логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архиепископ Хризостом Салама

 

        Го почувствував мисионерскиот призив како внатрешен импулс уште за време на моето школување во семинаријата. Но, потполно разбрав што претставува тоа дури за време на мојата мисионерска работа во Јужна Индија и подоцна во Бразилија.

        Бев испратен во Бразилија, духовно да опслужувам една мала заедница на емигранти, припадници на нашата Црква (Антиохиска Православна Црква). Тие го беа заборавиле сирискиот и арапскиот јазик. Новото поколение знаеше само португалски. Веќе имав видено во Индија како нашите луѓе се соочуваат со тој проблем, кој бара да се преведат текстовите од  православното богослужение на месниот јазик. Затоа и јас започнав да преведувам. Тоа ми помогна подобро и подлабоко да го разберам нашето богослужение, нашата Црква , па дури и Евангелието. Јас самиот започнав повторно да го откривам Евангелието, Црквата и луѓето околу мене, коишто имаа потреба од моето богослужење.  Повеќето од нив не припаѓаа на Православната Црква, но јас чувствував дека очекуваат нешто од мене. Започнав да им зборувам за Христос, за Црквата, за Евангелието, на португалски јазик, со малкуте зборови кои ги знаев на тој јазик. И бариерата беше надмината. Тие го разбраа посланието. Кога некои од нив посакаа да се крстат, јас започнав да ги преведувам текстовите од Светата Тајна Крштение и Миропомазание. Вие не можете да си замислите какво непроценливо богатство открив, при преводот на овие древни црковни служби.

      Тогаш разбрав, дека светите отци ги напишале овие текстови под особено вдахновение, дека тие навистина го имале предвид токму тоа кое го кажувале, и дека биле исклучителни богослови. Исто така разбрав, дека јас сум ги злоупотребувал овие таинства. Она кое сум го кажувал, како и молитвите кои сум ги читал биле бесмислени за оние кои ме слушале, а не можеле да го разберат значењето. Причината е во богослужбениот јазик кој ние го користиме, а тој веќе не е разбирлив за народот. Се почувствував како некој, кој извршувал еден вид магијско дејство. Со други зборови, јас бев сокрил нешто и не бев открил ништо; го бев направил скоро истото што и фарисеите осудени од Христос: ја бев сокрил вистината од народот.

Беше ли правилно тоа што го направив? Јас разбрав, дека кога пред скоро две илјади години, светите отци на Црквата го создале текстот на Светата Тајна Крштение, тие пред се го пишувале за возрасни катихумени, затоа и целта на последованието била тие да се потполно разбирливи. Она што јас го направив во различно време и различен културен контекст, беше тоа, што  јас го бев сокрил најпрекрасното послание за спасението од оние кои ме слушале и биле крстени од мене.

      Тоа беше многу болно откритие. Почувствував дека за целото време не сум Го разоткривал Христос, туку сум Го сокривал, сум Го покривал со превезот на прекрасното богослужение.

      Затоа започнав да учам и да ја објаснувам смислата на црковното богослужение. Освен возрасните катихумени, започнав да ги подготвувам за претстојното Крштение и родителите, и кумовите на децата. Тие исто така треба да го разбираат последованието на таинството, зашто тие се тие кои сведочат за  верата во име на детето за време на крштевањето.
      Сега ние ја извршуваме Тајната на Крштение само во присуство на целата црковна заедница, и при тоа сите учествуваат во полнотата. На присутните во храмот им го даваме текстот на последованието, за да можат да ја следат службата, да учествуваат во неа и подобро да го разберат нејзиното значење.
       Сум забележал дека во сириските храмови исклучително значење му се придава на крстот. Тој навистина е многу важен како надворешен знак, но колкумина од луѓето го разбираат неговото длабоко значење? Кога го проверив тоа преку парохјаните бев многу разочаран. Некои дури и не знаеја да се прекрстат правилно. Затоа започнавме да ги подучуваме нашите парохјани за значењето на крстот во врска со Христовата жртва и таинствата; и ние откривме дека крстот е сила Божја, мудрост Божја и знак на надежта.
       Истото би можело да се каже и за Евангелието. Ние го ползуваме за време на Малиот вход, му се поклонуваме и го целиваме. Но, се грижиме ли за тоа дека на тој начин, всушност на народот му го покажуваме златото и среброто, оковот, кој ја прекрива книгата на Евангелието? Нели е и тоа еден вид на сокривање на содржината на Евангелието од народот?
       За да го избегнеме ова, ние сега му ја претставуваме на народот и Библијата. Понекогаш објавуваме поуки за Светото Писмо и раздаваме копии на сите. Потоа заедно ги читаме текстовите и луѓето го следат текстот и поставуваат прашања. Потоа некој од парохјаните подготвува коментар за неделното четиво од наредната недела.
      Вистина е, дека нашата Литургија е експресивна, впечатлива и трогателна, но дали таа исто така е активно дејствувачка и поучна. Таа самата може да биде таква, ако луѓето ја разбираат.

       Но колку од нашите современици ја разбираат Литургијата?
Дали оние кои одат во Црква навистина учествуваат во Литургијата, или само присуствуваат без да ја разберат? Или Литургијата има смисла само за образованите, кои ги изучувале древните литургиски јазици? Од таа причина ние започнавме да ја преведуваме Литургијата на португалски и на шпански јазик. Ипоѓаконите ги пресретнуваат верниците во храмот и им раздаваат копија од текстот на Литургијата. Потоа им ја објаснуваме смислата на богослужењето, кое ќе го извршиме и на Евхаристијата. На тој начин се обидуваме да ја востановиме улогата на мирјаните во суштествениот живот на Црквата.

     Во 1980 г. во Бразилија ние имавме само три парохии со околу 50 сириски семејства во секоја од нив. По некое време месното население започна да пројавува интерес за нас, сакаа да дознаат повеќе за нашата Црква. Тоа беа првите контакти со луѓе надвор од тнр. Сириска Православна Црква. По нивна покана ние ги посетувавме и им ги разоткривавме трите основни принципи – Евангелието, Символот на верата и апостолското преемство. Ние организиравме средби, групи по катихизис, се молевме заедно. Мнозина од тие луѓе беа примени во нашата Црква: некои со Крштевање, други преку Миропомазание, а некои преку двете таинства.

      Она, од кое се раководиме во нашата работа е признавање и почитување на месната култура, музика и јазик. Денес, новопокрстените во нашата Црква го изучуваат Евангелието и Литургијата на својот роден јазик и во контекст на нивната култура, која веќе постана и наша. Сега ние имаме парохии по цела Бразилија.

     Нашата мисионерска работа не е лесна. Таа располага само со месните ресурси и не добива надворешна помош и поткрепа за својата дејност. Дури и обратно, понекогаш сме подложени на критика и се обесхрабруваме. Но Божјиот Дух присуствува и активно дејствува во работата на нашите постојано растечки месни парохии.

      Од една страна, со Божјата благодат, многумина се обраќаат кон Христа и стануваат членови на нашата Црква. Од друга страна, ние исто така поминавме низ процес на духовно преобразување, покајание и здобивање на нови знаења. Многу важни нешта, присутни во историјата на раната Црква, оживуваат и во денешната мисионерска дејност.
 

(авторот е клирик на Антиохиската Православна Црква, кој бил мисионер во Бразилија)

преземено од Православие БГ

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная