логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Premin.90.jpg

За Старец Јосиф Исихастот


„Ние со свои очи го видовме Старецот свет – обожен“

„Умносрдечната молитва е мојата професија.“
„О, блажено послушание, и повторно, послушание, тебе без сомнеж ти припаѓа жезолот.
Деца мои, за да ги вкусиме небесните добра, Старец Арсениј и јас пролеавме многу крв во подвизите. Вие само со внимание и послушност ја вкусувате истата благодат заедно со нас. Бидете послушни со целата своја душа. Друг полесен и повозвишен пат од овој нема.“

Првите години додека бевме во ќелијата на свети Василиј, откако го погребавме нашиот Старец, заедно [со Старец Јосиф Исихастот] се подвизувавме, но секој во својата ќелија. По негова иницијатива ги пробавме сите начини на бдеење за кои пишуваат светите Отци. Во кревет никако не спиевме. Нашето бдение започнуваше попладне, а завршуваше наутро, со првите сончеви зраци. Кога веќе се разденуваше, изморени и исцрпени седевме за да му го дадеме бараниот данок на телото, пред да почнеме со ракоделието. Што се однесува до јадењето, јадевме еднаш дневно во текот на целата година, претежно суварки и леб, ако имавме, и кој било додаток, без масло, освен во сабота и недела. Во текот на денот се занимававме со ракоделие, јас повеќе се грижев за надворешните потреби на ќелијата, и истовремено кажувавме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. За Старецот празнословието беше смртен грев.

Мене Старецот ме остави сирак. Ние бевме собраќа. Им благодарам на Бога и Пресвета Богородица; на денот на Нејзиното Успение ја зеде неговата душа од мојата прегратка. Тој ми рече: „Отец Арсениј, соблечи ми ги чорапите малку да ги протријам нозете за да ми биде полесно“. Штом му ги соблеков, рече: „Одам, благословете“. Веднаш го прегрнав. Замина од мојата прегратка како птичка... Се извлече од местото на Адамовото прогонство.

Старец Арсениј Исихастот

***
Ние со свои очи го видовме Старецот свет – обожен.    
Нашиот Старец Јосиф Исихастот, кој беше сад на тихувањето и умносрдечната молитва, не нѐ учеше на тихување, умносрдечна молитва. Не, туку нѐ учеше на послушание.
Нашиот преподобен Старец ни ја толкуваше и нѐ водеше кон целта на монашкиот живот, а тоа е потполната љубов кон Бога, не формите и системите на животот, кои постојат само привремено од ситуација до ситуација. Која заповед повеќе го обврзува човекот од онаа „да Го љуби Господ Бог со целото свое срце, и со сета своја душа, и со целиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12, 30). Тоа беше првата и најважна поука што ни ја предаде нашиот Старец; неуморно нѐ поучуваше во дејствувачкиот начин на успех.
Правилото на Старец Јосиф накратко се содржеше во следново: извршување на Вечерната на бројаница. Трпеза, а потоа одмор со спиење. Станување, краткотраен одмор со кафе. Потоа, секој се повлекуваше во самотија и го започнуваше бдеењето со бројаница, сѐ до полноќ. Во продолжение почнуваше Светата Литургија, во мир и тишина, неопходни за собирање на умот. Нашиот преподобен Старец, секогаш со трогнатост и умиление, се обидуваше да ни ја пренесе длабоката тајна на служењето „во духот на тишината“, кое својот врв го достигнуваше на Светата Литургија.
Блажениот Старец Јосиф имаше навика да ги прегрнува главите на своите ученици и да се моли кога чувствуваше дека е време за пренесување на некој Божји благослов.
Старецот секогаш ни нагласуваше: „Многу го напуштија својот манастир без благослов за повеќе да се посветат на молитвеното тихување или за да живеат подуховен живот. Никој од нив не напредна, ниту го задржа она што го имаше“.
Старец Јосиф усрдно практикуваше молитва за да добие од Горе решение за проблемите. „Повикај Ме во неволја, ќе те спасам, а ти ќе Ме прославиш“ (Пс. 50, 14) – ова на овој преподобен отец му беше добро познато од неговиот подвижнички живот.
Блажениот Старец Јосиф ни го нагласуваше значењето на првобитната ревност. Ако не ја зголемиме, барем да не ја намалиме. Тоа е доказ за духовниот напредок. Старецот секогаш нѐ поттикнуваше да се присилуваме самите себеси. Откако дошол на Света Гора, Старецот Јосиф не само што воопшто не ја загубил својата ревност, туку дури и ја зголемил.


Старец Јосиф Ватопедски

***
Premin.90a.jpg
Мене недостојниот, често ми зборуваше: „Сине мој, ако Бог ти довери некои души, научи ги само на едно – молитвата. Таа ќе ги научи на сѐ друго и ќе им ги освети нивните животи“. Молитвата што ја имаше на ум мојот свет Старец е постојаната умносрдечна молитва – Исусовата молитва, на која тој ѝ го посвети сиот свој живот, од мигот кога со неа се сретна. Толку беше занесен од неа, што можеше да живее без храна, но не без молитва. Поради неа поднесуваше многу искушенија и неволји, и од видливите и од невидливите непријатели.
Мојот смирен Старец исихаст, имаше две чувствителни особини: тихување и солзи. Во морето на тишината можеше да го наслушне шепотот на благодатта.
Што се однесува до монасите, Старец Јосиф, пред сѐ, го поставуваше христоподобното послушание. Во поглед на мирјаните, предност ѝ даваше на умната молитва, но само под раководство на опитен отец затоа што имаше видено многу опрелестени луѓе и се плашеше од тоа. Често ни велеше: „Ако видиш дека човекот не бара совет или дека не се придржува до советот што го добил, знај дека наскоро ќе го видиш опрелестен“.
Обично ни велеше: „Она што не Му го даваме на Бога за Тој да го искористи, ќе го искористи оној другиот. Господ ни даде заповед да Го љубиме со својата душа и срце за лукавиот да не најде место каде би се населил во нас“.
Тој бдееше во темница, во својата ќелија, со својата неразделна сопатничка – непрестајната умносрдечна молитва. Иако беше во ќелијата, знаеше што се случува надвор, и му беше познат секој наш подвиг и секое наше напредување. Доволен му беше само еден поглед за да ги прочита нашите помисли.
Мојот Старец немаше завршено академско богословие, но беседеше со голема длабочина. Во едно од своите писма тој пишува: „Кога во послушание и безмолвие монахот ќе ги очисти чувствата, ќе го смири умот и просветли срцето, тој прима благодат и расудување. Целиот станува светлина, целиот – ум, целиот – блесок, и од него извира богословие, кое ниту тројца, доколку запишуваат, нема да успеат да го забележат потокот од благодатта што брановито тече и низ целото тело го разлева мирот и целосната неподвижност на страстите“.
Зачудувачка беше чистотата на Старецот. Се сеќавам, навечер, кога ќе влезев во неговата ќелија чувствував благоухание. Чувствував дека благоуханието на неговата молитва оросува сѐ што го опкружува, дејствувајќи како на нашите внатрешни така и на надворешните сетила. Беседејќи со нас за чистотата на душата и телото, секогаш како пример Ја наведуваше Пресвета Богородица: „Не можам да ви опишам колку Пресвета Богородица ја љуби целомудреноста и чистотата. Таа е единствената чиста Дева. Таа нѐ љуби сите нас што сме такви и сака да останеме такви“.
Неговата љубов кон Пресвета Богородица беше неопислива. Штом ќе го чуеше Нејзиното име очите на Старецот се полнеа со солзи. Сецарицата го извести за неговото заминување, еден месец однапред.
Беше богомудар. „Пустинскиот универзитет“ го научи за она што ни е најпотребно, а тоа се небесните работи.
Кога бевме покрај Старецот (Јосиф), бевме во послушание (негови ученици). Имавме свои дневни задолженија и слично. Покрај нашиот Старец, опитниот раководител на тие Божји патеки од духовниот живот, некои од отците беа во состојба да ги сфатат оние работи што трезвеноумните Отци ни ги оставиле како свето Предание.


Старец Ефрем Филотејски

***

Се сеќавам кога се отвораше духовна тема. Другите отци ги кажуваа своите размислувања, а штом јас ќе сакав да изустам нешто, мојот Старец веднаш ќе изреагираше: „Пссст!“ (не зборувај). Ќе поминеше некое време, во разговорот ќе се сменеше нешто за што и јас би можел да кажам некој збор, некое решение, мислење, но Старецот, повторно: „Пссст! Реков, ти не зборувај“. Мислата ми велеше: „Е, Старче, имаш голем презир кон мене“, но набрзо ја покривав со друга помисла: „Знае Старецот што прави, тој е исправен“.
„Имаш епитимија, утре нема да служиш“. Отидов во ќелијата леејќи солзи, но не солзи на смирение, туку како последица на навредата и самооправдувањето... Бидејќи, на крајот на краиштата, и по овој предмет паднав на испитот, Старецот не задоцни повторно да ме повика. Ме прегрна и молчејќи, со потоци од солзи, ја изли целата своја незадржлива љубов. Ја пренесе на мене така што во мене влезе неописливо умиление, кое траше целата ноќ. Оној што доживеал таква радост, Му вели на Христос: „Господи, што е ова што го доживувам? Има ли поголема радост и умиление од овие што ги чувствувам сега покрај Тебе?“ Меѓутоа, кога после ова доживување во екстаза побрзав да му кажам дека сум удостоен да бидам најсреќен човек на земјата, Старецот рече: „Дете мое, Господ ти даде една трошка од бескрајниот океан на Својата љубов. Потруди се колку можеш да ја искористиш секоја можност, секое искушение, секој презир, секоја тага, за да ја спознаеш и другата, повозвишена состојба од оваа“.
Ми кажуваше мојот свет Старец дека во времето на почетокот на Втората светска војна во неговото срце се распалила таква болка, таков пламен што личел на пламен од камин. Морал да напушти сѐ и деноноќно интензивно да се моли, како никогаш порано. Сфатил дека нешто сериозно се случува. Набрзо стигнала веста за војната. Ах, кога би знаел колкумина млади спасил од куршумите тој молитвен пламен на мојот Старец!
Понекогаш и кога сме во право, другите мислат дека не сме. Дури и учествуваме во таа ситуација заради демонската нестабилност на другиот. И пак ќе направиме метанија. Сакале или не, ја преземаме грешката доколку сакаме да ни се смири душата. Мене тоа ми се случи кога бев почетник; и видов мака. Бев во право, направив и метанија, а другиот се нафрли врз мене. Вриев. Оттрчав кај Старецот на исповед. Тој ми рече: „Внимавај да не бидеш исмеан. Ако отвориш уста да му вратиш, готов си. Ѓаволот, што тој го има во себе, чека да ја отвориш устата, сака да извлече еден збор и така да влезе во тебе. Колку ќе страдаш тогаш! Не плаши се, ќе се молам и набрзо ќе се смириш“. Навистина, веднаш се смирив. Но за тоа сум му должен на мојот Старец, инаку ми претстоеше опасност да паднам во очај.
Се сеќавам, кога живеев со својот Старец во послушание: секојдневно многу работевме за да заработиме за леб. Но во неделите и празниците никогаш не работевме. Верувај ми, ги очекував тие денови со толкава желба и мисла дека секоја недела е Воскресение. Во текот на ноќта бдеев осум часа, стоејќи; другите осум часа во текот на денот, исто така, се молев речиси стоејќи. Како да ти доловам за да сфатиш? Каква молитва беше таа, какво умиление, какво созерцание! Тоа беше вистински рај. Но, една недела имавме гости и Старецот ме викна: „Однеси ги до манастирот Свети Павле да се поклонат“. Верувај ми, веднаш се нажалив во себе. Не затоа што ме мрзеше, туку си помислив: „Ах, Старче, што ми правиш, ми отиде неделата“. Меѓутоа, мојот Старец не беше некој кому може нешто да му избега. Ме испревари, и ми рече: „Не тагувај, отец, денес ќе имаш таква молитва на која со години ќе ѝ се восхитуваш“. Навистина, така и беше. Тогаш сфатив уште една лекција: дека всушност, послушанието е највозвишено. Сѐ се добива преку послушанието.


