако украдеш – си прекршил една од десетте заповеди. Кој постапи така – антихристот и така го примил. Човекот што верува ќе има доверба во Господа. А Господ, во последните времиња, ќе чини такви чуда за својот народ, така што еден лист од дрвото ќе биде доволен за месец дена. Човек што вистински верува ќе ја прекрсти земјата и таа ќе му даде леб.
• Ако една девојка силуваат, таа пред Бога ќе остане девствена. Така ќе биде и со печатот на антихристот: ако го стават против човековата волја, тој на човекот нема да делува.
• Во последните времиња не гледајте во небото: може да бидете измамени со чудесата кои таму ќе се случуваат, - да паднете во прелест и да погинете.
Од книгата «Диадема старца. Воспоминания о грузинском подвижнике отце Гаврииле», стр. 148-150.
Преведе - Мина Даниловска
18-ти февруари, лето Господово 2016