логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Репортажа од Света Гора


ЗЕМЈА НА ЖИВО ЦРКОВНО ПРЕДАНИЕ 

СВЕТА ГОРА - ГРАДИНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА 


Кога ќе се спомене манастир и монаштво првата асоцијација што паѓа на ум и што во православниот свет е поим за подвижнички начин на живот е третиот крак од полуостровот Халкидик, наречен Атос или Света Гора. Ова место е познато уште и како градина на Пресвета Богородица, зашто, како што вели преданието, Богомајката, откако по едно патување низ бура се засолнила на бреговите на оваа земја, ја побарала од својот Син за свое наследство. Благословен и постојано заштитуван од Светата Дева, овој дел од полуостровот низ вековите се развил во вистински монашки центар со дваесет големи манастири и многу скитови, каде што истрајно, чесно и неосквернето се живее преданието на Црквата и не постои ништо поважно во животот освен единствената вистинска цел на човекот, а тоа е секогаш да го слави Бога.

              За секој православен е сон да ја посети оваа земја на Исусовата молитва и на светите старци. Па така, со благословот Божји и преку застапништвото на Мајката Божја, неколку православни верници од Македонија, предводени од неговото сепреподобие, игуменот на светата Бигорска обител, архимандритот Партениј, во периодот од 9 до 20 ноември го посетивме овој чудесен и пресвет дом на црнорисците. 


            Очекувањето на бродот во пристаништето во градот Уранополис, што се наоѓа на границата меѓу светот и оние што “умреа за светот”, претставува само дополителен товар за духот што нестрпливо посакува веќе да е во светата населба. Првиот поглед од палубата само ја зголемува тензијата, зашто човек вртејќи се на сите страни низ морската шир се обидува што побрзо да го пронајде меѓу неколкуте далечни брегови, токму оној каде што сиот живот посакува да отиде. Набрзо секој верник ги закопува своите очи на вистинската силуета и не престанува да ја повикува Богородица да го удостои да стигне до таму. Првиот поблизок поглед на Света Гора ги забрзува отчукувањата на срцето и дишењето.

            Првото пристаниште на кое застануваме е на манастирот Есфигмен. Слегуваат и се качуваат монаси и верници, а бродот продолжува кон брегот на манастирот Зограф, кадешто се наоѓа чудотворната икона на свети Ѓорѓи Победоносец. Оваа икона е неракотворна, оттаму и името на манастирот - Зограф, и прво се наоѓала во манастир во Ерусалим, но откако се изградил манастирот на Атос, таа, заедно со братството на Ерусалимскиот манастир, била пренесна на Света Гора во манастирот Зограф кој според сведоштвата бил изграден во X век од тројцата браќа на царот Самуил. Некој воденски владика не верувал во неракотворноста на иконата на свети Ѓорѓи и почнал да го допира ликот на светителот по што прстот му се залепил кај носот. Владиката се покајал, но светителот му објавил дека поради неверието ќе остане парче од прстот, кое е таму и денеска. Набрзо, поминуваме покрај рускиот манастир свети Пантелејмон, кој го одзема здивот со својата убавина и прстранство.

 Во овој манаситр отседнавме последните три дена, се поклонивме на главата на свети Пантелејмон и духовно се возрадувавме од ревноста и љубовта на братството. Откако нозете го допреа тлото физички почувствувавме дека сонот стана јаве. Навистина сме таму, сега преостанува во наредните денови вистински, со молитва и смирение, да ја доживееме светоста на Богородичната земја. Од пристаништето Дафни, каде што се укотвуваат бродовите, се упативме во манастирот Григоријат, посветен на свети Николај Мирликијски, каде нашето ново духовно искуство почна со бдение посветено на света Анастасија Римјанка. Откако лично го испросивме благословот за добредојде и благодатно бдение од григоријатскиот катигумен, архимандритот Георгиј, навистина се преумивме присуствувајќи на повеќе од десетчасовна целоноќна служба исполнета со прекрасното пеење на браќата од манастирите Григоријат и Ватопед и се поклонивме на манастирките светињи: дел од моштите на света Анастасија, главата на свети Кирик, мошти од свети Григриј Палама и др.

По два дена, од Григоријат се упативме во манастирот Дионисијат. Тука преноќивме чувствувајќи ја подвижничката атмосфера на братството, а утрото присуствувавме на Литургија во параклисот каде се чува светата икона што го спасила Цариград од нападите на Скитите и Аварите, наречена Акатисна или Цариградска.

    Оттаму допатувавме во адми

нистративниот центар на Света Гора, населбата со келии и скитови - Кареја. Тука се поклонивме на иконата “Достојно јест” пред која ангел Господов ја напишал во камен истоимената пофална песна кон Пресвета Богородица. Преноќивме во рускиот скит “Сеј рај”, посветен на светиот апостол Андреј, во кој се чува и неговата света глава, и се уверивме во ревноста на братството за обнова на овој огромен комплекс, но истовремено и во нивната преголема љубов кон секој поклоник. Откако ја видовме Светогорската богословија - Атонијадата и запознавме прекрасни богослови, се помоливме за сите оние што тоа го побараа од нас над патерицата на свети Сава Осветени и иконата на Пресвета Богородица - Млекопитателница во истоимениот скит во Кареја.

 Оттаму се упативме на поклонение во манастирот Кутлумуш. Потоа, по за нас чудесни околности, се најавивме и префрлувајќи се од другата страна на полуостровот, отидовме на поклонение и преноќиште во манастирот Ватопед. Тука бевме сведоци на огромни заложби од страна на братството што брои 103 монаси за обнова на оваа света обител. Си спомнавме за сите над многубројните манастирски светињи од кои најпознати се појасот на Мајката Божја и неколкуте чудотворни икони со нејзиниот лик, и тоа: Богородица Ендронос (Која седи на трон), што била лична икона на старец Јосиф Исихаст, Есфагмени или Заклана и Елеовритиса (Елеоточива). Најмаркантна беше иконата Парамитија (Опомена) поради чудото што се случило пред неа. Имено, игуменот на манастирот секое утро, заедно со вратарот, просел благослов пред фреската на Богородица, што се наоѓала од надворешната западна стрна на храмот, пред да ги отвори манастирските порти. Едно утро додека го правеле тоа, од иконата се чул гласот на Пресветата со опомена да не ги отвораат портите зашто манастирот е опколен од варвари што сакаат да го опустошат. Во истиот момент ликот на малиот Христос, Кој бил во рацете на Неговата Мајка, се изменил и исполнил со гнев и Тој упатувајќи ја раката кон устата на Богородица, со цел да ја затвори повеќе да не зборува, ја предупредил дека Неговата волја била да го предаде манастирот зашто братството не живее добро. Но Богородица Му ја фатила раката и рекла дека моли манастирот да се запази. Фреската и до ден денес останала видоизменета, а подоцна била извадена од ѕидот и пренесена на дрво.

            Утредента, по Литургијата во параклисот посветен на Појасот на Пресвета Богородица и по прекрасните и душеполезни разговори со неколку монаси, се упативме во манастирот Иверон. Во него се наоѓа дел од Чесниот крст, впрочем во секој светогорски манастир има ваква реликвија, дел од трската и сунгерот со кои на Христос Му подале жолчка помешана со оцет, количество од скапоцената Христова крв помешана со земја и многу мошти на светители. Во овој манастир се наоѓа и чудотворната икона на Пресвета Богородица - Портаитиса. Според преданието, како што на чудесен начин иконата дошла во манастирот, така и ќе исчезне, а тоа ќе значи крај за Света Гора. Таквиот настан ќе биде знак за монасите или да го напуштат полуостровот и да одат да проповедаат во светот или да останат и да умрат во страшниот земјотрес што ќе се случи и по што монашката држава ќе пропадне во морето. Тоа ќе се случи затоа што Пресвета Богородица нема да дозволи Антихристот да стапне на Нејзината земја.

             По утринската служба и Литургијата следната дестинација беше благодатниот манастир Симоно Петра. Го основал свети Симеон во XIV век, а по чудесното јавување на Витлеемската ѕвезда во неговата пештерна келија, заклучил дека манастирот треба да го посвети на Рождество на Господ Исус Христос.

 Тука се поклонивме на дел од Чесниот крст, на нетлената рака на света Марија Магдалина, која до ден денес ја задржала телесната температура, на нетлената нога на свети Кирик и на мошти од светите Модест, Пантелејмон и Нектариј Егински. Од братството имавме прекрасен прием и тие ни го пренесоа благодатното искуство од неодамнешното носење на раката на света Марија Магдалина за поклонение во Русија. Од Симоно Петра се упативме во рускиот манастир свети Пантелејмон, од каде по три дена ја напуштивме Света Гора.

            Иако се уште тагуваме по тоа што го видовме и доживеавме, по светите мошти, чудотворните икони и благодатните старци, и по тоа што физички не сме таму за да учествуваме во соборот на љубовта, сепак дел од Света Гора понесовме со нас за да го споделуваме со верниците и народот во Македонија.          

 

 

 

                                                                          репортажата ја направил: Бобан Митевски

Извор:Повардарска епархија

 

Посети:{moshits}

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная