логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МИР НА СИТЕ

Синдром на бегство

Мислам дека непријателствата меѓу два (или повеќе) народа, се создаваат вештачки, односно дека се в-метнати, у-метнички. Иако луѓето, (оние што кога ќе се соберат на купче се викаат народ), мислат дека нивните политички ставови се нивен личен избор, слободен и природен, а со тоа и оправдан, односно тешко би се откажале или би смениле некаква своја насоки, сепак, тоа се насоки во мислењето на луѓето што се генерираат од политичките центри, центрите на моќта и на власта. Значи една помала група луѓе го одредува начинот на кој ќе мисли (и чувствува), а потоа и „сака“, т.е. дејствува - масата народ.

Оваа мала група луѓе е таа што во своите раце ја држи четката на уметникот и со своите потези ја „црта“ историјата на својот народ, „генот“ на кој му припаѓа, одредувајќи ја со тоа политичката географија на својата држава. Себеси се сметам за поединец којшто избрал да го има правото да не мора секогаш да се согласува со мислењето (за одредено нешто) на мнозинството, па и на малцинството, туку да ги истражува можностите за поинаквото мислење.

Истражувајќи во областа на егзодусот, фокусот на моето внимание се задржа на issue–то наречено болка. Тоа што се случувало во пресекот на овие две множества, (македонско, односно грчко), симболички не случајно раздвоени со граничен премин Мала Богородица, во изминативе векови, особено во последниве стотина години, е приказна која е с` уште прилично жива, размрдана и со своите метаболички процеси постојано ја ажурира колективната свест подеднакво силно како и колективното несвесно, во зависност од тоа како кон стварноста (или тоа што ние мислиме дека е стварност), пристапуваат етничките заедници кои ги населуваат овие простори.

Значи, болката. Руми вели: минатото и иднината го прикриваат Бога пред нашите очи, и едното и другото изгорете ги со оган...

На страдањето му е потребно времето, тоа не може да преживее во сегашниот миг. Историјата е секогаш некакво заложничко патување низ времето, било минато или идно, таа е штитот што го затвора влезот во сегашноста. А сегашноста е единственото место на овој свет каде што божјото присуство му се објавува на Човекот! Значи, колку повеќе луѓето ќе „го губат своето време“ во егзилот на болката, толку помалку ќе го имаат за да бидат присутни во сегашноста, во смисла на простор каде што занимавањето со „себеси“ го активира процесот на индивидуација, процесот на исцеление, кој не е ништо друго освен внимателно гледање и слушање на тишината на сопственото битие.

Обично, во историските премрежиња, особено во пресеците на две етнички заедници, се случува „неправдата“ да ги зафати и едните и другите подеднакво – па така, тоа што едните го сметаат за неправда која им е нанесена од другите е истата онаа што тие самите им ја имаат нанесено на истите тие „други“. Ова пресликување на себеси во Другиот (особено во неговиот негативен аспект), е синдромот на условеност од несвесното, кој е примарно својство на паднатата човечка природа. Паднатоста го прави постоењето да има одлики на длабок сон, една заспаност во континуитет, при што силната болка обично ја има улогата да го иницира Будењето. Будењето на свеста значи наеднаш, окото на душата да почне да ја перципира стварноста низ поинаков спектар на светлина.

Зошто волку увод? Можеби заради тоа што основната одлика на денешните општества и цивилизацијата општо, е токму глорификација на болката: патолошкиот пристап кон животот се смета за легитимен и се негува како главен културолошки образец, за да може полесно да се има контрола врз тоа што не може да се контролира, а тоа е самиот живот. Овој парадокс на случувањата особено во областа на политиката, најпластично се манифестира во настанот на војната, кога луѓето се принудени да се убиваат себеси, и во тоа крешчендо на бесмислата да се реализираат во промашувањето, т.е. како суштества кои можат да уживаат единствено во болка. Навлекувајќи ја на своето лице маската на мазохизмот, човекот конечно успева колку-толку да здивне од притисокот на општествените обрасци врз него – отслужување на воениот рок, плаќањето на данокот, и сл., или според формулата на тн. маж-папучар – ќе мијам садови, ама нема да пеам! Меѓутоа, ова непеење потоа резултира со опасноста од потиснатиот (условен) рефлекс на агресијата (омразата), којшто кога-тогаш ќе се произнесе како соодветен политички став, партија, движење, револуција итн., наоѓајќи начин за суптилен трансфер во варваризам, како обичен издувен вентил на инстинктот за опстанок. Сите ние сме задоени со приказните на нашите дедовци кои добар дел од својата младост ја поминале во шума, како залог на традицијата на „жртва“. Идеалот на герилците бил слободата, погрешно или наивно поистоветена со некаква промена на одредени надворешни околности – со свест дека слободата е внатре, во внатрешниот порив на човекот да се осознае себеси, начинот на кој постои и е присутен во овој свет. Паролата „биди Ти промената што сакаш да ја видиш во светот“, не е само изветвена антивоена парола, туку поскоро упатство за тоа дека единствено ослободувањето од болката ~ дава опиплива димензија на слободата.

Во христијанската антропологија, коренот на болката е во страстите на паднатата природа. Преобразувањето на овие страсти е можно само со пре-откривањето на божественото потекло на човекот, со неговото обоготворување. Срцето е местото на случување на оваа заедница, на богочовечноста.

Во центарот на Скопје, „мојот роден град“, во Паркот на жената-борец наспроти Градското собрание, постои еден споменик посветен на децата бегалци. Јас веднаш до него би изградила уште еден споменик, на простувањето. И уште еден, на преобразувањето. Воздухот што го дишам е споменик на животот, на постоењето. Треба да се дише свесно, со полни дробови.

Kаде е споменикот на родителите на тие деца, оние кои биле втурнати во ситуација да им ја прибават ваквата „судбина“ на своите беспомошни копии? Во планините, во шумите, или во собраниските канцеларии и во парламентарните надмудрувања и расправии? Сеедно, кога босоногите дечиња ја претрчуваат границата осудени да бидат жртва во приказната, се активира личната програма на пеколот на тие деца, кои потоа целиот живот, ќе се обидуваат да избегаат од тој пекол. Тоа се вика синдром на бегство. Политиката никогаш нема да ги поучува луѓето како да се справуваат со овие синдроми. Kако да го надвладеат пеколот. Не, таа ќе ги менаџира на смрт преплашените и преку тој страв ќе се обидува да владее со географијата и историјата, како ресурси на својата моќ. Затоа мојата „старамајка“ кога ги гледаше партизанските филмови во поствоена СФРЈ имаше обичај да рече: „Светот гори!“

Човек мора да си прости себеси и на другите. Мора да изнајде начин - свој личен, сопствен, единствен и неповторлив начин, да го стивне и сосема да го изгаси огнот на својот приватен пекол, и да престане да бега од себеси! Еднаш сме протерани од Рајот. Секоја преживеана болка е само повторување на лекцијата и тавтологија на оваа архетипско о-двојување. Одвоени од себеси, одвоени од Бог – тоа се координатите на Егзилот на оваа планета!

И с` додека трае човековото незнаење, болката легитимно ќе си го наплатува својот данок. Себепознанието не е привилегија само на оние од околината на Делфи, туку копче за деактивирање на програмата на одвоеност на човекот од Бога! За тоа време, театарот на патувачката болка ќе се сели од град во град, од држава во држава... И космосот никогаш нема да биде фер. Доаѓајќи овде, паѓаме во себезаборав и заборавајќи на своето божествено потекло се поистоветуваме со формата. И затоа е битно излезот од болката да не го бараме во конформизмот (стравот кој ја потиснува болката), туку во свесно прифаќање, преобразување и преумување! До Воскресение. Оти Божјата Љубов е прапричината за С`.

Овој текст ~ е посветен на мојата мајка Деспина и на мојот брат Kостас Теодору
Сестра Макрина

Извор: Дневик



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная