логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Monahinja.Matka.jpg
 

ЗА УСНАТА И ГЛАСНАТА МОЛИТВА

Никој од оние кои сакаат да напредуваат во молитвата нека не се осмелува лесномислено да пресудува за молитвата што се изговара со уста и наглас, со внимание на умот, сметајќи дека е труд од помал вид што не заслужува внимание. Ако светите отци ни зборуваат за бесплодноста на усната и гласната молитва што не е соединета со внимание, од тоа не може да се извлече заклучок дека тие го отфрлале или го намалувале значењето на усната молитва. Не! Светите отци само бараат внимание при таквата молитва. Внимателната усна и гласна молитва претставува почеток и причина на умната молитва. Внимателната усна и гласна молитва истовремено е и разумна молитва. Затоа да се научиме прво внимателно да се молиме со усна и гласна молитва, тогаш лесно ќе се научиме да се молиме и со самиот разум во тишина во својата внатрешна одаја.
Усната и гласна молитва ни ја препорачува и Светото Писмо. Пример за таква молитва, како и за гласно пеење, ни дава Спасителот, а го даваат и светите апостоли по наследство од Господа. Така, светиот евангелист Матеј ни раскажува за Господа и за Неговите апостоли дека, по завршување на Тајната Вечера, отпејувајќи пофалба на Бога, отишле на Елеонската Гора (Матеј 27-30). Господ, исто така, се молел сите да можат да слушнат пред да го воскресне четвородневниот Лазар (Јован 11, 41-42). Во затворот светиот апостол Павле и неговиот придружник Сила на полноќ се молеле и Му пееле на Господа: останатите затвореници тоа го следеле со внимание. Одненадеж за време на нивното псалмопеење „настанал голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија; и веднаш се отворија сите врати и на сите им паднаа оковите" (Дела 16, 26). Молитвата на света Ана, мајката на пророк Самуил, која често пати се наведува од светите отци како пример за молитва, не била исклучиво разумна; според сведоштвото на Светото Писмо, таа се молела во своето срце, устите само и се мрдале, и гласот нејзин не се слушал (1. Цар. 1, 13). Оваа молитва не била гласна, но бидејќи имала карактер на срдечна молитва, таа истовремено била и усна. Светиот апостол Павле усната молитва ја нарекува плод на устите што Го исповедаат Името Негово (Евр. 13, 15). Тој на Христијаните им советува да „зборуваат помеѓу себе и со псалми и химнии духовни песни, пеејќи и пеејќи на Господа во своето срце" (Ефес. 5, 19). Исто така, тој го осудува невниманието при усната и гласна молитва. Ако трубата даде нејасен глас, кој ќе те иодготви за борба? Така и вие, ако изговорите со јазикот неразбирлив збор, како ќе се знае што зборувате? Бидејќи ќе зборувате во ветер (1. Кор. 14, 8-9). Иако апостолот овие зборови ги изрекол за оние кои се молат и кои Светиот Дух го проповедаат на странски јазици, светите отци со право ги применуваат и на оние кои се молат невнимателно. Бидејќи што е оној кој се моли без внимание, и заради тоа не ги разбира зборовите што ги изговара, ако не е странец самиот на себе!
Тргнувајќи од тука, преподобен Нил Сорски вели дека оној кој се моли наглас и со уста невнимателно, тоа го прави во воздух, а не на Бога „Чудна е твојата желба Бог да те услиши кога ти ниту самиот себе не се слушаш", вели свети Димитриј Ростовски, позајмувајќи ги овие зборови од свештеномаченикот Кипријан Картагински. А токму тоа им се случува на оние кои се молат со уста и глас без внимание. Тие во толкава мера себе не се слушат, толку дозволуваат да скитаат, толку далеку со мислите се оддалечуваат од молитвата кон споредни предмети што неретко им се случува одеднаш да застанат, заборавајќи што всушност читале. Или, пак, наместо зборовите од молитвата што ја читале, почнуваат да кажуваат зборови од друга молитва, иако книгата им е отворена пред очи. Па, тогаш, како светите отци да не ја осудуваат таквата невнимателна молитва што ја уништува и и штети расееноста!
„Вниманието", пишува свети Симеон Нов Богослов, „мора до таа мера да биде поврзано и неразделно со молитвата, колку што телото е поврзано со душата што не можат да бидат разделени и не можат да постојат едно без друго. Вниманието мора да го пресретнува непријателот и да варди од него како своевидна стража. Тоа прво се крева против гревот, се спротивставува на лукавите мисли што доаѓаат во срцето; вниманието треба да ја следи молитвата што веднаш ги уништува и ги согорува сите лоши помисли, со кои вниманието прво ја има започнато борбата; бидејќи самото внимание не е во состојба да ги очисти помислите. Од таа борба, што ја водат внимани¬ето и молитвата, зависи животот и смртта на душата. Ако со посредство на вниманието ја чуваме чистотата на молитвата, ние духовно напредуваме. Ако, пак, не се трудиме да ја зачуваме нејзината чистота, туку ја оставиме без заштита, ќе ја осквернат лошите мисли и ние ќе станеме непотребни, бидувајќи лишени од духовен напредок".
Усната, гласната молитва, како и секоја друга, задолжително мора да ја следи внимание. Ако имаме должно внимание, тогаш користа од усната молитва е неискажлива. Од таквата молитва подвижникот треба да го започне своето духовно растење. Неа прво ја препорачува светата Црква на своите чеда. „Коренот на монашкиот живот е псалмопеењето", вели свети Исак Сирин.
„Црквата", вели свети Петар Дамаскин, „ги примила песните и различните тропари со добра и богоугодна цел, среде немоќта на нашиотразум, како би можеле ние неразумните, привлечени со сладоста на псалмопеењето, речиси и против својата волја, да го величиме и да Го фалиме Господа. Оние кои се во состојба да ги сфаќаат и да ги разберат зборовите што ги изговараат, достигнуваат во состојба на умиление, и така, како по скала, се вознесуваме кон благите мисли. Во онаа мерка колку напредуваме во навикнување на божествените мисли, се појавува во нас и божествената желба и не привлекува да постигнеме разбирање на поклонувањето на Отецот во Духот и Вистината, според заповедта Господова".
Устата и јазикот што често ја практикуваат молитвата и читањето на Словото Божјо, добиваат осветување, постануваат неспособни за празнословие, за смеење и изговарање на непристојни, срамни и гнили зборови.
Сакаш ли да напредуваш во умната и срдечна молитва? Тогаш научи се да бидеш внимателен на усната и гласната молитва. Внимателната усна молитва сама од себе преминува во умна и срдечна молитва. Или сакаш да научиш брзо и со духовна сила да ги отстрануваш помислите што во срцето ти ги сее непријателот на човечкиот род? Одгони ги кога си сам во ќелија со гласна внимателна молитва, изговарајќи ги нејзините зборови без брзање, со умиление.
А кога воздухот ќе се исполни со внимателна усна и гласна молитва, страв и трепет ги зафаќа воздушните кнезови, се раслабуваат иивните мускули, пропаѓаат и се уриваат нивните стапици! Воздухот се исполнува со внимателна усна и гласна молитва, и гледај, светите ангели се приближуваат кон оние што се молат и пеат, учествувајќи во нивните духовни песнопенија, како што се удостоиле на такви виденија некои Божји угодници, а меѓу нив и нашиот современик, блажениот старец Серафим Саровски. Многумина големи отци сиот свој живот ја практикувале усната и гласна молитва, а истовремено со тоа биле преизобилно дарувани со дарови на Светиот Дух. Причината за овој нивни напредок е тоа што со гласот и устата им биле соединети разумот, срцето, сета душа и тело. Тие ја изговарале молитвата од сета душа, од сета волја, од сето битие, од цел човек.
Така, преподобен Симеон Дивногорец ноќта го читал целиот Псалтир. Свети Исак Сирин споменува за некој блажен старец, кој се занимавал со молитвено читање на псалми, кому му било дадено читањето да го чувствува само за време на една слава, а потоа божествената утеха го исполнувала со таква сила што по цели денови престојувал во свештено истапување (екстаза), не чувствувајќи го ниту времето, ниту нешто земно.
Преподобен Сергиј Радоњешки, за време на читањето на акатистот, бил удостоен на посета на Мајката Божја во придружба на апостол Петар и Јован.
За преподобен Иларион Суздаљски се раскажува следново: кога читал во црквата еден акатист, зборовите од устата му излегувале налик на огнени јазици со необјаснива сила и дејство на присутните. Усната молитва на светиите била продуховена со внимание и божествена благодат што ги соединувала човечките сили што се распарчени со гревот: затоа од неа произлегувала таква натприродна сила, предизвикувајќи таков восхитувачки впечаток меѓу слушателите. Светиите го фалеле Господа во срдечното исповедување, пееле и се исповедувале на Бога непоколебливо, т.е. нерасеано. Тие пееле разумно на Бога ( Псалм 47, 8).
Треба да се нагласи дека преподобните монаси од првите времиња и сите оние кои сакаат да напредуваат во молитвата, воопшто или сосема малку се занимавале со пеење во вистинска смисла.  Под псалмопеење, што се споменува во житијата и во нивните дела, треба да се разбере особено внимателно и развлечено читање на псалмите и на другите молитви. Ваквото читање е неопходно заради зачувување на строга внимателност и поради избегнување на расеаноста. Поради развлеченоста и сличноста со пеењето, ваквото читање започнало да се нарекува псалмопение. Тоа се правело наизуст; во тоа време, имено, монасите имале правило Псалтирот да го учат наизуст: читањето на псалмите наизуст посебно придонесува на засилување на вниманието. Таквото читање повеќе не е обично читање, бидејќи не се извршува според книга, туку тоа е псалмопев во вистинска смисла, па може да се извршува и во темна ќелија, со затворени уши, што го чува разумот од расеаност, додека светлата ќелија е неопходна за читање според книга, како и самото гледање во книгата, го расејува умот и го одвлекува од срцето кон надворешноста.
Свети Симеон Нов Богослов вели: „Тие пеат, односно се молат со усните". „Оние кои воопшто не пеат", вели преподобен Григориј Синаит, „добро прават, ако духовно напредуваат: таквите не треба да ги изговараат псалмите, туку да се посветат на молчеливост (тихователно молчење) и на непрестајна молитва". Светите отци читање всушност го нарекуваат читањето на Светото Писмо и на светоотечките дела, додека молитва ја нарекуваат, пред се, молитвата Исусова, како и молитвата на митарот (цариникот), како и другите кратки молитви што изобилно ги заменуваат псалмопеењата. Тоа, пак, за духовните почетиици им е несфатливо и не може да им биде објаснето во доволна мера како нешто што го надминува душевниот разум и што може да се објасни единствено со блажен опит.
 
Браќа! Да бидеме внимателни во усните и гласните молитви што ги изговараме на црковните служби и во осаменоста во своите ќелии. Нашиот труд и манастирски живот да не ги направиме неплодни поради нашето невнимание и негрижа за делото Божјо. Погубна е негрижата во молитвата! „Проклет е", сведочи Светото Писмо, „оној кој го извршува делото Божјо со невнимание". Дејството на оваа клетва е многу очигледно: тоа е потполна бесплодност и неуспех и покрај повеќегодишно престојување во монашки чин.
Затоа како темел на молитвениот подвиг, главен и најбитен од сите...подвизи, заради кој се и сите други подвизи, да ја поставиме внимателната усна и гласна молитва, за која милосрдниот Господ во свое време ќе му дарува на постојаниот, трпелив и смирен подвижник, разумна, срдечна и благодатна молитва. Амин.

 Korica.MolitvapatkonBoga.jpg

(Продолжува)

Извор:

Свети Игнатиј Брјанчанинов

МОЛИТВА ПАТ КОН БОГА

Издавач: Канео, Охрид

Превод: Митрополит Тимотеј

Друго:

 

РУСКИОТ БОГОНОСЕЦ СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Св. Игнатиј Брјанчанинов- МОЛИТВАТА - ПАТ КОН БОГА

Св. Игнатиј Брјанчанинов- Молитвата како причестување со животот


Св. Игнатиј Брјанчанинов- ДУХОТ НА МОЛИТВАТА НА ПОЧЕТНИКОТ

Кратко молитвено правило на преподобен Серафим Саровски за световните луѓе

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная