логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Pisma.Valaam.jpg

37.
12 јануари 1949 г.
Христос помеѓу нас!
Го добив твоето писмо и побрзав да ти одговорам. Не очајувај, не паѓај со духот, успокој се. „Со кого не биле гревот и несреќата?", вели една руска изрека. Фарисеите ја донесле пред Христа жената фатена во прељуба и Му рекле: „Учителе, што ќе наредиш да направиме со неа" (прочитај во Евангелието според Јован 8, 3 - 11).
Господ да чува да си заминеш од мажот! Трпи и моли се! Господ по Своето милосрдие, ќе ти помогне да го пребродиш тој немил настан. Твојот маж многу се смирил, плаче и те моли за прошка. Според заповедта Божја, ти прости му и никогаш повеќе не прекорувај го и не споменувај му го тоа искушение. Нему му е доволен срамот што си го затекнала на местото на престапот; тоа му е многу тешко да го поднесе. Господ нека му помогне! Не ожалостувај го и труди се пред него да бидеш весела, со тоа ќе го олесниш неговото душевно мачење. Светиот апостол вели: „Бремињата еден на друг носете си ги и така исполнувајте го законот Христов". Ако постапиш така, молитвата ќе ти е подобра. Светите отци пишуваат: „Покриј ги гревовите на ближниот, па и Господ ќе ги покрие твоите гревови". Секако, тоа со него се случило во пијана состојба, нешто слично му се случило и на праведниот Лот. Тој во пијана состојба згрешил со сопствените ќерки. Прочитај ја во Библијата книгата Битие глава 19, 30 - 38 стих.
Веднаш, откако го добив твоето писмо, ти напишав одговор. Опрости ми поради неговата краткост. Овој наш земен живот навистина е житејско море и нашето бротче мора да доживува најразлични непријатности, само почекај додека не се извлече од оваа. Сепак, не паѓај со духот. Со Божја помош ќе се трудиме да го препловиме тоа море и да пристигнеме до тивкото пристаниште на Царството Небесно.
Со тебе сочувствувам. Молитвено сум со тебе.

38. 
24 јануари 1949 г.
Ме радува што тежнееш кон она што единствено е потребно. Труди се да не го гаснеш духот. Бракот не треба да те збунува, бидејќи тој од Бога е благословен. Сепак, настојувајте бремињата еден на друг да си ги носите и така да го исполнувате законот Христов. Господ нека ве измудри!
Секако, светот си го бара своето: напори, трчањето и грижите негови, инакви не можат да бидат. Ако при тоа имаш сеќавање на Бога — за тебе ќе биде доволно; според мислењето на светите отци, молитвата и сеќавањето се едно исто. А, ако најдеш време, би било убаво, колку можеш, да прочиташ од Евангелието и од апостолските посланија и да размислуваш за оваа долина, нашето привремено престојувалиште — за животот исполнет со жалости, смрт и за идниот вечен живот. Господи помилуј! Страшно е и да се помисли — на тој живот кој нема крај. Иако овде станува понекогаш многу тешко, сите ние, несреќни, стенкаме под товарот на најразлични неволји, но тие постојано некако се менуваат, а таму нема да има никакви промени.
Страв ти е од твојата недостојност и од мноштвото твои грешења? Не заборавај, Господ Исус Христос ја прими нашата плот (тело) и бил потполн човек во се, освен во гревот, не заради праведниците, туку заради грепшиците. Слава, Гос-поди, на Твојата милост! Господ, знаејќи ја нашата слабост, ни го даде лекот на покајанието. Според законот на духовното знаење, колку повеќе напре-дува човекот во духовниот живот, толку повеќе ја согледува својата грешност. Свети Петар Дамаскин пишува: „Ако човекот ги согледа своите грево-ви, недобројни како морската песок, тоа е знак на духовно здравје". Кај таквите чувства, очајанието нема место, а душата на човекот се преисполнува со умиление и љубов кон се што е живо на земјата. Блажени се луѓето кои тоа го доживуваат. Ваквата состојба и расположение на духот му се дарува на човекот од Бога за најдлабоко смирение и се на-рекува безстрастие.

39. 
5 март 1949 г.
Христос помеѓу нас!
Добро е понекогаш да се присетуваме на своите претходни гревови, бидејќи од тоа се раѓа смирение, но кога од присетувањето на претходните гревови се паѓа во очај, очигледно е дека ѓаволот настојува да ја збуни душата. Не слушај го, успокој се, не збунувај се, не паѓај со духот, труди се со молитвата да ги избркаш сличните вознемирувачки помисли. Светиот Дух зборува преку пророкот Езекил: „Ако грепшикот се поврати од своите гревови, нема да му се споменат неговите гревови". Господ не му посакува смрт на грепшикот. Ти живеј само за семејството, биди мудра како змија и незлоблива како гулаб, а за својот внатрешен живот — молчи; твоите и така нема да те разберат. Ако твојот сопруг понекогаш се сопне, претрпи, не вознемирувај се, туку моли се поусрдно, сети се, и ти си се сопнувала.
Јас секогаш те споменувам во своите молитви, а те молам и тебе да не ме заборавиш. Господ со Својата милост нека ти помогне тебе и на твоите дела!

40. 
30 март 1949 г.
Велиш дека духовниот живот ти е слаб, дека се „нешто ти недостасува, дека сигурно во тебе нема вера и љубов кон Бога". Чедо, тоа непријателот на човечкиот род сака да те збуни! Не слушај го, ти имаш и вера и љубов кон Господа, твојот страв е невистинит, бидејќи доаѓа од суетата. Живеј онака како што живееш и не залетувај се многу со мислите! Како што се гледа, ти, сепак, се набљудуваш себеси и сакаш да се поправиш. Таквата желба е половина спасение, што ти треба повеќе?!
Се изначита светоотечки книги, не можеш да ги разбереш — ете зашто се збунуваш! Разумот ни е даден, треба да се расудува и да се прилагодува на условите на животот. Во духовниот живот по¬стојат три степени: степен на почетници, степен на средни и степен на совршени. Знај, ти си почетник, а се туркаш меѓу средните и совршените! Смири се, погрижи се да имаш сеќавање за Бога и Господ ќе ти помогне!

 

(Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

Писма на валаамскиот старец (6)

 арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

Писма на валаамскиот старец (10)

Korica.Pisma.Valaam.jpg

The sense of Monasticism


Today monastic vows seem obscure to many people. Monasticism, as well as family life blessed by the Church, is a way to Christ, a way to find eternal life in Christ. The word 'monk' in Greek means 'solitary', 'hermit', the Russian word for it is 'inok', that is 'different'. He who wants to become a monk passes a certain trial and then takes vows of chastity (celibacy, refusal of property) and ecclesiastical obedience. With their labour (representing their active love) monks created an image of Paradise on Earth, today's Valaam being one of the brightest examples even after the half-a-century devastation period. But this is not the main goal of a monk. The cause of a monk is prayer: for those who are close and those who are far away, for those who hate and those who love, for the whole world corrupted by sin, the world which probably is still alive only thanks to the prayers of the righteous men. Having purified their hearts with prayer, many monks could help people, healing spiritual and corporeal illness.

Ancient history of a monastery


Having adopted Christianity in X century, Russia maintained the monastic traditions both Egyptian and Byzantine. As Valaam legend has it, at that time lived the Saints Sergius and German who founded the monastery. They came to the wild rocky island from the 'eastern lands', supposedly from Greece, after fleeing from Kiev where the Christian community was persecuted. According to other sources, St. German was a local dweller, a Karelian. After St. Sergius's death he led the monastic community. According to the Life of St. Avraamy, who preached in Rostov the Great and took the vows in Valaam, the Valaam monastery headed by a Abbot was established soon after the adoption of Christianity in Russia. The Life of St. Sergius and St. German did not reach us. All attempts of later Valaam Priors, especially Abbot Damaskin, to find it with the help of well known historians were fruitless. The reason is the age of the monastery and its hard fate. Located on the border of Novgorod-the-Great lands and Sweden, it was ravaged by the Swedes several times. Thus, in 1163 the monks expecting an invasion opened the tomb of the Saints and took their relics to Novgorod to worship them there. According to some sources, it was the fourth moving of the relics, another evidence of the age of the cloister. After the danger had passed, on September 11, 1180 (this day is still celebrated as the day of memory of the Saints, along with June 28, the old style), the monks brought the relics back to Valaam. To keep the relics from defilement, the monks cut a deep tomb in the rock and burried the relics there. There they still are. Numerous miracles performed with the relics were recorded in monastery chronicles up to the day of the cloister's closing. Prayers addressed to them helped to save people drowning and freezing in the lake, healed nervous, mental, and infectious diseases, as well as alcoholism. Since 1819, St. Sergius and St. German are worshipped all over Russia, a special service was designed for them, icons and cathedrals were dedicated to them.

In XV-XVI the monastery was calles 'the great Larva', and it abounded in both spiritual and material wealth. Among its belongings were 12 sketes on the northern shore of Ladoga, 1919 homesteads, saltworks, apiaries, fisheries, and other property However, by God's will, the time of trouble came again. On February 20, 1578, the Swedes attacked the cloister, killed 18 elders and 16 novices. Three years after that, eighty-four people were taken by pestilence. Soon, after one of the attacks, the monastery was burnt. Thanks to the help of tsars Feodor loannovich and Boris Godunov the cloister was rebuilt, but not for long. In 1611 the Swedes, having ravaged Korela (Keksholm, present Priozersk), alighted at Valaam and gave everything to fire and sword. Hegu-men Macary and some of the brethren were martyred. Others went to Novgorod monasteries, especially the Tikhvin ones, and later settled in the Vasilijevsky cloister on the Volhov river. The island became deserted, and according to the Stolbovsky peace agreement of 1617, together with other lands was given to Sweden. The relics of St. Sergius and St. German remained on the island and served as a guarantee of the cloister's revival. The invaders tried to profane the sacred relics but were punished by God. By the time of the Northern War between Russia and Sweden, there were four peasant homesteads on the island and a certain chapel over the Saints' tomb built by the Swedes brought to their senses.

The cloister became famous for its hermits, spiritual successors of St. Sergius and St. German, who may be justly called the Synod of Valaam Saints, among them: St. Avraamy, monk Genady, one of the founders of the monastery on the Sheksna, and St. Kornily Paleostrovsky, the founder of a cloister at lake Onega. The story of St. Ephrem from Novgorod, the founder of the Perekomsky monastery, refers to him as an associate of St. Sergius Valaamsky.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная