логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

3.angeli.so.truba

 Во манастирот на авва Илија еден брат паднал во искушение. Го протерале оттаму, а тој отишол на планината кај авва Антониј. Авва Антониј откако го задржал извесно време кај себе, го испратил во обителта од која дошол. Но, браќата повторно го протерале.

Тој повторно се вратил кај авва Антониј и му рекол: „Не сакаа да ме примат браќата, отче!“

Тогаш старецот го испратил со овие зборови: „Бурата го зафатила бродот на море, тој го изгубил ѓубрето од себе и со свој труд се спасил, а вие сакате да го потонете и она што се спасило на брегот“.

Браќата, кога слушнале дека авва Антониј го испратил братот кај нив, веднаш го примиле.

(од житието на авва Антониј)

 

Еден брат му рекол на авва Пимен: „Ако јас го видам братот, за кого слушнав, дека паднал во грев, тогаш неволно би го примил во ќелијата, а братот кој има добро име, би го примил со радост“.

Старецот му одговорил: „Ако ти му посакуваш добро на добриот брат, тогаш на оној кој паднал во грев посакувај му двојно повеќе, затоа што тој е немоќен“.

 

Во некое општожитие живеел отшелник, по име Тимотеј. Настојателот на општожитието, откако дознал дека еден од браќата паднал во некој грев, побарал совет од Тимотеј, што да прави со братот кој згрешил. Отшелникот го посоветувал да го избркаат од манастирот. Кога го избркале братот, неговото искушение преминало кај Тимотеј и тој бил доведен во опасна состојба.

Тимотеј ја сфатил причината за појавувањето на нападите и почнал со плачење да повикува кон Бога: „Згрешив, прости ми!“

И слушнал глас: „Тимотеј! Знај дека Јас ти го допуштив ова искушение токму за тоа, за да не го презреш братот за време на неговото искушение“.

(Свети Игнатиј, Отечник)

 

Некогаш во братството некој брат паднал во грев. Во тие предели имало некој пустиножител, кој долго време никаде не излегувал.

Аввата од манастирот отишол кај овој пустиножител и му раскажал за братот кој паднал во грев.

– Прогонете го – му рекол пустиножителот.

Братот, бидејќи бил протеран од манастирот, од силна тага се затворил во некоја пештера и плачел во неа.

Се случило таму да поминуваат браќата кои оделе кај авва Пимен и тие го слушнале монахот како плаче. Кога влегле во пештерата го нашле во голема тага, и почнале да го прашуваат, велејќи: „Дојди со нас кај авва Пимен“. Тој не сакал, и рекол: „Јас ќе умрам овде, бидејќи згрешив“.

Браќата штом стигнале кај авва Пимен, му раскажале за братот. Старецот ги испратил кај братот и им рекол да му речат: „Авва Пимен те вика кај него“.

Тие отишле кај него и го довеле. Старецот, кога го видел братот скрушен, станал, го целивал, се однесувал кон него кротко, и го молел да јаде. Во меѓувреме, авва Пимен испратил еден од браќата да му рече на отшелникот: „Многу години слушам за тебе, сакав да те видам, но поради нашата мрзливост не сме се виделе еден со друг. А сега по волја Божја и по овој повод, потруди се да дојдеш, за да се видиме“.

А отшелникот кој никогаш не излегувал од својата ќелија, кога ги слушнал овие зборови, си рекол: „Ако Бог не му дошепнал на старецот, тој не би пратил луѓе по мене“. И откако станал, отишол кај него. Откако се целивале еден со друг со радост, тие седнале.

Авва Пимен му рекол: „На едно место имало двајца луѓе, и секој имал кај себе мртовец. Еден од нив го оставил мртовецот и отишол да го оплакува мртовецот на другиот“.

Отшелникот, откако го ислушал, бил трогнат од овие зборови, и се сетил што направил и рекол: „Пимен е горе на небото, а јас – долу, на земјата“.

(Од Старечникот)

 
Еден брат, поради некоја манастирска работи бил испратен од преподобен Атанасиј Атонски во светот, станал мрзлив за своето спасение и таму паднал во плотски грев. Кога се вратил во Лаврата, со очајание за своето спасение тој му го исповедал на преподобниот својот грев. Светителот, како опитен лекар, утешувајќи и убедувајќи го да не очајува, туку да има надеж во Бога, го оставил на претходното манастирско послушание.

Кога дознал за ова, некој друг монах по име Павел, се соблазнил и почнал отворено да го осудува, како грешниот брат, така и преподобниот: „Што да се рече, преподобниот не го протера од манастирот престапникот поради извршувањето на такво беззаконо и срамно дело“. Преподобниот, откако строго го погледнал, му рекол: „Павел, што правиш? Пази на себе, а не ги гледај гревовите на братот. Пишано е: Кој мисли дека стои, нека пази да не падне (1.Кор. 10,12). Од тоа време, по Божјо допуштање и самиот Павел почувствувал во себе силен блуден напад, и три дена страдал, така што почнал да очајува за своето спасение. Но, што е уште полошо, се срамел да му ја открие на својот духовник оваа гнасна страст и да побара од него помош.

Преподобниот знаел сѐ со духот и на соодветен начин самиот го охрабрил да се исповеда. Дури тогаш Павел му го открил својот грев и побарал од него прошка, како од отец сострадален кон оние кои згрешиле. Преподобниот пред да го вразуми, за да не ги осудува оние кои паднале во грев, туку повеќе да сострадува со нив и да се моли за нив, а потоа веќе, кога го видел неговото смирение и скрушеност, се помолил за него на Бога и го ослободил од тоа валкано искушение. Павел почувствувал некакво студенило, како се излева на неговата глава и разлева низ целото тело, поради што страсната распаленост во него во тој миг згаснала.

(Атонски старечник)

 3.angeli.so.truba
Поуки од авва Доротеј

Оние кои сакаат да се спасат не обрнуваат внимание на недостатоците од ближните, туку секогаш гледаат на своите слабости и напредуваат. Таков бил и тој, кој, кога видел дека неговиот брат згрешил, воздивнал и рекол: „Тешко мене! Како што тој згреши денес, јас ќе згрешам утре“. Ја гледаш ли цврстината? Гледаш ли какво расположение на душата? Како тој во еден миг нашол средство за да го избегне осудувањето на својот брат! Бидејќи откако рекол: „јас ќе згрешам утре“, тој си вложил страв во себе и грижа за тоа, дека и тој во скоро време може да згреши, и така го избегнал осудувањето на ближниот. Притоа не се задоволил со тоа, но и себеси се ставил под неговите нозе, велејќи: „И тој (во крајна мера) ќе се покае за својот грев, а јас нема да се покајам како што треба, нема да дојдам до покајание, нема да имам сила за да се покајам“. Го гледаш ли просвештението на Божествената душа? Тој не само што успеал да ја избегне осудата на ближниот, туку и себеси се фрлил под неговите нозе. Ние, пак, сиротите, без расудливост осудуваме, се гнасиме, понижуваме, ако видиме нешто, или ако слушнеме, или само се сомневаме; и што е уште полошо, не остануваме на својата лична штета, туку откако ќе сретнеме и друг брат, и нему му раскажуваме: „тоа и тоа се случи“ – и му наштетуваме, внесувајќи го во неговото срце гревот.

Православна светлина бр. 52



Превод од руски: Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2020/02/20/sostradanie/#more-2181

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная