„ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подновува“
Апостол Павле (2. Кор. 4,16)
Послушајте сега за благотворните дејствија на Постот!
Св.Илија
Големиот Мојсеј, откако помина 40 дена во пост, се удостои да ги добие плочите на Законот. Кога пак, слегувајќи од планината, го видел беззаконието на народот, ги фрлил плочите, добиени со таква усилба, и ги разбил, зашто сметал за неправилно да ги соопштува заповедите Господови на народ, кој се пијани и врши беззаконие. Толку дни постел и големиот Илија и ја избегнал власта на смртта – на огнена кочија бил вознесен на небото. И саканиот маж Даниил, откако постел многу дни, се удостоил со необично видение; исто така ја скротил и јароста на лавовите и ги преобратил во кротки овци. Преку пост и Ниневјаните се искупиле од грев и ја оттргнале Божјата казна.
Потребно ли е, да спомнувам уште луѓе – не е ли подобро да Го посочам Самиот Христос? Не постеше ли Он 40 дена, за да стапи во борба со ѓаволот; и не ни даде ли пример со тоа и ние, откако ќе се воздржиме со пост, да се бориме со злото?
Голема е силата на постот и голема е неговата полза за душата. Ја молам вашата љубов кон благочестието и ве поканувам да го примите Постот; никој да не се лиши од неговата полза поради немарност; при негово настапување, не тагувајте, а радувајте се и веселете се, зашто како што вели блажениот Павле „ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подновува“ (2. Кор. 4,16).
Извор:
https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/golemata-sila-na-postot/