Старец Харалампиј Дионисијатски

***

Двата месеци што ги поминав покрај Старец Јосиф беа доволни да ја пронајдам благодатта, онака како што ни ја опишуваат светите Отци. Неопходен услов беа: трезвениот и внимателен живот, отсекувањето на сопствената волја, а пред сѐ, чистата молитва, бидејќи од Старецот научив да го собирам својот ум... Тој радосно ме прегрна и рече: „Чедо мое, тоа е благодатта на која те научив, а која сакаше да ја запознаеш. Тоа е првиот степен; прв јасен почеток. Отсега ќе доаѓа сѐ она што ти го опишував, и што го опишувале светите Отци кои си ги читал и за кои ме прашуваше. Многу се оние што го вкусиле ова многу подоцна во животот, или после макотрпни подвизи, а ти го доби толку брзо и така јасно. Сега пред тебе е друго чувство, други светови и друга духовна храна, друго ниво на молитва – чувство за крвно сродство и непосредна близина со сите ‘кои Го примиле’ и кои смело и со право стапуваат во просторот на восиновувањето“.
Признавам дека ниту еден човек не сум сакал толку, ниту пак, од некого сум се плашел толку, колку од Старецот, кој стана и остана идеал на целиот мој живот – и додека беше жив и кога се упокои. Тој за мене стана рака на спасението; и самата помисла на него ме чуваше од грешките и ме водеше кон духовниот напредок во текот на целиот мој живот.
Како наш духовен отец, Старец Јосиф, ни велеше: „Колку повеќе имате побожност, колку повеќе се самоодрекувате, колку повеќе имате доверба во својот Старец, толку повеќе духовни добра ќе спечалите“. Во овој суетен свет, децата ги наследуваат имотите на своите родители, кои овие ги делат на еднакви делови, во зависност од бројот на наследниците. Во духовноста не е така. Во зависност од послушанието и довербата во својот Старец се наследува во согласност со духовната сила. Така беше и кај нашиот Старец. Ни зборуваше за тоа. Тој ни зборуваше на својот степен – ние разбиравме на својот степен. Колку што имавме сили, толку и разбиравме. Повеќе од тоа не можевме да разбереме.
Се сеќавам, и тоа многу живо, на преслаткиот лик на својот отец Јосиф. Деца мои, беше џин на Светиот Дух и богоучен учител на умносрдечната молитва. Исклучително ја сакаше Пресвета Богородица; со Нејзината благодат поднесуваше сѐ, и од Неа го доби големиот благодатен дар на молитвата во срцето. Во својот привремен, но ангелски живот се удостои да Ја види многу пати. Ах! Каде се денес таквите личности!? Можат ли денес да се чујат такви небесни и чудесни зборови!? Неговото свето срце непрестајно ја кажуваше молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Светиот Дух постојано беше во него.
Беше, ми се чини, вторник, и ноќта ми дојдоа некои помисли што го осудуваа Старецот Јосиф. Во саботата отидов кај Старецот и таму служев Света Литургија. Штом ме погледна, ми рече: „Отец, имаш нешто против мене, имаш нешто во себе што те одвојува од мене. Немој да се двоиш од Старецот; немој да се раздвојуваш од мене“.
Старец Јосиф постојано нѐ потсетуваше на зборовите од свети Јован Лествичник: „непрестајно принудување на природата“.
Во последно време, на секои петнаесет, дваесет дена, го гледам Старецот Јосиф (во сон). Па му велам: „Старче, таму каде што си сега, се молиш ли за нас?“ – „Како не“, вели он, „се молам за сите вас“. Пред петнаесет дена, повторно го видов во сон. Му пријдов и го бакнав. А тој ми вели: „Јас сум твојот Старец“. Гледате ли? Таа духовна врска не постои само тука, на земјата, туку таа продолжува и на небото.
Многупати го прашував Старецот Јосиф како се удостоил со толку голема духовност? Тој ми одговараше: „Ќе ти кажам. Длабоко се нурнував во ‘спознај се самиот себеси’ – што си ти? – Ништо! Те посетила Божјата благодат, те вознела, си станал ангел. Те напуштила, си се вратил на истото – претходното“.
Еден ден отидов да служам Литургија кај Старецот Јосиф. Само што влегов во неговата ќелија, реков: „Старче, што се случува тука?“ – Тој праша: „Зошто?“ – „Како нешто да ми наметнува тишина, Старче“. Веднаш во душата ми се појави такво чувство: како нешто, на некој начин, да ми даваше до знаење дека тука, во ќелијата на Старецот, владее безмолвие. „Ќе ти кажам“, ми рече Старецот Јосиф. „Сега е Големата Четириесетница, во сабота ќе служиме Литургија, ќе се причестиме, ќе јадеме, и ќе разговараме со отец Арсениј, сѐ до неделата навечер. Ноќта ќе правиме метании. Целата следна недела нема да разговараме. Ќе се разбираме со знаци. Ќе дојдеш во сабота, ќе се причестиме, и ќе разговараме“.


Старец Ефрем Катунакијски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная